работилница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 06:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работилница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Работилница за кореографија и танц „Мое тело, мој дом“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rabotilnica-za-koreografija-i-tanc-moe-telo-moj-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rabotilnica-za-koreografija-i-tanc-moe-telo-moj-dom/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=753564

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ – Скопје, вечерва со почеток во 19 часот во просторот на Кино Фросина во Македонскиот културен центар  ќе го одржи третиот таканаречен „Култренинг“ – Работилница за кореографија и танц „Мое тело, мој дом“ со Христина Ангеловска. Како што информираат од Локомотива, на работилницата ќе се работи на поттикнување на движења преку кои секој од присутните ќе може да се претстави онака како што се препознава, и сака да се осознае. – Работилницата ќе се одвива во групна и динамична работа, која ќе ги следи потребите на учесниците. Ќе се работи по групи, каде ќе се групираат учесниците според нивното претходно искуство во движење и креирање, сметајќи дека ќе има почетници и професионалци на работилницата, велат од Локомотива. Христина Ангеловска има дипломирано балетска педагогија за современ танц. Нејзиното искуство со кореографија го стекнала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Работела на презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија – современ танц – Нови тенденции / Нови современи танцови дела и автори/ки при ФМУ, УКИМ, во чиј тим таа и членува. Самостојно изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година, како и „Равенка“ 2018 година. Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар, а поддржана е од Министерството за култура.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rabotilnica-za-koreografija-i-tanc-moe-telo-moj-dom/feed/ 0
Во Кавадарци работилница за изработка на оригами https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadarci-rabotilnica-za-izrabotka-na-origami/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadarci-rabotilnica-za-izrabotka-na-origami/#respond Fri, 03 Sep 2021 05:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=558592

КСП ПОДИУМ – Јадро денеска организира работилница за изработка на оригами. Деца од сите возрасти ќе имаат можност да се запознаат со оваа традиционалната јапонска вештина, да дознаат повеќе за историјата на нејзината техника и да се забавуваат. Работилницата ќе се одржи во познатото музичко парче (парк Полана) во Кавадарци, а целта е е да се развие креативноста и моторните движења кај младите, тренирање на меморијата и логичното размислување, учење да го концентрираат вниманието. Децата низ работилницата ќе ги води Афродита Николоска, дипломиран моден дизајнер. Тие ќе научат да изработат оригинални фигури и форми од хартија – животни, цветови, декоративни предмети, ќе добијат шема со детална инструкција од оригамите кои ќе ги изработат и мали подароци од организаторите. Николоска е родена во Скопје. Оваа година ги заврши своите додипломски студии во Санкт Петербуржската државна академија за уметност и индустрија именувана по А. Л. Штиглиц, факултет „Дизајн“, смер „Моден дизајн“, каде ќе ги продолжи постдипломските студии. Љубовта кон техниката оригами ја негува уште од детството. Многугодишното искуство на правење оригами и помогнало да ја совлада оваа техника, и многукратно и послужило како инспирација за проекти и модни колекции. Оригами („превиткана хартија“) е јапонска техника на виткање и обликување хартија, вид ракотворба погодна и за деца и за возрасни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadarci-rabotilnica-za-izrabotka-na-origami/feed/ 0
Откриена работилница за оружје во Љубин – приведено едно лице, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-rabotilnica-za-oruzje-vo-ljubin-privedeno-edno-lice-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-rabotilnica-za-oruzje-vo-ljubin-privedeno-edno-lice-eve-gi-detalite/#respond Sat, 10 Jul 2021 07:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=534636

На 09.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запреле патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар. Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-rabotilnica-za-oruzje-vo-ljubin-privedeno-edno-lice-eve-gi-detalite/feed/ 0
Работилници и прирачник за новинарите во насока на квалитетен попис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/#respond Fri, 01 Nov 2019 15:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=258919

