пушачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Apr 2023 14:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пушачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Важна вест за пушачите: Исчистете го телото со ОВИЕ намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhna-vest-za-pushachite-ischistete-go-teloto-so-ovie-namirnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhna-vest-za-pushachite-ischistete-go-teloto-so-ovie-namirnitsi/#respond Sun, 09 Apr 2023 18:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=822136

Брз и здрав начин за чистење на телото на пушачите од никотин е да се јаде повеќе здрава храна. Ако редовно се консумира морков, зелен чај, спанаќ, киви, лимон и портокал, брокула, карфиол, прокељ и зелка, можат да му помогнат на телото да ги исфрли штетните материи од цигарите. Зелен чај Со пушењето телото ја губи неопходната течност и телото многу побрзо доаѓа во состојбата на дехидрација. Пиењето големи количини на домашна витаминска вода (два литри вода со една лажичка рендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 листови нане, како и зелен чај преполн со антиоксиданси) ќе го испере никотинот од телото. Морков Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да ги решите овие грди несакани ефекти, јадете колку што е можно повеќе моркови. Тој содржи големи количини на витамин А, К, Ц и Б, кои се главни чистачи на телото. Исцедете морков во соковник измешан со јаболко и лимон или ставете го во салата. Спанаќ Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но, исто така, му помага на телото да се реши од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот. Брокули, прокељ и зелка Освен што овие видови на зеленчук содржат полифеноли, кои се покажаа корисни во намалувањето на воспалението во дигестивниот систем, исто така содржат антиоксиданси кои го чистат телото од многу токсини. Подготвувајте ги што е можно пократко, за да можете да ги зачувате сите нивни квалитети. Киви, лимон и портокал Покрај вода, никотинот од организмот исфрла и витамини А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да се ​​надоместат загубените витамини посегнете по кивите или испијте една чаша лимонада. Сок од портокал го хидрира телото, ги обезбедува потребните витамини, но, исто така, го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пиете помеѓу оброците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhna-vest-za-pushachite-ischistete-go-teloto-so-ovie-namirnitsi/feed/ 0
Македонија лидер во Европа, а Шведска е земја на непушачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-lider-vo-evropa-a-shvedska-e-zemja-na-nepushachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-lider-vo-evropa-a-shvedska-e-zemja-na-nepushachi/#respond Sun, 09 Apr 2023 11:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=822076

Шведска е на пат да стане првата земја на непушачи. Со околу пет проценти од луѓето кои пушат цигари секој ден, Шведска е на пат да стане првата држава ма непушачи во Европа. Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето и 41 процент помала стапка на смртност од тумори предизвикани по овој пат, во споредба со земјите од ЕУ. Истражувањата на Тобако Атлас од 2019 година вели дека во Македонија граѓаните пушеле околу 2.515 цигари годишно, што ја прави земјата прва во Европа по број на испушени цигари. На второ место е и Бугарија, каде бројот на цигари изнесува 2.495, а потоа и Белорусија со испушени 2.432 цигари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-lider-vo-evropa-a-shvedska-e-zemja-na-nepushachi/feed/ 0
Овие намирници мора да ги имате дома, тие ќе ви го исчистат организмот од никотин https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnici-mora-da-gi-imate-doma-tie-kje-vi-go-ischistat-organizmot-od-nikotin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnici-mora-da-gi-imate-doma-tie-kje-vi-go-ischistat-organizmot-od-nikotin/#respond Mon, 27 Jun 2022 12:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=696346

