пулицерова награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 May 2020 05:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пулицерова награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доделени Пулицерoвите награди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeleni-pulicerovite-nagradi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeleni-pulicerovite-nagradi/#respond Tue, 05 May 2020 05:57:02 +0000 https://kurir.mk/?p=341680

Дневниот весник „Енкориџ Дејли Њуз“и истражувачкиот портал ПроПублика ја добија Пулицеровата награда за новинарство во служба на јавноста за сторијата за тоа дека третина од селата на Алјаска немаат полициска заштита. Фотографите на британската агенција Ројтерс освоија награда во категоријата ударни вести за документирање на минатогодишните насилни протести во Хонг Конг, додека наградата за репортажна фотографија и припадна на американската агенција Асошиејтед прес за приказ на животот во Кашмир. Новинарката на Лос Анџелес Тајмс, Моли О’Тул ја доби наградата за најдобра аудио сторија за барателите на азил кои се незадоволни од политиката „Останете во Мексико“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Наградата за истражувачко новинарство му припадна на Брајан Розентал од Њујорк Тајмс, кој откри дека на илјадници таксисти во Њујорк животот им е уништен поради „предаторски позајмици“. Њујорк Тајмс доби три награди, меѓу кои и Пулицер за коментарот на новинарката Никол Хана-Џонс, напишан како дел од проектот 1619 година, со кој се настојува во центарот на сторија за Америка да се стави ропството на Африканците. Весникот „Куриер-журнал“ од Кентаки ја освои домашната награда за ударна вест за сторијата за стотици помилувања дадени од поранешниот гувернер Мет Бевин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeleni-pulicerovite-nagradi/feed/ 0
Почина познатиот писател, добитник на Пулицерова награда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poznatiot-pisatel-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poznatiot-pisatel-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/#respond Wed, 23 May 2018 06:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=57318

Американскиот книжевник Филип Рот почина во текот на ноќта во 85-тата година од конгестивна срцева слабост, соопшти неговиот агент Ендрју Вејли. Филип Рот е автор на повеќе од 30 збирки приказни и романи. Прв негов роман беше„Збогум, Колумбо" во 1959 година, но слава доживеа во 1969 година, со „Портноевата болка". За романот „Американска пасторала“ во 1998 година ја доби Пулицеровата награда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poznatiot-pisatel-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/feed/ 0
Претседателот на Советот на „Пулицеровата награда“ се повлече поради обвинување за сексуално вознемирување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sovetot-na-pulicerovata-nagrada-se-povleche-poradi-obvinuvanje-za-seksualno-voznemiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sovetot-na-pulicerovata-nagrada-se-povleche-poradi-obvinuvanje-za-seksualno-voznemiruvanje/#respond Fri, 11 May 2018 17:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=53198

Претседателот на Советот за доделување на престижната „Пулицерова награда“, Џуно Диаз, се повелече од функцијата на неодредено време, поради обвинувањата за сексуално вознемирување што против него ги изнесе писателката Зинзи Клемoнс. Диаз соопшти дека се откажува од вршењето на должноста се до расветлување на случајот. На 4 мај на Саемот на книгата во австралискиот град Сиднеј, Клемoнс му постави прашање на Диаз за инцидент меѓу нив од пред шест години.  На Твитер таа објави дека Диаз ја бакнал насила, додека била студентка на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. - Не сум единствената на која тој и го стоил тоа, тврди Клемонс, додавајќи дека повеќе нема да молчи. Советот кој ја доделува „Пулицеровата награда", соопшти дека започнал независна истрага за овие тврдења, додавајќи дека Диаз е позитивен и соработува со истрагата. Тој ќе биде привремено заменет на позицијата претседател од новинарот од весникот „Вашингтон пост", Јуџин Робинсон, но останува член на Советот. Диаз доби „Пулицерова награда“ во 2008 година за книгата „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао". По објавувањето на аферата Вајнстијн на почетокот на октомври 2017 година, десетици влијателни мажи од разни сфери - од политиката до шоу бизнисот - беа обвинети за сексуално вознемирување. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sovetot-na-pulicerovata-nagrada-se-povleche-poradi-obvinuvanje-za-seksualno-voznemiruvanje/feed/ 0
„Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Њујоркер“ и „Ројтерс“ добија Пулицерови награди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-vashington-post-njujorker-i-rojters-dobija-pulicerovi-nagradi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-vashington-post-njujorker-i-rojters-dobija-pulicerovi-nagradi/#respond Tue, 17 Apr 2018 06:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=41563

Пулицеровите награди, најпрестижни во областа на американското новинарство, доделени се на Универзитетот Колумбија, а меѓу лауреатите се весниците Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Њујоркер, Прес демократ како и британската агенција Ројтерс. Њујорк тајмс, и Вашингтон пост се добитници на Пулицеровата награда за национално известување, а наградата им ја донесе разсветлувањето на истрагата за можните контакти на предизборниот тим на претседателот Доналд Трамп и руски претставници. Њујорк тајмс и Њујоркер освоија награда за јавна служба, а за известување за Харви Вајнстин и сексуалното вознемирување. Весникот Прес деморкати од Санта Роса, во Калифорнија, е добитник за итна вест,  - за пожарите што минатата есен ја зафатија Калифорнија. На агенцијата Ројтерс и се доделени две Пулицерови награди – за меѓународно известување и за фотографија. Во областа на уметноста, наградите се доделуваат во седум категории меѓу кои и роман, драма и музика. Кога станува збор за музика, лауреат е раперот Кендрик Ламар за делото DAMN, и тоа е прв некласичен или џез уметник кој ја освоил таа награда. Романот на Ендрју Шон Грир, Les s, освои Пулицерова награда за роман, додека наградата за драма ја доби Мартина Макој за Cost of Living. Френк Бидарт е добитник на наградата за поезија за делото под наслов Half-Light. Првите Пулицерови награди за новинарство се доделени во 1917 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-vashington-post-njujorker-i-rojters-dobija-pulicerovi-nagradi/feed/ 0
Во Њујорк доделување на Пулицеровата награда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dodeluvanje-na-pulicerovata-nagrada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dodeluvanje-na-pulicerovata-nagrada/#respond Mon, 16 Apr 2018 08:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=41133

Имињата на добитниците на Пулицеровата награда во категориите новинарство и уметност ќе бидат објавено денеска попладне, на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Пулицеровата награда ќе биде доделена за најголем придонес во новинарството во 2017 година во весниците, списанијата и сајтовите. Наградата се доделува во 14 категории, од најдобро известување преку фотографија и критика, до коментар. Во категоријата уметност, наградата се доделува во седум категории, вклучувајќи драма, фикција и музика. Првпат наградата, во категоријата новинарство, е доделена во 1917 година. Наградата ја воспостави Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по смртта 1911 година сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.  (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dodeluvanje-na-pulicerovata-nagrada/feed/ 0