пушење цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Aug 2021 16:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пушење цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цигарите се многу штетни, но нешто кое секој ден го правиме е поштетно и од пушењето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cigarite-se-mnogu-shtetni-no-neshto-koe-sekoj-den-go-pravime-e-poshtetno-i-od-pushenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cigarite-se-mnogu-shtetni-no-neshto-koe-sekoj-den-go-pravime-e-poshtetno-i-od-pushenjeto/#respond Sun, 01 Aug 2021 16:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=544834

Истражување спроведено одамна на 122.000 лица кои трчале на подвижна лента, посочува дека речиси постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, па и од срцевите болести. -Лошата телесна форма, слабите резултати од лентата за трчање и другите вежби, во однос на смртта се позагрижувачки и од високиот крвен притисок, и од пушењето. Лекот за тоа е вежбањето, истакна д-р Ваел Џабер. Натаму, тој нагласил дека вежбањето и полезно за луѓе од сите возрасти, и за мажите и за жените. -Срцевите заболувања и дијабетисот се најскапи за лекување во САД и чинат над 200 милиони долари годишно. Наместо да плаќаме толкави износи за тоа, треба граѓаните да се поттикнат на вежбање, оцени д-р Џабер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cigarite-se-mnogu-shtetni-no-neshto-koe-sekoj-den-go-pravime-e-poshtetno-i-od-pushenjeto/feed/ 0
Луѓето кои пушат ваков вид цигари имаат поголем ризик за рак на белите дробови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-pushat-vakov-vid-cigari-imaat-pogolem-rizik-za-rak-na-belite-drobovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-pushat-vakov-vid-cigari-imaat-pogolem-rizik-za-rak-na-belite-drobovi/#respond Tue, 22 Sep 2020 18:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=406961

Нова шокантна студија покажа дека луѓето се поизложени на најчестата форма на карцином ако изберат ваков вид цигари. Многу пушачи се одлучуваат за таканаречените „лесни (light)“ цигари, сметајќи дека тие се поздрава алтернатива поради помалиот процент на катран. Сепак, научниците тврдат дека лесните цигари ги ставаат пушачите во поголем ризик да заболат од најчестиот вид карцином - аденокарцином. Тие истражуваа зошто инциденцата на пациентите со овој вид на рак е значително зголемена во последните 50 години. Резултатите го потврдија она што мислеа многу здравствени експерти - постоеше јасна врска помеѓу зголемувањето на бројот на пациенти со овој вид карцином и поголемата побарувачка на лесни цигари. Лесните цигари, кои имаат мали дупки во филтерот, беа воведени пред 50 години и агресивно се рекламираа како поздрава опција. „Сето ова беше направено со цел да се измамат пушачите да мислат дека се побезбедни кога пушат ваков вид цигари. Нашите податоци покажуваат јасна врска помеѓу ракот и овие цигари. Она што е уште позагрижувачко е фактот дека овие дупки се додаваат буквално на филтрите на сите цигари што луѓето ги пушат денес “, тврди водичот на истражувањето, д-р Питер Шилдс од Државниот универзитет во Охајо. Овие дупки им овозможуваат на пушачите да вдишат повеќе чад што содржи зголемено ниво на хемикалии и токсини кои предизвикуваат рак. „Оваа вентилација на филтерот го менува начинот на согорување на тутунот и затоа создава повеќе канцерогени материи кои потоа овозможуваат чадот да достигне подлабоко во одредени делови на белите дробови каде што најчесто се формира со аденокарцином“, објаснува д-р Шилдс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-pushat-vakov-vid-cigari-imaat-pogolem-rizik-za-rak-na-belite-drobovi/feed/ 0
Актерот стана хит на Интернет: Не дозволува маската да го спречи во пушењето (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterot-stana-hit-na-internet-ne-dozvoluva-maskata-da-go-sprechi-vo-pushenjeto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterot-stana-hit-na-internet-ne-dozvoluva-maskata-da-go-sprechi-vo-pushenjeto-foto/#respond Mon, 27 Apr 2020 13:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=338088

