психопати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 19:04:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png психопати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали на работа имате ПСИХОПАТИ? Една реченица ги издава, лесно ќе ги препознаете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-na-rabota-imate-psihopati-edna-rechenitsa-gi-izdava-lesno-ke-gi-prepoznaete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-na-rabota-imate-psihopati-edna-rechenitsa-gi-izdava-lesno-ke-gi-prepoznaete/#respond Wed, 05 Apr 2023 19:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=820738

Психопатите не можете да ги менувате или лекувате, ниту пак тие сакаат да се излечат. Тоа е како да и кажете на мачката да не брка глушец. Ќе рече: „Зошто да не го правам тоа? Јас сум мачка и сакам да ловам глувци'“, изјави комуникацискиот научник и писател Томас Ериксон, автор на романот „Окружен со психопати“, кој е базиран на моделот DISA. Овој модел ги „препознава“ луѓето и однесувањето во четири бои - црвена, жолта, сина и зелена. Овој експерт посочува дека психопатите никогаш не би се нарекле така, со тоа име, наместо тоа велат дека се лидери, ѕвезди... Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати бидејќи таму се моќта и парите и верува дека овие поединци се склони да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај. -Ова се луѓето од кои ќе слушнете: „За да бидеме поефикасни, мораме повеќе да ги туркаме луѓето“. Тоа е лош начин бидејќи луѓето не се потрошен материјал. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие работат. Треба да разбереме дека луѓето треба да се третираат со почит, дека нивните напори треба да се ценат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативен фидбек. Сепак, психопатите не размислуваат за тоа, тоа им е сосема ирелевантно, за нив вие сте потрошен материјал што ќе го користат и ќе го фрлат, тврди Ериксон. Психопатите на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е одличен пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават навистина ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите. Луѓето опкружени со психопати се подложни на усвојување психопатски начини на однесување иако не се психопати, а тоа е опасно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-na-rabota-imate-psihopati-edna-rechenitsa-gi-izdava-lesno-ke-gi-prepoznaete/feed/ 0
ПСИХОПАТИТЕ СЕ НАСЕКАДЕ МЕЃУ НАС – со помош на овие 6 чекори лесно ќе ги препознаете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psihopatite-se-nasekade-megju-nas-so-pomosh-na-ovie-6-chekori-lesno-kje-gi-prepoznaete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psihopatite-se-nasekade-megju-nas-so-pomosh-na-ovie-6-chekori-lesno-kje-gi-prepoznaete/#respond Mon, 30 May 2022 14:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=683669

Кога се обидувате да замислите психопат, веројатно е некој лудак, како ликовите во филмовите. Сепак, ова не е сосема точно. Не мора да е некој таков, туку најобичниот човек кој живее до тебе или дури работи со тебе во иста канцеларија. Во нормални околности, тешко дека ќе забележите нешто лошо, но со влегување во дискусија со некоја личност, можете да научите многу за неа. Еве кои особини го красат психопатот: Патолошка лага Непреземање одговорност Само тој е во право Неговата цел е да ве испровоцира Брзи промени во расположението Недостаток на емпатија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psihopatite-se-nasekade-megju-nas-so-pomosh-na-ovie-6-chekori-lesno-kje-gi-prepoznaete/feed/ 0
Секоја сличност е неслучајна https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sekoja-slichnost-e-nesluchajna/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sekoja-slichnost-e-nesluchajna/#respond Tue, 05 Oct 2021 09:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=573199

