работење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Dec 2020 12:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/#respond Fri, 04 Dec 2020 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=438683

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во својство на овластено лице во правното лице во чија сопственост бил угостителски објект, на 3 октомври постапил спротивно на донесените протоколи за работа на угостителските објекти за исхрана во услови на пандемија на опасна заразна болест. На критичниот ден, во објектот лоциран на улица „Дебарца“ дозволил послужување на гости на стоење, иако тоа согласно протоколите е забрането, и не обезбедил пропишано растојание меѓу масите во објектот. Со ова физичкото лице се товари дека го сторило кривичното дело согласно став 1, а правното лице – согласно став 2 од наведениот член на Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 50 евра за обвинетиот граѓанин, како и парична казна од 300.000 денари за обвинетиот правен субјект.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-parichni-kazni-za-ugostitelski-objekt-koj-rabotel-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi/feed/ 0
Шведска затвори реактор по 40 години работење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/#respond Mon, 30 Dec 2019 18:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=284041

Шведска денеска затвори еден од четирите нуклеарни реактори на својата најголема електрана по повеќе од 40 години работење поради, како што тврдат операторите, непрофитабилност и големите трошоци за одржување. Реакторот Рингхалс 2 во југозападниот дел на Шведска е трајно затворен согласно одлуката од 2015 година на сопствениците на шведската државна енергетска група Ватенфал и на германското комунално претпријатие Унипер. Ватенфал и Унипер, исто така, одлучиле затворање на реакторот Рингхалс 1 кон крајот на следната година, додека Рингхалс 3 и Рингхалс 4 ќе продолжат да работат до 2040 година. Електраната Рингхалс, која се наоѓа на околу 65 километри јужно од шведскиот град Гетеборг, е една од трите нуклеарни централи во Шведска и досега произведувала меѓу 15 и 20 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата. Изминатите години во Шведска меѓу политичарите и граѓаните се водела долготрајна расправа за предностите и недостатоците на нуклеарната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/feed/ 0