птичји грип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 07:00:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png птичји грип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Птичји грип беснее во Бразил, воведена шестмесечна вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichji-grip-besnee-vo-brazil-vovedena-shestmesechna-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichji-grip-besnee-vo-brazil-vovedena-shestmesechna-vonredna-sostojba/#respond Tue, 23 May 2023 07:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=837762

Бразилскиот министер за земјоделство Карлос Фаваро вчера прогласи вонредна состојба од 180 дена како одговор на појавата на многу заразен вирус на птичји грип меѓу дивите птици. Британските медиуми пренесуваат дека Глобалните упатства на Организацијата за здравје на животните потсетуваат дека инфекциите од подтипот на птичји грип Х5Н1, што е откриен кај дивите птици, не предизвикуваат автоматски забрани за трговија. Меѓутоа, појавата на птичји грип на живинарските фарми вобичаено резултира со елиминација на целото јато и може да предизвика трговски ограничувања во земјите увозници на живина. Во Бразил, како најголем светски извозник на пилешко месо минатата година со продажба од 9,7 милијарди долари, досега се потврдени осум случаи на вирусот Х5Н1 кај дивите птици, вклучувајќи седум во државата Еспирито Санто и еден во државата Рио де Жанеиро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichji-grip-besnee-vo-brazil-vovedena-shestmesechna-vonredna-sostojba/feed/ 0
Нов случај на птичји грип потврден во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-ptichji-grip-potvrden-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-ptichji-grip-potvrden-vo-makedonija/#respond Thu, 10 Nov 2022 14:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=758673

Нов случај на птичји грип е детектиран во населеното место Градец, Виница, каде што како миленици се одгледувале фазани, пауни, лебеди и потполошки, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), врз основа на направен лабораториски наод од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Oваа болест се пренесува од птиците на луѓето со близок контакт со заразени птици. Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето, се препорачува лицата кои работат со или се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со оваа болест да носат лична заштитна облека која вклучува и маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми. - Болеста е потврдена по угинување на неколку фазани и пауни, по што заради сузбивање и спречување на ширење на болеста, под надзор на официјален ветеринар, убиени и нештетно отстранети се 55 птици. На одгледувалиштето спроведени се и мерки за чистење, дезинфекција. Земени се и примероци за дополнителни лабораториски тестирања, информираат во АХВ. Авијарната инфлуенца е зооноза и од неа првенствено заболуваат птиците, но, можат да заболат и луѓето. Во населените места Градец, Лески и Виница во општина Виница околу одгледувалиштето каде е потврдена болеста, ветеринарните друштва спроведуваат попис на сите одгледувалишта на живина, вклучувајќи ги одгледувалиштата на водни птици и гулабарници. Овде на сила е забрана на движење на живината и други птици во и од одгледувалиштата, освен ако се движат кон кланица по претходно одобрение од официјален ветеринар. - Наредени се мерки за затворање на живината и другите птици во одгледувалишта/живеалишта, за да бидат изолирани од контакт со други птици и живина или диви птици. Наложени се и мерки за следење на движењето на живината и другите птици, месо, јајца, мрши, храна, отпадоци и луѓе кои биле во контакт со заразените птици, или на возилата кои се поврзани со живинарската индустрија и кои може да го рашират вирусот на авијарна инфлуенца, додаваат во АХВ. Во Агенцијата апелираат секоја промена во здравствената состојба на живината и дивите птици, зголемена смртност, или клинички знаци кои укажуваат на болеста авијарна инфлуенца, задолжително да се пријават до надлежниот официјален ветеринар, или надлежно ветеринарно друштво. Инаку, засега не постојат докази со кои би се потврдило дека консумирањето на термички третирано месо од живина или јајца можат да го пренесат вирусот на авијарна инфлуенца на луѓето. Последен случај на појава на птичји грип во земјава е евидентиран во февруари годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-ptichji-grip-potvrden-vo-makedonija/feed/ 0
Холандската Влада: Ќе бидат усмртени уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-kje-bidat-usmrteni-ushte-300-000-pilinja-zarazeni-so-ptichji-grip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-kje-bidat-usmrteni-ushte-300-000-pilinja-zarazeni-so-ptichji-grip/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=748317

