пуч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 09:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пуч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 6 години киднапирана Македонија https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=828210

Денеска минуваат точно 6 години од настанот кој го означи обидот за убиство на Македонија. Шест црни лета од 27-ми април 2017-та, денот во кој Заевци и бандата успешно го одиграа сроченото им сценарио. Боливудско, приглупо и неинвентивно, ама ефектно поради поддршката и улогата на Деус екс макината... Инфантилно сценарио, создадено според перформансот и микро-капацитетот на актерите. Реално, не ни можеа да одглумат и одиграат нешто повеќе, толку им сечеше и се’ уште толку им сече на палјачовците. А мора да се признае, играа со елан. Со душа и срце не. Ги немаат. Првото го продадоа, а второто подразбира храброст... Сценариото подобно за Златна малинка претпочиташе јавен пуч во собранието, пеење албанска химна во истото и гласање влада со две раце и со саде 59 суртуци збрани. Целата финта на недоветните предавници и сценаристи беше ова да „удри“ по чувството за правда и македонштина на илјадниците собрани надвор, народ свесен дека некој така идиотски и јасно им ја одзема и краде Македонија. Ништо не беше случајно. И успејаа во намерата антимакедонска, народот револтиран од аздисот и газењето на Македонија, Уставот и законодавниот дом, влезе во парламентот. Сето тоа фингирано со пукање на заслужниот нов директор, патетичните демек раскрвавени фацулиња на лидерот и сатрап на државата, трогателни бурлески и ступидни изјави, сето тоа дел од најбезобразниот и најмизерен пуч во историјата на човештвото. Смислена драма која резултираше со амбасадорски жалопојќи, поддршка и местење на владата која имаше една употребна цел и заради која и се случи овој антимакедонски пуч. Да се смени исконското име на државата. Знаевме и тогаш, сега многу подобро, се’ беше против МАКЕДОНИЈА. Јасно како ден, но пресуди улогата на „меџународна“ на која и пречеше независна македонска влада, игра стокмена во комбинација со сеалбанската роља на ДУИ и секако, да не ги заборавиме никогаш, домашните одроди и марионети внесени во ликот и делото на Муртинхаузен, СДСССССС и колиционите кондоми околу нив. И изминаа најлошите ШЕСТ години во историјата на Македонија. Посведочивме национален, економски, здравствен, судски, образовен и земјоделски погром. Катастрофа и временска непогода на секое можно поле. Се’ почна со инстант-потпушувачкиот Договор за НЕпријателство, чиј стап најсилно го јадеме денеска, продолжи со непотребната и забегана двојазичност, следуваше квислиншката Преспанска капитуалција, па игнорираниот Референдум и затворањето на освестените браќа од 27-ми април. Македончишта чија судбина стана показна вежба на северџганистанците „Што ќе ти се случи ако си против северна“. И така до ден-денес, заклучно со дебаклот на локалните на кои им претходеа наместените и лажирани „падни-стани систем“ парламентарни избори во 2020-та, СЈО фингерајките на Катица, Кацарска и Русковска, па пензионирањето на грчка плажа на хохштаплерот Црпко Први и местењето на анонимниот испорачувач Црпко Втори алијас Ќуран, бизнисите на фамилија Груби, инвазијата на администрацијата од партиите на власт, идиотизмите во и со короната, та сервилни Француско-бугарски предлози, нови капитулации, најнови обвинети кабли, повиновни шофери и секогаш недопирливите комуњари и интегративци со преполни џебови и празни глави. Признајте, мислевте, сите мислевме дека  не може да биде полошо. И признаваме дека Тачевци и Артановци секогаш не демантираа. Еве како и крајот мириса. Мириса на Бехтел и Енка. Нормално, затоа што крајот делото го краси. Ќе не заглават преку гуша и ќе траснат од власт. Го знаеме и тоа. Ама, барем да нема „меко атерирање“ и да има ОДГОВОРНОСТ. Се истрпевме, ќе дотрпиме уште малку, ама без тој збор од 11 букви ништо не бива. Половина од водачите на погромот веќе се во затвор или на пат кон него. Крадеа ко улави, ги стигна/стигнува заслуженото. А, останатите бандити? Раката на правдата можеби е спора, ама долга. Без тоа ништо и нема смисла. И не ги мешајте правдата и правото. Правдата е идеал, а правото само нејзина алатка. Мора да има правда, казна за злосторот. Казната е правда за онеправданите. Помирување, мир и спокој не може да има и нема да има без правда. Заради македонштината, поради сите зулуми и продажби на националните светии, за историјата, заради затворените браќа, за иднината. Заради МАКЕДОНИЈА!]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/feed/ 0
Турциија: Денеска се очекуваат пресуди за 497 обвинети за неуспешниот пуч од 2016 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turciija-deneska-se-ochekuvaat-presudi-za-497-obvineti-za-neuspeshniot-puch-od-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turciija-deneska-se-ochekuvaat-presudi-za-497-obvineti-za-neuspeshniot-puch-od-2016-godina/#respond Wed, 07 Apr 2021 06:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=493420

