ПССЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Oct 2023 14:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ПССЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: Во ПССЕ ќе се донесе Резолуција за прислушување, доколку власта не ја почитува одлуката, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведе и ќе има одговорност за незаконското прислушување и следење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-psse-ke-se-donese-rezolutsija-za-prislushuvane-dokolku-vlasta-ne-ja-pochituva-odlukata-togash-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-ja-sprovede-i-ke-ima-odgovornost-za-nezakonskoto-prislushuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-psse-ke-se-donese-rezolutsija-za-prislushuvane-dokolku-vlasta-ne-ja-pochituva-odlukata-togash-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-ja-sprovede-i-ke-ima-odgovornost-za-nezakonskoto-prislushuvane/#respond Sun, 08 Oct 2023 14:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=886591

Во однос на проблемот со следењето и прислушувањето, тоа е нешто што во Македонија постои подолг временски период, неколку влади паднале заради преслушување, но оваа влада дојде токму на тој бран, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание на денешната дебата во организација на партијата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените во Струга. Николоски нагласи дека иако било ветено од СДСМ дека ќе престане со праксата на прислушување, не престанале, туку дека начинот на прислушување е отиден до еден пософистициран начин на следење на комуникацијата, односно како што рече тој ако претходно се следела само редовна телефонска комуникација и редовни СМС пораки, сега се оди со едни таканаречени малициозни софтвери кои што директно влегуваат во апаратот на оној кој што треба да биде следен. Беше ветувано дека ќе ја запрат оваа пракса и оваа пракса ќе престане. Но, наместо да престане истата е отидена на еден пософистициран начин на следење на комуникација. Ако во минатото се следеше само редовна телефонска комуникација и редовни СМС пораки, сега се оди со едни таканаречени малициозни софтвери кои што директно влегуваат во апаратот на оној кој што треба да биде следен, истакна Николоски. Николоски рече дека иако било побарано од надлежните институции кредибилен доказ дека во Македонија не се врши следење од ваков тип, не го добиле, како и дека на 11 октомври во среда во Стразбур, Парламентарното собрание на Совет на Европа ќе се дебатира токму за злоупотреба на системите за преслушување и ќе се донесе Резолуција која ќе биде обврзувачка за Македонија, потенцирајќи дека доколку сегашната влада на СДСМ и ДУИ не ја спроведе, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведе, и ќе има одговорност за сите кои преслушувале. Јас кажав пред неколку денови, а до денеска стои тоа што го кажав е дека не добивме кредибилен демант од надлежните институции дека во Македонија не се врши следење од тој тип. Ексклузивно да најавам денеска, оваа среда точно на 11 октомври во Стразбур, Парламентарното собрание на Совет на Европа ќе води голема дебата за злоупотреба на системите Предатори и Пегасус со кои што и во Македонија мислам дека се преслушува. Јас ќе бидам еден од говорниците, а после тоа ќе се усвои Резолуција која што ќе стане обврзна за Македонија. И доколку овие не ја спроведат, а нема да ја спроведат, ќе ја спроведеме ние и ќе одговараат сите кои што преслушувале, заклучи Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-psse-ke-se-donese-rezolutsija-za-prislushuvane-dokolku-vlasta-ne-ja-pochituva-odlukata-togash-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-ja-sprovede-i-ke-ima-odgovornost-za-nezakonskoto-prislushuvane/feed/ 0
Дора Бакојани именувана за известител за Косово во Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/#respond Tue, 20 Jun 2023 14:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=847872

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа. Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а моментално е во Стразбур, јавија приштинските и српски медиуми. Задачата на Бакојани ќе биде да подготви извештај за Косово, што ќе оди на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а откако ќе добие извештај од двајца еминентни адвокати кои веќе се назначени, германски и фински адвокати, Томас Маркерт и Спилиопулу Акермарк. Во меѓувреме се очекува да бидат назначени уште двајца известители, еден во Комисијата за правни прашања и еден во Комисијата за еднаквост и недискриминација. Бакојани е грчка политичарка, која беше министерка за надворешни работи , а претходно беше градоначалничка на Атина. Во моментот а извршува функцијата потпретседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Александар Николоски избран за генерален известувач на ПССЕ за укинување на смртната казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-generalen-izvestuvach-na-psse-za-ukinuvanje-na-smrtnata-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-generalen-izvestuvach-na-psse-za-ukinuvanje-na-smrtnata-kazna/#respond Tue, 13 Dec 2022 08:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=774802