Оние кои неодамна престанале да пушат, но и сите пушачи, би требало што побргу да ги воведат во менито намирниците кои ќе помогнат никотинот таложен со години побрзо да се исфрли од организмот. Познато е и дека на зависниците од никотин им недостасуваат многу витамини и минерали, затоа што пушењето негативно влијае врз способноста за нивна апсорпција од храната. Оваа лоша навика најмногу влијае на намалување на количината на витамин Ц и колку е поголем бројот на испушени цигари во текот на денот, сѐ помалку го има во организмот. Затоа на пушачите им се потребни дневно 2.000 милиграми витамин Ц кој може да се обезбеди со редовно земање на овошје и зеленчук. Европските стручњаци истражиле дека пушачите кои го зголемиле внесувањето на зеленило и на овошје, ја намалуваат можноста за заболување од рак на белите дробови за 23 отсто. Посебно позитивно влијание на здравјето на никотинските зависници имаат коренестиот и лиснатиот зеленчук, зелката. Лукот, кромидот и печурките. Наполнете го фрижидерот со намирници со зелена боја како што е спанаќот, магдоносот, кељот, бркулите, блитвата. Тие го чистат телото од разни хемиски отрови од околината, смог, никотин, пестициди, тешки метали, и се многу корисни за детоксикација на црниот дроб. Освен тоа, спанаќот и брокулите се богати со фолна киселина која значително побрзо се троши во организмот на пушачите. Портокал „Тазе“ непушачите со појадокот би требало да се напијат свежо цеден сок од портокал затоа што содржи доста витамин Ц, кој на организмот му ја дава неопходната енергија. Витаминот Ц помага и во производството на карнитин кој ги претвора маснотиите од храната во енергија. Се покажало и дека киселкастиот вкус на овој напиток најефикасно ја елиминира желбата за првата утринска цигара. Јаболко Едно јаболко на ден се препорачува за здравје на срцето, но бидејќи ова овошје содржи посебен вид на влакна кои му помагаат на телото да се исчисти од тешките метали, се препорачува и за чистење на организмот. Лимон Лимонот ослободува ензими кои помагаат во излачувањето на токсините и го снабдува телото со неопходните витамини А, Е и Ц. Секое утро пред појадок испијте чаша млака вода со сок од еден лимон и со лажичка мед. Пченка  Оваа намирница содржи бета-криптоксантин, силен антиоксиданс кој ги штити белите дробови од карцином. Зелен чај Кај пушачите, клетките ја губат неопходната вода па организмот многу побрзо дехидрира. Зелениот чај е одличен избор заради своите антиоксидативни својства. Помага за снижување на нивото на шеќер во крвта, а препорачливо е да се зема по една шолја зелен чај наутро и на пладне. Со пиењето поголеми количини ќе се подобри лимфната дренажа и исфрлањето на никотинот од телото. Ѓумбир Ова е, покрај куркумата, еден од најздравите зачини. Помага во функцијата на метаболизмот, учествува во ослободувањето на телото од токсини, особено од белите дробови и ја јакне функцијата на црниот дроб. Доволно е парче свеж ѓумбир да се додаде во сите главни оброци, или да пиете чај од коренот на оваа билка, што ќе го подобри дишењето. Борови иглички Чајот од борови иглички се користи традиционално за испирање на устата и грлото, а се препорачува и како напиток кој помага во борбата против рак на белите дробови. Морков Никотинот ја уништува и а суши кожата, а свежиот морков најбрзо ќе ја обнови. Содржи големи количини витамини А, К, Ц и Б кои се главни „собирачи“ на остатоците од никотино. Можете во соковник да исцедите морков, јаболко и лимон или да додавате рендан морков во секоја салата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnici-mora-da-gi-imate-doma-tie-kje-vi-go-ischistat-organizmot-od-nikotin/feed/ 0
Поразителна статистика: Македонија е лидер по бројот на пушачи во Европа, меѓу нив и тинејџери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-makedonija-e-lider-po-brojot-na-pushachi-vo-evropa-megju-niv-i-tinejdzeri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-makedonija-e-lider-po-brojot-na-pushachi-vo-evropa-megju-niv-i-tinejdzeri/#respond Tue, 31 May 2022 14:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=684339

