прва трансплатација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Apr 2021 20:40:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прва трансплатација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Направена прва трансплантација на коски – момче доби коскено ткиво од починатата Верица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napravena-prva-transplantacija-na-koski-momche-dobi-koskeno-tkivo-od-pochinatata-verica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napravena-prva-transplantacija-na-koski-momche-dobi-koskeno-tkivo-od-pochinatata-verica/#respond Tue, 27 Apr 2021 20:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=503017

На Клиниката за Ортопедски болести е направена првата трансплантација на коска кај 19 годишен пациент, а операцијата траеше пет часа, информира Министерството за здравство. – Кај младиот пацинет е трансплантирана коска од починат дарител. Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски – велат од МЗ. Од таму потсетуваат дека експлантацијата на коскените ткива се случи на 17 април кога тимот хирурзи од Клиниката за Ортопедија предводен од д-р Александар Трајановски ја направи првата експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Сите експлантирани графтови беа микробиолошки тестирани и складирани за презервација на температура од -40 во Банката за коскени и меки ткива во склоп на Kлиниката. Инаку коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби после трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napravena-prva-transplantacija-na-koski-momche-dobi-koskeno-tkivo-od-pochinatata-verica/feed/ 0