работнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 19:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/chetiri-natprevari-suspenzija-za-dekozi-rabotnichki-dva-mzt-skopje-eden-natprevar-doma-bez-publika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/chetiri-natprevari-suspenzija-za-dekozi-rabotnichki-dva-mzt-skopje-eden-natprevar-doma-bez-publika/#respond Wed, 25 Oct 2023 19:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=893130

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром. Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје. Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари. Клубот домаќин на дербито Работнички следните два меча на домашен терен ќе ги игра без публика, а ќе плати и парична казна од 69.000 денари поради инцидентите предизвикани од неговите навивачи. МЗТ Скопје еден меч на свој терен ќе биде без публика, а поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи и ќе треба да плати казна во висина од 28.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/chetiri-natprevari-suspenzija-za-dekozi-rabotnichki-dva-mzt-skopje-eden-natprevar-doma-bez-publika/feed/ 0
Работнички со пораз ги почна квалификациите во ФИБА Еврокупот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-poraz-gi-pochna-kvalifikatsiite-vo-fiba-evrokupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-poraz-gi-pochna-kvalifikatsiite-vo-fiba-evrokupot/#respond Mon, 02 Oct 2023 20:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=884400

Кошаркарките на скопски Работнички со убедлив пораз го почнаа настапот во квалификациите за пласман во групната фаза во ФИБА Еврокупот, откако вечерва во СРЦ „Кале“ загубија од романски Рапид со 57-87 (41-45). Работнички одржуваше резултатската неизвесност до почетокот на второто полувреме кога при резултат 47-47, романскиот состав заигра многу поквалитетно и до крајот на третата четвртина дојде до двоцифрена предност (55-66). Играта на Работнички целосно се распадна во последната четвртина во која постигна само два поени и на крајот претрпе убедлив пораз. Најефикасни во редовите на Работнички беа Ѓорѓе Џелатовиќ и Дмитрик Трајс со по 15 поени. Најтрофејниот македонски клуб е дел од групата А во која за првото место кое води во главната фаза за противници ги има и Донар Гронинген од Холандија и Сабах од Азербејџан. Во воведниот натпревар во групата А, Сабах триумфираше над Гронинген со 75-72. Работнички утре во рамки на второто коло, со почеток во 20:30 часот ќе игра против Сабах. Вториот македонски претставник во квалификациите во ФИБА Еврокупот, Феникс 2010, својот дебитантски настап ан евросцената ќе го почне утре во рамки на групата Е во која се германски Росток и домаќинот Керавнос од Кипар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-poraz-gi-pochna-kvalifikatsiite-vo-fiba-evrokupot/feed/ 0
Шкендија со деветмина фудбалери триумфираше над Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-so-devetmina-fudbaleri-triumfirashe-nad-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-so-devetmina-fudbaleri-triumfirashe-nad-rabotnichki/#respond Sat, 15 Oct 2022 16:12:23 +0000 https://kurir.mk/?p=745790

Фудбалерите на тетовска Шкендија забележаа попладнево гостински триумф над Работнички во Скопје (4-2), постигнувајќи два гола во финишот на натпреварот со два играчи помалку во рамки на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Гостинска победа оствари и Силекс над Брегалница во Штип (3-2), додека Академија Пандев ремизираше 1-1 на гостувањето во Прилеп против Победа. Предноста на домашен терен единствено ја искористи Македонија ЃП во градската пресметка против Скопје 2-0. Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дерби натпреварот меѓу актуелниот шампион Шкупи и лидерот Струга, по што следува десетдневна пауза поради пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Саудиска Арабија на гостински терен на 22 октомври. Табела: Струга 25, Шкендија 19, Силекс 18, Тиквеш 16, Шкупи 15, Македонија ЃП 12, Брегалница 12, Работнички 11, Академија Пандев 8, Победа 8, Скопје 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkendija-so-devetmina-fudbaleri-triumfirashe-nad-rabotnichki/feed/ 0
Работнички се враќа на голема врата: Моќна српска компанија станува спонзор на кошаркарскиот „џин“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-vrakja-na-golema-vrata-mokjna-srpska-kompanija-stanuva-sponzor-na-kosharkarskiot-dzin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-vrakja-na-golema-vrata-mokjna-srpska-kompanija-stanuva-sponzor-na-kosharkarskiot-dzin/#respond Fri, 07 Oct 2022 16:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=742571