Холандската Влада денеска соопшти дека ќе бидат усмртени уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип на фарма во јужниот дел од земјата. На почетокот од септември, во Холандија беа забележани околу 30 жаришта на птичјиот грип. Кога започна годинава, ги имаше десетина. Од крајот на октомври, кога е откриена нова варијанта на птијчи грип, во државата се усмртени речиси шест милиони пилиња. Изминатите недели жаришта на птичји грип се појавија и во Франција, откако претходно годинава, таа беше погодена од најголемата епидемија на болеста некогаш забележана.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-kje-bidat-usmrteni-ushte-300-000-pilinja-zarazeni-so-ptichji-grip/feed/ 0
ЕВРОПА ПОВТОРНО НА МАКИ – птичјиот грип се шири со голема брзина, само во оваа држава уништени над 100 илјади кокошки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-povtorno-na-maki-ptichjiot-grip-se-shiri-so-golema-brzina-samo-vo-ovaa-drzava-unishteni-nad-100-iljadi-kokoshki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-povtorno-na-maki-ptichjiot-grip-se-shiri-so-golema-brzina-samo-vo-ovaa-drzava-unishteni-nad-100-iljadi-kokoshki/#respond Wed, 05 Oct 2022 06:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=741199

Европа годинава ја доживува најлошата криза со птичји грип досега, со речиси 50 милиони убиена живина, а опстојувањето на вирусот во текот на летото го зголеми ризикот од широко распространети инфекции следната сезона, соопшти Агенцијата за безбедност на храна на ЕУ (ЕФСА). Ширењето на високо патогениот птичји грип (HPAI), вообичаено наречен птичји грип, ги загрижува владите и живинарската индустрија поради уништувањето што може да го предизвика на живината, можноста за трговски ограничувања и ризикот од пренос на луѓе. Ова лето беше забележан досега невиден број на епидемии кај диви и домашни птици, што предизвика масовна смртност меѓу колониите за размножување на морски птици на брегот на северниот дел на Атлантикот, според заеднички преглед на ЕФСА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести и референтната лабораторија на ЕУ. Птичјиот грип обично напаѓа во есенските и зимските месеци. Се пренесува со фекалии на заразени диви птици преселници или директен контакт со контаминирана храна, облека и опрема.“Како што започнува есенската миграција и се зголемува бројот на диви птици што презимуваат во Европа, тие веројатно се изложени на поголем ризик од инфекција со HPAI од претходните години. на забележаното опстојување на вирусот во Европа“, изјави Гилхем де Сезе, висок функционер во ЕФСА, во изјавата во понеделникот. Епидемијата оваа сезона зафати вкупно 37 европски земји, најголем географски досег досега, а вирусот за прв пат го премина Атлантикот долж миграциските патишта, предизвикувајќи тешка епидемија кај живината во неколку канадски провинции и американски држави, соопшти ЕФСА. Тековната криза со птичји грип оваа сезона е најлошата досега забележана во Европа со вкупно 2.467 епидемии пријавени кај живина и 47,7 милиони уништени птици, се вели во извештајот. Дополнително, беа известени 187 откривања кај птиците во заробеништво и 3.573 настани на HPAI беа забележани кај диви птици. ЕФСА препорача брза имплементација на стратегии за ублажување на ризикот и надзор за рано откривање на вирусот. Холандија ќе уништи околу 102.000 кокошки само на една фарма во северниот град Кил-Виндвер по откривањето на високо заразен вид на птичји грип, соопшти владата во вторникот. Петнаесет случаи на високо смртоносна форма на птичји грип се пријавени во Холандија во изминатиот месец, по десетици случаи на почетокот на годината. Франција, исто така, забележа оживување на случаите откако претходно оваа година го доживеа својот најлош бран од птичји грип досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-povtorno-na-maki-ptichjiot-grip-se-shiri-so-golema-brzina-samo-vo-ovaa-drzava-unishteni-nad-100-iljadi-kokoshki/feed/ 0
Прв случај во Кина на птичји грип H3N8 кај луѓе: Заразено четиригодишно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/#respond Wed, 27 Apr 2022 08:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=668457

