работа од дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 06:42:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работа од дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Во Германија три пати повеќе луѓе работат од дома отколку пред пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-vo-germanija-tri-pati-poveke-luge-rabotat-od-doma-otkolku-pred-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-vo-germanija-tri-pati-poveke-luge-rabotat-od-doma-otkolku-pred-pandemijata/#respond Fri, 19 May 2023 06:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=836141

Приближно 12 отсто од канцелариските бироа во Германија остануваат неискористени во текот на работниот ден, бидејќи работа на далечина стана норма по пандемијата, соопшти германскиот истражувачки институт – Ифо. Тој процент е околу трипати поголем во споредба со 2019 година. Речиси празни канцеларии се најчести во секторите како што се информатичката технологија, рекламирањето и деловното советување. - Околу четвртина од вработените редовно работат од дома, изјави истражувачот на Ифо, Симон Краузе. - Некои работодавци одлучија да ги претворат своите празни канцеларии во заеднички работни простори кои ги делат со други, додека други ги намалуваат деловните простории за да заштедат на трошоци, вели тој. Според Краузе, ваквиот тренд може да има последици врз пазарот на недвижности, кој веќе е под притисок на повисоките каматни стапки и трошоците за изградба. Ифо е институт за економски истражувања на Универзитетот во Минхен и спроведува месечни анкети меѓу неколку илјади германски компании на различни теми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-vo-germanija-tri-pati-poveke-luge-rabotat-od-doma-otkolku-pred-pandemijata/feed/ 0
Панел дискусија: Развивање на работните места од иднината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=764490

КОВИД пандемијата изврши притисок врз пазарот на труд во Северна Македонија. Невработеноста не забележа значајно зголемување, бидејќи реакцијата на работодавачите беше главно во насока на платени отсуства од работа и намалување на обемот на работните часови, а работата од дома беше искористена како опција во дејностите со таква можност. Со големите промени кои се случија на пазарот на труд – од начинот на работа, се до пристапот на компаниите, многу од работодавците се соочени со нови предизвици кои можат да бидат пресудни за тоа дали нивните компании ќе опстанат на пазарот – да се привикнат на „новото нормално“ или да ризикуваат да изгубат чекор со индустриските трендови. Вака Филозофскиот Факултет – Скопје ја најавува денешната панел дискусија организирана во соработка со IT Labs, како дел од Re:Imagine People Management сесиите. Како ќе изгледа работењето во иднина? Што ќе се смени? Што ќе остане исто?, се само дел од прашањата на кои учесниците ќе се обидат да ги одговорат. Посебно внимание ќе биде посветено и на тоа што им недостасува на компаниите да се подготват за „новата ера“, како да се создаде стимулативна работна средина и дали „добросостојба на вработениот“ е нешто што е исто за сите индустрии или се разликува. Сесијата ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, а модератор е Софија Георгиевска, раководител на Центар за менаџмент на човекови ресурси. Панелисти ќе бидат Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси во IT Labs,  Билјана Блажевска Стоилковска, професор на Филозофски факултет, Дејан Ваневски, менаџер за стратешки развој на бизнис во Thrivity, Васка Ѓорчевска Заевска, заменик директор во Витек Македонија, Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси, А1 Македонија, Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка и Ставрос Георгакопулос, директор за човечки ресурси во Македонски Телеком. Филозофскиот факултет најавува дека во рамки на Re:Imagine People Management сесиите, покрај панел дискусијата, ќе бидат одржани и три предавања „Кариерен Развој – Процес, алатки и улоги“ од Никита Попова, специјалист за човечки ресурси, IT Labs,  „Како до успешен процес на регрутација?“ од Елена Милеска Дворчанец, регрутер, IT Labs и „Грижа за добросостојба на вработените: Системски пристап“ – од Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси, IT.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/feed/ 0
Зголемен бројот на Европејци кои работат од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-evropejci-koi-rabotat-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-evropejci-koi-rabotat-od-doma/#respond Tue, 08 Nov 2022 14:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=757475