Со цел да се создадат услови за квалитетен попис Сојузот на здруженија „Македонската платформа против сиромаштија“ започна низа активности во кои ќе бидат опфатени и новинарите. Од Тетово, Сојузот ги започна серијата работилници и советувања со новинари, а во тек е и создавање на прирачник со кој ќе можат да се служат медиумските работници околу спроведувањето на пописот како најголема статистичка операција. – Сфативме дека новинарите се сојузници во целата работа и многу малку во изминатиот период се отвора стручна дебата и дискусија околу што навистина е пописот и што навистина ќе донесат резултатите од него. „Македонската платформа против сиромаштија“ (МППС) е стратешки партнер на Фондот на Обединетите нации за население со канцеларија во Скопје во делот на развој на популациони политики и ние секако се залагаме тие да бидат што поквалитетни и да ги намалат јазовите во нееднаквост и намалување на сиромаштијата и сметаме дека еден квалитетен попис ќе помогне во креирање на политики базирани на докази, изјави Билјана Дуковска, претседателка на МППС. Професорката Јасна Бачовска-Недиќ од Правниот факултет во Скопје потенцираше дека прирачникот ќе помогне новинарите преку известувањето за пописот на јавноста и пренесат за важноста од процесот на попишување. – Прирачникот е едукативен за процесот на попис. Сметавме дека е потребен прирачник бидејќи самиот попис е проблематичен, повеќе исполитизиран отколку колку што е статистичка операција потребна за нашето оптештество. Со прирачникот новинарите ќе имаа проширено знаење кои се глобалните препораки за попис, што е попис како критеруми за влез во ЕУ, кои се важни и кои не се прашања околу статистиката поврзани со интергацијата, истакна професорката. Работилниците ќе продолжат и по другите региони на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnici-i-prirachnik-za-novinarite-vo-nasoka-na-kvaliteten-popis/feed/ 0
Бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/besplatna-rabotilnica-za-samoodbrana-za-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/besplatna-rabotilnica-za-samoodbrana-za-zeni/#respond Tue, 29 Jan 2019 11:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=157768

Клубот за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ на 9-ти и 10-ти февруари организира бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ на која можат да се пријават сите заинтересирани припаднички на понежниот пол. „Буџинкан Македонија“ е првиот македонски клуб за боречки вештини кој уште во 2008 година почна да организира вакви настани и оттогаш работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации. Учесничките на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со техниките на борба кои пред повеќе векови биле развиени од страна на јапонските жени-воини, познати под името Куноичи. Настанот се одржува веќе десет години по ред, а како што веќе споменавме ќе биде бесплатен за првите 25 учеснички кои ќе се пријават на телефонскиот број 075 564 011. Водител на програмата ќе биде инструкторката Сања Симонова, заедно со неколку членови на клубот. Доколку имате прашања, слободно контактирајте го организаторот на горенаведениот телефонски број,  или проверете ги информациите на веб страницата koryu.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/besplatna-rabotilnica-za-samoodbrana-za-zeni/feed/ 0
Моќта на тероарот во вината на „Тиквеш“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mokjta-na-teroarot-vo-vinata-na-tikvesh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mokjta-na-teroarot-vo-vinata-na-tikvesh/#respond Tue, 18 Dec 2018 11:34:33 +0000 https://kurir.mk/?p=141759

На белградскиот „Салон на вино“ што се одржа во хотелот „Хајат“, винарската визба „Тиквеш“ се претстави со работилницата „Тиквеш – моќта на тероарот“. Оваа стручна презентација беше проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион, при што акцент беше ставен на микролокациите. За влијанието што на квалитетот на вината го имаат специфичните карактеристики на тероарот кои произлегуваат од климата, почвата и други аспекти, внимателно слушаа експерти од винската индустрија, сомелиери и вински новинари. Работилницата ја одржа Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“. Присутните дознаа повеќе за карактеристиките на тероарот, како и за строго контолираните процеси што овозможуваат тој тероар да се рефлектира во виното, одразувајќи го неговиот уникатен карактер, што претставува клучна компонента за оценка кај високо квалитетните вина. Кузмановски ги сподели тајните при објаснувањето на строго контролираните процеси, а во текот на презентацијата му се придружи и Звонко Херцег, соработник за едукација во новоотворената школа за вино на „Тиквеш“ – „Wine Educator“ во Скопје. Тој зборуваше за идните правци кон кои „Тиквеш“ го води македонскиот вински регион, поткрепено со искуства од светските вински региони како насоки на патот кон успехот. Иако, учесниците можеа да ги запишат тајните што им беа откриени, сепак за производство на вино со идентичен квалитет со оној на вината на „Тиквеш“ е потребен специфичниот тероар, затоа што во него се состои нивната моќ. Винарската визба „Тиквеш“ континуирано експериментира со нови сорти и микролокации што придонесува за поголем избор и можности за дефинирање на автентичноста на виното. Тоа е патот по кој се движи ВВ „Тиквеш“, покажувајќи одлични резултати од година во година. За време на Салонот на виното во Белград беше дадена можност да се пробаат вината од Château de Gourdon, француската винарница што од неодамна е дел од „Тиквеш“, чии вина станаа дел од портфолиото и за оваа прилика беа специјално донесени за дегустација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mokjta-na-teroarot-vo-vinata-na-tikvesh/feed/ 0
Информативна работилница за окрупнување на земјоделското земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/#respond Thu, 18 Oct 2018 05:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=116497