Факт е дека психопатите и социопатите постојат, а во македонското општество уште од памтивек. Сетете се само на она старото за комитата, јатакот и предавниците. Колку на колку беа? Епа, првоспоменатите се она третото... Според науката, овие чеда со сериозна фалинка наводно да ти биле шармантни, манипулативни, бесчувствителни и агресивни. Дали описот ве потсетува на едни опортунистички ликови од македонската политичка сцена? Ко насликани, нели. Сурија која направи стотици забеганости, ама и покрај се’ многумина сериозно не им замераат за дејанијата? Оти, па на будалата не можеш да му се лутиш, нели? Да, веднаш се сетивте на едни фацки? Разбирливо... Уште подобро, за да описот биде бааги подетален, она што им е заедничко на двете крајно забегани категории е недостиг на емпатија, непочитување на правила (почесто и закони) и самобендисано однесување без чувство на вина. Вина? Ова, повторно го вели науката. Аха, без одговорност во нив??!?! И тука, првото на што ви текнува е на една крајно негативна плејада владини ликови, кои за да ги наброме, искрено, ни требат мноооогу страници. Тоа е за формат на Толстој, цела банда се... И што велат психолозите? Епа, иако немаат емпатија, наводно,  често се многу шармантни луѓе и вешти манипулатори. Кх, кх, кх, веројатно, нудат оставки,  а другарчето не ги прифаќа и чека резултати од истраги, а? Уште пострашно, тешки фолиранти се глумциве. Социопатите и психопатите, замисли, учат да ги имитираат чувствата на „нормалните“ луѓе (читај „на Македонците“), и покрај нивната неспособност да ги почувствуваат. Затоа, веројатно и не им ни стои кога глуматараат дека жалат за загинатите во пожарот во Тетово, кога демек нудат оставки, или кога така фејк жалат за починатите од ковид-19. А насмевката под мустаќ, вришти ли пишти... Велат, дека некои психопати се толку добри во манипулирањето што нивната околина никогаш не се ни сомнева во нивната вистинска природа. Нашиве се демистифицират кога ќе дојдат на власт. Башка, кога вршат кривично дело, вели теоријата, тие внимателно го планираат секој детаљ и често имаат резервен план. Е сега, за разлика од социопатите, психопатите да ти биле ладни, мирни и фокусирани. Од полициска перспектива, ова ги правело многу ефикасни криминалци. Во превод, очебијно, нашиве владејачи се комбинација на двете категории. Некој хибрид меѓу врхушката на СДССССССС и ДУИИИИИ, грифон ли, сфига, што ли е... Ги дели и дијагнозата. Причината за психопатија се разликува од социопатијата. Претпоставка е дека психопатија е резултат на наследство, пуста генетика, а социопатија е резултат на надворешните фактори (читај меѓународна заедница). Фер, ги препознавте ликовите, од авион се гледа кои се и што се. Епа, ајде на 17-ти да се раатисаме од декларираниве и докажани на дело политикантски психопати и социопати, а набргу по овој датум да направиме и повеќе ревизии. Не психијатриски, законски. Што на пописот, што на одговорност, што на име, што на укинат „фашизам“, што на тендери, што на бугарски злодоговори, што на криминални дејанија, што на историја, што на плантажи, што на образовни дигитализации, што на преспански капитулации. Ме интересира само како ќе ги налеат кутлешите на избрусените шахти... Уште поважно, да не дозволиме нов, Дојрански договор, капитулација ли. Заевче и Стефан Јаневче, нешто многу се дујдисаа во „задње“ време, не ви се чини, а? Ај, да им ја растуриме дружбата, време е. Ама, крајно. И да, секоја сличност со вистинските ликови и настани е тотално неслучајна...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sekoja-slichnost-e-nesluchajna/feed/ 0
ФБИ го избра најреално прикажаниот филмски психопат досега https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/fbi-go-izbra-najrealno-prikazaniot-filmski-psihopat-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/fbi-go-izbra-najrealno-prikazaniot-filmski-psihopat-dosega/#respond Tue, 13 Apr 2021 07:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=496296

Според истражувања на Универзитетот Оксфорд, еден отсто од луѓето во западното општество се потенцијални психопати. Можеби изгледа и малку, но тоа е еден во сто луѓе, така што секој од нас, веројатно, познава барем еден психопат… И филмскиот свет е полн со нив, а стручњаци на ФБИ се согласија да анализираат неколку од познатите филмски улоги како дел од документарецот „Ноќ на психопатите“, прикажан на британскиот Канал 4. Следат 10 психопати од филмовите за кои тие сметаат дека се најубедливи. 10. Норман Бејтс, во филмот „Психо“ Аналитичарите, сепак, не го сметаат Норман за комплетен психопат, туку го ставаат на средина на скалата. Тие веруваат дека Бејтс (толкуван од глумецот Ентони Перкинс) покажува само класични симптоми на повеќекратно растројство на личноста, отколку психопатија. 9. Ханибал Лектор, „Кога јагнињата ќе стивнат“ Познавачите велат дека разговорот на детективката Кларис Старлинг (Џоди Фостер, а потоа и Џулијан Мур) со Лектор (Ентони Хопкинс) е точен приказ за разговор со еден психопат. Тоа прецизно објаснува како психопатот во разговорот ја презема моќта и контролата и, се поставува како „грабливец“ кој го гледа својот соговорник како плен. 8. Имитаторот Леон Ковалски, „Блејд ранер“ Начинот на кој се тестираат имитаторите во филмот се заснова на вистинска проверка за проценка на психопати, но начинот на утврдување на емпатијата е различен од тестовите што ги користи ФБИ. Како и во реалните истражувања, филмот се обидува да ја одреди човечката реакција на емпатија што ја имаат 99 отсто од луѓето. Ковалски не успеа на тој тест. 7. Гордон Геко, „Вол Стрит“ Во филмот, овој лик постојано истакнува дека „алчноста е добра“, така што до крајот на филмот скоро и ќе поверувате во тоа. Мајкл Даглас е одличен глумец, па неговиот начин на проповедање е речиси совршен приказ на моќта на психопатите. Тука гледаме комбинација на манипулација, грандиозна слика за себе и површен шарм што се покажува смртоносен. 6. Џејмс Бонд во изведба на Шон Конери Ова е, можеби, едно од изненадувањата на списоков… Но, некој што му ја отсекува главата на противникот со моторна турбина и потоа се шегува за тоа сигурно не е најнормален. Иако сѐ тоа е насочено против криминалци, сепак се очекува одредено човечко сочувство, кое Бонд не го покажува. 5. Том Рипли, во филмот „Талентираниот г-н Рипли“ Многу подробности од списокот на една психопатска личност може да се опишат како девијантни – а тоа е совршен опис на г-н Рипли. Тој е доста шармантен, но зад она прибрано и педантно лице на Мет Дејмон и испегланата облека, се крие злобен ум. 4. Алекс, „Пеколен Портокал“ Адаптацијата на романот на Ентони Бурџис од страна на режисерот Стенли Кјубрик се сметаше за вознемирувачка по излегувањето, а некои дури бараа и забрана за прикажување на филмот. Психотичкото однесување на Алекс како водач на банда се манифестира преку недостаток на емпатија и постојана потреба за возбуда. Помалку реална е терапијата со која се обидуваат да го излечат. 3. Кевин, во филмот „Треба да разговараме за Кевин“ Психопатија е потешко да се докаже кај деца, но во некој облик, може да се забележи. Во делот од филмот што се однесува на младоста на Кевин, гледаме дека тој не покажува никаква блискост со другите луѓе и нема ни трошка каење, што се две клучни карактеристики на психопатите. 2. Џед, „Злоба“ Во филмов, Алек Болдвин глуми хирург со комплекс на бог, што е, повторно, една од клучните одлики на психопатите. Дрскиот и злобен доктор е совршен приказ за тоа колку лесно може да се скрие психопатот. А, Џед покажува и голем површен шарм. 1. Џокер, во филмот „Темниот витез“ Според стручњаците на ФБИ, најреално портретиран психопат во историјата на филмот е Џокер. Веќе во првата сцена на овој филм, глумецот Хит Леџер покажува еден куп одлики од списокот за проценка на психопати. Во грабежот што го врши, тој ја покажува токму таа возбуда што познавачите ја очекуваат, иако сосем непотребна за извршување на грабежот. Џокер не се плаши од ништо, не му пречи да убива луѓе и е желен за возбуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/fbi-go-izbra-najrealno-prikazaniot-filmski-psihopat-dosega/feed/ 0
Истражување: Какви психопати постојат меѓу колегите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-kakvi-psihopati-postojat-megju-kolegite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-kakvi-psihopati-postojat-megju-kolegite/#respond Wed, 17 Jul 2019 13:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=219459