Кина ја забележа првата инфекција кај луѓе со сојот на птичји грип H3N8, соопштија во вторникот здравствените власти во земјата, но рекоа дека ризикот од негово ширење меѓу луѓето е мал. Утврдено е дека четиригодишното момче од централната провинција Хенан е заразено со оваа варијанта, откако на 5 април добило треска и други симптоми. Ниту еден близок контакт не е заразен со вирусот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија. Како што истакнуваат, детето било во контакт со кокошки и врани кои биле одгледувани во неговата куќа, пренесува Ројтерс. Варијантата H3N8 претходно беше откриена на други места во светот кај коњи, кучиња, птици и фоки, но не се пријавени случаи на H3N8 кај луѓе, соопшти NHC. Комисијата соопшти дека првичната проценка утврдила дека варијантата сè уште нема способност ефективно да зарази луѓе, а ризикот од епидемија од големи размери е низок. Многу различни видови на птичји грип се присутни во Кина, а некои спорадично ги инфицираат луѓето, обично оние кои работат со живина. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човек на вирусот H10N3. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/feed/ 0
Потврден птичји грип кај мртви пеликани во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/#respond Thu, 07 Apr 2022 08:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=659534

Птичји грип е потврден кај мртви пеликани во резерватот „Панчева Ока“ кај Скадарското езеро, соопшти црногорската Управа за безбедност на храна. Тие наведуваат дека се очекува појава на птичји грип во Црна Гора, бидејќи присуството на оваа инфекција е потврдено во повеќе европски земји и земји од регионот. Тие предупредуваат дека птичјиот грип е особено опасна заразна болест на животните, начинот на кој се шири многу потешко ја отежнува превенцијата и сузбивањето на таа појава. - Доколку се појават болести на домашната живина, високопатогени соеви на краток рок предизвикуваат болести и угинување на живината на фармата, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/feed/ 0
Птичјиот грип се шири во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/#respond Sun, 03 Apr 2022 14:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=657774

Франција е меѓу 34-те европски земји погодени годинава од птичји грип, јави дописникот на МИА од Париз. „Високо патогената епизоотија од птичји грип сега е идентификувана во Дордоња. Три силни сомневања беа потврдени во Дордоња на 1. и 2 април со позитивни анализи за вирусите IA-H5 и IA-H7“, соопшти префектурата. Овој департман досега беше заштитен од тешката епизоотија на птичји грип што ја зафати Франција. Засегнати се две фарми во градот Вал де Лујре ет Кодо, едната од 19.000 патки имала клинички знаци, а другата од 22.000 патки на возраст од 21 ден. Третиот случај е откриен во Сен Жениес, северно од Сарлат, во фарма со 670 гуски и 350 гувчиња. „На овие три локации се поставени превентивни кланици“, наведува префектурата. Четвртата фарма, исто така лоцирана во градот Вал де Лујре ет Кодо, беше предмет на превентивна депопулација откако таму беше забележана „многу висока смртност“ на нејзината месна живина. Епизоотијата на птичји грип 2021-2022 година е најтешката што ја зафати Франција, со повеќе од 1.100 заразени фарми и повеќе од десет милиони заклана живина, што претставува рекорд. Западниот дел на Франција, а особено департманот Ванде (500 жаришта од 31 март), е особено погоден. Овој вирус ги погодува исклучиво птиците. Циркулира во дивата фауна и се манифестира за време на миграциите. Вкупно 34 европски земји се погодени годинава. Северна Италија беше особено погодена, со 18 милиони живина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/feed/ 0
Нова епидемија на птичји грип во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-epidemija-na-ptichji-grip-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-epidemija-na-ptichji-grip-vo-romanija/#respond Mon, 21 Mar 2022 19:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=650926

