пс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Jul 2018 07:37:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонска собраниска делегација на 27. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-sobraniska-delegacija-na-27-godishna-sesija-na-ps-na-obse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-sobraniska-delegacija-na-27-godishna-sesija-na-ps-na-obse/#respond Sat, 07 Jul 2018 07:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=74026

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) ќе учествува на 27. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од денеска до 11. месецов во Берлин. Делегацијата ја предводи пратеникот Владимир Ѓорчев, а во нејзин состав се и членовите Јагода Шахпаска и  Реџаиљ Исмаили, информира собраниската прес-служба. Главна тема за дискусија на Годишната сесија е: „Имплементација на заложбите на ОБСЕ: улогата на парламентите“. Се очекува учество на околу 300 пратеници од 57 држави учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ од Европа, Северна Америка, Централна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Најавени се седници на трите комисии на Парламентарното собрание на ОБСЕ: Комисијата за политички прашања и безбедност, Комисијата за економски прашања, наука, технологија и животна средина и Комисијата за  демократија, човекови права и хуманитарни прашања, седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ, пленарна седница и други придружни настани. Од Собранието на РМ информираат дека во дневниот ред се вклучени прашања во врска со борбата против тероризмот, климатските промени, миграцијата и пристапот до образованието, кризата во и околу Украина, долготрајните конфликти, влијанието на војните врз животната средина и обновата на довербата во регионот на ОБСЕ. Освен трите основни резолуции, кои ќе бидат презентирани од известувачите на комисиите, во дневен ред на Сесијата се вклучени и дополнителни точки, кои се однесуваат на почитувањето на човековите права во Крим, борбата против трговијата со луѓе и родово-базираното насилство, градењето на ефикасна рамка за заштита на децата мигранти, реформа и управување со безбедносниот сектор, зајакнување на видливоста на Парламентарното собрание на ОБСЕ.. Пред пратениците на Годишната сесија на ПС на ОБСЕ ќе се обратат: Волфганг Шојбле, претседател на Германскиот Бундестаг, Георге Церетели, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ,  Олаф Шолц, вицеканцелар и сојузен министер за финансии на Германија, Гуљиелмо Пики заменик министер за надворешни работи на Италија, претставник на Италијанското претседателство со ОБСЕ, Томас Гемингер, генерален секретар на ОБСЕ... Се очекува на сесијата да се усвои „Декларација од Берлин“, со препораки за широк спектар на прашања во полето на политиката, економијата, животната средина и човековите права, упатени до ОБСЕ и земјите учеснички. Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување  избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-sobraniska-delegacija-na-27-godishna-sesija-na-ps-na-obse/feed/ 0