прва светска војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 11:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прва светска војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граната од Првата светска војна пронајдена на патот за битолското село Бистрица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-na-patot-za-bitolskoto-selo-bistritsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-na-patot-za-bitolskoto-selo-bistritsa/#respond Mon, 02 Oct 2023 11:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=884208

На патот за битолското село Бистрица, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола подигнал артилериска граната со калибар 105 милиметри од Првата светска војна. Како што денеска соопшти МВР, претходно во СВР Битола, В.К.(36) од Битола пријавил дека ја пронашол гранатата при градежни работи на местото. Денеска исто така од ул.„Паца Мирчева“ во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал школска тромблонска граната за која Д.А.(36) од Битола пријавил дека ја нашол на 27 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-na-patot-za-bitolskoto-selo-bistritsa/feed/ 0
Пронајдена стара артилериска граната од Првата светска војна во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-stara-artileriska-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-stara-artileriska-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-bitola/#respond Wed, 26 May 2021 10:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=515214

Вчера е пронајдена стара артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, соопшти денеска МВР. – Вчера во СВР Битола, З.Б.(55) од Битола пријавил дека на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, при вршење на поправки на улицата била пронајдена стара артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, се наведува во соопштението на Министерството. Посочуваат дека гранатата била безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-stara-artileriska-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-bitola/feed/ 0
Во Лескоец пронајдена нексплодиран граната од Првата светска војна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-leskoec-pronajdena-neksplodiran-granata-od-prvata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-leskoec-pronajdena-neksplodiran-granata-od-prvata-svetska-vojna/#respond Thu, 06 May 2021 14:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=506656

На 04.05,2021 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната. Од извршениот увид било констатирано дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-leskoec-pronajdena-neksplodiran-granata-od-prvata-svetska-vojna/feed/ 0
Започнува уништувањето на бомбите од Првата светска војна пронајдени во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-unishtuvanjeto-na-bombite-od-prvata-svetska-vojna-pronajdeni-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-unishtuvanjeto-na-bombite-od-prvata-svetska-vojna-pronajdeni-vo-bitola/#respond Tue, 15 Dec 2020 10:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=443439

