работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 12:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на работници во индустријата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=895390

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од 2022 е поголем за 1.1 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-2/feed/ 0
ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sostojbata-vo-euronikel-e-alarmantna-bez-rabota-mozhe-da-ostanat-800-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sostojbata-vo-euronikel-e-alarmantna-bez-rabota-mozhe-da-ostanat-800-rabotnitsi/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=890372

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци. -Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места, се вели во соопштението од ССМ и СИЕР. Оттаму велат дека работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди. Работниците и денеска одржаа предупредувачки собир пред компанијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sostojbata-vo-euronikel-e-alarmantna-bez-rabota-mozhe-da-ostanat-800-rabotnitsi/feed/ 0
МНР: Евакуирани туристи од Велес во Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-evakuirani-turisti-od-veles-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-evakuirani-turisti-od-veles-vo-izrael/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=886828

Туристите од Велес кои беа прифатени во специјалниот авион на албанската влада за евакуација од Тел Авив до Тирана, со организиран превоз од македонската амбасада се веќе пристигнати дома, информираа од МНР за „А1он“. Тие синоќа пристигнаа со првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба. – Авионот „Ер Албанија“ со 40 патници, меѓу кои и државјани од земјите од регионот како Косово, Северна Македонија, потпомогнат од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската амбасада во Израел слета на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ – информираа од министерството за Европа и надворешни работи на Албанија. По вооружените напади од страна на Хамас на територијата на Израел кои почнаа во саботата наутро, особено во близина на Појасот Газа и пограничните делови со Либан, бројни македонски граѓани се пријавија на телефоните во македонската амбасада во Тел Авив и и побараа асистенција за нивна евакуација. Седум наши државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја поминаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка; сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. На пат кон дома е четиричленото семејство затекнато во Тел Авив кое преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, а оттаму кон Скопје. Асистенција при напуштање на Израел побарале и 11 градежни работници кои се затечени во Рамала (Западен Брег), а за кои МНР ќе извести во текот на денешниот ден. Според проценките на кризниот штаб во МНР, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои се очекува да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите на МНР. „Министерството за надворешни работи, преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларната мрежа, воспостави директна комуникација и координација со земјите од регионот на Блискиот исток и Југоисточна Европа, со цел искористување на сите расположливи летови и враќање на нашите државјани, за што е пратена и итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Северна Македонија, во двата региона. За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378“, соопштија од МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-evakuirani-turisti-od-veles-vo-izrael/feed/ 0
Конфедерацијата на слободни синдикати бара пристојно, безбедно и здраво работно место за работниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konfederatsijata-na-slobodni-sindikati-bara-pristojno-bezbedno-i-zdravo-rabotno-mesto-za-rabotnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konfederatsijata-na-slobodni-sindikati-bara-pristojno-bezbedno-i-zdravo-rabotno-mesto-za-rabotnitsite/#respond Wed, 04 Oct 2023 12:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=885110

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на конференција што денеска се одржа во Битола, јавно побара пристојно, безбедно и здраво работно место, за секој работник во приватниот и јавниот сектор. Нашата цел е да почнеме дијалог со работодавачите од приватниот сектор и од власта, и заедно да зборуваме за тоа колку е битно еден работник да биде здрав, да биде попродуктивен и да биде среќен и весел кога ќе се врати дома кај неговото семејство, истакна Благоја Ралповски, претседател на КСС. -За нас како синдикат, освен повисоките плати и сигурноста на работното место, важно место зазема и здравјето на работното место. Целта на овие конференции е да почнеме дијалог со работодавачите од приватниот сектор и од власта, и заедно да зборуваме за тоа колку е битно еден работник да биде здрав, да биде попродуктивен и да биде среќен и весел кога ќе се врати дома кај неговото семејство, посочи Ралковски. Учесниците на конференцијата во Битола потсетија дека безбедноста и здравје при работа е основно човеково право на сите вработени загарантирано во Уставот на Северна Македонија. -Според статистиката на Меѓународната организација на труд, 4 насто од БДП во сиромашните земји се одлеваат за компензации за повреди и несреќи при работа. Според податоци на Заводот за статистика во нашата земја за 2021 година, тој издаток изнесува над 400 милиони евра, средства кои се одлеваат од заедничките фондови, како што се Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за социјална заштита и други фондови. Сите овие пари се одлеваат како компензации, и затоа ние работиме за подигнување на јавната свест за безбедност и здравје при работа. Ние сакаме да ги промениме овие состојби кои воедно претставуваа ризик фактор за исселување на младите од земјата, нагласи Славица Јанкова, членка на Советот за безбедност при работа, кој е во рамки на КСС. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) заедно со Solidarity Center од САД, во октомври ги одбележува Светскиот ден за пристојна работа и Европската недела за безбедност и здравје при работа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konfederatsijata-na-slobodni-sindikati-bara-pristojno-bezbedno-i-zdravo-rabotno-mesto-za-rabotnitsite/feed/ 0
Кај 30 работодавачи изречена забрана за вршење на дејност поради непочитување на мерките за топлото време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-30-rabotodavachi-izrechena-zabrana-za-vrshene-na-dejnost-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-30-rabotodavachi-izrechena-zabrana-za-vrshene-na-dejnost-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/#respond Mon, 17 Jul 2023 09:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=857334