Едно од многуте големи судења во Турција во врска со неуспешниот државен удар од 2016 година денеска е пред завршување, затоа што се очекува судот во Анкара да донесе пресуди за 497 обвинети, јави ДПА. Судскиот процес почна во октомври 2017 година и досега имаше 243 рочишта, пренесе агенцијата. Меѓу обвинетите има и поранешни високи воени офицери од претседателската гарда, наведува државната агенција Анадолија. Обвинителството побара доживотен затвор за 90 од обвинетите и долги затворски казни за уште неколкумина. Обвинителот одделно побара ослободување од обвинение за 264 осомничени и продолжување на судскиот процес против 11 лица кои се во бегство, додаде Анадолија. Осомничените се обвинети за заземањето на седиштето на државната телевизија ТРТ во Анкара, во ноќта на пучот, на 15 јули 2016 година, и принудување на водителот на вестите да ја прочита изјавата на пучистите Другите обвинувања вклучуваат обид за уставен преврат и членство во терористичка организација. Вкупно 104 лица се веќе зад решетки, додека на 11 им се суди во отсуство, додаде ДПА. Анкара за неуспешниот пуч го обвинува исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а неговото движење го означи како терористичка група. Турција од неуспешниот воен удар досега уапси десетици илјади лица и отпушти од работа над 100.000 јавните службеници, од кои 21.000 се од вооружените сили. Од вкупно 289 судења во врска со обидот за воен удар, додава Анадолија, 14 се уште се во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turciija-deneska-se-ochekuvaat-presudi-za-497-obvineti-za-neuspeshniot-puch-od-2016-godina/feed/ 0
Турција приведе 150 лица, вклучувајќи и активни војници, поради поврзаност со неуспешниот пуч https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-privede-150-lica-vkluchuvajkji-i-aktivni-vojnici-poradi-povrzanost-so-neuspeshniot-puch/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-privede-150-lica-vkluchuvajkji-i-aktivni-vojnici-poradi-povrzanost-so-neuspeshniot-puch/#respond Tue, 23 Mar 2021 10:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=486553

Турските власти денеска приведоа најмалку 150 осомничени приврзаници на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, чие  седиште е во САД, вклучувајќи и војници во активна служба, соопшти ДПА, повикувајќи се на државната агенција Анадолија. Агенцијата дополнува дека полицијата и жандармеријата трагаат по уште 34 други осомничени во 53 градови низ земјата. Меѓу осомничените има 123 активни војници на служба од копнените, воздушните, поморските и жандармерските сили. Триесет и осум други се поранешни питомци, кои беа избркани по неуспешниот пуч од страна на фракција во војската на 15 јули 2016 година. Повеќе од четири години подоцна, Анкара продолжува да ги собира осомничените лојалисти на Ѓулен, кои се обвинети дека со децении се инфилтрирале во државниот апарат, со цел на крајот да го организираат пучот. Турција движењето на Ѓулен го прогласи за терористичка група и затвори илјадници негови следбеници поради наводните врски со него. Десетици илјади беа избркани од јавните служби. Ѓулен негира каква било улога во неуспешниот пуч, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-privede-150-lica-vkluchuvajkji-i-aktivni-vojnici-poradi-povrzanost-so-neuspeshniot-puch/feed/ 0
Земјите од Г7 го осудија пучот, загрижени за лидерите на Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-od-g7-go-osudija-puchot-zagrizeni-za-liderite-na-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-od-g7-go-osudija-puchot-zagrizeni-za-liderite-na-mjanmar/#respond Wed, 03 Feb 2021 13:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=463655

