пункт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 17:23:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пункт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од утре два собирни пункта во Тетово за донации за Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dva-sobirni-punkta-vo-tetovo-za-donatsii-za-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dva-sobirni-punkta-vo-tetovo-za-donatsii-za-turtsija-i-sirija/#respond Wed, 08 Feb 2023 17:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=798006

Во Тетово граѓаните ќе можат од утре да донираат облека и други видови производи како помош за подрачјата во Турција и Сирија погодени од силниот земјотрес. Како собирни пунктови ќе бидат градскиот плоштад и спортската сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од 10 до 18 часот. -Општина Тетово од утре (09.02.2023) до (21.02.2023) започнува со собирање облека и друг вид донација (зимска облека, вода, конзервирана храна, ќебиња, медицински лекови), за помош на турскиот и сирискиот народ. Граѓаните кои сакаат и можат да помогнат, помошта можат да ја достават до собирните пунктови, плоштадот „Илирија“, како и до Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, почнувајќи од 10:00 до 18:00 часот, информираат од Општина Тетово. Отворена е и жиро-сметка на која граѓаните на Северна Македонија и дијаспората можат да помогнат со финансиски средства. Воедно Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dva-sobirni-punkta-vo-tetovo-za-donatsii-za-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Убиен полицаец во напад врз пункт за вакцинација во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-policaec-vo-napad-vrz-punkt-za-vakcinacija-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-policaec-vo-napad-vrz-punkt-za-vakcinacija-vo-pakistan/#respond Sun, 19 Sep 2021 09:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=565412

Пакистански полицаец, кој чувал пункт за вакцинација против детска парализа, денеска е убиен од вооружени лица на мотоцикли во северозападниот дел на земјата, соопшти полицијата. Американските медиуми наведуваат дека пакистанските милитанти често пати ги напаѓаат местата за вакцинација и полицијата што ги обезбедува, затоа што сметаат дека кампањите за вакцинација против детска парализа се дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца. Овој последен напад се случи на третиот ден од петдневната кампања за вакцинација против детска парализа низ провинцијата. Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детска парализа до крајот на 2021 година, а си неа се има за цел да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години. Пакистан и Авганистан се единствените преостанати земји во светот кои се борат со детска парализа, откако Нигерија минатата година успешно ја искорени болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-policaec-vo-napad-vrz-punkt-za-vakcinacija-vo-pakistan/feed/ 0
За време на полициски час: Двајца скопјани затекнати на пункт на наплатна рампа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-vreme-na-policiski-chas-dvajca-skopjani-zateknati-na-punkt-na-naplatna-rampa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-vreme-na-policiski-chas-dvajca-skopjani-zateknati-na-punkt-na-naplatna-rampa/#respond Tue, 31 Aug 2021 19:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=557520

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(42) и К.В.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Пријавените, на 24.05.2021 биле затекнати на пункт на наплатна рампа Отовица од полициски службеници и покрај забраната за движење на лица во периодот од 22.00 до 05.00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-vreme-na-policiski-chas-dvajca-skopjani-zateknati-na-punkt-na-naplatna-rampa/feed/ 0
Стојаноски: Кога зборувате за оние милијарди и милиони евра, пунктот во Демир Хисар каде што се земаат тестови за болните од Ковид-19 е олицетворение на реалноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-koga-zboruvate-za-onie-milijardi-i-milioni-evra-punktot-vo-demir-hisar-kade-shto-se-zemaat-testovi-za-bolnite-od-kovid-19-e-olicetvorenie-na-realnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-koga-zboruvate-za-onie-milijardi-i-milioni-evra-punktot-vo-demir-hisar-kade-shto-se-zemaat-testovi-za-bolnite-od-kovid-19-e-olicetvorenie-na-realnosta/#respond Fri, 18 Dec 2020 15:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=445289

Јас би сакал да ве прашам една работа, и ве замолувам да ми одговорите во контра репликата, дали оваа слика е вистинита? Ова на вас може ви изгледа како гаража, ама ова е пунктот каде што каде што се земаат тестови за болните од Ковид-19 во Демир Хисар. Е кога ќе зборувате за сите тие милијарди и милиони евра, за тоа што е капитална инвестиција а што не е, оваа слика е олицетворение на реалноста, изјави  на денешната собраниска седница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Во продолжение може да го погледнете неговиот говор во Собранието. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-koga-zboruvate-za-onie-milijardi-i-milioni-evra-punktot-vo-demir-hisar-kade-shto-se-zemaat-testovi-za-bolnite-od-kovid-19-e-olicetvorenie-na-realnosta/feed/ 0
Дебар бара да се отвори пункт за тестирање и апарати за следење на состојбата на заразените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/#respond Fri, 27 Mar 2020 14:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=323130

Се уште нема пункт за тестирање, а потребни се и апарати неопходни за следење на состојбата на заразените во Дебар – првото жариште на Ковид-19 во земјава. – Иако Владата најави отворање 14 пунктови за тестирање од коронавирус, во Дебар тоа сè уште не е направено. Покрај отворањето пункт за тестирање, од Владата бараме да бидат доставени повеќе апарати кои се неопходни за мониторирање на заразените лица со Ковид-19, изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна седница. Во врска со барањето за еден гинеколог, еден анестезиолог-реаниматор и четворица медицински техничари обучени за лекување лица од инфективни болести, Дука рече дека реализацијата е во тек. – Безбедносната состојба на територијата на нашето подрачје е мирна, нема регистрирани непочитувања на полицискот час. Препораките на Владата со превентивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот во глобала се почитуваат. Сè уште има инцидентни случаи на групирања на граѓани во центарот на градот кои не ја почитуваат препораката за социјална дистанца, рече Дука. Соопшти дека денеска нема дијагностицирани на Ковид-19 во Дебар и во Центар Жупа. Досега вкупно се заразени 43 лица, од кои двајца се починати, а еден е излекуван. Тринаесет се на лекување во Клиниката за инфективни болести во Скопје и 28 на домашно лекување. Додаде дека вчера се направени 20 тестови во Дебар и Центар Жупа. Во домашна изолација се 210 лица. Во врска со затекнатите 114 лица, македонски и странски државјани, кои вчера попладне беа вратени од пунктот кај Бошков Мост (на патот кон Маврово) и кај ХЕ „Глобочица“ (кон Струга) рече дека се вратени бидејќи имале само потврда од епидемиолог дека не се болни, а не им било извршено тестирање. Во координација со надлежните служби, рече, очекува проблемот да биде надминат, но сите тие треба да бидат тестирани. Лицата за кои станува збор се повторно сместени во хотелските капацитети на Дебарски бањи-Цапа, во објектот во Бањиште, каде што беа во изминатите 14 дена, по прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, а беа затекнати во Дебар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/feed/ 0