Членот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на Комисијата за правни прашања и човекови права на ПССЕ, Александар Николоски, учествуваше на седницата на горенаведената комисија. Комисијата го избра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна. Генералниот известувач за укинување на смртната казна има мандат да интервенира во прашања кои се однесуваат на укинувањето на смртната казна во различни контексти (земји членки и набљудувачи, партнери за демократија, држави кои аплицираат за таков статус). Тој периодично известува до комисијата за собраните информации и преземените активности. Неговиот мандат трае една година и може да биде реизбран максимално двапати. За првпат се избира претставник на нашето Собрание на оваа позиција. За време на седницата, пратениците го разгледаа Извештајот за злоупотреба на системот ПЕГАЗУС и сличните системи, кои државите ги користат за тајно електронско следење. При расправата беа поканети и сослушувани претставници од Шпанија, Полска и Грција, кои беа жртви на злоупотреба на овие системи, а беше присутна и  Диана Риба, член на Европскиот парламент и потпретседател на Комисијата ПЕГА на Европскиот парламент за истражување на користењето на ПЕГАЗУС и еквивалентните набљудувачки софтвери. Во врска со темата, Александар Николоски, побара во овој Извештај, кој ќе се разгледа и усвои за време на јануарската сесија, да биде вклучена и нашата земја бидејќи, според него, таква злоупотреба постои и кај нас. Беше заклучено дека е неприфатливо која било држава да следи и набљудува претставници на опозиција, новинари, пратеници и други, оценувајќи дека овој скандал е еквивалент на скандалот Вотергејт. На комисијата беа разменити мислења и со членовите на Заедничката комисија за човекови права на Парламентот на Велика Британија во рамките на која беше објаснет мандатот и работењето на Заедничката комисија, како и за примери за имплементација на пресудите од Европскиот суд за човекови права и за потешкотиите во тоа во Северна Ирска. Дел од комисиската работа беше и разгледување на Извештајот за легалноста и аспектите на човековите права на агресијата на Руската Федерација против Украина и барањето за итна дебата во текот на јануарската сесија во 2023 година на оваа тема. Пред крајот на седницата беше разгледан одговорот од страна на Комитетот на министри на препораките на Парламентарното собрание испратени до нив, како и учеството на идните конференции, состаноци, семинари и се утврди календарот за работа во 2023 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-generalen-izvestuvach-na-psse-za-ukinuvanje-na-smrtnata-kazna/feed/ 0
Николоски на состанокот на Комисијата за правни прашања и човекови права во Париз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-na-sostanokot-na-komisijata-za-pravni-prashanja-i-chovekovi-prava-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-na-sostanokot-na-komisijata-za-pravni-prashanja-i-chovekovi-prava-vo-pariz/#respond Mon, 12 Dec 2022 08:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=774253

Александар Николоски, член на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ) и член на Комисијата за правни прашања и човекови права на ПССЕ, ќе учествува на седницата на оваа комисија што се одржува денеска во Париз, во канцелариите на Совет на Европа, информираат од Собранието. Од законодавниот дом известуваат дека на седницата, ќе се расправа за системот Пегазус и сличните тајни државни системи за следење и набљудување; ќе се разменуваат ставови со членовите на Заедничката комисија за човекови права од Парламентот на Велика Британија, како и за улогата и функцијата на горенаведената комисија како пример на функционирање на националните комисии за човекови права. – Членовите на комисијата ќе дискутираат и за реформата во Велика Британија во областа на законодавството за човекови права; за тешкотиите во Северна Ирска во однос на имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права; за аспектите на легалноста и почитувањето на човековите права на агресијата на Руската Федерација против Украина, како и за одговорите од страна на Комитетот на министри во врска со препораките упатени до нив од страна на ПССЕ, соопштуваат од Собранието. Од Парламентот наведуваат дека Комисијата ќе назначи генерален известувач за укинување на смртната казна поради крајот на мандатот на актуелниот генерален известувач, а потоа ќе се зборува и за претстојното учество на членовите во конференции, состаноци, семинари и друго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-na-sostanokot-na-komisijata-za-pravni-prashanja-i-chovekovi-prava-vo-pariz/feed/ 0
ПССЕ: Брегзит не смее да претставува закана за човековите права на народот во Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-bregzit-ne-smee-da-pretstavuva-zakana-za-chovekovite-prava-na-narodot-vo-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-bregzit-ne-smee-da-pretstavuva-zakana-za-chovekovite-prava-na-narodot-vo-severna-irska/#respond Fri, 14 Oct 2022 10:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=745256