На Криволак денеска започнува уништувањето на бомбите од Првата светска војна, пронајдени во Битола, а прелиминарна проценка на емисиите на суспендирани честички од детонирање на експлозии, од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, по барање на Министерството за одбрана покажала дека детонациите нема да предизвикаат промена во квалитетот на воздухот во пошироката околина на полигонот. Како што денеска соопштија од МО, анализата, предводена од проф. д-р Дејан Мираковски, е извршена според етаблирана и јасна методологија со користење на емисиони фактори, дефинирани исклучиво од меѓународно прифатени извори. – Имено, на барање на ДЗС, Министерството за одбрана се согласи да асистира и пронајдените 12 700 парчиња бомби од Првата светска војна, да бидат уништени на полигонот Криволак. Уништувањето ќе се врши постапно во 4 термини овој месец (на 15, 18, 22 и 23 декември) и уште неколку термини во јануари 2021 година, се наведува во соопштението од МО. Имајќи ја предвид дневната динамика на планот за постапно уништување на бомбите и количината која ќе се уништува во таканаречени фугаси (дупки за уништување на мините) анализата на лабораторијата при Универзитетот во Штип покажала дека емисијата на цврсти честички ќе биде помала од емисијата која се добива од согорување на 60 метри кубни дрва, количина која во една грејна сезона се користи за загревање на десетина домаќинства, и нема да има штетно влијание на пошироката околина на Полигонот. – Количината на суспендирани цврсти честички која се ослободува при детонација на еден тон TNT, според базите на емисиони фактори дефинирани во збирката на Американската aгенција за заштита на животна средина, како и oд Прирачникот за процена на емисии при детонација на експлозиви ( Влада на Австралија), изнесува 93 kg. Со планот е предвидено дневно да се иницираат (уништат) од 1900 до 2000 гранати, со експлозивно полнење од 0,5 kg или вкупно околу 1050 kg експлозив (заедно со иницијаторското полнење), што резултира со очекувана емисија на околу 98 kg суспендирани цврсти честички. За споредба, согорувањето на околу 10 m3 огревно дрво во класични ложишта, резултира со вкупна емисија на околу 100 kg суспендирани цврсти честички, што е количина на огревно дрво која се согорува на дневно ниво, во населба не поголема од стотина куќи кои се загреваат со овој енергенс. Следствено, вкупната емисија на суспендирани цврсти честички од процесот на уништување на сите експлозивни средства во текот на наредните два месецa (околу 586 kg), е нешто помала од емисијата која се добива од согорување на 60 m3 дрва, количина која во една грејна сезона се користи за загревање на не повеќе од десетина домаќинства, е заклучокот од анализата на Универзитетската лабораторија АМБИКОН. Од тука, а имајќи го предвид временскиот распоред на активностите кои се изведуваат на растојание од неколку дена до неколку недели (во зависност од временските услови), како и локацијата на уништување која е значително оддалечена од населени места или јавни површини, стои во соопштението, може да се констатира дека значителна промена на квалитетот на воздухот во пошироката околина на полигонот Криволак, а како резултат на планираните активности, не би требало да се очекува. Од Министерството за одбрана потенцираат дека при преземањето на сите активности на полигонот Криволак се води по строгите критериуми на Елаборатот за заштита на животната средина на Полигонот, и обрнува особено внимание тие да не наштетат на животната средина на околината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-unishtuvanjeto-na-bombite-od-prvata-svetska-vojna-pronajdeni-vo-bitola/feed/ 0
Пронајдена порака од Првата светска војна испратена по гулаб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-poraka-od-prvata-svetska-vojna-ispratena-po-gulab/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-poraka-od-prvata-svetska-vojna-ispratena-po-gulab/#respond Sun, 15 Nov 2020 10:07:58 +0000 https://kurir.mk/?p=429715

Минијатурна капсула со порака од пруски војник, кој ја испратил пред повеќе од еден век преку гулаб писмоносец, била пронајдена во текот на прошетка од една француска двојка. Пораката од пешадиецот стациониран во Ингерсхајм детално ги опишала воените маневри и била пратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот Линж во Орбеј на истокот на Франција, пренесува „Скај њуз“. Пораката е на германски јазик, а датумот на белешката не е јасен, но се чини дека е напишана или во 1910 година или во 1916 година. Во тоа време Ингерсхајм – сега во францускиот регион Гранд Ест – бил дел од Германија. Двојката шетала по полето во септември кога ја забележале капсулата. Тие ја однеле во музејот во Орбеј, кој е посветен на една од најкрвавите битки во Првата светска војна. Жарди, кој рекол дека ова е „исклучително ретко“ откритие, замолил пријател од Германија да му помогне да ја дешифрира пораката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-poraka-od-prvata-svetska-vojna-ispratena-po-gulab/feed/ 0
Неактивирани рачни бомби пронајдени во близина на фудбалско игралиште во битолско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neaktivirani-rachni-bombi-pronajdeni-vo-blizina-na-fudbalsko-igralishte-vo-bitolsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neaktivirani-rachni-bombi-pronajdeni-vo-blizina-na-fudbalsko-igralishte-vo-bitolsko/#respond Mon, 17 Aug 2020 09:44:45 +0000 https://kurir.mk/?p=391537

На 16.08.2020 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во с.Долно Оризари, битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна, информираат од МВР. Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neaktivirani-rachni-bombi-pronajdeni-vo-blizina-na-fudbalsko-igralishte-vo-bitolsko/feed/ 0
Пронајдена неексплодирана граната од Првата Светска војна во прилепско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-neeksplodirana-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-prilepsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-neeksplodirana-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-prilepsko/#respond Sun, 07 Jun 2020 08:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=354691

