Путин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 06:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Путин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Паравојската против Путин планира понатамошни операции внатре во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravojskata-protiv-putin-planira-ponatamoshni-operatsii-vnatre-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravojskata-protiv-putin-planira-ponatamoshni-operatsii-vnatre-vo-rusija/#respond Mon, 10 Jul 2023 06:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=854790

Легијата на слободна Русија, паравоена волонтерска група која се бори против лидерот на Кремљ Владимир Путин, планира повеќе операции внатре во Русија, изјави портпаролот на единицата Максимилијан Андроников за британскиот весник Обсервер. - Ќе има уште изненадувања во следниот месец, рече Андроников, додавајќи дека тоа ќе биде трета операција на баталјонот. После тоа, рече тој, ќе има четврта и петта операција. „Имаме амбициозни планови. Сакаме да ја ослободиме целата наша територија“, додаде тој. Легијата на слободата на Русија се состои од руски националисти кои се борат на страната на Украина во војната што почна на 22 февруари 2022 година. Во мај и јуни, борците од легијата, заедно со групата наречена Руски волонтерски корпус, учествуваа во нападите во рускиот пограничен регион Белгород во близина на Украина. Според украинските разузнавачки служби, ваквите операции имаат за цел ослободување на областа од режимот на Путин. Владата во Киев вели дека нема никаква врска со овие напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravojskata-protiv-putin-planira-ponatamoshni-operatsii-vnatre-vo-rusija/feed/ 0
И Путин и Бајден ќе застанат, но не и Црпко… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-putin-i-bajden-kje-zastanat-no-ne-i-crpko/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-putin-i-bajden-kje-zastanat-no-ne-i-crpko/#respond Mon, 28 Feb 2022 11:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=637966

„Синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за производство на електрична енергија.“ Наслов, кој покрај случувањата во Украина е најчитаниот и најсподелуван во Македонија. Во Северна не, таму тоа не беше вест, туку само причина за прослава на континуитетот на идеолошката матрица на нивниот неприкосновен алаш-вериш лидер и идол. Знаевме и ние, не не’ изненади, јок. Црпко би ве изненадил ако рачето престане да му лепи и ако фамилијата не му узурпира некој бизнис сектор. Арно ама, ние не сме таа среќа. „Струја“ е Црпко, не дочека ни два месеци за да не влета во нова доходовна бизнис зделка, со струја. Па нели демек ќе се селеше во Бугарија? Да, велат и таму имал милионски фирми, ама чуму не и кај нас. Ова е мултинационален бизнисмен, полиглот кој не бадијала зборува на толку многу јазици. Муртински, бугарски, српски, англиски. Башка, не е луд  да напушти вака плодно бизнис-поле ко Македонија, на друго место не го оставаат вака да аздисува пустиот, таму има закони... И знаете дека е многу поверојатно дури и Путин да застане, да побара прошка од Украинците и да си ги врати трупите во Русија, уште поверојатно е Зеленски да престане да глуми херој и да признае дека не требаше да трупа туѓо оружје и интереси, можеби и Бајден да се извини што ја с’скаше и инцираше работата, верувале или не - можеби и Северџаните ќе речат МАКЕДОНИЈА, но сето тоа колку и да е неверојатно, е многу, многу поверојатно од прекин на Заевите матни бизниси. МАЛО СУТРА, би бил неговиот одговор. Црпната класика... И да не се лажеме, така случајно ЗЗ и компанија го уништија РЕК-от и ги пресушија акумулациите, продавајќи пролетта струја за џабе. Не бадијала најдобро другарче му е Коче, кој држи 70% од приватното производство на енергија, а уште понеслучајно е што „новиот“ премиер и престолонаследник на Заев, Ковачевски, има фабрики за производство струја од фотоволтаици. Коче доби тендери за пеколните монтажни болници, Таче премиерска позиција, а  Зоче интро и влез на „голема врата“ во најдоходовниот бизнис во Македонија. По марихуаната, се разбира... Затоа, не се сомневаме дека дури и Путин и Бајден ќе се гушнат, повлечат, стават во лер и ќе „застанат“, но не и Црпко во полнењето на џебовите. Третиот, дефинитивно и  докажано, нема исав...   П.С. Туку, онака, чисто информативно. Милионите за фирмата од родендени и мекици да не му се?]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-putin-i-bajden-kje-zastanat-no-ne-i-crpko/feed/ 0
Франција и Германија предлагаат самит на ЕУ со Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-germanija-predlagaat-samit-na-eu-so-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-germanija-predlagaat-samit-na-eu-so-putin/#respond Wed, 23 Jun 2021 17:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=527197