Проектот „МАИНЛАНД“, финансиран од Европската унија, денеска организира информативна работилница за почнување студии за изводливост во селата Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари, кои се пет од избраните области за консолидација на земјиште во Македонија. На работилницата ќе се обратат министерот за земјоделство Љупчо Николовски и Вилма Даугалине, ФАО главен технички советник во проектотот МАНЛАНД. Присутните ќе бидат информирани и за статусот на имплементацијата на проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште (МАИНЛАНД) што го споведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/feed/ 0
Работилница за учество на граѓаните во реформите на политиките за вода https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rabotilnica-za-uchestvo-na-gragjanite-vo-reformite-na-politikite-za-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rabotilnica-za-uchestvo-na-gragjanite-vo-reformite-na-politikite-za-voda/#respond Sat, 19 May 2018 10:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=55961

Во рамки на проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, денеска во Скопје продолжува дводневната работилница „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и нивните капацитети во областа на потрошувачките права и обврски во процесите на креирање на водните политики и реформите на законската регулатива која ги третира водните политики“. Работилницата, организирана од ЦЕД „Флорозон“ и Организација на потрошувачи, е продолжение на низата работилници кои претходно ја воведоа целната група во законската регулатива во однос на водните политики, начинот на формирање на цената на чинење и реформите на законската регулатива која ги третира водните политики. Целта работилницата е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во доменот на потрошувачките права и обврски и со тоа да се обезбеди потребни знаења и вештини за квалификувано учество при изразување на своите ставови и барања пред надлежните институции. На работилницата учествуваат претставници од граѓанскиот сектор од сите осум плански региони во Македонија кои беа предходно таргетирани и изразија интерес за учество во овој проект, како и претставници на клучни чинители во оваа област. Проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“ има за цел да обезбеди компетентно застапување на интересите на граѓаните во однос на прашањата поврзани со водните ресурси, нивната експлоатација и конечно формирање на цена на чинење. Целта е и да се формира неформална хидро мрежа чија аспирација е да ги застапува правата на заедницата пред надлежните органи кои се дирекни чинители на водните политики и реформите во секторот води вклучително и конечното формирање на цената на водата која ја плаќаат потрошувачите и правните субјекти. Проектот е финансиран од страна на ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД).]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rabotilnica-za-uchestvo-na-gragjanite-vo-reformite-na-politikite-za-voda/feed/ 0
НАТО работилница за одбрана од тероризмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-rabotilnica-za-odbrana-od-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-rabotilnica-za-odbrana-od-terorizmot/#respond Wed, 11 Apr 2018 05:54:32 +0000 https://kurir.mk/?p=38853

„Одбрана против тероризмот, подобрување на отпорноста на демократските институции и владеењето на правото“ е насловот на работилницата за напредно истражување, што со поддршка на Програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ денеска почнува во Скопје. На отворањето на работилницата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Горазд Бартол шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Свои предавања пред присутните ќе одржат и др. Мириан Коен, од Франција, советник во Амбасада и член на Научниот комитет при Универзитетот во Фиренца, која ќе говори на тема „Основи за отпорност на демократските држави-членки на НАТО“ и Винченцо Макри, генерален обвинител во Анкона, Италија, кој ќе говори за „Криминални мрежи во војна со демократии и фундаментални права: Како да одговорите?“. На работилницата, што ќе трае до 14 април, ќе учествуваат истакнати професори, академици и експерти од областа на безбедноста од земјата, како и од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија Србија и од Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-rabotilnica-za-odbrana-od-terorizmot/feed/ 0
Работилница за класифицираните информации во бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotilnica-za-klasificiranite-informacii-vo-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotilnica-za-klasificiranite-informacii-vo-biznisot/#respond Thu, 22 Mar 2018 07:10:57 +0000 http://kurir.mk/?p=31994

Дводневна работилница на тема „Чувствителните информации во областа на бизнисот, банкарството и ревизијата - правни решенија и практики“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Целта е да се добијат компаративни сознанија и да се разменат искуства за третманот на класифицираните и чувствителни информации од сферата на бизнисот, банкарството и ревизијата. Најавено е обраќање на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески, а предавачи ќе бидат експерти од неколку држави од Европската унија. На работилницата се очекува да присуствуваат претставници од државните институции, ревизорските тела, банките, компаниите од приватниот сектор, невладините организации, како и од институциите од безбедносниот сектор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotilnica-za-klasificiranite-informacii-vo-biznisot/feed/ 0