првут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 09:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png првут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Имате првут и ве чеша скалпот? Еве неколку рецепти за драстично да го намалите проблемот на природен начин https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-i-ve-chesha-skalpot-eve-nekolku-recepti-za-drastichno-da-go-namalite-problemot-na-priroden-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-i-ve-chesha-skalpot-eve-nekolku-recepti-za-drastichno-da-go-namalite-problemot-na-priroden-nachin/#respond Thu, 27 Oct 2022 13:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=751298

Постојат податоци кои велат дека две третини од луѓето макар еднаш во животот се среќаваат со проблемот наречен првут. Без разлика дали имате сува или масна кожа, можете да се соочите со белите точки и непријатното чешање на главата. Дерматолозите советуваат почесто миење на косата, дури и на оние со масна кожа, но секој си е приказна за себе и доколку имате агресивен односно упорен првут, кој не поминува, тогаш дефитивно пред да користите било што консултирајте се со доктор. Причините можат да бидат различни – од габични инфекции до кожни заболувања. Но, ако имате некоја блага форма и притоа не сакате да користите агресивни средства, можете да пробате неколку алтернативни решенија. Ние најдовме неколку природни рецепти, прочитајте ги, можеби нешто од ова ќе ви помогне: Алое вера – одлична за иритации што предизвикуваат чешање или ранички. Можете да ја нанесете на главата во облик на крема или гел и добро измасирајте го скалпот. Користете ја на мокра коса, пред да ја измиете косата со шампон. Аспирин – овој лек содржи салицилна киселина, која се наоѓа во составот и на многу шампони. Што да направите – иситнете го аспиринот во прав и додадете го во вашата вообичаена доза шампон со која ја миете коса. Миксот оставете го да стои на коса неколку минути, а потоа измијте ја косата со вода. Сода бикарбона – таа може да го замени шампонот против првут. Втријте ја на влажна коса и добро измасирајте го скалпот, а потоа измијте ја косата. Ако можете не користете регенератор, туку непослушните врвови средете ги со некое од маслата за коса. Содата ќе ги уништи габичките. Масло од кокос – Ако имате крлушки од првут, тогаш користете кокосово масло. Нанесете го на косата и оставете да стои два часа. Потоа, измијте ја косата со шампон. Лимон – Лимонот се користи и при сув и при масен облик на првут. Две лажици исцеден сок од лимон нанесете на коса и масирајте го сувиот скалп. Оставете десет минути да делува и измијте со млака вода. Оваа постапка можете да ја повторите после миењето на коса ако има потреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-i-ve-chesha-skalpot-eve-nekolku-recepti-za-drastichno-da-go-namalite-problemot-na-priroden-nachin/feed/ 0
ГО ИМАТЕ ВО БАЊАТА: Ова ви помага за устата, а не сте знаеле дека може да ви помогне и за проблем со косата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-imate-vo-banjata-ova-vi-pomaga-za-ustata-a-ne-ste-znaele-deka-moze-da-vi-pomogne-i-za-problem-so-kosata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-imate-vo-banjata-ova-vi-pomaga-za-ustata-a-ne-ste-znaele-deka-moze-da-vi-pomogne-i-za-problem-so-kosata/#respond Wed, 14 Sep 2022 20:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=732401

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност. Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата. Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-imate-vo-banjata-ova-vi-pomaga-za-ustata-a-ne-ste-znaele-deka-moze-da-vi-pomogne-i-za-problem-so-kosata/feed/ 0
ИМАТЕ ПРВУТ? Тоа говори многу за вашето здравје! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-toa-govori-mnogu-za-vasheto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-toa-govori-mnogu-za-vasheto-zdravje/#respond Thu, 21 Oct 2021 11:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=583122

