првооделенци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 15:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png првооделенци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коњановски им посака успешна учебна година на сите ученици: Еднократна финансиска поддршка за првооделенците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-im-posaka-uspeshna-uchebna-godina-na-site-uchenici-ednokratna-finansiska-poddrshka-za-prvoodelencite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-im-posaka-uspeshna-uchebna-godina-na-site-uchenici-ednokratna-finansiska-poddrshka-za-prvoodelencite/#respond Thu, 01 Sep 2022 15:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=727347

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес, на првиот ден од новата учебна година, ги посети основните училишта Тодор Ангелевски, Кирил и Методиј и Даме Груев, посакувајќи им успешен почеток на учениците од сите основни и средни училишта. Градоначалникот информираше дека, од оваа година, согласно планираното во неговата програма, за првпат првоодделенците ќе добијат еднократна финансиска поддршка. Ова истовремено значи прифаќање и на неодамнешната иницијатива на една советничка група, а доделувањето на средствата ќе следува по ребалансот на буџетот и донесувањето на одлуката од Советот. За првоооделенците, општината обезбеди и донација преку Програмата за активности во областа на спортот и младите со која ќе се надополнат реквизитите за спортски активности во сите 12 основни училишта. Битолските основни и средни училишта, подготвени ги дочекаа учениците, а општината веќе работи на проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите во повеќе училишта: - Денес, започнува првиот училишен ден за 11.304 ученици во основните и средните училишта во општина Битола. Секако дека, првиот училишен ден е најважен за првооделенците, кои од денес го започнуваат своето школување. Во Битола, оваа година имаме 783 првачиња, (за жал за 44 помалку првачиња од минатата година кога биле 827) и 965 ученици кои го започнуваат средното образование. На сите ученици, сакам да им посакам добро здравје, многу успех и постигнување на високи резултати, кои ќе бидат мотив повеќе за континуиран напредок во нивното образование. Основните и средните училишта во општината, подготвени се за новиот почеток на учебната година, а како локална самоуправа веќе работиме на повеќе проекти, чија реализација, верувам дека ќе донесе подобри услови во училиштата, но истовремено и ќе одговори на наметнатите проблеми од актуелните кризни ситуации. Конкретно, за малото училиште Даме Груев во тек е изработка на проект за реконструкција на фасада, покрив и замена на дел од дограмата. Во досегашниот период извршено е мапирање на состојбата на сите основни и средни училишта и детски градинки, со цел согледување на можноста за поставување на фотоволтаици на училиштата каде се направени потребните реконструкции во делот кој е поврзан со зголемување на енергетската ефикасност, односно заштеда на енергија и намалување на загубите. Исто така, аплициравме на повик за добивање средства за реконструкција на енергетски ефикасна фасада на централното училиште Даме Груев, како и промена на постоечкото осветлување со лед осветлување и промена на дел од застарената дограма. И покрај недоволните средства кои стигнуваат за училиштата од министерството, во овие услови на енергетската криза и зголемените цени на енергенсите, како и најавеното зголемување на цената на електричната енергија, презедовме соодветни мерки за обезбедување на стабилна состојба во битолските основни и средни училишта, во однос на греењето во претстојната грејна сезона. Со договорот за снабдување со екстра лесно масло за греење, дел од училиштата имаат и залиха, но имаат и можност за нови нарачки. Постапката за нов договор за следната година, ќе биде завршена пред почетокот на грејната сезона, така што општината од сите аспекти е обезбедена во однос на снабдување со екстра лесно масло за греење, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Во однос на превозот на учениците, веднаш по завршувањето на усписните рокови за средните училишта и добивањето на конечниот број на запишани ученици за кои треба да се обезбеди бесплатен превоз, спроведена е и постапка за јавна набавка за превоз на ученици. И покрај сите предизвици и кризи, локалната самоуправа верува дека успешно ќе се реализираат сите планови поврзани со нови инвестиции и подобри услови за учениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-im-posaka-uspeshna-uchebna-godina-na-site-uchenici-ednokratna-finansiska-poddrshka-za-prvoodelencite/feed/ 0
Стефковски: 3000 денари за секое првооделенче, ги повикувам сите семејства да дојдат во општината и да поднесат барање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoe-prvoodelenche-gi-povikuvam-site-semejstva-da-dojdat-vo-opshtinata-i-da-podnesat-baranje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoe-prvoodelenche-gi-povikuvam-site-semejstva-da-dojdat-vo-opshtinata-i-da-podnesat-baranje/#respond Thu, 02 Jun 2022 17:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=685778