Претставници на Франција и Германија во Европската унија пред своите колеги ја претставија идејата за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да ги подобрат односите со Москва, изјавија двајца неименувани дипломати -Треба да разговараме за тоа како да излеземе од оваа негативна спирала, но треба обединети да одиме напред, изјави еден од дипломатите, наведуваат британските медиуми. Тој додаде дека некои балтички земји предупредуваат дека Русија можеби нема да се согласи да се одржи таков самит. Идејата за средба на Путин со лидерите на ЕУ доаѓа по самитот на рускиот претседател со неговиот американски колега Џо Бајден, на 16 јуни во Женева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-germanija-predlagaat-samit-na-eu-so-putin/feed/ 0
Путин и Меркел разговараа за заедничко производство на вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-merkel-razgovaraa-za-zaednichko-proizvodstvo-na-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-merkel-razgovaraa-za-zaednichko-proizvodstvo-na-vakcina/#respond Tue, 05 Jan 2021 14:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=452211

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараа за евентуално заедничко производство на вакцина против коронавирусот, соопшти Кремљ. Рускиот и германскиот министер за здравство ќе продолжат да разговараат со експерти во врска со ова прашање, се наведува во соопштението на Кремљ. Портпарол на Владата во Берлин нагласи дека двете страни разговарале за начините за борба против пандемијата. Меркел и Путин се осврнаа и на долготрајниот конфликт во источна Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-merkel-razgovaraa-za-zaednichko-proizvodstvo-na-vakcina/feed/ 0
Песков: Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-putin-kje-ja-primi-vakcinata-koga-lichno-kje-odluchi-da-go-stori-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-putin-kje-ja-primi-vakcinata-koga-lichno-kje-odluchi-da-go-stori-toa/#respond Mon, 28 Dec 2020 14:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=449464

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На новинарско прашање дали претседателот на Русија ќе се вакцинира јавно, Песков одговори дека претседателот ќе одлучи за тоа лично, пренесува агенцијата ТАСС. Песков истакна дека рускиот претседател нема да се вакцинира се додека не се утврди со сигурност дали вакцинацијата може да биде штетна за луѓето постари од 60 години. Тој додаде дека Претседателот очекува дека граѓаните на Русија да ја прифатат и разберат неговата приватност затоа што, како што рече, „кога граѓаните гласаат за претседателот, јасно е дека му оставаат можност да го задржи приватниот живот само за себе, надвор од центарот на вниманието на јавноста“. На прес-конференција на 17 декември, Путин рече дека ќе се вакцинира што е можно поскоро и истакна дека ги почитува препораките на специјалистот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-putin-kje-ja-primi-vakcinata-koga-lichno-kje-odluchi-da-go-stori-toa/feed/ 0
Песков: Средбите со Путин се одржуваат на растојание или со претходно тестирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-sredbite-so-putin-se-odrzuvaat-na-rastojanie-ili-so-prethodno-testiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-sredbite-so-putin-se-odrzuvaat-na-rastojanie-ili-so-prethodno-testiranje/#respond Sun, 13 Dec 2020 14:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=442715

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за време на пандемијата на коронавирусот, во итен случај, претседателот Владимир Путин може да се сретне лично со луѓе, кои понекогаш треба да почекаат на тестирање пред тоа, а личната комуникација со шефот на државата може да се одвива и на безбедно растојание од пет до шест метри. Песков на каналот Русија 1 оцени дека дури и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, одреден дел од состаноците може и треба да се одржуваат преку видео конференции, бидејќи на тој начин не се губи време за патувања и подготовки, пренесува РИА Новости. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-sredbite-so-putin-se-odrzuvaat-na-rastojanie-ili-so-prethodno-testiranje/feed/ 0
Путин и Макрон телефонски разговараа за Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-makron-telefonski-razgovaraa-za-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-makron-telefonski-razgovaraa-za-nagorno-karabah/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=430254

