психијатрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 08:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png психијатрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-se-renovira-patsientite-ke-se-prenasochuvaat-vo-psihijatriskata-bolnitsa-skopje-i-vo-gob-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-se-renovira-patsientite-ke-se-prenasochuvaat-vo-psihijatriskata-bolnitsa-skopje-i-vo-gob-8-septemvri/#respond Mon, 15 May 2023 08:43:51 +0000 https://kurir.mk/?p=834259

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство. За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8-ми Септември“-Скопје, а амбулантата за детска и адлесцентна психијатрија ќе функционира во склоп на Заводот за ментално здравје „Младост“-Скопје. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-se-renovira-patsientite-ke-se-prenasochuvaat-vo-psihijatriskata-bolnitsa-skopje-i-vo-gob-8-septemvri/feed/ 0
Клиниката за психијатрија прв здравствен објект кој ќе ја подобрува енергетската ефикасност со грант од Светска банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-prv-zdravstven-objekt-koj-ke-ja-podobruva-energetskata-efikasnost-so-grant-od-svetska-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-prv-zdravstven-objekt-koj-ke-ja-podobruva-energetskata-efikasnost-so-grant-od-svetska-banka/#respond Tue, 09 May 2023 13:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=832256

Објектот на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство. Градежните работи ќе почнат на 15 мај и се очекува за пет месеци објектот да го добие својот нов лик. Универзитетската клиника за психијатрија соопшти дека е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво. -Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза, информира Клиниката за психијатрија. Преку проектот во оваа здравствена установа ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на покривот, замена на прозорците и вратите... За време на реновирањето, пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-psihijatrija-prv-zdravstven-objekt-koj-ke-ja-podobruva-energetskata-efikasnost-so-grant-od-svetska-banka/feed/ 0
По пандемијата во Албанија се зголемиле приемите во болниците, најмногу во кардиологија и психијатрија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-pandemijata-vo-albanija-se-zgolemile-priemite-vo-bolnitsite-najmnogu-vo-kardiologija-i-psihijatrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-pandemijata-vo-albanija-se-zgolemile-priemite-vo-bolnitsite-najmnogu-vo-kardiologija-i-psihijatrija/#respond Thu, 04 May 2023 12:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=830531

Според податоците од мониторинг извештајот на Министерството за здравство и социјална заштита во Албанија, за 2022 година, вкупниот број на хоспитализирани пациенти изнесува 277.881 пациенти. По пандемијата Ковид-19 во 2022 година достигна најголем број хоспитализирани. -Лекарите предупредија дека по пандемијата ќе има зголемување особено на операциите на срце како бајпас и коронарни стентови, поради проблемите по Ковид-19 кои мора навреме да се третираат. Во 2022 година, најголем пораст на пациенти има кај пациенти кои се лекуваат на кардиологија-кардиохирургија и во психијатриските болници во Албанија. Приемите во клиниката за кардиологија во Тирана се зголемени за 23 отсто во однос на 2021 година, додека третманот на пациентите во психијатриските болници е зголемен за 17,5 отсто, јави Ора њуз. Потсетува дека психијатрите уште порано го поврзуваа трендот на зголемување на пациентите во овие болници со зголемувањето на употребата на наркотици од страна на пациентите кои ја напуштаат болницата по рехабилитација. За 2022 година, се зголемија скрининг тестовите за рак на дојка за 43 отсто во однос на претходната година. Додека радиотерапијата кај туморските заболувања е зголемена за 8,5 отсто. Онкологот Силвана Челику претходно за весникот " Монитор" рече дека поради страв од зараза со Ковид-19 во 2020-2021 година, многу жени се двоумеле да направат скрининг за рак на дојка и матка. Според неа, последиците ќе се почувствуваат по здравјето, бидејќи Ковид-19 спречи рана дијагностика и ризикува зголемување на смртноста кај заболените од разни видови тумори. -Во последните 8 години, периодот 2014-2022 година, најголем број на приеми во болниците има во 2019 година со 310.315 , а најмал број на хоспитализации има во 2014 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-pandemijata-vo-albanija-se-zgolemile-priemite-vo-bolnitsite-najmnogu-vo-kardiologija-i-psihijatrija/feed/ 0
Болничарите од Психијатрија Демир Хисар бараат исти плати како колегите од Бардовци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharite-od-psihijatrija-demir-hisar-baraat-isti-plati-kako-kolegite-od-bardovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharite-od-psihijatrija-demir-hisar-baraat-isti-plati-kako-kolegite-od-bardovci/#respond Fri, 23 Nov 2018 14:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=131237

Околу триесеттина болничари од Психијатриската болница Демир Хисар земаат околу 14 илјади денари плата. Тие бараат раководството на болницата да има слух за нивните барања и да не ги остава на страна, пишува Здравство.мк.

За разлика од нив, нивните колеги од Скопје, односно Психијатриската болница Бардовци имаат околу 20 илјади денари плата.

-Не може да ја имаме истата работа, а да има толкава разлика во плата. Раководството ниту било кој од надлежните не одговара на нашите барања, реагираат болничарите.

Инаку во болницата за краток период имаше два огласи за вработување. На истите се примени околу дваесеттина лица, но станува збор за медициски сестри и доктори.

-Сестри има стотина во болницата. Не може да не им требааат болничари, зачудено реагираат тие.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharite-od-psihijatrija-demir-hisar-baraat-isti-plati-kako-kolegite-od-bardovci/feed/ 0