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа. Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. -Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-30-rabotodavachi-izrechena-zabrana-za-vrshene-na-dejnost-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/feed/ 0
Работниците креваат глас: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnitsite-krevaat-glas-pokachuvane-na-site-plati-za-78-otsto-60-chasa-rabota-nedelno-e-vrakane-vo-19-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnitsite-krevaat-glas-pokachuvane-na-site-plati-za-78-otsto-60-chasa-rabota-nedelno-e-vrakane-vo-19-vek/#respond Mon, 01 May 2023 12:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=829411

Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите. Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ - како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“. - Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме - како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски. Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата  продолжува и утре. - Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер. Претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација. - И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат, рече Дејановски. Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат. - Без масовност и единство ќе нѐ играат како што сакаат. Мора ова да биде почеток на една голема синдикална пролет, рече претседателот на УПОЗ. И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив. Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“. Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“. - За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски. Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 150 години од американските работници. - Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnitsite-krevaat-glas-pokachuvane-na-site-plati-za-78-otsto-60-chasa-rabota-nedelno-e-vrakane-vo-19-vek/feed/ 0
„Ќебап за работникот, бифтек за власта“ – синдикалците од КСС јадеа скара пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kebap-za-rabotnikot-biftek-za-vlasta-sindikaltsite-od-kss-jadea-skara-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kebap-za-rabotnikot-biftek-za-vlasta-sindikaltsite-od-kss-jadea-skara-pred-vlada/#respond Mon, 01 May 2023 11:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=829398

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје. Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд. -Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори, рече Зоран Антовски од КСС. Синдикалците ниту оваа година не беа обедините. Фото: Маја Јаневска-Илиева за Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kebap-za-rabotnikot-biftek-za-vlasta-sindikaltsite-od-kss-jadea-skara-pred-vlada/feed/ 0
Се кршат работничките права од страна на работодавачите, но работниците се сѐ повеќе информирани за своите права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krshat-rabotnichkite-prava-od-strana-na-rabotodavachite-no-rabotnitsite-se-s-poveke-informirani-za-svoite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krshat-rabotnichkite-prava-od-strana-na-rabotodavachite-no-rabotnitsite-se-s-poveke-informirani-za-svoite-prava/#respond Mon, 01 May 2023 10:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=829378

Се кршат работничките права од страна на работодавачите, но работниците се сѐ повеќе информирани за своите права и правдата ја бараат преку судската власт. Ова е ставот на правниот тим на Здружението „Гласен текстилец“, кој ги анализираше состојбите со работничките права по повод 1 мај- Денот на трудот. Судските постапки вообичаено се парични побарувања за неисплатени плати и додатоци на платата. Адвокатот, Донче Стаменков кој е дел од правниот тим на „Гласен Текстилец“ забележува дека јавната администрација е во по поволна позиција, зашто тужбените барања во целост се наплатуваат преку позитивни пресуди на надлежните судови. -„Кога би ги генерализирале постапките пред судовите вклучително за јавниот и приватниот сектор, станува збор за парични побарувања по однос на неисплатени плати и додатоци на плата. Ако земеме да го разграничиме јавниот сектор од приватниот сектор, може да кажеме дека за разлика од приватниот сектор, во јавниот тужбените барања во целост се наплатуваат преку позитивни пресуди во надлежните судови од нашата држава, но генерално во приватниот сектор работниците се помалку заштитени.Ние добиваме судски пресуди, кои се позитивни, во корист на работниците, но се случува да одредени форми кои ги овозможува Законот, одредени фирми да бидат затворени или да се престават како не ликвидни и да не можат да се наплатат побарувањата од страна на работодавачите, вели Стаменков. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип забележува дека во приватниот сектор има позитивни пресуди во корист на работниците, преку форми кои ги овозможува законот. Посочува дека фирмите се претставуваат како затворени или неликвидни со што не може да се наплатат паричните побарувања од страна на работодавачите. Ампева порача дека е важно навремено да се преземат сите постапки за што е потребно работниците навремено да бидат информирани за своите права. -Проблематично е што работниците чекаат, не ги искористуваат роковите. Проблематично е тоа што на крајот остануваат без неколку плати, фирмата оди во стечај, во ликвидации. Секакви форми смислуваат, а на крајот работниците се оние коишто остануваат оштетени. Затоа и апело е да не чекаат, плата се пушта до 15. наредниот месец, придонесите заедно со тоа. За жал, системот на УЈП сѐ уште дозволува каснење на плата, сѐ уште дозволува исплата под минималец, вели Ампева. Адвокатот, Стаменков надополнува многу е важно работниците да внимаваат на тајмингот, односно, доколку им доцни платата, веднаш да пријават во „Гласен Текстилец“ или до адвокатите кои се специјализирани за трудовата легислатива. Исто така, не смеат да потпишуваат бланко изјави во моментот на засновањето на работниот однос, кои се незаконски. -Тие бланко изјави подоцна ги користат за работниците да бидат одјавени во форма во која не можат да си ги добијат своите права кои ги следуваат во однос на Законот за осигурување во случај на невработеност, рече Стаменков Ампева истакна дека “Гласен Текстилец“ почна со заштита на текстилните работници, но изминатиот период до нив пристигнаа барања за помош и од работници од други сектори, а исто така и испраќаат и иницијативи до Уставен суд. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krshat-rabotnichkite-prava-od-strana-na-rabotodavachite-no-rabotnitsite-se-s-poveke-informirani-za-svoite-prava/feed/ 0
Устамитова: СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustamitova-sdsm-go-pochituva-i-vrednuva-trudot-na-rabotnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustamitova-sdsm-go-pochituva-i-vrednuva-trudot-na-rabotnitsite/#respond Mon, 01 May 2023 10:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=829363