Повеќе луѓе почнаа да работат од дома откако беа воведени мерки за социјално дистанцирање како одговор на пандемијата со Ковид 19. Околу 1 од 20 лица (5,5 проценти) од вработените на возраст од 20 до 64 години во земјите на Европската унија обично работеле од дома во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат. Пандемијата имаше јасно влијание на пазарот на трудот, повеќе од двојно (на 12,3 проценти) во 2020 година. Зголемувањето на овие вработени, иако во помала мерка, продолжува во 2021 година – и кога бројот на оние кои работат од дома достигнува 13,5 отсто од вработените на возраст меѓу 20 и 64 години – што е зголемување за 1,2 процентни поени во однос на 2020 година, информира европската статистичка служба Евростат. Меѓу регионите на ЕУ, главниот град на Шведска, Стокхолм, има најголем број луѓе кои работат од дома во 2021 година (40,5 проценти). Секои две од пет вработени лица порано работеле од дома во областа на главниот град на Шведска. Следеа уште два градски региони, Источен и Мидланд во Ирска (39,3 отсто од вработените) и Хелсинки-Усима во Финска (37,0 отсто). Бројот на вработени лица во ЕУ кои вообичаено работат од дома се зголемил за осум процентни поени помеѓу 2019 и 2021 година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-evropejci-koi-rabotat-od-doma/feed/ 0
Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/#respond Mon, 13 Sep 2021 14:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=563098

Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета. -Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од студијата спроведена од Институтот ЈуГов (YouGov). Седумдесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразија таа желба. Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат постојано од дома, 45 проценти сакаат комбинирано да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела. Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето зачувано за патување до работа и позитивниот еколошки аспект. Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-germancite-baraat-da-prodolzat-so-rabota-od-doma/feed/ 0
„Амазон“ одложи враќање на вработените во канцеларии до 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-odlozi-vrakjanje-na-vrabotenite-vo-kancelarii-do-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-odlozi-vrakjanje-na-vrabotenite-vo-kancelarii-do-2022-godina/#respond Fri, 06 Aug 2021 13:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=547248

Компанијата Амазон го одложи враќањето на вработените во канцелариите до почетокот на следната година поради наглото зголемување на бројот на заразени со Делта сојот на Ковид -19. Првично беше планирано вработените во тој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен. Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-odlozi-vrakjanje-na-vrabotenite-vo-kancelarii-do-2022-godina/feed/ 0
Еве кој е најдобар град во светот за работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-e-najdobar-grad-vo-svetot-za-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-e-najdobar-grad-vo-svetot-za-rabota-od-doma/#respond Mon, 05 Jul 2021 17:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=532373

Мелбурн доби највисоки оценки во неколку категории важни за условите за живот, како што се безбедноста, здравствената заштита, културата и слободните активности, како и инфраструктурата за теле-работа, пренесува CNBC. Австралиската метропола е исто така само еден од 10-те градови на ранг-листата на Нестпик што нуди „дигитална номадска“ виза - специфичен документ што им овозможува на самовработените и странските работници да работат од дома во таа земја. Дубаи е на второто место на оваа ранг-листа, Сиднеј е на третото, следен од Талин, Лондон, Токио, Сингапур, Глазгов, додека првите десет ги заокружуваат Монтреал и Берлин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-e-najdobar-grad-vo-svetot-za-rabota-od-doma/feed/ 0
Важни совети за сите кои работат од дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-za-site-koi-rabotat-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-za-site-koi-rabotat-od-doma/#respond Thu, 28 Jan 2021 11:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=460978

