психичка подготовка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Aug 2020 06:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png психичка подготовка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Психолог: Граѓаните мора психички да се подготват за долготрајна борба против пандемијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholog-gragjanite-mora-psihichki-da-se-podgotvat-za-dolgotrajna-borba-protiv-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholog-gragjanite-mora-psihichki-da-se-podgotvat-za-dolgotrajna-borba-protiv-pandemijata/#respond Tue, 04 Aug 2020 06:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=385708

Борбата против коронавирусот очигледно ќе биде маратон, како што вели Светската здравствена организација и затоа мора да бидеме ментално подготвени, изјави психологот и доцент на Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет Милица Вукелиќ на вебинар на Српската асоцијација на менаџери (САМ). Таа истакна дека истражување во Кина покажало дека од вработените кои се вратиле на работа по завршувањето на првиот бран на епидемијата, 11 отсто од нив имале посттрауматски стрес, додека 8 проценти од вработените имале некаков вид депресија или анксиозност. Милица Вукелиќ истакна дека се добива впечаток дека не сме емотивно подготвени за долготрајна борба против коронавирусот. Таа потенцира дека во овој момент сме во животен, но и шок во кариерата, и дека имаме ситуација во која извесно е само дека иднината ќе биде неизвесна. Совет на психолозите е дека граѓаните на Србија мора да развијат отпорност да се справат со стресот, затоа што не знаеме колку ќе трае оваа состојба. Милица Вукелиќ особено го посочи феноменот на инфодемија, односно прекумерната количина на информации на која сме изложени секој ден. Истражувањата покажаа дека тоа кај голем број луѓе предизвикува висок степен на вознемиреност. Посебно се потенцира дека треба да се одржува физичко растојание, но да се задржи социјалната поврзаност меѓу луѓето. Исто така се предупредува на фактот дека т.н. прегорување или „burnout“ кај вработените претставува континуиран стрес и дека таквата состојба се јавува кога барањата ги надминуваат ресурсите. Исто така, се истакнува дека граѓаните на Србија ретко одлучуваат да побараат стручна помош, како поради предрасуди, така и поради економски причини. Советот на психолозите е дека мора да го прифатиме фактот дека не може сè да биде оптимално, и дека можеби треба да се откажеме од амбициозни цели за да ја задржиме „главата над вода“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholog-gragjanite-mora-psihichki-da-se-podgotvat-za-dolgotrajna-borba-protiv-pandemijata/feed/ 0