Холивудскиот актер Бен Афлек не дозволи маската да го спречи во пушењето на цигара. Додека од една страна тој бил заштитен од коронавирусот, изгледа дека Афлек не размислувал многу за тоа дека и пушењето е штетно за здравјето. Сепак, наскоро стана хит на Интернет. „Фотографиите на Бен Афлек се секогаш стресни за мене, но јас бев особено ме шокиран“, напишала една корисничка на Твитер. „Бен Афлек ќе остане единствен откако ќе помине оваа апокалипса“, се пошегувал друг корисник на оваа социјална мрежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterot-stana-hit-na-internet-ne-dozvoluva-maskata-da-go-sprechi-vo-pushenjeto-foto/feed/ 0
Осаменост е поштетна по здравјето од пушењето цигари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osamenost-e-poshtetna-po-zdravjeto-od-pushenjeto-cigari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osamenost-e-poshtetna-po-zdravjeto-od-pushenjeto-cigari/#respond Mon, 21 Oct 2019 09:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=254278

Секое второ домаќинство во германскиот главен град Берлин, има само по еден член. Поради тоа, во градот веќе постојат служби за помош на постари лица, кои вклучуваат телефон, професионално организирање забави и дружења и Фејсбук групи. Истражувањата покажуваат дека луѓето сѐ помалку се дружат и социјализираат и тоа им влијае на здравјето. И, тоа не е само проблем на Германија, туку феномен присутен „од Јапонија до Америка“. Поради тоа, демохристијаните од Берлин побараа да се воведе специјален комесар за осаменост. – Некој мора сѐ тоа да го управува и за тоа е потребно работно место со цело работно време. Не е веќе доволно со тоа да се занимаваат само доброволци, истакна портпаролот на Демохристијанската унија, Мајк Пен. Според официјални податоци, најмалку 300 лица годишно умираат во своите станови, при што никој не го забележува тоа со недели. Берлин поради тоа, меѓу другото, го доби и прекарот „престолнина на осаменоста”. Велика Британија, инаку, од лани има министер за осаменост, кој беше поставен по податокот дека девет милиони Британци страдаат од чувство на осаменост. Притоа, Марк Робинсон, одговорен за непрофитната организација „Ејџ УК“ нагласува дека осаменоста е поштетна за здравјето од пушењето 15 цигари дневно. Осаменоста не е само одлика на повозрасното население. Во САД, на пример, најосамени се луѓето родени 90-тите години од минатиот век и на почетокот на овој столетие. – Речиси половина од Американците, 46 отсто, изјавуваат дека понекогаш или постојано се чувствуваат осамено, се наведува во истражувањето на компанијата за здравствено осигурување „Сигна”. Во Јапонија, со децении се активни кафулиња каде што осамените момци и девојки плаќаат девојка или момче заради разговор, прошетка или дружење и сѐ тоа барем накусо да изгледа реално. Во Кина, политиката на најмногу едно дете предизвика пораст на таканареченото „купување сопруга“ од соседните земји за осамените момчиња во земјата. Според Американскиот национален институт за здравје, последици од осаменоста се: висок крвен притисок, срцеви болести, вишок килограми, ослабен имун систем, анксиозност, депресија, намалени умствени способности, Алцхајмерова болест, па дури и смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osamenost-e-poshtetna-po-zdravjeto-od-pushenjeto-cigari/feed/ 0
Од 1 октомври во оваа држава не смее да се пуши на терасите на зградите- доколку патувате таму и ова ви е забрането! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/#respond Fri, 27 Sep 2019 19:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=245409

Од 1 октомври во Русија стапува во сила забраната за пушење на терасите на станбените згради. Новите мерки се дел од измените на противпожарните прописи, а според Би Би Си, пушачите во Русија биле изненадени од одлуката. Според новите правила, „отворен оган“ е забранет на терасите на зградите, како во станбените простории и хотелите.  Палењето кибрит и пушењето, исто така, се окарактеризирани како „отворен оган“, а со новите прописи се забранува и правење скара на отворено и палење свеќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/feed/ 0