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Обединетото Кралство да се погрижи Брегзит да не резултира со никакво намалување на правата за народот на Северна Ирска, предупредувајќи дека повлекувањето од Европската унија „повторно ги разгоре длабоките тензии во северноирското општество, продолжувајќи ја политичката поделба и придонесува значително до парализа на децентрализираните институции“, јави дописникот на МИА. Одобрувајќи ја резолуцијата заснована на извештајот на Џорџ Катругалос (Грција, ОЕЛ), ПССЕ рече дека Брегзит „ја разниша деликатната рамнотежа создадена од мировниот процес и го загрози заедничкиот простор за човекови права што претходно го споделуваа сите луѓе на островот Ирска“. Има и „сериозна загриженост“ во однос на компатибилноста на нацрт-законот за наследство и помирување за проблемите на Северна Ирска со Европската конвенција за човекови права, посочија парламентарците. Додека Протоколот Ирска/Северна Ирска имаше севкупен позитивен економски ефект врз Северна Ирска, Собранието забележа дека „поврзаната реторика предизвикува поделба“ и се користи како изговор за држење на јавните институции во Северна Ирска како заложници. Пратениците го повикаа ОК да ја „потврди својата посветеност на Европската конвенција за човекови права“ и, во однос на Протоколот, „да се воздржи од еднострани дејства што го поткопуваат меѓународното право“. Тие, исто така, ги повикаа властите и политичките сили во Северна Ирска „веднаш да се вратат на поделбата на власта“. И Обединетото Кралство и Ирска треба да работат заедно во „кооперативен, конструктивен и напреден дух“ за да се справат со наследството на неволјите и да го направат спроведувањето на Договорот од Велики петок „најголем приоритет“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-bregzit-ne-smee-da-pretstavuva-zakana-za-chovekovite-prava-na-narodot-vo-severna-irska/feed/ 0
ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-ja-povika-turcija-da-ne-go-usvojuva-zakonot-za-kriminaliziranje-na-laznite-ili-pogreshni-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-ja-povika-turcija-da-ne-go-usvojuva-zakonot-za-kriminaliziranje-na-laznite-ili-pogreshni-informacii/#respond Thu, 13 Oct 2022 07:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=744533

Парламентарното собрание смета дека планираното законодавство во Турција за криминализирање на ширењето на „лажни или погрешни информации“ ќе предизвика „непоправлива штета на практикувањето на слободата на изразување пред изборите“ и ги повика турските власти да не го усвојат, јави дописникот на МИА од Стразбур. Со усвојување на резолуцијата за почитување на обврските и обврските од страна на Турција, заснована на извештајот на Џон Хауел (Обединето Кралство, ЕК/ДА) и Борис Чилевичс (Латвија, СП), Собранието го повтори својот повик за ослободување на Осман Кавала, и ги повика турските власти да ја спроведат одлуката на Судот во Стразбур за овој случај. Тој ги повика претседателот на Собранието и претседавачот на Комитетот на министри „целосно да ги искористат средствата со кои располагаат, доколку Турција продолжи да не ги исполнува своите обврски“. Промената во политичкиот систем усвоена во 2017 година – иако тоа е суверено право на која било земја-членка – „сериозно ги ослабе демократските институции во Турција и ги направи проверките и рамнотежите нефункционални и со пропусти“, велат парламентарците. Постои „итна потреба од реформи за враќање на целосната независност на судството и ефективен систем на контроли и рамнотежа“. Турските власти според ПССЕ, мора да „обезбедат дека ќе бидат исполнети сите услови за да се гарантираат слободни и фер избори, а особено дека опозицијата ќе може да ги извршува своите активности и дека новинарите ќе можат да работат независно“ на изборите закажани за следната година, додаваат тие. Пратениците ги пофалија и посредничките напори на Турција во врска со војната во Украина. ПССЕ предлага да се продолжи со конструктивен дијалог, истовремено продолжувајќи да го следи, во рамките на процедурата за мониторинг во однос на Турција, развојот на ситуацијата во земјата во однос на демократијата, владеењето на правото и човековите права. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-ja-povika-turcija-da-ne-go-usvojuva-zakonot-za-kriminaliziranje-na-laznite-ili-pogreshni-informacii/feed/ 0
Кокс: ПССЕ ја поддржува борбата на украинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/#respond Mon, 10 Oct 2022 13:26:20 +0000 https://kurir.mk/?p=743646