Иако првутот обично се сфаќа како мала непријатност и само козметички проблем, имајќи ги предвид различните можни причини, тоа може да ви даде увид во целокупното Ваше здравје. Дерматологот од Унгарија, д-р Ева Мелег идентификува различни видови првут и нивното значење. Следуваат неколку стручни мислења и објаснувања. Големи парчиња – како восок може да претставуваат габична инфекција на скалпот. Честа причина за првут се габичките кои се хранат со нашата кожа и коса. Тоа произведува олеинска киселина којашто може да ја иритира самата кожа. Кај некои луѓе, ова причинува имунолошки одговор што може да доведе до брза регенерација на клетките на кожата, предизвикувајќи габичен првут. Почесто се јавува кај оние со мрсна коса. Шампоните против првут обично содржат пиритион-цинк – најчестата анти-габична состојка. Меѓутоа, прекумерната употреба на шампон против првут може да доведе до сушење и чувствителност на скалпот, затоа нивната употреба треба да биде умерена. Мали, суви бели лушпички, проследени со чешање и напнатост на скалпот, а коешто често се влошува веднаш по миењето на косата, може да бидат предизвикани од алергија. Истражувањата покажуваат дека околу 10 отсто од луѓето страдаат од алергии на вообичаена состојка во повеќето стандардни шампони, наречена МИТТ (метилисотијазолинон). Покрај тоа, алергиите поврзани и со други средства во шампоните, исто така, треба да се земаат предвид. Д-р Мелег предлага третмани за скалпот без хемикалии и репарации за да се намали иритацијата, користејќи пребиотични состојки. Малите, суви и бели лушпи без чешање – ова може да бидат изгореници на скалпот. Додека се нанесува крема за сончање на телото, малкумина сфаќаат колку скалпот е изложен и чувствителен на ултравиолетовото зрачење. Изгорениците на скалпот се многу чести, особено ако се работи за ретка коса, па дури и жешката вода под туш може малку да го изгори скалпот. Решението се хидратантни шампони без парфеми и серуми. Држете се до млак туш и носете капа додека се сончате, сѐ додека состојбата не се подобри. Жолти лушпи и воспален скалп… Себореичниот дерматитис е воспалителна состојба на кожата предизвикана од оштетување на заштитната нејзина функција, губењето на влажноста, а потоа обично се јавува и секундарна бактериска инфекција. Дамките од егзема најверојатно ќе се појават и на други делови од телото, иако понекогаш може да се појават само на скалпот. Препишаното благо кортикостероидно миење на скалпот може да го смири воспалението, иако кортикостероидите не се соодветни за долгорочна употреба. Мали, бели лушпи и губење на косата можеби е признак за недостатокот на железо, бакар и цинк, како и на есенцијални масни киселини, често како резултат на нискокалорични диети за слабеење. Тоа може да предизвика лупење на скалпот и губење на косата. Обидете се да земате додатоци на витамин Б12, биотин, цинк и омега масни киселини или обичен мулти-пептиден серум за густина на косата. Големите, сребрени лушпи со сиви и црвените дамки на скалпот може да укажуваат на псоријаза на скалпот. Скалпот е едно од најчестите места каде што псоријазата првпат се појавува и често се меша со нормален првут. Шампоните со катран од јаглен обично се препишуваат за лекување на псоријазата. Мрсни, мали, жолти лушпи и дамки на скалпот може да бидат предупредувачки знак за фоликулитис. Акните на скалпот се појавуваат кога фоликулите на косата се блокирани од маснотии и мртви клетки на кожата или бактерии, а потоа стануваат воспалени и инфицирани. И хормоналните промени како пубертетот, бременоста и менструацијата може да бидат поттик за појава на акни на скалпот. Покрај тоа, лепливи производи за коса што ги затнуваат порите како гелови и спрејови за коса, може да го влошат проблемот. Медицински шампони на рецепт, кои обично содржат салицилна и / или гликолна киселина, може да помогнат во справувањето со проблемот. Шампони или тоници за скалпот кои содржат масло од чајно дрво или вода од бреза, исто така, може да помогнат како превентивна мерка за секојдневна употреба.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-prvut-toa-govori-mnogu-za-vasheto-zdravje/feed/ 0
Решете се од првутот засекогаш: Ќе ви помогне пивото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshete-se-od-prvutot-zasekogash-kje-vi-pomogne-pivoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshete-se-od-prvutot-zasekogash-kje-vi-pomogne-pivoto/#respond Wed, 05 May 2021 15:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=506068