Сѐ почесто слушаме за ситуации каде „психопати“ напредуваат во кариерата, а стручните лица не велат дека е тоа само ваша заблуда или параноја. Како да ги препознаеме и избегнеме таквите луѓе и нивното однесување? На сите овие прашања се обиде да одговори психијатарката Рената Шуман од Универзитетот Стеленбош во Кејптаун, Јужна Африка. Според неа и нарцисите и психопатите користат разни стратегии за да напредуваат на работното место. Доколку работите со некој таков профил покрај себе, може и да не го насетите тоа сѐ дури не ве засегне и вас, па тоа да има и потешки последици. Првостепени психопати Тоа се луѓе без емоции. Нечујни се, а манипулативни… Не преземаат ризици и скоро и да немаат страв и анксиозност. Не чувствуваат вина или каење и често се одликуваат со асоцијални особини, но интелигентни се, и знаат вешто да одглумат друштвена личност. Ако вашиот шеф или колега постојано говори за лична корист, а се чини дека не покажува емоционална чувствителност кон другите, многу е веројатно дека крај себе имате „класичен психопат”, смета д-р Шуман. Второстепени психопати Тие се емоционално нестабилни и, иако имаат потенцијал и за криминално однесување, најчесто ќе ги најдете в канцеларија. Меѓутоа, за разлика од примарните психопати, секундарните се дезорганизирани и често преземаат ризични одлуки. Овие лица се импулсивни, темпераментни, анксиозни, непријателски расположени, па дури и агресивни и самодеструктивни. Темпераментни психопати Тие чезнеат за возбуда и имаат ниска толеранција за здодевноста. Често ги привлекуваат опасни спортови и активности. Овој архетип е познат и како „вжештена глава”. Претежно се работи за мажи и честопати се агресивни, импулсивни и насилни. Харизматични психопати Дали вашиот шеф или колега / колешка е шармантен/-на и тој шарм го користи за без напор да манипулира со другите? – Покрај својот шарм, харизматичните психопати се неодоливи патолошки лажговци. Можат да наговорат скоро секого на сѐ. Според писанието „Харвард бизнис ривју“, главна причина за нивната привлечност е тоа што себеси, но и на другите им овозможува да ги прикријат своите недостатоци асоцијални тенденции. Егоцентрично-импулсивни психопати Ги избегнуваат правилата, манипулираат и лажат заради лична корист. Немаат долгорочна цел и се одликуваат со макијавелистичка егоцентричност. Нарцисоидни се и го гледаат светот како непријателско место, а себе како невина жртва на околностите, што често води кон тенденција да ја оправдуваат својата агресивност и да ги обвинуваат другите за своите проблеми или неуспеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-kakvi-psihopati-postojat-megju-kolegite/feed/ 0