Денес, благодарение на технологијата,  особено по почетокот на пандемијата, голем број на луѓе работат од дома. Ширум светот постојат многу бизниси кои овозможуваат онлајн работење, па така, една личност може да работи за некоја компанија која се наоѓа на другиот крај од светот. Работата од дома нуди многу предности, но постојат неколку работи кои треба да ги имате предвид со цел да имате поуспешна кариера и да останете поздрави. Еве за што станува збор: 1. Создајте си работна атмосфера Подгответе се да остварувате успех на тој начин што ќе си создадете погодна работна атмосфера, со сите услови, без да имате околу себе нешто што ќе ви го одвлекува вниманието. Создајте си одредена дисциплина и свој распоред кој ќе го почитувате, поставете си ги на дофат алатките кои ви се потребни и оддалечете се од телевизорот. Доколку имате искушенија околу себе, вам ќе ви се намали продуктивноста, ќе ги пропуштите роковите и ќе станувате нервозни затоа што не можете навремено да ги остварите обврските. Исто така намалете ја комуникацијата со членовите на вашето семејство и фокусирајте се на она што го работите. 2. Јадете здрав ручек Ако сакате да бидете продуктивни и да ја задржите силата во текот на целиот работен ден, тогаш јадењето здрав оброк е од суштинско значење. Многу е важно да јадете добро балансирани оброци, бидејќи скробот и масната храна може да ви дадат моментална енергија, но по одредено време ќе предизвикаат пад на истата. Целта е да ја наполните вашата чинија со свежо овошје и зеленчук и протеини со ниски масти за да ја сочувате енергијата која ќе ве одржува свежи преку целиот ден. 3. Излезете барем 15-тина минути на сонце Наместо по цел ден да седите пред вашиот компјутер, направете си цел да излегувате надвор на сонце барем 15-тина минути. Надворешноста има бројни здравствени придобивки, а меѓу другото ќе го подобрите и своето расположение, а со тоа што ќе имате барем малку физичка активност, вие ќе си ја подобрите својата концентрација. Искористете го времето и прошетајте во природата – ништо нема да изгубите, од оваа навика можете само да добиете. Ако пак сѐ што ви треба е Интернет конекција, тогаш зошто да не размислите да работите и надвор, кога тоа ви го дозволуваат временските услови? 4. Вежбајте барем 30 минути Тоа што сте зафатени никогаш не треба да ви биде изговор да не вежбате, бидејќи недостатокот на физичка активност и постојаното седење го намалува нивото на енергија, при што се спречува и вашата продуктивност. Тоа исто така значи и зголемена шанса за развој на хронични болести, дијабетес и болести на срцето, што може значително да влијае на вашата способност за работа во иднина. Затоа, практикувајте барем 30 минути вежбање за да го одржувате целокупното здравје. Освен тоа, ќе согорувате и калории при што ќе ја намалите телесната тежина. Доколку вежбате редовно, вие ќе си обезбедите здрав начин на живот, а и ќе имате подобри резултати од работата. 5. Наградете се себеси за успешно извршената работа Практикувајте да се наградувате себеси после секоја остварена работна задача. Доколку работите постојано без да го одморите барем малку својот ум, може да ви се намали концентрацијата и процесот на остварување на задачите да го направите подолг. Затоа, наградете се себеси секогаш кога успешно ќе исполните некоја работна обврска, а наградите можете да си ги прилагодите во зависност од тоа колку ви дозволува природата на работата. На пример, може тоа да биде некоја кратка пауза за да ги прочитате најновите вести, или пак нешто подолго како што е излегување и прошетка во природа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-za-site-koi-rabotat-od-doma/feed/ 0
Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-kje-se-voveduvaat-danochni-olesnuvanja-za-licata-koi-rabotat-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-kje-se-voveduvaat-danochni-olesnuvanja-za-licata-koi-rabotat-od-doma/#respond Mon, 30 Nov 2020 19:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=436532

Владата на канцеларката Ангела Меркел најави дека во понеделник планира да предложи даночно олеснување за луѓето кои работат од дома за време на пандемијата, за да им се надоместат повисоките трошоци за сметки за греење, електрична енергија и другите сметки, пренесоа француските медиуми. Коалицијата на Меркел соопшти дека се согласува со предлогот што на вработените кои работат од дома им овозможува да ја намалат годишната даночна сметка за пет евра дневно, до максимум 600 евра годишно. Министерот за финансии, Олаф Шолц, изјави дека предложениот предлог закон, што се очекува да биде одобрен од парламентот во декември, е „добар за работниците“ и „не претставува голем фискален предизвик за германската држава“. Даночното законодавство во Германија предвидува вработените кои работат од дома вообичаено да имаат право на попусти само доколку една просторија од станот/куќата се користи исклучиво како канцеларија. Но, со милиони работници кои канцелариската работа ја изведуваат од дневната соба и кујнските маси за да го намалат ризикот од пренесување на Ковид19, се зголемија и барањата за олеснување на правилата. Институтот Ифо проценува дека околу 56 отсто од германските вработени би можеле да работат привремено од дома. Постојниот закон „веќе не кореспондира со денешниот работен свет“, изјави Себастијан Брем, пратеник и даночен советник на баварската Христојанско-сицијална Унија, партија сојузник на ЦДУ на Меркел. Планираното даночно олеснување е „еластичен одговор“ на тоа, рече Брем. -Тоа што останува нерешено е дали предлогот за данок за домашна канцеларија ќе биде вклучен во даночното олеснување од 1.000 евра, што секој германски вработен веќе го добива годишно за трошоците поврзани со работата, како што се транспортот и опрема за канцеларијата, или ќе биде и преку оваа сума, додаде Брем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-kje-se-voveduvaat-danochni-olesnuvanja-za-licata-koi-rabotat-od-doma/feed/ 0
Повеќето компании во Словенија размислуваат да ја зголемат работата од дома на долг рок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povekjeto-kompanii-vo-slovenija-razmisluvaat-da-ja-zgolemat-rabotata-od-doma-na-dolg-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povekjeto-kompanii-vo-slovenija-razmisluvaat-da-ja-zgolemat-rabotata-od-doma-na-dolg-rok/#respond Mon, 26 Oct 2020 19:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=420933