Македонија  заедно со Србија  се лидери  по бројот на пушачи во регионот. Анализите на ИЈЗ покажуваат дека околу половина од населението во земјава  барем во некој период од животот посегнало по тутунот. Загрижувачки е податокот што околу 30 отсто од младата популација во земјава се пушачи, меќу нив има и деца од 14 -15 години кои што се активни пушачи. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите. Исто така кај нас се регистрирани најниски цени на цигари  не само во регионот, туку и во  Европа, па може и тоа е причина за достапноста на тутунот, пренесе Вечер. Овие поразителни бројки се  објавени по повод 31 Мај, Светски ден за борба против пушење.  На овој ден секоја година Светската здравствена организација  укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи. Исто така, СЗО постојано  го потенцира тутунот како причина и ризик фактор за повеќе заболувања меѓу кои и кардиоваскуларните болести, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот. Според СЗОМакедонија е на четврто место во светот според преваленца на пушење која се проценува на 46 отсто кај лица постари од 16 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-makedonija-e-lider-po-brojot-na-pushachi-vo-evropa-megju-niv-i-tinejdzeri/feed/ 0
Секоја цигара која ја пушите е штетна, но првата е ризична секој ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-cigara-koja-ja-pushite-e-shtetna-no-prvata-e-rizichna-sekoj-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-cigara-koja-ja-pushite-e-shtetna-no-prvata-e-rizichna-sekoj-den/#respond Wed, 23 Feb 2022 10:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=635331

Пушачите кои палат цигара веднаш штом ќе станат од спиење, без претходно да каснат нешто или барем да се напијат, го зголемуваат ризикот за добивање рак на белите дробови и на усната шуплина, покажува истражувањето кое одамна е направено на 2.000 возрасни пушачи. Резултатите од ова истражување покажале дека дури 32% од испитаниците првата цигара ја палат 5 минути после станувањето. Од испитаниците, 31% правата цигара ја палат од 6 до 30 минути по станувањето, 18% од 31 до 60 минути по будењето, а само 19% после еден час. Учесниците кои првата цигара ја палат по будењето, имале најголемо ниво на отровни материи во организмот од цигарите во однос на останатите. Научниците утврдиле дека ова особено е штетно за постарите лица. Тие објаснуваат дека луѓето кои првата цигара ја палат многу рано, го вовлекуваат димот многу подлабоко и подолго го задржуваат, што може да предизвика рак на усната шуплина и на белите дробови. Токму затоа тие објаснуваат дека најдобро е наутро, прво нешто да се касне, за да може организмот да се разбуди. На телото, во утринските часови најмногу му е потребна енергија, па токму затоа потребно е да ми овозможите здрав почеток на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-cigara-koja-ja-pushite-e-shtetna-no-prvata-e-rizichna-sekoj-den/feed/ 0
Ако пушите повеќе од 5 години: Овој рецепт ќе ви ги спаси белите дробови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-povekje-od-5-godini-ovoj-recept-kje-vi-gi-spasi-belite-drobovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-povekje-od-5-godini-ovoj-recept-kje-vi-gi-spasi-belite-drobovi/#respond Sun, 13 Feb 2022 21:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=631103

Луѓето кои пушат 5 или повеќе години, неретко имаат бронхитис и кашлица. Ако го користите ова природно средство, пречистувањето и ревитализација на белите дробови ви е гарантирана. Состојки: 400 грама сецкан кромид 2 лажици куркума 1 литар вода 400 грама кафеав шеќер 1 мало парче корен од ѓумбир Инструкции: Ставете ја водата и кафеавиот шеќер во тенџере и загрејте ги додека смесата не почне да врие. Додадете го кромидот и ѓумбирот, потоа и куркумата. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата. Изладете ја смесата на собна температура и ставете ја во фрижидер. Примена: Секое утро и вечер, пред појадок и два часа по последниот оброк конусмирајте од ова. Покрај овој лек, правете редовни вежби и лежете во топла када секој ден, но не повеќе од 20 минути. Причината поради која имате потреба од топла бања е дека вашето тело произведува токсини кои треба да се отстрани од организмот. Инхалација со еукалиптус масло исто така е многу корисна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-povekje-od-5-godini-ovoj-recept-kje-vi-gi-spasi-belite-drobovi/feed/ 0
За сите пушачи: Три капки од ова масло ќе направат чуда за вашите бели дробови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-site-pushachi-tri-kapki-od-ova-maslo-kje-napravat-chuda-za-vashite-beli-drobovi-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-site-pushachi-tri-kapki-od-ova-maslo-kje-napravat-chuda-za-vashite-beli-drobovi-2/#respond Mon, 22 Nov 2021 15:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=598384

