работни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 09:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски за МИА: Нови 427 апликации на компании за поддршка на инвестиции, тоа значи и нови работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/#respond Mon, 07 Aug 2023 09:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=864146

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА, истакна дека годинава се пристигнати рекордни, вкупно 427 апликации на исто толку компании за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на компаниите, а склучени се 294 нови договори со планирани инвестиции од 365,9 милиони евра, што е тројно повеќе од оние планирани во 2022 година „Без нови инвестиции, нема раст на економијата. За нас се еднакво важни, како домашните така и странските инвестиции. По рекордните бројки на највисоката финансиска поддршка за најголем број компании во изминативе пет години која ја обезбедивме минатата година и годинава продолжуваме со маркирање на рекорден интерес за сетот мерки кои ги обезбедуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Предвидено е повеќе од тројно зголемување на новите работни места, кои е планирано да се отворат со инвестициите во рамките на новите договори. Па така, за цело времетраење на проектите предвидени се нови 4.439 работни места. Наш врвен приоритет е создавање на поволен деловен амбиент за компаниите, поттикнувајќи ја долгорочната економска стабилност. Инвестициите се од витално значење за стопанството, бидејќи го поттикнуваат економскиот раст, создаваат нови можности за работа, ги стимулираат иновациите, продуктивноста и конкурентноста, а сето тоа значи раст на производството и повисок животен стандард за граѓаните", рече Ковачевски. Премиерот одговарајќи на новинарското прашање за МИА, во однос на дејностите на компаниите кои покажуваат најголем интерес за инвестииции согласно овој Закон, рече дека, најголем број од компаниите се од областа на дрвната индустрија, мебел, печатници и производи од хартија, потоа метало-машинската индустрија, производи од лим, алуминиум, стакло, како и прехрамбено-преработувачката индустрија, но има и од текстилна, кожарско-преработувачка индустрија, потоа информатичко-комуникациската индустрија, фармацевтската и хемиската индустрија. „Рекордниот број апликации се резултат на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата. И годинава ќе продолжиме да имплементираме политики кои ќе носат повеќе пари за граѓаните, инвестиции во нови инфраструктурни проекти, поддршка на домашни и странски компании, што се заедно ќе придонесе и кон зголемување на средствата во буџетот и враќање на парите на граѓаните со што влијаеме за создавање на посилна економија и просперитетна држава", заклучи Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
Германскиот весник Билд укинува стотици работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-vesnik-bild-ukinuva-stotitsi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-vesnik-bild-ukinuva-stotitsi-rabotni-mesta/#respond Mon, 19 Jun 2023 16:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=847517

Најчитаниот германски весник Билд, во сопственост на медиумската групација „Аксел шпрингер“, ќе укине неколку стотици работни места и една третина од своите регионални изданија во земјата како дел од дигиталната трансформација. Билд ќе укине 200 работни места „уреднички и продажни“ низ Германија и ќе го намали бројот на своите локални изданија од 18 на 12. Сегашните структурни промени доведуваат до намалување на работните места. Се разделуваме со производи, проекти и начини на вршење работи, кои повеќе нема да бидат профитабилни, наведуваат од Билд. Но почетокот на годината Билд почна со дигитална стратегија, со долгорочна цел да го укине хартиеното издание на весникот, кое е едно од најчитаните во Европа. Сопственикот на весникот, германската медиумска групација „Аксел шпрингер“ во февруари соопшти дека сака да ги намали и елиминира работните места како дел од таа стратегија во нејзините водечки наслови, Билд, и конзервативниот дневен весник Велт. Билд има дневен тираж од околу 1,7 милиони примероци, а во 2018 година надминуваше два милиона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-vesnik-bild-ukinuva-stotitsi-rabotni-mesta/feed/ 0
Лукаревска: Изградбата на коридорите ќе донесе 8.000 нови работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/#respond Sun, 28 May 2023 14:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=839759

