пустец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 18:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пустец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maei-vo-pustets-organizira-svecheno-odbelezhuvane-na-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maei-vo-pustets-organizira-svecheno-odbelezhuvane-na-ilinden/#respond Tue, 01 Aug 2023 18:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=862465

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден. Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија. - Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Стерјовски. Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maei-vo-pustets-organizira-svecheno-odbelezhuvane-na-ilinden/feed/ 0
Во Пустец отворена манифестацијата „Македонско културно лето 2023″ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pustets-otvorena-manifestatsijata-makedonsko-kulturno-leto-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pustets-otvorena-manifestatsijata-makedonsko-kulturno-leto-2023/#respond Fri, 28 Jul 2023 10:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=861093

Со настап на ансамблот „Преспа" на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Мала Преспа, Албанија, синоќа свечено беше отворено 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023". Фестивалот е поддржан од Општина Пустец и градоначалникот Пали Колефски, македонското Министерство за култура, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт и Општина Велес. На првиот фестивалски ден, пред публиката беше изведена и театарска претстава „ЈЗУ Европа" во изведба на извонредните штипски актери. Фестивалот кој е главен културен двигател и културен промотор во Општина Пустец во организација на Здружението СОНЦЕ и Едмонд Сотир, годинава ќе трае до 30.ти јули, а ќе бидат одиграни и претставата, „Лидија или се што знам за жените", „Поетски слем Македонија" и концерт на „Трио џентлмен".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pustets-otvorena-manifestatsijata-makedonsko-kulturno-leto-2023/feed/ 0
Општина Пустец се подготвува за туристичката сезона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-pustets-se-podgotvuva-za-turistichkata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-pustets-se-podgotvuva-za-turistichkata-sezona/#respond Wed, 21 Jun 2023 18:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=848370

- Локалната власт на општина Пустец, Мала Преспа ги презема сите неопходни активности за што побериќетна и побезбедна туристичка сезона. -Во просториите на општината одржавме последователна средба со претставници на соодветните служби и институции на која се разговараше за прашања поврзани со реализацијата на туристичката сезона. Тука формирање на работни групи и утврдување на календар за контрола, евидентирање, известување и решавање на проблемите, информираше градоначалникот Пали Колефски. Додаде дека е договорено формирање работни групи и изработка на акциска програма за туристичката сезона во сите 9 села од Општината, за безбедност на странските и домашните туристи на Преспа. -Договорено е обезбедување на плажите со ознаки за ориентација и заштита, како и соработка со други институции за избегнување на настани кои влијаат на безбедноста на посетителите. Исто така ќе се врши контрола на јавни простори, строга контрола за тоа каде се фрла на отпад без критериуми и отпадоци на главните улици, посочи тој. Како и во изминатите години и сега приоритет ќе биде преземање мерки за спречување и гаснење на пожари. Општина Пустец со подобрувањето на условите, пред се инфраструктурата, станува се почеста дестинација за посета и на странските туристи. Освен чистите езерски води, општината располага и со значајни културно историски објекти примамливи за туристите, пештерската црква "Света Богородица, манастирот "Света Марена", природните убавини на Националниот парк"Преспа" и секако островот Мал Град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-pustets-se-podgotvuva-za-turistichkata-sezona/feed/ 0
Македонското движење (МДС) од Албанија со остра реакција: На бугарските шарлатани да им се забрани влез во државата – општината, македонската партија и самата држава да го заштитат македонското население! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/#respond Wed, 24 May 2023 13:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=838215

