први мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 May 2022 14:54:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png први мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Не го славам Денот на трудот и не одам на скара!“ Цеца Ражнатовиќ е експлицитна по ова прашање, откри со кого ќе остане дома https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-go-slavam-denot-na-trudot-i-ne-odam-na-skara-ceca-raznatovikj-e-eksplicitna-po-ova-prashanje-otkri-so-kogo-kje-ostane-doma/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-go-slavam-denot-na-trudot-i-ne-odam-na-skara-ceca-raznatovikj-e-eksplicitna-po-ova-prashanje-otkri-so-kogo-kje-ostane-doma/#respond Sun, 01 May 2022 16:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=670476

Цеца Ражнатовиќ вели дека заработува од десет години и дека никогаш нема да се пензионира! Пејачката вели дека нема обичај да го слави Денот на трудот, па и оваа година тој ден ќе го помине како и сите други. Со неа ќе биде најмладиот член на семејството Ражнатовиќ. - Не славам ништо друго освен крштевки и родендени. Од мала заработувам од музика, но не го славам празникот на трудот и не одам на скара. Веројатно тој ден ќе го поминам со внукот, најубаво си поминувам со него - вели Цеца за Информер и се сеќава на нејзините почетоци: - Првиот динар го заработив на само десет години. Пеев на забава во мојот роден град, во Житораѓа. Штом го зедов микрофонот, почнав да заработувам. Не беа многу пари, но за мене беа големи како куќа. Се разбира, хонорарот им го дадов на моите родители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-go-slavam-denot-na-trudot-i-ne-odam-na-skara-ceca-raznatovikj-e-eksplicitna-po-ova-prashanje-otkri-so-kogo-kje-ostane-doma/feed/ 0
ДВЕ НАЈДОБРИ МАРИНАДИ ЗА МЕСО: Кога оваа смеса ќе преноќи ќе биде многу сочна и вкусна, подгответе се од вечерва https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dve-najdobri-marinadi-za-meso-koga-ovaa-smesa-kje-prenokji-kje-bide-mnogu-sochna-i-vkusna-podgotvete-se-od-vecherva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dve-najdobri-marinadi-za-meso-koga-ovaa-smesa-kje-prenokji-kje-bide-mnogu-sochna-i-vkusna-podgotvete-se-od-vecherva/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=670160

Први мај не може да помине без традиционална скара. Месото и зеленчукот на скара секогаш имаат посебна арома и сладост. И кога ќе ја додадете маринадата на аромата на чадот, добивате скара од која прстите ќе си ги излижете. Џабе имате најубави парчиња месо, и добар оган и најквалитетна скара доколку претходно не сте го маринирале месото. Маринадата е она што ќе му даде на месото посебен вкус и мекост. Месото е најдобро ако го маринирате вечерта пред печењето на скара и вреди секоја минута чекање. За класична маринада: Состојки: 100 мл сончогледово масло 100 мл маслиново масло 100 мл јаболков оцет 2 лажици сол 2 чешниња лук 1 лажица пиперка 1 лажичка мелен пипер 1 кромид Подготовка: Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, па ставете ги во поголем сад. Во садот со кромидот додајте ги двата вида масло, оцетот и зачините и сè измешајте. Парчињата месо потопете ги во добиената смеса и наредете ги во поголем сад, а на крајот прелијте ја преостанатата маринада врз месото и поклопете. Оставете барем четири сада во фрижидер. За зачинета маринада: 1 лажица чили во прав 1 лажица кафеав шеќер 1 лажичка сол 1 лажичка пиперка 1 лажичка лук во прав 1 лажица пиперка 200 мл масло 2 супени лажици сенф Подготовка: Сите состојки ставете ги во сад и измешајте. Премачкајте го месото или зеленчукот со маринадата и оставете го во фрижидер преку ноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dve-najdobri-marinadi-za-meso-koga-ovaa-smesa-kje-prenokji-kje-bide-mnogu-sochna-i-vkusna-podgotvete-se-od-vecherva/feed/ 0
Утре е Меѓународен ден на трудот: Зошто го славиме 1 мај? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=670157

Утре со низа народни собири ширум светот ќе се одбележи Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, како општа манифестација на солидарноста на работниците во борбата против сите форми на неправда и експлоатација и за подобрување на условите за работа. Тој датум е своевиден симбол на визијата и борбата за подобра работна позиција и поправеден свет воопшто, но и манифестација на сеќавање на жртвите во таа борба. Меѓународниот ден на трудот се одбележува на тој ден во спомен на 1 мај 1886 година, кога десетици илјади работници демонстрираа на улиците на Чикаго барајќи поповолни услови за работа, подобра положба на работниците, меѓу другото, доследна примена на осум час работно време. Тоа беа речиси револуционерни барања во тоа време, а следеше остра реакција од работодавачите и од властите. На тој ден во Чикаго, во 1886 година, околу 40.000 работници излегоа на генерален штрајк, барајќи подобри услови за работа, изразени во слоганот „три осумки“ - осум часа работа, одмор и слободно време. Организаторите претходно презентираа реални проблеми и итно упатија барања до работодавците. Протестот на кој одговорија со репресија и брутална реакција на властите и работодавачите, а потоа и низа жртви, беше прифатен како симбол на борбата за работничките права и воопшто на обесправените. Во 1886 година во Чикаго протестите започнале на 1 мај, а најострите судири со полицијата се случиле во следните денови, особено на 4 и 5 мај, кога судирите се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие протестните собири и да доведе до поделба на демонстрантите, што завршило со сериозни конфликти во кои имало и жртви, но и меѓу припадници на полицијата. Најмалку шест работници загинале, а околу 50 биле ранети во судирите со полицијата, а голем број биле и уапсени. Неколку работнички водачи подоцна беа осудени на смрт, а тројца на затвор. Во спомен на големите манифестации на обесправените и нивната решителна борба, со низа жртви, на Основачкиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, одржан на 100-годишнината од падот на Бастилја, на 14 јули, беше одлучено да се одбележи 1 мај како меѓународен празник на работата со масовни собири, демонстрации и повремени манифестации, во знак на сеќавање и опомена. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 мај официјално е прогласен за Меѓународен ден на трудот. Тоа требаше да биде општа манифестација на работничката солидарност во борбата против сите форми на неправда и експлоатација. Постепено, како што се засилуваа синдикалните и работничките движења, во последните години на 19 век и првите децении на 20 век, 1 мај беше сè поприфатен и обележан, многу често со широки протестни манифестации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/feed/ 0
ССМ утре излегува на протест: Први мај нема да се слави, туку ќе се протестира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-utre-izleguva-na-protest-prvi-maj-nema-da-se-slavi-tuku-kje-se-protestira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-utre-izleguva-na-protest-prvi-maj-nema-da-se-slavi-tuku-kje-se-protestira/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=670155