Ова масло се смета сигурно за луѓе, а може да се користи во комбинација со антибиоици во борба против бактериска инфекција. Воспаление на белите дробови е инфекција на едното или на двете белодробни крила која обично е предизвикана од бактерии, вируси или габи. Додадете 3 капки масло од оригано во вода и ќе видите што се случува со белите дробови. Масло од оригано со векови се користи во источните и блискоисточните култури за лечење на респираторни инфекции, хронично воспаление, инфекција на уринарниот систем, дезинтерија и жолтица. Лабораториските истражувања во кои маслото е директно применето на патогени со храна покажало дека маслото од оригано има силни антибактериски својства. Освен тоа, содржи високо ниво на минерали кои ја зголемуваат својата терапевтска предност, вклучувајќи калциум, магнезиум, цинк, калиум, бакар, бор и манган. Во борба против инфекција на дишните патишта и симптоми како што се течење на нос и болки во грлото, со земање на алкална смеса натриев бикарбонат и клиум бикарбонат сигурно ќе помине. Лековите својства на масло од оригано: штити од вирус, габи и бактерии, помага кај псорјаза, егземи и дерматитис, го успорува процесот на стареење, штити од неколку врсти на рак, помага во прекумерно потење и лош здив од устата, помага кај воспалени мускули, тетиви, зглобови, спречува инфекција се користи како прва помош при касање од змија или инсекти. Подготовка: Препорачана доза е една до четири капки трипати дневно (максимум 12 капки дневно, не во една доза). Има јак вкус затоа задолжително се разредува во самото масло или во сок или чај. За надворешна примена и инхалација исто така е потребно да се разблажи. Не го нанесувајте оригано маслото на интимните делови. Маслото можат да го земаат деца на возраст од шест и повеќе години. Маслото од оригано мора да биде произведено од диво оригано, со што поголем процент карваклор (над 70%). Со пониско ниво на карвакрол ја нема потребната ефикасност. Масло со синтетички карвакрол може да биде отровно. Купувајте само природно ориганово масло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-site-pushachi-tri-kapki-od-ova-maslo-kje-napravat-chuda-za-vashite-beli-drobovi-2/feed/ 0
Бројот пушачи ширум светот се намалува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/#respond Thu, 18 Nov 2021 11:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=596953

Бројот на пушачи ширум светот постојано се намалува, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари. Во 2020 година, околу 1,3 милијарди луѓе во светот конзумирале тутун, што е намалување во однос на оние 1,32 милијарди две години претходно, објави СЗО во новиот извештај. Се очекува тој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година, иако светската популација расте. Извештајот покажа дека во 2000 година, речиси една третина од светското население над 15 години користело тутунски производи, но се очекува дека до 2025. Тој број ќе изнесува една петтина. Посебно е намален бројот на корисници на тутун кај младите. Уделот на пушачите во популацијата на возраст од 15 до 24 години во 2000 година во светот беше 20,8 отсто (секој петти пуши), а сега е 14,2 отсто (секој седми). Иако бројките се намалуваат, во извештајот се посочува дека 36,7 отсто од сите мажи и 7,8 отсто од жените во светот сè уште користат тутунски производи, годинава. Уште позагрижувачки е фактот што 38 милиони тинејџери на возраст од 13 до 15 години пушат. Ова сочинува 10 насто од сите лица во таа возрасна група, при што момчињата пушат многу почесто од девојчињата. Се проценува дека пушењето убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, најмногу поради директна употреба на тутун, но и поради изложеност на пасивно пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/feed/ 0
СЗО: Во Македонија да се обезбедат подобри услуги за поддршка на пушачите за откажување од пушење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/#respond Mon, 31 May 2021 07:46:11 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517098