Кошаркарскиот клуб на Работнички ќе добие нов, максимално сериозен и амбициозен спонзор со кој најтрофејниот колектив во Македонија се надева дека наскоро повторно би атакувал на највисок пласман на домашната сцена. ЕКИПА дознава дека нов спонзор на КК Работнички ќе стане српската компанија „МТЕЛ“, која влегува во телекомуникацискиот бизнис во Македонија и како дел од инвестициите ќе застане и зад кошаркарскиот проект на „центарци“. Сите аспекти од договорот се веќе средени и јасно е дека истиот ќе биде долгорочен, а сите детали ќе бидат обелоденети во наредните денови, кога ќе следи и официјалниот потпис на соработката меѓу српската компанија и македонскиот кошаркарски клуб. „Центарци“ се мачеа со финансии во последната сезона, но напорната работа на директорот Веселиновски и клупската управа на крајот вроди со плод, за наоѓање на стабилен спонзор со чија помош проблемите ќе бидат оставени зад Работнички и клубот конечно ќе почне да се движи во посакуваниот правец. Целата вест прочитајте ја на ЕКИПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-vrakja-na-golema-vrata-mokjna-srpska-kompanija-stanuva-sponzor-na-kosharkarskiot-dzin/feed/ 0
Милан Илиевски нов шеф, Баже Илијоски во стручниот штаб на Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ilievski-nov-shef-baze-ilijoski-vo-struchniot-shtab-na-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ilievski-nov-shef-baze-ilijoski-vo-struchniot-shtab-na-rabotnichki/#respond Sun, 25 Sep 2022 14:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=737235

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички денес го именува Милан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент. – Двајцата од утре ја преземаат должноста и ќе го одржат првиот тренинг со тимот. Поранешните истакнати фудбалери на Работнички сега се враќаат во нова улога. Милан Илиевски беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во А-репрезентацијата на Македонија која успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година. соопштија „дебармаалци“ преку клупската веб-страница. Во стручниот штаб на Милан Илиевски ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе продолжи да работи со голманите. Илиевски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Брегалница во Штип следниот викенд. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ilievski-nov-shef-baze-ilijoski-vo-struchniot-shtab-na-rabotnichki/feed/ 0
Марковски го напушти тренерското место во Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/markovski-go-napushti-trenerskoto-mesto-vo-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/markovski-go-napushti-trenerskoto-mesto-vo-rabotnichki/#respond Mon, 12 Sep 2022 16:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=731808

Фудбалерите на Работнички ќе ја продолжат сезоната во Првата македонска фудбалска лига со нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Љупчо Марковски денеска поднесе оставка на должноста. Марковски заминува од тренерското место ден по високиот пораз на Работнички од Шкупи (0-5) во рамки на седмото првенствено коло. Работнички соопшти попладнево дека оставката на Марковски е од морални причини, а екипата в среда во куп – натпреварот против БВК Коњари ќе ја предводи досегашниот прв асистент Стојан Игњатов. Марковски седна на клупата на Работнички пред стартот на сезоната, а во воведните седум кола освои само четири бодови, оставајќи го скопскиот прволигаш на претпоследното место на табелата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/markovski-go-napushti-trenerskoto-mesto-vo-rabotnichki/feed/ 0
Американскиот плејмејкер е нов кошаркар на Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskiot-plejmejker-e-nov-kosharkar-na-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskiot-plejmejker-e-nov-kosharkar-na-rabotnichki/#respond Wed, 07 Sep 2022 17:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=730087

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички ги засили своите редови за новата сезона со американскиот 27-годишен плејмејкер Ерик Нотиџ. Новото засилување во редовите на скопскиот клуб доаѓа од швајцарски Лајонс каде во просек постигнуваше по 10.9 поени по натпревар, додавајќи 6.1 скокови и 4.6 асистенции. Претходно во кариерата американскиот кошаркар настапуваше за романскиот прволигаш Динамо Букурешт, а претходно за францускиот Антиб.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskiot-plejmejker-e-nov-kosharkar-na-rabotnichki/feed/ 0
Димитриј Поповски опериран, предвреме ја заврши сезоната https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrij-popovski-operiran-predvreme-ja-zavrshi-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrij-popovski-operiran-predvreme-ja-zavrshi-sezonata/#respond Wed, 20 Apr 2022 18:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=666187

