прва пешадиска бригада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 13:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прва пешадиска бригада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Првата пешадиска бригада го одбележа денот на единицата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-prvata-peshadiska-brigada-go-odbelezha-denot-na-edinitsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-prvata-peshadiska-brigada-go-odbelezha-denot-na-edinitsata/#respond Fri, 31 Mar 2023 13:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=818528

Најголемата единица во армискиот состав - Првата пешадиска бригада (1.пбр) од состав на Командата за операции, со воена свеченост пред строеви од сите единици од нејзиниот состав и поканети гости, го одбележа Денот на единицата. На воената свеченост, која се одржа во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, согласно програмата, по обраќањата од страна на командантите на командата за операции и на 1.пбр, следуваше прогласување на најдобра единица од составот на бригадата, доделување на стимулативни мерки, признанија и награди, свечено дефиле на единиците и тактичко-технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага бригадата. Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, во своето обраќање рече дека денес кога се соочуваме со суштинско одржување на глобалната безбедност како сенка на континуираната миграциска криза, мора да се почитува сувереноста и територијалниот интегритет на секоја самостојна држава, а секоја друга опција е за осуда и во спротивност со меѓународните правила и прописи. „Затоа во овие бурни и предизвикувачки времиња единството и солидарноста во НАТО се клучни и оттука наш клучен приоритет мора да ни биде одржувањето на нашата борбена готовност, како дел од најголемиот сојуз во светот да придонесуваме за зачувување на мирот и безбедноста во светот“, нагласи тој. Генералот Емини, кој е и поранешен командант на бригадата, честитајќи им го Денот на единицата на сите припадници, им порача посветено, професионално и ефикасно да продолжат со понатамошна изградба на единицата во цврст колектив што ќе може да се соочи со сите предизвици кои ги носи новото време. Командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, во својот говор пред присутните истакна дека во годината кога одбележуваме 31 година од формирањето на Армијата и три години од полноправното членство во НАТО алијансата, со гордост констатираме дека Првата пешадиска бригада продолжува да биде круцијална борбена сила и ударна тупаница на Армијата, секогаш подготвена да застане на браникот на татковината во одбрана на националните интереси, територијалниот интегритет и суверенитет. „ Бригадата која е примарниот капацитет кога станува збор за исполнување на обврските произлезени од членството во НАТО, минатата година за време на вежбата „Блесок 22“, со успех го заврши НАТО оценувањето на борбената готовност на Лесниот пешадиски баталјон, со што и формално ја исполнивме првата НАТО цел на способност. Веднаш потоа започнавме и продолжуваме со градење на потребните капацитети и способности за Лесната пешадиска баталјонска група, која е наша следна обврска и наш наголем приоритет“, истакна Лафчиски. На свеченоста присуствуваа заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, посебниот советник за безбедност од кабинетот на претседателот, Блерим Кољали, генерали од Армијата, поранешни команданти на единицата, воени раководители од Генералштабот и Министерството за одбрана, претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата. Покрај доделените признанија и стимулативни мерки на припадници од единиците за постигнатите резултати, се доделија и признанија за најдобрите натпреварувачи на натпреварите во воени вештини, односно пешадиски игри кои се реализираат за првпат во бригадата, додека за најдобра единица од составот на бригадата беше прогласена единицата за АБХО. Првата пешадиска бригада е главна борбена сила на Армијата на Република Северна Македонија која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка на цивилното население при природни катастрофи, епидемии и други непогоди, а надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во операции за поддршка на мирот, со што ги исполнува меѓународните воени обврски. Припадници на бригадата се и главни носители на обезбедувањето на дел од јужната и северната граница, од самиот почеток на мигрантската криза. Во составот на оваа бригада се наоѓаат припадници од повеќе родови и служби, а истата е препознатлива по стекнатото борбено искуство и учеството во мировните операции, големиот број на вежбовни активности, високите резултати од НАТО оценувањата на декларираните единици од нејзиниот состав, справувањето со предизвиците од миграциската криза и асистенција на институциите во справување со пандемијата предизвикана од „Ковид 19“, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица ја даваат на граѓаните на Република Северна Македонија, секогаш кога за тоа се укажала потреба. Со одлука на врховниот командант за определување на денови на единиците на Армијата, за Ден на 1.пбр е одреден 2 април, како датум на кој оваа единица е трансформирана и ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-prvata-peshadiska-brigada-go-odbelezha-denot-na-edinitsata/feed/ 0
Одбележување на денот на Првата пешадиска бригада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/#respond Fri, 31 Mar 2023 05:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=818332

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе се одбележи денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр). Денот на единицата, како што е најавено, ќе се одбележи со прогласување на најдобрата единица од составот на бригадата, доделување стимулативни мерки и награди, свечено дефиле на единиците и тактичко технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага бригадата. Во рамки на прославата е предвидено обраќање од командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски. Првата пешадиска бригада го прославува втори април како Ден на единицата, како ден кога по превземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, единицата е трансформирана во најголемата борбена единица во Армијата со застапеност од повеќе армиски родови. На свеченоста ќе присуствуваат, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во министерството за одбрана, Владимир Анчев, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, генерали од Армијата, поранешни команданти на единицата, воени раководители од генералштабот и министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/feed/ 0
Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada-2/#respond Fri, 01 Apr 2022 14:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=656995

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, утре во рамки на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, со воена свеченост ќе се одбележи денот на најголемата борбена единица во Армијата, Првата пешадиска бригада (1.пбр). На воената свеченост ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, военото раководство од Генералштабот и потчинетите команди, генералите во Армијата, поранешни команданти на единицата и други гости. Како што е најавено од МО, согласно програмата, на воената свеченост обраќање пред припадниците на бригадата ќе имаат министерката Славјанка Петровска, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на бригадата, полковник Сашко Лафчиски. Ќе се прогласи и најдобра единица од составот на бригадата, ќе се доделат стимулативни мерки и награди, ќе се изведе кратка културно-забавна точка, додека на крајот од свеченоста единиците од составот на бригадата ќе изведат свечено дефиле. Првата пешадиска бригада го одбележува 2 април, како датум кога пред десет години оваа единица ги презема задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови. Воената свеченост, како една од организираните активности по повод 30 години од постоењето на Армијата, симболично ќе биде посветена и на почетоците на формирање на првите армиски структури на Армијата по преземањето на сите воени објекти и подготовките за прием на првите регрути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada-2/feed/ 0
Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/#respond Fri, 02 Apr 2021 05:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=491099

Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денеска во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец со воена свеченост и со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 ќе го одбележат Денот на единицата. По тој повод ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Бригадата – бригаден генерал Бесник Емини. Како што соопшти Министерството за одбрана, ќе бидат соопштени стимулативни мерки на припадниците на единицата за постигнатите резултати. За Ден на 1.пбр е одреден датумот 2 април кога овааа единица ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност на повеќе армиски родови. – Во состав на Првата пешадиска бригада е најголемата декларирана единица – лесниот пешадиски баталјон. Таа е препознатлива не само по стекнатото искуство и учество во мировните операции во Авганистан и Ирак, ангажирањето на јужната граница, високите резултати од реализираните оценувања и вежбовни активности, туку и со постојаната несебична помош и асистенција на граѓаните и институциите на Република Северна Македонија секогаш кога тоа е потребно, наведува Министерството за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-prvata-peshadiska-brigada/feed/ 0