СДСМ го почитува и вреднува трудот на работникот, се грижи и ги унапредува работничките права. Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори, истакна претседателката на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ, Елена Устамитова. „Со тоа ставивме крај на една дискриминирачка пракса, работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата. Денес, минималната плата изнесува 20.175 денари и еднаква за сите сектори. За над 36 отсто ги зголемивме платите во образованието и детската заштита, сериозно се зголемени платите во здравството, во полицијата и одбраната. Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство. СДСМ преку договор со синдикатите, коморите и работодавците донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници. Мотивиран, задоволен работник е гарант за економски раст и напредок, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права и условите за работа“ - порача таа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustamitova-sdsm-go-pochituva-i-vrednuva-trudot-na-rabotnitsite/feed/ 0
Ковачевски: Сите владини мерки се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-vladini-merki-se-nasocheni-kon-podobar-zhivoten-standard-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-vladini-merki-se-nasocheni-kon-podobar-zhivoten-standard-na-graganite/#respond Mon, 01 May 2023 08:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=829339

Изразувам огромна почит кон сите кои со својот труд обезбедуваат стимул и развој на нашата држава. Дури и во услови на најголемата економска и енергетска криза која ја паметиме во изминативе децении, вели премиерот Ковачевски во видео честитката по повод Денот на трудот – 1 Мај. -Системските решенија до кои дојдовме преку социјалниот дијалог дадоа резултат и го зацврстија партнерството и со синдикатите и со сите засегнати страни. Токму затоа, денес, минималната плата е над 20.000 денари, што е зголемување од 100 проценти во однос на 2016-та година. Предвремено го исполнивме ветувањето за просечна плата над 500 евра, а и ги зголемивме платите во образование, во здравство и во безбедносните сектори, наведува премиерот Ковачевски во првомајската честитка. Тој потенцира дека Владата постави здрава основа и затоа и минималната и просечната плата, континуирано ќе растат. -Го почитуваме и цениме трудот на секој работник и поради тоа, денес ние веќе не сме дестинација со евтина работна сила. Денес, инвеститорите ја препознаваат стабилноста и можноста за раст и развој на државата која е земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со Европската Унија и инвестираат и отвораат нови, добро платени работни места, потенцираше премиерот. Осврнувајќи се на минатата година, Ковачевски нагласува дека 2022 година е заокружена со нови инвестиции од над 430 милиони евра и 2.300 нови работни места, а само во технолошко-индустриските зони имаме над 16.500 вработени, што за повеќе од 10.000 во од 2017-та, па досега. -Ова темпо продолжува и понатаму. Со реализацијата и изградбата на коридорите 8 и 10-д, овозможуваме нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 отсто годишно во наредните 5 години, вели премиерот Ковачевски. Тој истакнува дека сите мерки и системски решенија кои ги носи Владата се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните. - Оваа зима пак, не изоставивме никого. Покажавме одговорност и донесовме неколку пакети антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра, со кои го заштитивме животниот стандард, но и работните места. Ова е време на солидарност, но и време кризата да се препознае како можност. Знаеме дека секогаш може подобро и повеќе и за тоа и се бориме. Оваа посветена работа ќе продолжи и понатаму. За Вас вратите во Владата се секогаш отворени. Заедно, рамо до рамо, ќе ги решаваме сите предизвици, а во мене и во Владата вие секогаш ќе имате сојузник, додава премиерот Ковачевски во честитката упатена до сите граѓани по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот во негови име и во име на Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-vladini-merki-se-nasocheni-kon-podobar-zhivoten-standard-na-graganite/feed/ 0