Со усвојувањето на законските измени, се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, најголемиот стратешки и инфраструктурен проект во земјава, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибина „Резултати што прават разлика“ со фокус на инфраструктурата, која се одржа во Битола. Пред членовите на СДСМ, таа нагласи дека во изградбата на коридорите ќе се вклучат и домашни компании. -Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 насто годишно во наредните пет години. За нас успешни се и претходните години затоа што изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта, направени се над 69 километри автопатски делници, во тек е изградба на 190 километри автопати, на 50 километри експресни патишта и 450 километри локални патишта низ општините. Направивме гасоводи од над 270 километри и изградени се над 860 социјални станови за ранливи семејства. Тоа се резултати што прават разлика, тоа е суштината и на овој слоган, градиме за иднината, истакна Лукаревска и додаде дека со членството во ЕУ, овие резултати на СДСМ, ќе се зголемат двојно или тројно. Според Митко Трајчулески, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, квалитетната инфраструктура е пресудна за квалитетот на животот на граѓаните и тие мора да добијат најдобри услови за живот, тука, дома, во Македонија. -Нашата држава е географски сама по себе, крстосница на коридори. Но, дали ќе биде успешна крстосница, дали ќе биде центар на мобилност за своите и странските граѓани, зависи од нас самите, зависи од тоа колку вложуваме во нашата инфраструктура. Мора да потенцирам, рече Трајчулески, тој процес не е и не смее да биде еднократен и краткорочен. Напротив, мора да биде континуиран, фокусиран со концепт и план, со стратегија и со визија, целосно насочен кон создавање на нова додадена вредност за сите. На трибината „Резултати што прават разлика“ беше соопштено за висината на директните странски инвестиции кои изнесуваат 760 милиони евра обезбедени од вледејачката СДСМ и во кризна година кои се два пати поголеми од 2016 година, односно пред доаѓањето на таа партија на власт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
На крајот на 2022 година регистрирани 9.699 слободни работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krajot-na-2022-godina-registrirani-9-699-slobodni-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krajot-na-2022-godina-registrirani-9-699-slobodni-rabotni-mesta/#respond Wed, 01 Mar 2023 13:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=806619

Во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,94 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно 9 699 слободни места, најголем дел односно 3 278, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба. Непополнети се и 1 554 работни места од занимањата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1 484 од Техничари и други сродни занимања, 942 од Службеници, 831 од Стручњаци и научници, 799 од Елементарни занимања, 579 од Занимања за неиндустриски начин на работа во производството,... Највисока стапка на слободни работни места од 3,78 проценти има секторот - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала со 0,23 проценти во секторот - Други услужни дејности. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 проценти. Пелагонискиот регион со 2,74 проценти има највисока стапка на слободни работни места. Според податоците на Државниот завод за статистика, во државава пополнети се 489 486 работни места.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krajot-na-2022-godina-registrirani-9-699-slobodni-rabotni-mesta/feed/ 0
Создавањето работни места во САД неочекувано високо во јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sozdavaneto-rabotni-mesta-vo-sad-neochekuvano-visoko-vo-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sozdavaneto-rabotni-mesta-vo-sad-neochekuvano-visoko-vo-januari/#respond Fri, 03 Feb 2023 14:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=795805

Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари. Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. Најновите податоци покажуваат отпорен пазар на труд со ниска невработеност, релативно малку отпуштања и многу слободни работни места, иако повеќето економисти предвидуваат дека ќче има рецесија. Јануарскиот раст на работните места, што ја надмина растот во декември со 269.000, може да предизвика сомнеж дали инфлациските притисоци дополнително ќе се намалат во наредните месеци. ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки осум пати од март во обид да ја заузда инфлацијата, која минатата година достигна највисоко ниво во последните 40 години, пред постепено да забави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sozdavaneto-rabotni-mesta-vo-sad-neochekuvano-visoko-vo-januari/feed/ 0
Панел дискусија: Развивање на работните места од иднината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=764490

КОВИД пандемијата изврши притисок врз пазарот на труд во Северна Македонија. Невработеноста не забележа значајно зголемување, бидејќи реакцијата на работодавачите беше главно во насока на платени отсуства од работа и намалување на обемот на работните часови, а работата од дома беше искористена како опција во дејностите со таква можност. Со големите промени кои се случија на пазарот на труд – од начинот на работа, се до пристапот на компаниите, многу од работодавците се соочени со нови предизвици кои можат да бидат пресудни за тоа дали нивните компании ќе опстанат на пазарот – да се привикнат на „новото нормално“ или да ризикуваат да изгубат чекор со индустриските трендови. Вака Филозофскиот Факултет – Скопје ја најавува денешната панел дискусија организирана во соработка со IT Labs, како дел од Re:Imagine People Management сесиите. Како ќе изгледа работењето во иднина? Што ќе се смени? Што ќе остане исто?, се само дел од прашањата на кои учесниците ќе се обидат да ги одговорат. Посебно внимание ќе биде посветено и на тоа што им недостасува на компаниите да се подготват за „новата ера“, како да се создаде стимулативна работна средина и дали „добросостојба на вработениот“ е нешто што е исто за сите индустрии или се разликува. Сесијата ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, а модератор е Софија Георгиевска, раководител на Центар за менаџмент на човекови ресурси. Панелисти ќе бидат Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси во IT Labs,  Билјана Блажевска Стоилковска, професор на Филозофски факултет, Дејан Ваневски, менаџер за стратешки развој на бизнис во Thrivity, Васка Ѓорчевска Заевска, заменик директор во Витек Македонија, Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси, А1 Македонија, Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка и Ставрос Георгакопулос, директор за човечки ресурси во Македонски Телеком. Филозофскиот факултет најавува дека во рамки на Re:Imagine People Management сесиите, покрај панел дискусијата, ќе бидат одржани и три предавања „Кариерен Развој – Процес, алатки и улоги“ од Никита Попова, специјалист за човечки ресурси, IT Labs,  „Како до успешен процес на регрутација?“ од Елена Милеска Дворчанец, регрутер, IT Labs и „Грижа за добросостојба на вработените: Системски пристап“ – од Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси, IT.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-razvivanje-na-rabotnite-mesta-od-idninata/feed/ 0
Швајцарска банка ќе укине 9.000 работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarska-banka-kje-ukine-9-000-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarska-banka-kje-ukine-9-000-rabotni-mesta/#respond Thu, 27 Oct 2022 07:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=751041