3000 денари за секое првоодделенче. Денес ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата. Потребни документи: Потврда од основно училиште Извод од матична книга на родени Копија од лична карта на еден од родителите Копија од трансакциска сметка. - Сите семејства кои имаат првоодделенче ќе добијат по 3000 денари еднократна парична помош, додава Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoe-prvoodelenche-gi-povikuvam-site-semejstva-da-dojdat-vo-opshtinata-i-da-podnesat-baranje/feed/ 0
„Во ек на корона пандемија за првооделенците за прв пат се бара очен преглед, атермини нема ни за лек!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-pandemija-za-prvoodelencite-za-prv-pat-se-bara-ochen-pregled-atermini-nema-ni-za-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-pandemija-za-prvoodelencite-za-prv-pat-se-bara-ochen-pregled-atermini-nema-ni-za-lek/#respond Mon, 26 Apr 2021 18:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=502418

Годинава за прв пат за упис на прваче се бара потврда и од извршен офталмолошки, односно очен преглед!, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Ова надлежните го бараат во период на епидемија со корона кога генерално бројот на прегледи се намалени. Тоа значи дека родителите се приморани кога не наоѓаат термин, да одат и да прават прегледи за нивните деца приватно. И сето ова им се кажува на родителите кога роковите за упис во прво одделение ги „газат“. Ова говори само за неорганизираноста како на образованиот, така и здравствениот систем, дури и за не координираност помеѓу надлежните, се вели во реакцијата на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-pandemija-za-prvoodelencite-za-prv-pat-se-bara-ochen-pregled-atermini-nema-ni-za-lek/feed/ 0
Проект за подобрување на вештините за читање, сликовници за 7800 ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/#respond Thu, 01 Feb 2018 09:56:09 +0000 http://kurir.mk/?p=16923

Фондацијата на MoneyGram, во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Македонија и Центарот за образование на Косово – КЕЦ,  денеска го објавуваат почетокот на програмата која има за цел подобрување на навиките за читање кај првооделенците во Македонија и Косово. Со оваа иницијатива, 800 основни училишта од Македонија и Косово ќе добијат над 5500 пакети сликовници, со содржини и дизајн внимателно одбрани и прилагодени на возраста и интересите на децата од прво одделение. Оваа програма предвидува опфат од околу 78000 ученици кои ќе имаат директна придобивка од новите детски сликовници. Најновите резултати од студиите за писменост спроведени со најмладите ученици во Македонија и Косово покажуваат дека постои итна потреба од подигање на нивото на јазичната писменост, од која зависи успехот на учениците и во останатите области од образованието, како математиката или природните науки. -Студиите покажуваат дека читањето и останатите академски вештини на учениците можат да се подобрат кога интервенциите почнуваат што порано, додека учениците се на помала возраст. Од оваа причина, Фондацијата на MoneyGram ја започнува оваа иницијатива за учениците од прво одделение во Македонија и Косово. Возбуден сум што сум денес дел од овој настан и што можам да посведочам како оваа програма ќе донесе вистински промени во иднина, рече Aндреа Верначи, претставник на MoneyGram. Објавени се вкупно 30 сликовници подготвени од локални и странски автори и илустратори, а изборот на сликовниците е направен од експертска група од претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“  и  КЕЦ. Книгите се адаптирани на македонски и албански јазик и се дистрибуирани до 800 основни училишта во Македонија и Косово, заедно со прирачник за наставници, а беа спроведени и 42 работилници за користење на сликовниците во наставата. Во текот на учебната 2018/2019 година, ќе биде направен и мониторинг на употребата на овие сликовници во наставата, со цел да се следи влијанието и резултатите од програмата. -Во училиштата кои се вклучени во оваа програма, потребно е наставниците да ги охрабруваат децата постојано да читаат и да им дозволуваат на децата да позајмуваат книги и да ги читаат и дома, бидејќи сметаме дека така уште повеќе ќе се засили влијанието на оваа иницијатива. Веруваме дека на децата ќе им се допаднат сликовниците и дека за истите ќе разговараат со другарчињата или пак ќе изработуваат цртежи инспирирани од приказните кои ги читаат, изјави Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Од 2014 година, Фондацијата на MoneyGram има донирано над 233.000 $ за да поддржи образовни иницијативи во повеќе од 8 европски држави и со тоа има помогнато на повеќе од 100.000 деца. Донацијата од 65.580 $ на Фондацијата „Чекор по чекор“ и КЕЦ во 2017 година е првиот чекор за поддршка на локалните заедници во Македонија и Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/feed/ 0