Повеќето луѓе повремено се соочуваат со проблемот наречен првут, а причината зошто се појавува првутот може да биде регенераторот што го користите по шампонот против првут. Со овој рецепт од природни состојки ќе се решите од првутот засекогаш. Изматете едно јајце и додадете чаша пиво кое било на собна температура. Добро промешајте и нанесете ја смесата на коренот на косата. Измијте ја косата по пет минути. Повторувајте го третманот три пати неделно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/reshete-se-od-prvutot-zasekogash-kje-vi-pomogne-pivoto/feed/ 0
Првутот во косата е проблем што ги мачи многумина: Овие 4 природни рецепти можат да ви помогнат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvutot-vo-kosata-e-problem-shto-gi-machi-mnogumina-ovie-4-prirodni-recepti-mozat-da-vi-pomognat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvutot-vo-kosata-e-problem-shto-gi-machi-mnogumina-ovie-4-prirodni-recepti-mozat-da-vi-pomognat/#respond Thu, 15 Apr 2021 09:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=497566

Најчести причини за првут се алергии, изложеност на стрес, употреба на погрешни производи за нега на коса, климатски услови и температурни промени, но и прекумерна потрошувачка на солена, кисела или премногу зачинета храна. Првутот е често придружен со несакани ефекти како што се чешање, а во потешки случаи, црвенило и печење. Иако оваа состојба не го загрозува здравјето, неправилното лекување или занемарување може да доведе до посериозна состојба, како што е себореичен дерматитис. Постојат многу производи што може да се добијат без рецепт, а чија цел е лекување на првут. Ако сте поддржувач на природни препарати, можете да им дадете предност во лекувањето на овој проблем. 1. Моќното алое вера Ајурведскиот лек верува дека гелот од алое вера е најефективниот природен препарат против првут. Одделете го листот од алое од растението, извадете го зелениот дел и истријте го гелот на кожата, а потоа почекајте кожата да ја апсорбира. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон. 2. Маслиново масло и ѓумбир Мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир исто така дава добри резултати во третманот на првут. Изрендајте корен ѓумбир со големина на палец во половина чаша маслиново масло, а потоа истријте ја смесата на кожата и измасирајте ја добро пред да ја измиете косата. Коренот на ѓумбир има антиинфламаторно дејство и го смирува црвенилото, а маслото има корисен ефект врз скалпот. 3. Маска од бадеми и маслиново масло Првутот може да се олесни и со употреба на маска направена од топло маслиново масло и бадемово масло во еднакви пропорции. Загрејте ги двата вида масло додека не бидат млаки, а потоа истријте ги во косата и кожата, завиткајте во алуминиумска фолија и крпа и оставете ја маската да отстои најмалку половина час. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон. 4. Домашен шампон за целер Фитотерапевтите препорачуваат и употреба на домашен шампон направен од корен на целер. Во половина литар врела вода, истурете поголем корен од целер исечен на коцки и варете го додека не омекне. Потоа процедете, и измијте ја косата со добиената течност. Користете го овој шампон наместо вообичаениот шампон за коса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvutot-vo-kosata-e-problem-shto-gi-machi-mnogumina-ovie-4-prirodni-recepti-mozat-da-vi-pomognat/feed/ 0
Купувате скапи шампони, а најдобрите лекови против првут веќе ги имате дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupuvate-skapi-shamponi-a-najdobrite-lekovi-protiv-prvut-vekje-gi-imate-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupuvate-skapi-shamponi-a-najdobrite-lekovi-protiv-prvut-vekje-gi-imate-doma/#respond Tue, 23 Feb 2021 20:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=472969

Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето. Затоа, подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава. Маслиново масло Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата. Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата. Јаболков оцет Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон. Доколку имате чувствителна кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет. Камилица, мајчина душица и ловоров лист Камилицата ја смирува воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие. Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден. Ловоровиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода. Сок од лимон Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupuvate-skapi-shamponi-a-najdobrite-lekovi-protiv-prvut-vekje-gi-imate-doma/feed/ 0
Ова го имате во бањата, но никогаш не би ви текнало дека може да ви помогне ако имате првут https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-go-imate-vo-banjata-no-nikogash-ne-bi-vi-teknalo-deka-moze-da-vi-pomogne-ako-imate-prvut/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-go-imate-vo-banjata-no-nikogash-ne-bi-vi-teknalo-deka-moze-da-vi-pomogne-ako-imate-prvut/#respond Mon, 26 Oct 2020 09:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=420649

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност. Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата. Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.]]>

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност. Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата. Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-go-imate-vo-banjata-no-nikogash-ne-bi-vi-teknalo-deka-moze-da-vi-pomogne-ako-imate-prvut/feed/ 0
Кои се всушност причините за првут и како да се реши овој проблем? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-se-vsushnost-prichinite-za-prvut-i-kako-da-se-reshi-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-se-vsushnost-prichinite-za-prvut-i-kako-da-se-reshi-ovoj-problem/#respond Tue, 18 Aug 2020 11:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=392132

Најчестите причини за првут се алергиите, стресот и климатските услови, но исто така и прекумерната консумација на зачинета или солена храна. Првутот може да се ублажи со масло од бадем, а треба да се избегнува мрсна и зачинета храна. Една од главните причини за првут е габата Pityrosporum ovale, која природно ги населува фоликулите на косата и, со размножување, предизвикува воспаление и лупење. Првутот е исто така под влијание на појава на болести како што се дерматитис, прекумерна работа на лојните жлезди, но и многу други причини како што се алергии, козметика, климатски услови. Причини за првут Иако оваа состојба не го загрозува здравјето, неправилното лекување или занемарување може да напредува во потешка состојба, како што е себореичен дерматитис за кој е потребно многу време за заздравување. Најчестите причини за првут се алергии, изложеност на стрес, употреба на погрешни производи за нега на коса, климатски услови и промена на температурата (ненадејна промена на топло и ладно), но и прекумерна консумација на солена, кисела или зачинета храна и алкохол. Потекло и третман на себореја Во ајурведската медицина се издвојува гелот од Алое вера, кој се смета за најефикасен начин за ублажување и борба против првут. Исто така, постои мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир. Смесата треба да се нанесуваат во скалпот пред да се измие косата и добро да се масира. Првутот ќе се ублажи со топла мешавина од масло од бадеми и маслиново масло. Треба да се користи за масажа на скалпот, а потоа и за миење на косата. Ако често имате чешање на скалпот или пределот зад ушите, може да страдате од себореичен дерматитис – состојба која е често наследна и се влошува во есен. Себореичен дерматитис е хронична рекурентна болест која се јавува на скалпот, лицето, пределот зад увото, области над градната коска и помеѓу лопатките на рамото. Покрај себорејата (зголемено лачење на себум), некои микроорганизми и нивните производи за распаѓање и стресот, исто така, играат важна улога во развојот на себореичен дерматитис. Главниот виновник за појава на себореичен дерматитис е квасецот Pityrosporum ovale. Наследството, исто така, игра важна улога во развојот на оваа болест, така што неколку членови во исто семејство имаат ист проблем. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, а квасецот Pityrosporum ovale се наоѓа со микролошка обработка. Третманот на себореичен дерматитис е долгорочен, а во исхраната треба да се избегнуваат концентрирани јаглени хидрати, масти и зачинета храна. Гелови, креми, шампони засновани на сулфур, салицилна киселина, селен сулфид, цинк пиритион и антифунгали се користат во терапијата. Фреквенцијата на миење на косата зависи од сериозноста на промените и користениот шампон, а тоа обично е двапати неделно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-se-vsushnost-prichinite-za-prvut-i-kako-da-se-reshi-ovoj-problem/feed/ 0