Левиот бек на Работнички, Димитриј Поповски, предвреме ја заврши сезоната. Тој имаше хируршка интервенција на слепо црево во Клиничкиот центар во Скопје и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Со оглед дека е финиш на првенството, тој предвреме ја завршува сезоната. Сепак, најважно е младиот фудбалер комплетно да се опорави и да биде подготвен за предизвиците на стартот на следната натпреварувачка сезона. Работнички во петок го пречекува ФК Скопје во натпревар од 29.коло на Првата фудбалска лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrij-popovski-operiran-predvreme-ja-zavrshi-sezonata/feed/ 0
Работнички ја прекина соработката со тренерот Христов https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rabotnichki-ja-prekina-sorabotkata-so-trenerot-hristov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rabotnichki-ja-prekina-sorabotkata-so-trenerot-hristov/#respond Sun, 03 Apr 2022 07:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=657618

Раководството на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички одлучи да ја прекине соработката со тренерот Борче Христов. На ваков чекор „Романтичарите“ се одлучија по третиот последователен пораз во првенството. Работнички вчера на арената „Тодор Проески“ загуби од Струга Трим Лум со 1:3. -Кога резултатите не се во корист на тимот, одговорноста прв ја презема шефот на стручниот штаб. По трите порази едноподруго, донесовме одлука за разделба со тренерот Борче Христов. Се надеваме дека оваа промена ќе ги разбуди и фудбалерите. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Христов за посветеноста и досегашната работа во клубот, му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски. На следниот натпревар против Брегалница в среда, тимот ќе го предводат досегашните асистенти на Борче Христов, Стојанче Игњатов и Блаже Јанакиевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rabotnichki-ja-prekina-sorabotkata-so-trenerot-hristov/feed/ 0
„Гласен Текстилец“: Една третина од работничките во текстилната индустрија се соочуваат со здравствен проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/#respond Wed, 23 Mar 2022 09:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=651862

Првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тим на експерти покажа дека една третина од текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите работници се во ризик. Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат се видот, крвниот притисок и кардиоваскуларните заболувања. – Кај секој вработен во текстилната индустрија се регистрираат дури три различни оштетувања и промени во здравствената состојба. Резултатите ни покажаа дека најмногу проблеми имаат со видот, потоа доаѓа зголемениот крвен притисок, анемиите и кардиоваскуларните заболувања, вели Елисавета Стикова, универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје, која е дел од тимот што ја изработи анализата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“. Работничката Снежана Костадинова вели дека дел од работниците осум часа седат на столче, свиткани се на само 30 сантиметри од машината, а другиот дел стојат во едно место. -Седеш на машина, шиеш, кичмата ти е вкочена, на кој и да кажеш никој не ти верува или стоеш на нога цел ден, нозете те болат, притисокот ти варира и никој не ти верува дека не си арна, а мораш да работеш, вели Костадинова. Работничките почесто заболуваат во однос на колегите од машкиот пол. Според претседателот на Македонското здружение за здравје при работа Милан Петковски, текстилната индустрија во вакви услови може да издржи уште десетина години. -Она што не го гледаме е дека на овие работници, здравјето им се „гази“. На тие исти работници им се одземаат денови од животот кои би требало квалитетно да ги живеат, изјави Петковски. Студијата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“ ја направи „Гласен текстилец“ преку анкета на текстилните работнички, а предмет на истражување беа 6.000 резултати од систематски прегледи на текстилни работници. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека ова е прво вакво посериозно истражување за професионалните болести на текстилните работнички. Како проект го имаат работено заедно со невладина организација од Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-edna-tretina-od-rabotnichkite-vo-tekstilnata-industrija-se-soochuvaat-so-zdravstven-problem/feed/ 0