Сојузот на синдикатите на Македонија организира голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос. ССМ ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. -ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плати, кажа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-utre-izleguva-na-protest-prvi-maj-nema-da-se-slavi-tuku-kje-se-protestira/feed/ 0
Денот кој симболизира жестоки насилства и многу жртви, го одбележуваме со скара во природа: Зошто се слави 1-ви Мај? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-koj-simbolizira-zestoki-nasilstva-i-mnogu-zrtvi-go-odbelezuvame-so-skara-vo-priroda-zoshto-se-slavi-1-vi-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-koj-simbolizira-zestoki-nasilstva-i-mnogu-zrtvi-go-odbelezuvame-so-skara-vo-priroda-zoshto-se-slavi-1-vi-maj/#respond Thu, 28 Apr 2022 07:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=668991

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време. Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените. Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна. Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот. Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник. Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември. Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-koj-simbolizira-zestoki-nasilstva-i-mnogu-zrtvi-go-odbelezuvame-so-skara-vo-priroda-zoshto-se-slavi-1-vi-maj/feed/ 0
Синдикален марш во Скопје на 1-ви Мај: ССМ под мотото„Здружени со иста цел“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/#respond Tue, 27 Apr 2021 14:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=502828

„Здружени со иста цел“ е мотото на синдикалниот марш во Скопје со којшто Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај во услови на здравствената криза од вирусот Ковид-19. Маршот ќе почне пред зградата на ССМ во 10.30 часот, како што најавуваат од ССМ, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19. – Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата, наведуваат во соопштение од ССМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/feed/ 0
Први мај неработен ден за сите граѓани на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvi-maj-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvi-maj-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/#respond Tue, 27 Apr 2021 07:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=502587

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2021 година (сабота), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvi-maj-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/feed/ 0
Локално невреме од задутре, какво време не очекува за Први мај? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalno-nevreme-od-zadutre-kakvo-vreme-ne-ochekuva-za-prvi-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalno-nevreme-od-zadutre-kakvo-vreme-ne-ochekuva-za-prvi-maj/#respond Mon, 27 Apr 2020 10:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=337967

Локален дожд кој наместа ќе биде пороен со грмежи и засилен ветер се очекува веќе од среда во попладневните часови. Претпладне, според прогнозата, ќе биде сончево и топло. Променливото време со сончеви периоди претпладне и локален дожд, грмежи и засилен ветер попладне, ќе се задржи до сабота. Максималните температури ќе останат високи односно ќе се движат од 19 до 25 степени, а минималните од 5 до 13 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalno-nevreme-od-zadutre-kakvo-vreme-ne-ochekuva-za-prvi-maj/feed/ 0
И во карантин и без, времето не можеме да го промениме- еве што не очекува за 1 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-karantin-i-bez-vremeto-ne-mozeme-da-go-promenime-eve-shto-ne-ochekuva-za-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-karantin-i-bez-vremeto-ne-mozeme-da-go-promenime-eve-shto-ne-ochekuva-za-1-maj/#respond Sun, 26 Apr 2020 18:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=337666

Времето утре  ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи. Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните и северните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи. Во среда времето ќе  биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи. Сончево и топло со умерена облачност ќе има и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Времето во петок како и „традиционално“ за првомајскиот празник ќе биде сончево и топло, но со дожд во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-karantin-i-bez-vremeto-ne-mozeme-da-go-promenime-eve-shto-ne-ochekuva-za-1-maj/feed/ 0
За први мај карантинот од петок? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvi-maj-karantinot-od-petok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvi-maj-karantinot-od-petok/#respond Sun, 26 Apr 2020 10:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=337443

Македонија го живее третиот карантински викенд, но по два, со целосна забрана, овој беше со скратени часови на забрането движење. Забраната за движење почна од вчера од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро. Од понеделник остануваат одредбите дека полицискиот час почнува од 19 часот секој ден, а трае до 05 часот следниот ден. Надлежните најавија дека по првомајскиот празник ќе се разгледува опцијата да почне извесно олабавување на мерките и постепено враќање во нормала на животот во земјава. Сепак останува прашањето каков ќе биде следниот продолжен викенд? Први мај е во петок, а тој ден е официјално неработен, но и ден кога граѓаните излегуваат надвор - па и на излетнички места. Нема официјална потврда за тоа дали сепак забраната за движење ќе го опфати и тој ден, но се тврди дека тоа е многу извесно. Во Србија вчера беше соопштено дека се размислува полициските забрани да важат секако и за Први мај. Според новите мерки што ги однесе Владата во средата, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvi-maj-karantinot-od-petok/feed/ 0