Вчера во 09,00 часот во СВР Битола, Ж.М. од с.Пашино Рувци-Кривогаштани пријавил дека во сопствениот двор при вршење на земјоделски работи, пронашол една неексплодирана граната кал.75мм од Првата Светска војна. Експлозивната направа е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-neeksplodirana-granata-od-prvata-svetska-vojna-vo-prilepsko/feed/ 0
Во скопско Р`жаничино пронајдени две гранати од Прва светска војна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopsko-r-zanichino-pronajdeni-dve-granati-od-prva-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopsko-r-zanichino-pronajdeni-dve-granati-od-prva-svetska-vojna/#respond Sat, 14 Mar 2020 15:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=316576

На 13.03.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, при ископ во нива биле пронајдени две гранати кои потекнувале од Првата светска војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopsko-r-zanichino-pronajdeni-dve-granati-od-prva-svetska-vojna/feed/ 0
Бомба од Првата светска војна пронајдена во битолско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-vo-bitolsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-vo-bitolsko/#respond Sat, 18 May 2019 09:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=199377

Нексплодираната бомба била од Првата светска војна. Извршен бил увид, а истата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување. -Вчера во 16.50 часот било пријавено дека во непосредна близина на гробиштата кај село Кременица, битолско, полициски службеници пронашле неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Увид бил извршен, а бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, стои во денешниот билтен на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-od-prvata-svetska-vojna-pronajdena-vo-bitolsko/feed/ 0
Сто години од крајот на Првата светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-godini-od-krajot-na-prvata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-godini-od-krajot-na-prvata-svetska-vojna/#respond Sun, 11 Nov 2018 08:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=126381

Денеска се одбележува 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а централната манифестација ќе биде одржана во Париз со присуство на повеќе од 80 шефови на држави и влади на земјите учеснички во Големата војна. Меѓу учесниците на свеченоста во Париз, чиј домаќин е претседателот на Франција Емануел Макрон, меѓу другите, се и претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. Освен земјите победнички во Првата светска војна, на одбележувањето ќе присуствуваат и претставници на поразените земји, како Германија која ја претставува канцеларката Ангела Меркел. Главната церемонија ќе почне пред Триумфалната капија, каде со наголеми воени почести на гостите ќе им се обрати францускиот претседател. Планирано е Макрон својот говор пред гробот на Незнајниот јунак да го одржи точно во 11 часот, на 11-от ден, во 11-от месец, во моментот кога е потпишано Примирјето пред 100 години. Во рамките на одбележувањето на годишнината, ќе се одржи првото заседание на Парискиот мировен форум, кој се воспоставува на иницијатива на францускиот претседател, како одговор на растечките тензии во светот и опасноста за меѓународната соработка. Макрон и Меркел вчера открија плоча на помирување во близина на шумата Компиен во Франција каде беше потпишано примирјето со кое пред сто години заврши Првата светска војна. – По повод 100-годишнината од завршувањето на војната на 11 ноември 1918. Емануел Макрон, претседател на Република Франција, и Ангела Меркел, канцеларка на Сојузна Република Германија, на ова место ја потврдија вредноста на француско-германското помирување во служба на Европа и мирот, пишува на малата плоча, на германски и француски јазик. Ова е првпат германски канцелар да го посети тоа место од Втората светска војна, истакнуваат германските медиуми. „Дојче веле“ подвлекува дека Британците не сакаат да бидат дел од свеченост на која доминира Франција и инсистираат на своја церемонија. И во Лондон им се подава рака на Германците – претседателот Франк-Валтер Штајнмаер е првиот германски државник кој ќе присуствува на положување венец во Лондон, што премиеркaта Тереза Меј го оцени како „историски акт на помирување“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-godini-od-krajot-na-prvata-svetska-vojna/feed/ 0