Романија пријави нова епидемија на високо патоген птичји грип Х5Н1 на фарма на југот на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Епидемијата во градот Оинаку во близина на границата со Бугарија уби 6.770 птици, а го уништи остатокот од јатото од речиси 34.000 животни, соопшти OIE со седиште во Париз, цитирајќи информации од романските здравствени власти, пренесе Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-epidemija-na-ptichji-grip-vo-romanija/feed/ 0
Птичји грип во Албанија, во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ptichji-grip-vo-albanija-vo-drach-uginati-najmalku-100-000-kokoshki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ptichji-grip-vo-albanija-vo-drach-uginati-najmalku-100-000-kokoshki/#respond Mon, 21 Mar 2022 10:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=650569

Најмалку сто илјади кокошки се угинати во живинарски фарми во подрачјето на албанскиот пристаништен град Драч, како последица на птичји грип, јави дописничката на МИА од Тирана. Угинување на живината се појавило пред две недели, но Министерството за земјоделство постоењето на птичјиот грип – H5N8 го потврди вчера доцна попладне, по обвинувањата на Здруженето за заштита на потрошувачите и локални производители дека се продава живина без никакво ограничување, иако појавата е на големо присутна. – Од Министерството велат дека мострите се анализирани од 7 март кога биле информирани дека има угината живина, но дури вчера попладне соопшти дека станува збор за птичји грип. Во овој период не биле известени здравствените власти кои треба да вршат епидемиолошки надзор како во секој случај за заразни болести, кршејќи ги протоколите, пренесуваат албанските медиуми. Дополнителен скандал, според медиумите, е фактот што угинатата живина сè уште не е закопана според стандардите, туку таа е оставена во дворовите на фармите, што се гледа и од фотографијата што ја објави АБЦ њуз. – Министерството за земјоделство се чини дека сè уште има проблем да ја држи ситуацијата под контрола. Вирусот го пренесуваат дивите птици, а неодамна беше откриен во две соседни земји, во Македонија и Грција. Министерството за земјоделство со големо задоцнување бара локалните власти да не дозволат продажба на жива живина на пазарите, наведува Топ чанел. Здружението за заштита на потрошувачите и локалните производители наведува дека со денови предупредувало на постоење на болест кај живината во Драч и оти најверојатно станува збор за птичји грип, но институциите не реагирале навремено. – Јавно го повикуваме министерот за земјоделство да се огради од неодговорното однесување на двете најповикани институции, Институтот за ветеринарство и Агенцијата за храна кои „со флагрантно кршење на законот дозволуваат повеќе од 20 дена хаотична состојба со тоа што не ја потврдија дијагнозата на време“, наведува Здружението. Тоа бара истрага и одговорност, а доколку Министерстото тоа не го стори, најави кривична пријава до Специјалното јавно обвинителство, СПАК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ptichji-grip-vo-albanija-vo-drach-uginati-najmalku-100-000-kokoshki/feed/ 0
ОТКРИЕН ПТИЧЈИ ГРИП ВО ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАД – надлежните апелираат да се внимава! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkrien-ptichji-grip-vo-ovoj-makedonski-grad-nadleznite-apeliraat-da-se-vnimava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkrien-ptichji-grip-vo-ovoj-makedonski-grad-nadleznite-apeliraat-da-se-vnimava/#respond Mon, 21 Feb 2022 15:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=634450

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања. Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите. – Останува апелот до одгледувачите, биoсигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство, наведува АХВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkrien-ptichji-grip-vo-ovoj-makedonski-grad-nadleznite-apeliraat-da-se-vnimava/feed/ 0