птици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 07:31:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png птици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научници прават „дронови“ од мртви птици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnitsi-pravat-dronovi-od-mrtvi-ptitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnitsi-pravat-dronovi-od-mrtvi-ptitsi/#respond Tue, 09 May 2023 07:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=832114

Научници од Ново Мексико (САД), со според многумина - неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, им даваат нов живот на мртви, препарирани птици, претворајќи ги во еден вид дронови. Целта е да го проучат нивниот лет. Д-р Мостафа Хасаналијан, професор по Механички инженеринг на Институтот за рударство и технологија Сокоро, кој го води проектот, открива дека вештачките, механички птици не ги дале резултатите што тој ги барал. - Дојдовме до идејата дека можеме да користиме мртви птици и да направиме „беспилотни летала“ од нив. Сѐ е тука... Ние ја направиме обратната конструкција, рече тој. Овие беспилотните летала направени од препарирани птици во мигов се тестираат во наменски изграден кафез на Институтот и би можеле да се користат за повеќе сознанија за обликувањето на јатото и неговиот лет. - Ова пак, натаму може да се примени и во воздухопловството. Ако осознаеме како овие птици управуваат со енергијата едни до други, тоа може да го користиме во воздухопловната индустрија, заради заштеда на што повеќе енергија и гориво, рече Хасаналијан. Научникот Брендан Херкенхоф се сосредоточува на бојата на птицата во однос на делотворноста на летот. Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин на привлекување партнери или камуфлажа, Херкенхоф верува оти бојата влијае на самиот лет. - Спроведовме експерименти и откривме дека за авион со фиксни крила, и бојата може да ги промени перформансите на летот. Веруваме, истото важи и за птиците, рече тој. Хасаналијан истакна дека прототипите на преперирани птици летаат најмногу 20 минути, така што следно е да се најде начин за подолг лет и тестови во дивината со живи птици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnitsi-pravat-dronovi-od-mrtvi-ptitsi/feed/ 0
МИСТЕРИЈА: Стотици птици паднаа од небо во Мексико (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterija-stotici-ptici-padnaa-od-nebo-vo-meksiko-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterija-stotici-ptici-padnaa-od-nebo-vo-meksiko-video/#respond Sun, 13 Feb 2022 21:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=631110

Стотици птици паднаа од небо во Мексико, а се истражува причината за мистериозниот настан во градот Кваутемок во провинцијата Чивава. Голем број птици угинале и останале да лежат на земја, а падот на јатото го забележале и безбедносните камери. -Видеото е снимено во раните утрински часови на 7 -ми февруари, а граѓаните повикале полиција, која на улицата пронашла околу стотина мртви птици, јавуваат мексиканските медиуми. Според очевидците, птиците паднале околу пет часот наутро. Утврдено е дека се работи за вид жолтоглава врана, која што живее на северот на Канада, а презимува во Мексико. Полицијата повикала ветеринари и зоолози, кои изнеле неколку можни теории за тоа што се случило, но ниту една засега не е потврдена. Според експертите, птиците можеле да угинат поради вдишување отровни гасови од блиската топлана или силен струен удар доколку стоеле на електричните жици. -Некои медиуми надвор од Мексико изнеле теза дека се работи за грешка во мурмурацијата, односно во формирањето на големо јато. Ваква грешка најчесто се случува кога птиците кои се во големо јато се обидуваат да побегнат од предаторите, па нивната меѓусебна координација во јатото се губи и доаѓа до паѓање поради меѓусебните судири, објави Њујорк Пост. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterija-stotici-ptici-padnaa-od-nebo-vo-meksiko-video/feed/ 0
ФОТО: Објавена Европската црвена листа за 2021, им се заканува исчезнување на 544 видови на птици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-objavena-evropskata-crvena-lista-za-2021-im-se-zakanuva-ischeznuvanje-na-544-vidovi-na-ptici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-objavena-evropskata-crvena-lista-za-2021-im-se-zakanuva-ischeznuvanje-na-544-vidovi-na-ptici/#respond Thu, 14 Oct 2021 12:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=578932

