птичји јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Jan 2018 14:00:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png птичји јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жителите на ова село разговараат на таен јазик и никогаш не грешат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zitelite-na-ova-selo-razgovaraat-na-taen-jazik-i-nikogash-ne-greshat-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zitelite-na-ova-selo-razgovaraat-na-taen-jazik-i-nikogash-ne-greshat-video/#respond Tue, 09 Jan 2018 14:00:13 +0000 http://kurir.mk/?p=8301

Жителите на ова село на северот на Турција не се грижат многу доколку  снемаат струја или интернет. Тие комуницираат со свирење, како птиците и без грешка знаат која порака на кого му е упатена, додека гласот на пискање се слуша во околните планини. „Птичјиот јазик“ е стар околу 500 години, го користат околу 10.000 луѓе, а сега е препознаен и како важен дел од културата кој се најде на Културната листа на Унеско. Со оглед на непристапниот терен, куќите во оваа област не се предалеку една од друга, но на жителите им треба доста време, дури и по неколку часа да отидат до кај соседите. Така стана најнормално да и се свирне на сосетката да дојде на кафе или на остатокот на семејството во поле дека ручекот бил готов. Овој начин на комуникација најмногу се користи во селото Куској, кое во превод значи птичјо село. До пред 50 години, овој јазик се користел ширум областите на Црноморските планини на северот на Турција, а денеска неговиот опстанок е најмногу загрозен поради појавата на мобилните телефони. Овој крај во Турција е познат по одгледувањето на чај и лешник, а сега и по единствениот јазик кој само тие го познаваат. За птичјиот јазик да не отиде во заборав, локалните официјални лица го воведоа и во основните училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zitelite-na-ova-selo-razgovaraat-na-taen-jazik-i-nikogash-ne-greshat-video/feed/ 0