Светската здравствена организација укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи, и советува да не се употребува тутун во каква било форма. Во согласност со темата „Заложба за откажување од пушење”, овогодинешната кампања на СЗО по повод 31 мај, Светски ден без тутун става акцент на тоа колку е важно на пушачите да им се обезбедат алатките и ресурсите што им се потребни за да се обидат да се откажат од пушење и да успеат во таквиот свој обид, соопшти канцеларијата на СЗО во Скопје. – Откажувањето од тутунот не е лесно, особено со дополнителниот социјален и економски стрес што го предизвика пандемијата. Сепак, откажувањето од пушење е поважно од било кога затоа што најновите докази покажуваат дека луѓето кои пушат се под поголем ризик од заболување од тешка форма на Ковид-19 и смрт од истата, вели д-р Елена Ќосевска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје во Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Тутунот е значаен фактор на ризик за заболување од незаразни болести како што се кардиоваскуларните, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот. Придобивките од откажувањето од пушење се речиси моментални. Така, пулсот паѓа по само 20 минути од откажувањето. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта се намалува до нормална вредност. Во рок од две до 12 недели се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови. Во рок од еден до девет месеци се намалуваат проблемите со кашлање и отежнато дишење. Во рок од пет до 15 години ризикот од мозочен удар се намалува на вредност карактеристична за непушач. Во рок од 10 години стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од таа кај пушачите. Во рок од15 години ризикот од срцево заболување е ист како и кај непушачите. – Пандемијата на Ковид-19 доведе до тоа голем број корисници на тутунски производи да искажат подготвеност да се откажат од пушење, но не сите имаат пристап до алатки кои може да им помогнат во таквата намера. Ова е причината зошто СЗО апелира до владите да се погрижат нивните граѓани да имаат пристап до сеопфатни услуги за откажување од пушење од типот на кратки совети, бесплатни телефонски линии за поддршка, мобилни и дигитални услуги за престанување со пушење, заменски терапии за никотинот и други алатки кои се покажале како успешни. Зајакнувањето на политиките и услугите за откажување од пушење може да го подобри здравјето, да спаси животи и да заштеди пари, изјави д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Македонија. Корисниците на тутун имаат за 84 отсто поголеми изгледи успешно да се откажат од пушење тогаш кога добиваат интензивни совети од лекар. Со цел да им помогне на корисниците на тутун да престанат да пушат, СЗО употребуванови дигитални алатки како што е Флоренс–првиот емпатичен дигитален здравствен работник на СЗО. Флоренс е систем за поддршка заснован на вештачка интелигенција кој имитира здравствен работник што се бори против дезинформациите околу Ковид-19 и тутунот, обезбедува кратки совети за корисниците на тутун во функција на нивно откажување. Други ресурси за откажување од пушење, препорачани од СЗО има на: https://www.who.int/campaigns/world-no-tobacco-day/world-no-tobacco-day-2021/quitting-toolkit , стои во соопштението од канцеларијата на СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/feed/ 0
Истражување: Се зголемува бројот на пушачи во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/#respond Fri, 28 May 2021 10:48:58 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516030

Според најновата студија, во светот се регистрирани 1,1 милијарда пушачи, што е највисока бројка досега. Студија објавена во научното списание „Лансет“ покажа дека само во 2019 година осум милиони луѓе починале од пушење, како и дека се зголемува бројот на пушачи меѓу младите во светот, пишува Гардијан. Авторите на студијата сметаат дека владите треба да се фокусираат на намалување на пушењето кај младите, бидејќи 89 проценти од новите пушачи стануваат зависни од 25-годишна возраст. – Младите луѓе се особено подложни на зависност, а епидемијата на пушење ќе продолжи и во наредните години, освен ако земјите драстично не го намалат бројот на нови пушачи, изјави шефицата на истражувачкиот тим Мариса Реицма од Институтот за здравствена метрика и проценка. Според студијата спроведена во 204 земји, пушењето е поврзано со 1,7 милиони смртни случаи од коронарна болест, 1,6 милиони смртни случаи од хронично опструктивно белодробно воспаление, 1,3 милиони од рак на белите дробови и речиси милион смртни случаи од мозочен удар. Претходните истражувања покажаа дека половина од долгорочните пушачи ќе починат од причини директно поврзани со пушењето и дека просечниот животен век на пушачите е за 10 години пократок од оние кои никогаш не пушеле. Иако 182 земји ја потпишаа Конвенцијата за контрола на тутунот во 2005 година, спроведувањето на политиките за намалување на пушењето варира од земја до земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/feed/ 0