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно- Карабах, соопшти Кремљ. Британските медиуми пренесуваат дека двајцата лидери се согласиле дека ситуацијата во регионот генерално се стабилизирала и дека е време да се решат и хуманитарните прашања. Путин и Макорн, меѓудругото, истакнале дека треба да се реши и враќањето на бегалците и зачувувањето на христијанските цркви и манастири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-makron-telefonski-razgovaraa-za-nagorno-karabah/feed/ 0
Навални: Путин е одговорен за моето труење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/#respond Thu, 01 Oct 2020 06:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=410896

Тврдам дека Путин стои зад злосторството и немам друга верзија за тоа што се случи. Тоа го нагласи рускиот опозиционер Алексеј Навални во интервју за германскиот магазин Шпигел. Целото интервју ќе биде објавено во текот на денот. Обвинението на Навални доаѓа само неколку дена откако германски магазин објави дека германската канцеларка Ангела Меркел тајно го посетила Навални додека тој бил во болница во Берлин. Навални сериозно се разболе за време на авионски лет во Русија на 20 август, кога авионот итно слетал во сибирскиот град Омск за да биде тој пренесен во болница. Веднаш штом му се слоши, неговата портпаролка Кира Јармиш објави дека можеби бил отруен. Руските лекари изјавија дека не откриле трага од отров, тврдејќи дека тој страдал од остар пад на гликоза. Два дена подоцна, тој беше пренесен во Берлин, на понатамошно лекување во болница на инсистирање на неговото семејство. Германските специјалисти во анализите пронајдоа траги од нервниот агенс „Новичок“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/feed/ 0
Путин предлага самит на петте постојани членки на СБ на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/#respond Fri, 19 Jun 2020 14:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=359949

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми што е можно поскоро. Путин тој повик го испраќа во написот објавен на англиски јазик во американското списание за меѓународни односи, Национален интерес, во кој ги анализирал настаните од Втората светска војна. Анализата на Путин е објавена пред парадата закажана за следната недела на Црвениот плоштад во Москва за одбележување на 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. „Денес, исто како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и да се дискутира заедно за иднината“, напиша рускиот претседател. Тој предлага самитот да се одржи во јануари, а четири земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдија дека се согласуваат. Москва се надева дека самитот би можел да биде организиран кога стравот од коронавирусот ќе се смири. Москва објави дека самитот ќе биде посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на оружјето, екстремизмот, компјутерската безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи на сите тие теми. „Потпирајќи се на заедничка историска меморија, можеме и мораме да веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврста основа за успешни преговори и насочена акција во корист на обезбедување … стабилност и безбедност за целата планета“, напиша Путин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/feed/ 0
Трамп и Путин разговараа за самитот на Г7 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-putin-razgovaraa-za-samitot-na-g7/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-putin-razgovaraa-za-samitot-na-g7/#respond Mon, 01 Jun 2020 20:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=352547

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за неговата идеја да се одржи самитот на Г7 и можноста да ги покани лидерите водачите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја да присуствуваат на самитот, соопшти Кремљ. Според соопштението на Кремљ, телефонскиот разговор бил направен по иницијатива на САД. Лидерите на двете земји ја истакнаа важноста за унапредување на руско-американскиот дијалог за прашањето на стратешката стабилност и мерките за изградба на доверба во воената сфера, се додава во документот. – Договорено е да се одржуваат контакти на различни нивоа, додаде Кремљ. Во соопштението се истакнува дека Путин и Трамп разговарале и за енергетиката, вселенската соработка и борбата против коронавирусот. Путин им се заблагодари на САД за респираторите кои и беа доставени на Русија. Тој, исто така му честиташе на Трамп за успешното лансирање на вселенското летало „Кру Драгон“ на 30 мај, со кое американските астронаути стигнаа до Меѓународната вселенска станица. – Потврдена е взаемната посветеност за развој на заемно корисна соработка во вселената, се додава во соопштението. Трамп и Путин разговараа и за ситуацијата на глобалниот пазар на нафта, имајќи го предвид договорот потпишан од членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други земји извознички на нафта. Двајцата лидерите истакнаа дека мултилатералниот договор е постигнат со нивна активна поддршка и оти со него постепено се оживува побарувачката на нафта и се стабилизираат цените. Кремљ во соопштението додава дека телефонскиот разговор бил „конструктивен, претежно посветен на економијата и важен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-putin-razgovaraa-za-samitot-na-g7/feed/ 0