Швајцарската банка Кредит Свис денеска соопшти дека до 2025 година ќе укине 9.000 работни места како дел од радикалната трансформација на своите активности во обид да се опорави. Банката планира да ја намали својата работна сила до 2025 година од 52.000 вработени со полно работно време на 43.000. Швајцарска банка неодамна се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама. Кредит Свис се согласи на плаќањето за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на клиенти во Франција во периодот од 2005 до 2012 година.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarska-banka-kje-ukine-9-000-rabotni-mesta/feed/ 0
Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-slovenija-dostigna-rekordno-visoko-nivo-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-slovenija-dostigna-rekordno-visoko-nivo-vo-vtoriot-kvartal/#respond Fri, 12 Aug 2022 06:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=717354

Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25.900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година. Најголем дел од слободните работни места се во угостителството. Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал и за една четвртина, или речиси 5.100 слободни работни места, во однос на вториот квартал минатата година. Побарувачката за вработени во периодот беше посилна во сите сектори освен рударството, производството и недвижностите. Сепак, најголема побарувачка имало во хотелиерството, каде во вториот квартал имало 1.100 повеќе слободни позиции во однос на истиот период лани. Во меѓувреме, бројот на работни места во сите сектори е за 19.300 поголем на годишно ниво, според словенечкиот завод за статистика, показател што постојано расте од вториот квартал на 2014 година, освен вториот квартал од 2020 година, кога изби епидемијата на Ковид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-slovenija-dostigna-rekordno-visoko-nivo-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0
ДЗС: Во последниот лански квартал во земјава имало околу 8000 слободни работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-vo-posledniot-lanski-kvartal-vo-zemjava-imalo-okolu-8000-slobodni-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-vo-posledniot-lanski-kvartal-vo-zemjava-imalo-okolu-8000-slobodni-rabotni-mesta/#respond Wed, 02 Mar 2022 09:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=639250

Во четвртото тримесечје од 2021 година во земјава имало имало 7.979 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во државата изнесува 1,59 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3 отсто има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,29 проценти. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,28 проценти. Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,91 проценти. Најголем број на слободни работни места, односно 2.934, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-vo-posledniot-lanski-kvartal-vo-zemjava-imalo-okolu-8000-slobodni-rabotni-mesta/feed/ 0
Црна Гора: Поради Ковид-19 „згаснаа“ речиси 21.000 работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-poradi-kovid-19-zgasnaa-rechisi-21-000-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-poradi-kovid-19-zgasnaa-rechisi-21-000-rabotni-mesta/#respond Mon, 05 Jul 2021 06:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=531923

Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата – 14 март минатата година, кога имало 35.429. Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 лице, од ланските 42.194 лица на 56.385 лица, додека стапката на невработеност се зголеми од 17,89 проценти на 24,3 проценти, пишува Побједа. „Според официјалната статистика, најголем пад на бројот на вработени е забележан во активностите на трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли. На крајот на 2019 година, во овие активности имало 39.834 вработени, додека на на крајот на 2020 година имало 34.922 регистрирани вработени “, изјави за Побједа, заменик генералниот секретар на Унијата на независни синдикати на Црна Гора, Ивана Михајловиќ. Таа додаде дека токму во тие активности има најмногу договори за вработување на определено време, кои не се продолжени на значителен број вработени поради пандемијата со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-poradi-kovid-19-zgasnaa-rechisi-21-000-rabotni-mesta/feed/ 0