Во Република Албанија не живее никакво бугарско малцинсто, отварањето на бугарски клуб во Пустец претставува провокација и омаловажување, како и обид за асимилација на Македонците што живеат во Албанија, реагираат од Македонското движење за самоопределување (МДС) од Албанија. Бугарската пропаганда пуштена е на најако во Република Албанија, во населените места каде што претежно живеат Македонци. Обидот за отварање на бугарски клуб во село Пустец, Мала Преспа не претставува ништо друго освен провокација и омаловажување на Македонците од страна на Бугарија и бугарските агентури, задскриени под превезот на таканаречената Фондација „Фондација Македонија“ предводена од Виктор Стојанов. Државата, Република Албанија мора да застани во заштита и одбрана на своето население и на овие шарлатани кои што како шерифи се шетаат низ Мала Преспа да му се забрани влез во државата. Овие лица од Бугарија треба еднаш и засекогаш да разберт дека од Македонец, „бугарин“ не бидува. Бидејќи македонизмот и македонштината со нас се раѓа, со нас живее и се пренесува од колено на колено, и затоа ќе биде вечна. Македонизмот ќе го надживее договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, како и Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, со кој за жал беше сменето уставното име на нашата матична земја МАКЕДОНИЈА, исто како што ќе ги надживее сите негатори на МАКЕДОНЦИТЕ. Во меѓувреме, македонската партија (МАЕИ) како дел од власта на Еди Рама, и општина Пустец цврсто да застанат во одбрана на Македонското население и да не дозволат никакви провокации од страна на овие еден-двајца бугари кои што шпартаат низ Мала Преспа. МДС застанува цврсто во заштита на Македонците во Република Албанија и во заштита на македонското културно наследство. Македонија и Македонците вечни!, стои во реакцијата на МДС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/feed/ 0
Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции – време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да не дозволи отварање на истиот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/#respond Wed, 24 May 2023 08:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=838138

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија. Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање. - Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата. Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот. - Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски. Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации. - Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава. За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана. Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/feed/ 0
Колефски: Нема дозвола за отворање бугарскиот културен центар, тоа е намерна провокација кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/#respond Tue, 23 May 2023 18:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=838030

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај - Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. -Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, вели за МИА градоначалникот Пали Колефски. Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. -Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, додава Колефски. За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден" Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо". Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица, но и Колефски и Стерјовски не веруваат во тоа. Деновиве албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци. -Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/feed/ 0
Пустец ќе добие бугарски клуб на денот на големите просветители „Св. Кирил и Методиј“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/#respond Tue, 23 May 2023 06:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=837743

На утрешниот голем празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во село Пустец во Република Албанија каде што живеат само Македонци ќе биде отворен бугарски клуб. Ваквата информација преку социјалните мрежи ја објави претседателот на така наречената бугарска фондација „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов. -Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук. Ова не претставува ништо друго, освен провокација и обид за асимилација на македонското малцинство во Албанија велат мештаните, а ваквите активности се засилиле токму по потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година. Мештаните тврдат дека на терен засилено се работи и пропагира бугарска идеологија и наголемо се издаваат пасоши на Македонците во Албанија. -Тоа не е никава тајна, после потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, бугарските активности во Албанија, а особено во Мала Преспа се засилија. Невработеноста и условите за живот ги тераат младите излезот да го бараат надвор од Албанија, а најлесен иззбор во моментов е бугарскиот посош со кој можат да патуваат и работаат низ Европа. На сите им е јасно, а особено и на оние кои го пропагираат ова дека во Албанија нема Бугари и дека единствениот интерес на сите жители од економски причини е токму пасошот кој им отвора можности на младите да се иселат и да работат во некои од странските земји, велат мештаните. Инаку, договорот кој го потпишаат Македонија и Бугарија требаше да ги реши отворените прашања помеѓу двете земји, но истиот не само што не ги реши туку и ги продлабочи, притоа зголемувајќи ги бугарските барања кон Македонија, и стана главна пречка на патот на нашата земја кон ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0
Двајца Македонци кандидати за градоначалник на општина Пустец, партијата на Македонците пред згаснување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-makedontsi-kandidati-za-gradonachalnik-na-opshtina-pustets-partijata-na-makedontsite-pred-zgasnuvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-makedontsi-kandidati-za-gradonachalnik-na-opshtina-pustets-partijata-na-makedontsite-pred-zgasnuvane/#respond Sun, 02 Apr 2023 10:55:54 +0000 https://kurir.mk/?p=819033