BirdLife International денеска ја објави Европската црвена листа на птици за 2021. Црвената листа го анализира ризикот од исчезнување на 544 видови на птици во повеќе од 50 земји од Европа. Оваа листа ги следи категориите и критериумите на црвените листи на Меѓународната унија за зачувување на природата и сите птици имаат пресметан ризик од исчезнување помеѓу „најмалку засегната“ до „исчезната“. Македонија учествуваше во изработувањето на оваа листа преку експертскиот ангажман на Македонското еколошко друштво (МЕД). Теренските истражувања беа направени од домашни и странски орнитолози, како и волонтери на МЕД. Објавата на оваа листа е темпирана да се совпадне со неделата во која Конвенцијата на биолошка разновидност на ОН го дискутира новиот план за соочување со кризата на дивите животни во светот. Птиците се едни од најчувствителните животни и затоа се идеалните индикатори за разбирање на промените во животната средина. Кога птиците се загрозени тоа значи дека и ние сме загрозени. Главните наоди од истражувањето за Македонија се намалувањето на популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката и стабилизирање на популацијата на рибарчето. Најзначајни наоди на ниво на Европа се: • 1 од секои 5 видови птици во Европа е загрозен или скоро загрозен од исчезнување • 1 од секои 3 видови птици во Европа има намалена бројност • Морските, шумските, крајбрежните и грабливите птици се најзагрозени и нивните популации најбрзо опаѓаат во Европа. • Најзагрозени хабитати се обработливите и морските површини, како и мочуриштата и ливадите. • 71 вид птици (13%) се Загрозени во Европа • 5 вида птици се регионално исчезнати Наодите од Црвената книга ни укажуваат и на тоа дека најголемите закани за птиците во Европа се: • Пренамена и деградација на голем дел од земјиштето • Инвазивни земјоделски практики • Прекумерно искористување на морски ресурси • Загадување на копнени води • Неодржливи шумарски практики • Неодржливо развивање на инфраструктура Иако наодите на новата Европска црвена листа се загрижувачки има и добри вести кои покажуваат дека соодветно насочени активности за зачувување на птици може да ги вратат популациите на одредени птици, но и дека добро развиени интервентни земјоделски практики можат да спречат исчезнување на птици од обработливите површини. „Резултатите од овие истражувања покажуваат дека неуспешно управуваме со нашата земја и вода. Европа треба да го води светот кон зачувување и обновување на природата, но за да се случи тоа ние мораме да ја трансформираме нашата економија. Оваа трансформација мора да започне ВЕДНАШ, во Декадата на еколошката обнова, како што ја нарекоа Обединетите Нации.„- изјави Мартин Харпер, Регионален Директор на BirdLife за Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-objavena-evropskata-crvena-lista-za-2021-im-se-zakanuva-ischeznuvanje-na-544-vidovi-na-ptici/feed/ 0
Куса приказна за птиците – важна лекција за луѓето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/#respond Wed, 26 May 2021 14:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=515350

Оваа куса приказна за птиците е голема поука и за луѓето. На препелицата ѝ се случила страшна несреќа - ѝ се запалило гнездото. Долетал гавранот и видел што се случило. „Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка. Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот. Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал. Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/feed/ 0
Жена хранеше птици, а потоа се случи нешто чудно и прекрасно (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-hraneshe-ptici-a-potoa-se-sluchi-neshto-chudno-i-prekrasno-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-hraneshe-ptici-a-potoa-se-sluchi-neshto-chudno-i-prekrasno-video/#respond Tue, 16 Feb 2021 14:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=469618

Видеото кое кружи по социјалните мрежи воодушеви многумина и покажа дека дури и овие пердувести суштества знаат да изразат благодарност. Имено, една жена хранела птици, а потоа едната од нив летнала кон неа и ја бакнала. Погледнете како изгледа тоа: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-hraneshe-ptici-a-potoa-se-sluchi-neshto-chudno-i-prekrasno-video/feed/ 0
Додека луѓето се забавуваа, нивните срца пукнаа од страв: Стотици птици паднаа од небото после огнометот во Рим (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-lugjeto-se-zabavuvaa-nivnite-srca-puknaa-od-strav-stotici-ptici-padnaa-od-neboto-posle-ognometot-vo-rim-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-lugjeto-se-zabavuvaa-nivnite-srca-puknaa-od-strav-stotici-ptici-padnaa-od-neboto-posle-ognometot-vo-rim-foto/#respond Sat, 02 Jan 2021 12:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=451300

Во главниот град на Италија, Рим, стотици птици починаа по огнометот што беше испукан на новогодишната ноќ. Според познавачите, тие најверојатно починале од страв. Снимките од улиците во близина на главната железничка станица во Рим покажуваат дека голем број птици лежат безживотно на земја, објави АП. Според „Кориере дела сера“, стотици мртви птици лежеле на улиците помеѓу станиците Термини, Ескилино и Виа Национале во центарот на италијанската престолнина, а вистински тепих од мртви животни ги прекрил патот и тротоарите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-lugjeto-se-zabavuvaa-nivnite-srca-puknaa-od-strav-stotici-ptici-padnaa-od-neboto-posle-ognometot-vo-rim-foto/feed/ 0
Ужасна глетка: Илјадници мртви птици паднале од небото, ова е причината! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-iljadnici-mrtvi-ptici-padnale-od-neboto-ova-e-prichinata-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-iljadnici-mrtvi-ptici-padnale-od-neboto-ova-e-prichinata-video/#respond Thu, 22 Aug 2019 20:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=232524