При отворањето на Есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), претседател на ПССЕ, Тини Кокс изјави дека Советот на Европа ја поддржува „храбрата борба на народот на Украина за заштита, поддршка и враќање на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на својата земја и нашата земја-членка“, јави дописникот на МИА. Пратениците од 46-те земји членки со една минута молк им оддадоа почит на сите жртви на „војната која никогаш не требаше да започне и мора да заврши што е можно поскоро“. – Рано утринава, цела Украина се разбуди под сирените бидејќи се случи уште една серија варварски руски напади врз станбени области и цивилна инфраструктура насочени кон историскиот центар на Киев, градовите Запорожје, Днипро, Одеса, Лавов, Житомир и многу други. Овие злосторства кои намерно и очигледно имаат за цел невоени објекти и да тероризираат невини луѓе не можат да се игнорираат и не можат да се оправдаат, посочи Кокс. Тој додаде дека едностраната агресија на Русија доведе до низа мултилатерални реакции. – За утре свикав состанок на мешовитата комисија на Собранието и Комитетот на министри. Таму ќе разговараме за потребата да се организира што е можно побрзо четврти Самит на шефови на држави и влади на сите наши 46 земји-членки, за да се одлучи за идната улога на Советот на Европа, како најстар и најширок политички договор во Европа. Заедницата, во идната мултилатерална архитектура да го заштити мирот и да промовира просперитет за сите европски граѓани, врз основа на почитување на владеењето на правото, човековите права и демократијата, наведе Кокс. Според него има многу други важни предизвици во Европа, кои „бараат големо внимание оваа недела“. Еден од нив е неодамнешната најзагрижувачка ескалација во непријателствата меѓу Ерменија и Азербејџан, што доведе до дополнителни жртви на двете страни. Тој ги повика двете земји да ги удвојат своите напори за изнаоѓање мирно одржливо решение за конфликтот што толку негативно влијае врз животите на милиони луѓе во регионот на Јужен Кавказ. Со повик до ерменските и азербејџанските парламентарци да го искористат ова ПССЕ како агора на можности да разговараат за најтешките прашања и да воспостават значаен дијалог за да се обидат да ги премостат несогласувањата. Повторно: ако не сега, кога тогаш?“, додаде претседателот на ПССЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/feed/ 0
ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-kje-rasprava-za-poddrshkata-na-evropskite-perspektivi-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-kje-rasprava-za-poddrshkata-na-evropskite-perspektivi-na-zapaden-balkan/#respond Mon, 10 Oct 2022 06:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=743270

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, јави дописникот на МИА. Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен премиер Јоргос Папандреу. ПССЕ покрај тоа, исто така, ќе расправа за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација и за последиците од Брегзит за човековите права во Ирска. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија. Беа побарани дебати за тековни прашања за „Европа шест месеци по почетокот на руската агресивна војна против Украина“, „Безбедноста на храната во Европа: извоз на жито од украинските пристаништа“ и „Воени непријателства меѓу Ерменија и Азербејџан“. Томас Бирн, државен секретар за европски прашања на Ирска, ќе ја претстави комуникацијата на Комитетот на министри во рамките на ирското претседавање со Советот на Европа. Генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ ќе ја одржи вообичаената сесија за прашања и одговори со членовите на ПССЕ. Планирани се и дебати за злоупотреба на Шенгенскиот информациски систем од страна на државите за воведување политички мотивирани санкции, дискриминација на жените во спортот, безбедни трети земји за барателите на азил, мерки за управување со илегалната миграција за депортации на море и копно, како и за преглед на работничките права. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа преку видеоконференција, а говори ќе одржат и претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, како и премиерот на Албанија, Еди Рама. На специјална церемонија ќе биде доделена Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2022 година, која ги признава извонредните активности на граѓанското општество во одбрана на човековите права, при што победникот ќе биде избран меѓу тројца кандидати од потесниот круг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/psse-kje-rasprava-za-poddrshkata-na-evropskite-perspektivi-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Во Стразбур почна летната сесија на ПССЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/#respond Mon, 20 Jun 2022 11:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=693133