Триесет и едногодишниот Панди Јани е кандидат за градоначалник на општина Пусец, Мала Преспа. Доцна вечерва тој ја објави кандидатурата како предлог на Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која е дел од изборната коалиција " Заедно победуваме". -Почитувани браќа и сестри Македонци. Ми претставува особена чест и задоволство да ве информирам дека и официјално сум кандидат за градоначалник на општина Пустец на обединетата опозиција. Дозволете најпрвин за мојот избор и поддршка да се заблагодарам на мојата матична партија-Партија на слободата како и на целата обединета опозиција, пишува Јани. Искрена благодарност изразува и до сите негови „поддржувачи, членови и симпатизери на каузата за подобар живот во Албанија“. - Велат дека иднината им припаѓа на младите, а јас токму како млад имам јасна визија за општина Пустец. Ветувам дека општина Пустец по мојата победа ќе добие нов лик и ќе стане подобро место за живеење, се со цел да создадеме нешто добро и убаво за младите и идните поколенија, посочува Јани Панди. Најавува дека во периодот кој што следи, ќе има официјална промоција на пакет програмата со сите проекти кои ќе бидат реализирани во текот на неговиот мандат како градоначалник на општината. - Ветувам, чиста и модерна ОПШТИНА ПУСТЕЦ, која ќе биде вистински туристички центар... Со почит, стои во објавата. Панди Јани е против кандидат на актуелниот градоначалник Пали Колефски од редовите на Социјалистичката партија на Еди Рама. Според сведочењата на членови на македонската партија, наводно истата и е пред згаснување бидејќи како што велат се распаднало членството. Според информациите од терен, МАЕИ не успеала на состави ниту советничка листа, односно раководството на партијата не успеало да сочини листа од 15 членови колку што и го сочинуваат советот на општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-makedontsi-kandidati-za-gradonachalnik-na-opshtina-pustets-partijata-na-makedontsite-pred-zgasnuvane/feed/ 0
Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-restavrira-peshterskata-crkva-sveta-bogorodica-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-restavrira-peshterskata-crkva-sveta-bogorodica-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustec/#respond Sun, 18 Dec 2022 14:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=777272

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот. -Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2“. Овој прекуграничен проект доаѓа како продолжение на проектот „SmartCulTour“ со партнерите од Општина Битола, Општина Пустец, музејскиот центар од Битола и Дирекцијата од Корча, објави македонскот весник „Илинден“. Проектот има за цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање уникатна дестинација со реставрација на црквата „Света Богородица“ и истакнување на природните и културните вредности преку монументалното осветлување на патеката и околината каде што се наоѓа. Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. -Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кои се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата сопруга Кали, син Амирал и ќерката Марија. Третиот натпис датира од 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата, е целосно живописана и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил, наведува весникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-restavrira-peshterskata-crkva-sveta-bogorodica-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustec/feed/ 0
Потпишан меморандум за соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=775594

Во општина Преспа во Грција, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Северна Македонија, објави Општина Пустец. Меморандумот го потпишале Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски на Пустец и Јован Тозиевски на општина Ресен. – Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, спортот и туризмот. Градоначалниците изразија согласност заеднички да аплицираат пред европските фондови за проекти за развој на регионот на тромеѓата помеѓу Грција, Македонија и Албанија, стои во објавата. Според истиот извор признавајќи ја моменталната економска состојба со која се соочуваат граѓаните на преспанскиот крај во сите три земји, што доведе до помали можности за вработување и следствено иселување и депопулација што ја загрозува иднината поставени се неколку заеднички цели, за развој на прекуграничниот регион, врз основа на концептот на прекугранична соработка. Тоа со цел да се обезбеди „одржлив просперитет за нивните граѓани и да се зачува уникатната животна средина во областа Преспа”. -Конзервација, промоција и управување со извонредниот пејзаж на Преспа. Заштита, зачувување и промоција на културните вредности, вклучително и значајното археолошко и традиционално наследство, отворање на гранични премини и подобрување на патната инфраструктура кои обезбедуваат непречено движење на граѓаните и посетителите на преспанскиот крај меѓу трите земји, се дел од зацртаните цели. Предвидена е промоција на прекуграничниот регион Преспа како дестинација на светските туристички пазари. Постојана соработка за заштита на граѓаните, животната средина и инфраструктурата од природни непогоди пожари, поплави и слично. Воспоставување режим на локален граничен сообраќај во согласност со регулативата за локален граничен сообраќај на Европската унија (EC/1931/2006) која ќе обезбеди постојаните жители на областа Преспа да можат да се движат и да работат во прекуграничниот регион без непотребни пречки, се исто така цели за кои се заложиле градоначалниците. Потписиниците се согласиле за трансформирање на областа Преспа во модел за прекугранична соработка, мирен соживот и иновативен еко-пријателски развој преку создавање и проширување на нови и постоечки економски активности, како и исклучителен квалитет на живот, што ќе го направи привлечно место за живеење и работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/feed/ 0