Повеќето компании во Словенија размислуваат долгорочно да го зголемат работењето од дома и по пандемијата на коронавирусот, покажа истражување спроведено од консултантската куќа Кирни (Kearney) во соработка со АмЧам (AmCham) во Словенија. Компаниите исто така покажаа поголем оптимизам отколку за време на првиот бран на Ковид-19 оваа пролет, пренесува СТА. Истражувањето, спроведено во септември и октомври, покажа дека 96 проценти од компаниите опфатени со студијата размислуваат да го зголемат обемот на работа од дома и по пандемијата. Во споредба со истражување спроведено на пролет, компаниите покажале и поголем оптимизам кога станува збор за прогнозите за нивниот бизнис. Меѓу компаниите опфатени со истражувањето, 81 процент целосно се согласуваат со тврдењето дека ќе ја зголемат работата од дома во иднина, што е за 31 процент повеќе отколку на пролет. Вкупно 12 проценти од компаниите делумно се согласуваат со оваа изјава, додека 65 проценти очекуваат натамошно зголемување на дигиталните форми на работа. Зголемување на продажбата преку интернет регистрирале 82 проценти од компаниите опфатени со истражувањето. Со студијата биле опфатени 48 компании. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povekjeto-kompanii-vo-slovenija-razmisluvaat-da-ja-zgolemat-rabotata-od-doma-na-dolg-rok/feed/ 0
Речиси 90 отсто од вработените сакаат да имаат избор за работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-90-otsto-od-vrabotenite-sakaat-da-imaat-izbor-za-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-90-otsto-od-vrabotenite-sakaat-da-imaat-izbor-za-rabota-od-doma/#respond Wed, 14 Oct 2020 09:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=416216

Речиси 90 отсто од работниците сакаат да имаат избор дали да работат од дома или од канцеларија откако ќе се отстранат ограничувањата во борбата против коронавирусот. Тие исто така сакаат поголема автономија во однос на работното време, се наведува во истражувањето од страна на компанијата Циско Системи (Cisco Systems). Пандемијата брзо го смени односот кон работата од дома, покажува студијата, бидејќи две третини од работниците имаат повисока оценка за придобивките и предизвиците на работењето од дистанца. Иако само 5 отсто од испитаниците работеле од дома пред пандемијата, сега 87 отсто од вработените сакаат да добијат можност да изберат каде, како и кога да работат, комбинација на канцелариска работа и работа од дома, се наведува во извештајот на Циско. Потпретседателот на Циско, Гордон Томсон вели дека компаниите ќе треба да направат измени за да ги исполнат новите барања на вработените, кои пред сè им даваат приоритет на ефективната комуникација и соработката. Тој истакна дека технологијата мора да се користи за да се осигури безбедноста на вработените и заштитата на нивните податоци во нивното работно опкружување, без разлика дали се дома или во канцеларија. Според него, ова може да вклучува сензори што ја следат топлината и светлината на работното место или технологија што ја проверува социјалната оддалеченост и дали луѓето носат маски во канцеларијата. – Веќе не станува збор само за поврзување на луѓето, туку за искуство што им го пружате на луѓето додека се поврзуваат, додаде Томсон. Во анкетата се опфатени 10.000 луѓе на 12 пазари во Европа, Блискиот исток и Русија, како дел од студијата на Циско за иднината на работните места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-90-otsto-od-vrabotenite-sakaat-da-imaat-izbor-za-rabota-od-doma/feed/ 0