Групата на седум најразвиени индустриски земји (Г7) денеска го осуди воениот удар во Мјанмар и изрази длабока загриженост за судбината на премиерката Аунг Сан Су Чи и другите притворени политички лидери. Во соопштението на Г7 се вели дека министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на ЕУ, се „обединети во осудата на пучот во Мјанмар“. „Длабоко сме загрижени за притворањето на политичките лидери и активисти на граѓанското општество, вклучително и државните советници, премиерката Аунг Сан Су Чи и претседателот Вин Минт и нападите врз медиумите“, се наведува во соопштението. Министрите од Г7 ја повикаа армијата на Мјанмар да стави крај на прогласената вонредна состојба и да дозволи непречен хуманитарен пристап за поддршка на најзагрозените во земјата. „Резултатите од изборите во ноември мора да се почитуваат и парламентот треба да се свика што е можно поскоро“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-od-g7-go-osudija-puchot-zagrizeni-za-liderite-na-mjanmar/feed/ 0
Турски суд изрече десетици доживотни казни затвор за обидот за пуч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-sud-izreche-desetici-dozivotni-kazni-zatvor-za-obidot-za-puch/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-sud-izreche-desetici-dozivotni-kazni-zatvor-za-obidot-za-puch/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=434750

Турски суд денеска изрече десетици доживотни казни затвор за неколку од скоро 500 лица, вклучително и неколку воени команданти и пилоти, обвинети за учество во обидот за државен удар во 2016 година од воздушна база во близина на Анкара, јави турската новинска агенција Анадолија. Агенцијата и други турски медиуми јавија дека 25 пилоти се осудени на доживотен затвор, а четворица цивили биле осудени на по 79 доживотни затворски казни. Поранешниот командант на воздухопловните сили Акин Озтурк и други од воздухопловната база во близина на Анкара се обвинети за организирање на пучот и бомбардирање на владини институции, вклучително и зградата на Парламентот, во обид за атентат врз претседателот Реџеп Таип Ердоган. Анкара за обидот за преврат ги обвинува приврзаниците на Фетула Ѓулен, кој моментално живее во самонаметнат егзил во САД. 79-годишниот Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, негираше вмешаност во обидот за пуч. На него и на уште петмина обвинети им се суди во отсуство. За учество во обидот за воен преврат обвинети се 475 лица, додека 365 се во притвор. Во обидот за пуч на 15 јули 2016 година бие убиени повеќе од 250 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-sud-izreche-desetici-dozivotni-kazni-zatvor-za-obidot-za-puch/feed/ 0
Заврши пучот во Мали, претседателот Кеита поднесе оставка: Не сакам крв https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-puchot-vo-mali-pretsedatelot-keita-podnese-ostavka-ne-sakam-krv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-puchot-vo-mali-pretsedatelot-keita-podnese-ostavka-ne-sakam-krv/#respond Wed, 19 Aug 2020 06:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=392435

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита поднесе оставка откако беше уапсен од побунетите војници, јави државната телевизија. За време на телевизиското обраќање, Кеита рече дека ќе ги распушти владата и парламентот, пренесе Би-Би-Си. -Не сакам да се пролее крв за да останам на власт, ​​рече тој. Кеита се обрати до нацијата неколку часа откако тој и премиерот Бубу Сисе беа однесени во воена база во близина на Бамако, предизвикувајќи осуда од регионалните сили и Франција. -Ако денеска, одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат ова да заврши со нивна интервенција, дали воопшто имам избор?, се запраша Кеита од воената база во Кати, крај главниот град Бамако, каде беше приведен претходниот ден. Британските медиуми наведуваат дека не може да се потврди автентичноста на снимката. Претседателот и премиерот беа уапсени во Бамако од одметнати членови на вооружените сили, соопшти претходно претставникот на Африканската унија, Муса Факи Махамат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-puchot-vo-mali-pretsedatelot-keita-podnese-ostavka-ne-sakam-krv/feed/ 0
Венецуела, Мексико и Перу со осуда на пучот против боливискиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-meksiko-i-peru-so-osuda-na-puchot-protiv-boliviskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-meksiko-i-peru-so-osuda-na-puchot-protiv-boliviskiot-pretsedatel/#respond Mon, 11 Nov 2019 07:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=262439