Населението од мочуришните области во Монтана го преплашила страшна глетка, кога повеќе од 11.000 птици паднале мртви од небото. Експертите велат дека речиси третина од птиците во околината на Големото езеро, угинале или претрпеле големи повреди во текот на невремето, кога ветер дувал со брзина од 112 километри на час. Додека жителите на Монтана ги пресметуваат штетите на посевите и куќите кој ги направил градот со големина на бејзбол топка, експертите кои се занимаваат со чување на природата ги бројат мртвите патки и барски птици кои настрадале во текот на невремето. Околу третина од птиците околу Големото езеро угинале или пак преживеале сериозни повреди во текот на невремето, а ветерот дувал околу 112 километри на час. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-iljadnici-mrtvi-ptici-padnale-od-neboto-ova-e-prichinata-video/feed/ 0
Птици се предозирале со таблети што некој ги фрлил во парк во Калифорнија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptici-se-predozirale-so-tableti-shto-nekoj-gi-frlil-vo-park-vo-kalifornija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptici-se-predozirale-so-tableti-shto-nekoj-gi-frlil-vo-park-vo-kalifornija/#respond Mon, 24 Dec 2018 08:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=144083

Неколку гуски и галеби се отруле од таблети што некој ги фрлил во парк на плажата Хантингтон во Калифорнија. Локални жители сведочат дека птиците се тетерават, не можат да го држат вратот исправен и легнуваат на земја на грб. Потоа ги забележале и таблетите, па ги повикале надлежните служби за заштита на животните. – Во нашиот центар моментно има една канадска гуска и галеб со симптоми на губење контрола на мускулите. Двете птици се добро и примаат течности за да ги исфрлат лековите од организмот. Им благодариме на оние кои помогнаа да се спасат птиците, соопштува Одделението за заштита на животните. Птиците лапнале мешавина од антидепресиви и апчиња за срце и несоница. Сѐ уште не се знае кој ги фрлил во паркот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptici-se-predozirale-so-tableti-shto-nekoj-gi-frlil-vo-park-vo-kalifornija/feed/ 0
„Не грижете се, малку се пијани“: Полицијата објасни зошто птиците во оваа земја се дезориентирани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-grizete-se-malku-se-pijani-policijata-objasni-zoshto-pticite-vo-ovaa-zemja-se-dezorientirani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-grizete-se-malku-se-pijani-policijata-objasni-zoshto-pticite-vo-ovaa-zemja-se-dezorientirani/#respond Sun, 07 Oct 2018 08:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=111822

Птиците во Гилберт, Минесота, почнаа да летаат во шофершајбни, да се удираат во дрвјата и да изгледаат дезориентирани. Полицијата вели дека нема потреба за грижа – птиците се малку пијани, објави Си-ен-ен. -Се чини дека некои птици стануваат поживи од вообичаено, напиша на Фејсбук шефот на полицијата на Гилберт, Тај Техарy. Но, според него, птиците се немаат опијането од маргарити, туку нивната збунетост и дезориентираност најверојатно е резултат на јадење бобинки кои ферментирале порано од вообичаено поради раното заладување на времето. -Многу птици не мигрирале на југ, па се чини дека се поприсутни отколку во изминатите години, рече тој. Според Ана Пиџон, вонреден професор на Одделот за шума и екологија на Универзитетот во Висконсин, ,,црниот дроб на помладите птици не може да се справи со токсините толку ефикасно како повозрасните птици”. Таа забележува дека тоа не е редок феномен. -Потипичен е во доцна зима и рана пролет кога бобинките кои се на гранките ферментираат поради квасецот што е на нив, рече таа. Но, тие можат и да се затрујат од ферментираното овошје, што може да биде многу опасно за нив. Птиците можат да ја изгубат координацијата, ја губат својата природна способност да избегаат од предатори – вклучувајќи ја и дезориентираноста при летање. Птиците, исто така, можат да добијат труење со алкохол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-grizete-se-malku-se-pijani-policijata-objasni-zoshto-pticite-vo-ovaa-zemja-se-dezorientirani/feed/ 0
Најнов проект на ЕВН Македонија за заштита на птиците од струен удар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnov-proekt-na-evn-makedonija-za-zashtita-na-pticite-od-struen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnov-proekt-na-evn-makedonija-za-zashtita-na-pticite-od-struen-udar/#respond Tue, 22 May 2018 13:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=57055

ЕВН Македонија ја почна имплементацијата на најновиот проект за заштита на птиците од струен удар во регионот на Овче Поле. Екипите на ЕВН Електродистрибуција ќе постават изолатори за заштита на птиците од струен удар. Проектот се реализира заедно со граѓанската организација „АКВИЛА“ која ги донира изолаторите, а ЕВН ја обезбедува целосната логистика за нивно поставување. Проектот има за цел намалување на смртноста на птиците во овој регион. Заштитата на загрозениот вид на „Царски орел“ кој во последно време покажува загрижувачки висок степен на морталитет, е главната причина за поддржување на оваа иницијатива. На 100 среднонапонски далекуводни столбови ќе бидат поставени заштитите, а според планот и динамиката на реализација, проектот ќе се спроведе во неколку фази и ќе се комплетира во месец мај и јуни. ЕВН Македонија посветено работи на проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните и заштитата на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnov-proekt-na-evn-makedonija-za-zashtita-na-pticite-od-struen-udar/feed/ 0