пунктови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Sep 2021 16:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пунктови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција работат 1.500 центри за вакцинација со капацитет од 75.000 дневни вакцинации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-rabotat-1-500-centri-za-vakcinacija-so-kapacitet-od-75-000-dnevni-vakcinacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-rabotat-1-500-centri-za-vakcinacija-so-kapacitet-od-75-000-dnevni-vakcinacii/#respond Thu, 16 Sep 2021 16:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=564515

Во операцијата „Слобода“, односно процесот на имунизација во Грција работат 1.500 центри за вакцинација на 658 локации со капацитет од 75.000 вакцинации дневно, соопштија од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, функционираат и 224 мобилни единици за вакцинација, а од минатиот месец, во имунизацијата се вклучени и приватните лекари. Од вкупно десет мега центри за вакцинација во цела Грција, со работа ќе продолжат седум, со оглед на тоа дека веќе се затворени еден во Атина и мега центарот на Родос, а од 28 септември ќе се затвори и оној на островот Крф.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-rabotat-1-500-centri-za-vakcinacija-so-kapacitet-od-75-000-dnevni-vakcinacii/feed/ 0
Четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-novi-punkta-za-kovid-vakcinacija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-novi-punkta-za-kovid-vakcinacija-vo-skopje/#respond Tue, 10 Aug 2021 13:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=548786

Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ). Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто. -Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од Министерството за здравство. Нагласуваат дека вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид 19 вурусот. -Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани, порачуваат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetiri-novi-punkta-za-kovid-vakcinacija-vo-skopje/feed/ 0
ФОТО: Министерот Чулев во посета на полициските службеници на пунктовите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ministerot-chulev-vo-poseta-na-policiskite-sluzbenici-na-punktovite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ministerot-chulev-vo-poseta-na-policiskite-sluzbenici-na-punktovite-vo-skopje/#respond Sun, 19 Apr 2020 10:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=334295

По повод големиот христијански празник Велигден, министерот Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје во текот на изминатата ноќ ги посети колегите , распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода. На полициските службеници од православна вероисповед со поздравот : Христос воскресна! Навистина воскресна! министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на останатите колеги ѝм посака мирна работна вечер. Од страна на полициските службеници министерот Чулев беше информиран дека изминатата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршувања на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето кои се донесени од страна на Владата. -Им благодарам на сите граѓани за високата свесност за улогата на секој поединец во борбата со невидливиот непријател што во овие важни моменти за сите нас ја покажуваат на дело, рече министерот Чулев. На овој голем празник Велигден посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи, истакна Чулев при посетата. Во оваа прилика Министерот Чулев уште еднаш им го честита празникот Велигден на сите граѓани од православна вероисповед, се вели во соопштението од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ministerot-chulev-vo-poseta-na-policiskite-sluzbenici-na-punktovite-vo-skopje/feed/ 0
Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-14-punktovi-za-testiranje-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-14-punktovi-za-testiranje-za-koronavirus/#respond Mon, 23 Mar 2020 06:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=320481

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. -Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето. Во текот на денешниот ден, како што најави Филипче, по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај шест пациенти ќе се земе контролен брис. – Од нив пет се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување на состојбата е поставена на респираторна машина, таа е во непроменета состојба во однос на неколкуте претходни денови, рече Филипче. Министерот информира дека пациентите кои се на домашно лекување се во континуирана комуникација со лекарите од Инфективната клиника. Од денеска ќе биде во целосна функција системот на комуникација со медицинската сестра одговорна токму за оваа работа и по потреба консултација со лекар специјалист во кое било време за проценка на нивната состојба. За воведувањето полициски час, министерот Филипче појасни дека тој не важи за здравствени работници со соодветен терк, припадници на МВР, на Армијата. -Се разбира на сите други компании коишто мора редовно да ги спроведуваат обврските во интерес на граѓаните, како и производствените капацитети на храна кои имаат и работно време во текот на ноќта донесен е заклучок дека самите компании издаваат пропусници тогаш кога имаат вработени во три или четири смени и согласно тие пропусници тие ќе може да се движат кон нивните работни места, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-14-punktovi-za-testiranje-za-koronavirus/feed/ 0
Од следната недела пунктови за тестирање во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-slednata-nedela-punktovi-za-testiranje-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-slednata-nedela-punktovi-za-testiranje-vo-skopje/#respond Thu, 19 Mar 2020 18:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=319140

Од следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе има локална трансмисија во градот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. -Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент заразени и да ја шират заразата. Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме оо почетокот на следната недела. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем на борба против вирусот, нагласи Филипче. Додаде дека постојат случаи кога граѓаните не ги почитуваат мерките на самоизолација, но како што рече тоа ќе биде најстрого санкционирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-slednata-nedela-punktovi-za-testiranje-vo-skopje/feed/ 0
Од денеска дежурни пунктови за деца во три скопски поликлиники https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/#respond Tue, 01 Jan 2019 11:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=147184

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле. Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите ќе работат од 8 до 23:30 часот. Во пунктовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Клиниката за детски болести и Детската болница Козле и по потреба потешките случаи и оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две јавни здравствени установи]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-dezurni-punktovi-za-deca-vo-tri-skopski-polikliniki/feed/ 0