Во Стразбур почна летната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) која ќе трае до 24 јуни, на која учествува и македонска собраниска делегација. Говорите на претседателот на Република Грција, Катерина Сакеларопулу и холандскиот крал Вилем-Александар се меѓу главните точки на сесијата, јави дописникот на МИА. За парламентарците од 46-те земји членки на Советот на Европа ќе има и панел на високо ниво и интерактивна дебата на тема „Одбрана на демократската безбедност во Европа“, со учество на Сајмон Ковени, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, претседателот на Комитетот на министри, Пека Хависто, министерката за надворешни работи на Финска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, како и Светлана Тихановскаја, лидер на опозицијата на Белорусија. Ова следува по поврзаниот извештај за „Неодамнешните предизвици за безбедноста во Европа: каква улога има Советот на Европа? “. Собранието ќе одржи две актуелни дебати за „Последиците од блокадата на Црното Море“ и за „Договорот за барателите на азил во Обединетото Кралство и критичката реакција на владата на одлуката на Европскиот суд за човековите права“. Други теми за кои ќе се разговара се хуманитарните последици од руската агресија врз Украина, со посебен акцент на внатрешната и надворешната миграција и одговорноста за соборувањето на летот МХ17. Ќе има и заедничка дебата за пријавените случаи на политички затвореници во Руската Федерација и потребата од враќање на човековите права и владеењето на правото во Северен Кавказ. Парламентарците, исто така, ќе разговараат за следење на онлајн комуникацијата, како да се спречи и да се бори против антисемитизмот во Европа и да се справат со болестите што може да се спречат со вакцини, преку квалитетни услуги и разоткривање на наративите против вакцината. Ќе има дебати за улогата на политичките партии во промовирањето на различноста и инклузијата – со која се предлага да потпишат нова Повелба за нерасистичко општество – и за правдата и безбедноста на жените во процесите на мир и помирување. На крајот, Собранието ќе расправа за исполнувањето на обврските од страна на Малта кои произлегуваат од членството во Советот на Европа и ќе го разгледа нејзиното партнерство за демократија со Парламентот на Република Киргистан. Предвидено е македонската делегација да земе учество на повеќе од овие дебати, како и во работите на комисиите на ПССЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/feed/ 0
Николоски: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за правата на Македонците и да дозволи почеток на преговори со ЕУ за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-bugarija-da-gi-sprovede-presudite-na-evropskiot-sud-za-pravata-na-makedoncite-i-da-dozvoli-pochetok-na-pregovori-so-eu-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-bugarija-da-gi-sprovede-presudite-na-evropskiot-sud-za-pravata-na-makedoncite-i-da-dozvoli-pochetok-na-pregovori-so-eu-za-makedonija/#respond Wed, 27 Apr 2022 08:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=668467

Најсилната европска институција за заштита на човековите права е под јурисдикција на Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права. Во Европскиот суд, десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда која не можат да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, правото на слобода на говор, правото на здружување, правото на национална самоидентификација и правото на употреба на нивниот мајчин јазик е повредено, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Николоски истакна дека Македонците од Бугарија со децении се борат за овие права. -Тие отсекогаш живееле таму и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права, но за жал Бугарија одбива да го стори тоа. Одбива да ги регистрира своите здруженија преку кои сакаат да ги остварат своите права. Ќе се согласите дека ова е недемократски чин на земја членка на Европската Унија. Почитувани, има 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците во Бугарија и досега ниту една од нив не е спроведена од Бугарија. Ниту една! Ова е силно поткопување на кредибилитетот на судот и затоа Советот на Европа мора да дејствува. Во услови на војна во Украина, кога не се почитуваат човековите права, во Европа не се потребни лоши примери. Би сакал да истакнам две од 14-те пресуди на Европскиот суд кои за мене на многу симболичен начин покажуваат каде се наоѓа Бугарија во овој процес. Првата е за одбивањето да се регистрира „МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗА ЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА ВО БУГАРИЈА“. Што е спорно ако се регистрира македонски клуб за етничка толеранција, кога етничката толеранција е највисока цел на Советот на Европа? Втората пресуда се однесува на регистрирање на „ЗДРУЖЕНИЕ НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА ЖРТВИ НА КОМУНИСТИЧКИОТ ТЕРОР“. Во Бугарија комунизмот владееше 45 години и не гледам причина Бугарија да не се соочи со своето минато и да признае дека има жртви на комунистичкиот терор кои меѓу другото настрадале и затоа што биле Македонци. Не случајно во анализата на Секретаријатот за извршување на пресудите се изразува длабока загриженост дека во последните постапки за регистрација започнати од здруженијата на македонските апликанти во Бугарија, судовите повторно ги занемариле начелата наведени во пресудите на Судот и Привремена резолуција на Комитетот на министри. Почитувани, Бугарија постојано ја блокира Македонија на европскиот пат, Македонија не може да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ затоа што Бугарија постојано става вето, а во исто време Бугарија не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тоа е лицемерната политика со која барам да се стави крај. Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ затоа што граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат, а Бугарија да ги овозможи основните човекови и јазични права на Македонците во Бугарија. Само таквиот пристап може да доведе до добрососедски односи и пријателски односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-bugarija-da-gi-sprovede-presudite-na-evropskiot-sud-za-pravata-na-makedoncite-i-da-dozvoli-pochetok-na-pregovori-so-eu-za-makedonija/feed/ 0