Претседателот на Венцуела Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес. Мадуро го осуди пучот против својот сојузник Моралес, откако војската побара, а тој се согласи, да се повлече од функцијата за доброто на земјата. „Категорички го осудуваме пучот против нашиот братски претседател“, напиша Мадуро на Твитер, пренесен од британските медиуми. Истовремено, Мадуро, чиј претходник Уго Чавез повремено беше ментор на Моралес, ги повика сојузниците ширум светот да се мобилизираат, за да се заштити првиот боливиски претседател од редовите на автохтоните народи. И мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард изјави дека неговата земја не ја прифаќа воената операција што се случи во Боливија. „Не го прифаќаме тоа, тоа е слично на трагедиите кои ја закрвавија нашата Јужна Америка во минатиот век. Мексико ќе остане при својот став да се почитуваат демократијата и институциите“, напиша Еврард на Твитер, пренесен од британските медиуми. На веста за оставката на Моралес реагираше и Перу, која повика на „обнова на мирната состојба во Боливија“ Во краткото соопштение Владата во Перу повика на транспарентни избори со помош на Организацијата на американски држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecuela-meksiko-i-peru-so-osuda-na-puchot-protiv-boliviskiot-pretsedatel/feed/ 0
Речиси 2.000 лица осудени на доживотен затвор по обидот за пуч во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-2-000-lica-osudeni-na-dozivoten-zatvor-po-obidot-za-puch-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-2-000-lica-osudeni-na-dozivoten-zatvor-po-obidot-za-puch-vo-turcija/#respond Tue, 18 Dec 2018 13:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=141887

Речиси 2.000 лица се осудени на доживотен затвор во Турција, во рамките на судските процеси поврзани со обидот за државен удар во јули 2016 година. Анкара го обвинува исламискиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил САД, и неговото движење за организирање на обидот за пуч. Турските власти презедоа големи чистки насочени кон поддржувачите на Ѓулен, при што беа уапсени речиси 55.000 луѓе, а 140.000 беа отпуштени или привремено отстранети од работа. Од 289 судски процеси, 239 се веќе завршени, како нивен резултат, изречени се вкупно 1.934 доживотни затворски казни. Покрај тоа, 1.123 луѓе добија затворски казни во треање од една до дваесет години. Чистките во Турција не престануваат повеќе од две години по обидот за државен удар, при што секоја или речиси секоја недела се соопштува за нови операции за приведување осомничени. Паралено со мерките против поврзаните или осомничените за врски со Ѓулен, акции беа преземени и против курдската опозиција, како и против медиумите критички настроени кон Владата. Ова предизвика критика од европските земји и организациите за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-2-000-lica-osudeni-na-dozivoten-zatvor-po-obidot-za-puch-vo-turcija/feed/ 0
Турција се сомнева дека организаторот на неуспешниот пуч во 2016 година се крие во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-somneva-deka-organizatorot-na-neuspeshniot-puch-vo-2016-godina-se-krie-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-somneva-deka-organizatorot-na-neuspeshniot-puch-vo-2016-godina-se-krie-vo-germanija/#respond Thu, 14 Jun 2018 06:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=65652

Турските власти имаат сериозен сомнеж дека наводниот организатор на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година се крие во Германија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера рече дека Германија издала налог за потрага по Адил Јоксуз. - Тоа што Германија треба да го стори откако ќе го пронајде, е да ни го предаде според договорите и законот, изјави Чавушоглу. Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, за организирање државен удар, иако тој ги отфрла обвинувањата. Јоксуз, поранешен универзитетски лектор, е обвинет од Анкара дека е еден од оние кои го организирале обидот за пуч. Турски медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, јавуваат дека Јоксуз се крие во стан во Берлин. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-se-somneva-deka-organizatorot-na-neuspeshniot-puch-vo-2016-godina-se-krie-vo-germanija/feed/ 0
Турски суд осуди стотици обвинети за обидот за пуч во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-sud-osudi-stotici-obvineti-za-obidot-za-puch-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-sud-osudi-stotici-obvineti-za-obidot-za-puch-vo-turcija/#respond Mon, 21 May 2018 14:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=56671

Суд во турскиот град Измир осуди на доживотен затвор вкупно 104 луѓе обвинети за извршување дејствија поврзани со обидот за преврат во јули 2016 година во Турција. Судот во Измир осуди и вкупно 137 луѓе осомничени за врски со терористичката организација ФЕТО. Освен 104-та осудени на доживотен завор, уште 20 луѓе добија затворски казни од по 20 години поради „обиди за атентат врз претседателот“. Меѓу осудените лица има поранешни армиски припадници од кои генрали и припадници во Командата на ВВС, ВМС и копнените сили на Турција. Според турските власти, ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен е одговорна за обидот за пуч во јули 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-sud-osudi-stotici-obvineti-za-obidot-za-puch-vo-turcija/feed/ 0