работно место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 15:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работно место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Млада жена тешко повредена во фабрика во кумановско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-zhena-teshko-povredena-vo-fabrika-vo-kumanovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-zhena-teshko-povredena-vo-fabrika-vo-kumanovsko/#respond Sat, 28 Oct 2023 15:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=894010

На 28.10.2023 во 00.33 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Брза помош Куманово била донесена повредена А.В.(25) од с.Конопница, кривопаланечко. -Жената според пријавеното, на 27.10.2023 околу 23.30 часот додека била на своето работно место во фабрика во с.Речица, кумановско била повредена од работна машина управувана од С.П.(50) од Куманово, по што од лекар и се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-zhena-teshko-povredena-vo-fabrika-vo-kumanovsko/feed/ 0
Минатата година 22 жртви на работното место, најмногу во земјоделството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/#respond Fri, 28 Apr 2023 12:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=828701

Минатата година имало 22 жртви на работно место во земјава, што е за околу 20 отсто помалку во споредба со 2021 година, но за 9 проценти е поголем процентот на повредени на работа. Најголем број смртни случаи на работно место има во земјоделството, покажува Годишниот извештај за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа. По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 Април, кој е воедно е и Меѓународен ден на сеќавање на работниците што ги загубиле животите поради повреди на работа и професионални болести, здружението денеска организираше симболично засадување 22 дрвца во парк во Ново Лисиче во спомен на загинатите работници во текот на претходната календарска година. Петар Наумовски, претседател на здружението изјави дека евидентирале 22 загинати на работно место минатата година иако, рече, според податоците на официјалните институции нема загинати. -Ова нѐ става во високоризични земји. Ако споредиме со европските земји, каде што просекот е околу 2,11 починати на 100 000 работници, кај нас процентот е 3,17. Поттикнати од тоа што официјалните институции не публикуваат извештаи, ние од 2008 го правиме ова во континуитет. И понатаму останува трендот на неевидентирање и неанализирање, едноставно стануваме слепи за минското поле што постои во Македонија, а тоа е работното место, рече Наумовски. Додаде дека државата досега не анализирала ниту една несреќа на работното место за да се лоцираат причините за да нема повторување и да се подобри безбедноста, што, рече, самото по себе ја адресира одговорноста кај државните институции, почнувајќи од Министерството за труд и социјална политика како креатор на политиките. -Вистинскиот лек е дека секоја несреќа може да се превенира. Градежништвото е еден од убијците на македонскиот работник, но земјоделството е број еден убиец. Постојано предочуваме дека огромен број индустрии кај нас ги нема на радарот, како што е транспортот, земјоделството и сите оние, да речам, атипични индустрии кои се во надлежност на други инспекциски надзори... Како држава немаме евиденција за несреќи на работа, несреќи на работа со смртен исход и за професионални заболувања. Тоа се трите постулати што зборуваат дека ние сме потфрлиле во спроведувањето на законската обврска на секој работодавец и на државата да се грижи за своите граѓани, додаде Наумовски. Според анализите и формулата на Меѓународната организација на трудот, рече тој, повредите на работниците државава ја чинат 4 проценти од БДП што е околу 400 милиони евра. Не е охрабрен дека ќе има промена на негативниот тренд со оглед дека се бараат 60 часа работна недела предвидени за изградба на коридорите 8 и 10д. Рече дека станува збор за луѓе, а не за роботи, и дека тоа е спротивно на сите стандарди и конвенции. Поддршка на здружението дадоа Гоча Александрија, претставник од Меѓународната канцеларија на трудот, и Антон Лепик, претставник од Паневропскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикати. Тој порача дека не смеат да се занемаруваат ризиците на работните места и треба да се идентификуваат за да се намали бројот на несреќи -Секој работник има право да оди да работи во здрави и безбедни услови и да се врати дома здрав и безбеден и тоа е основно работничко право, рече Лепик. Во однос на иницијативата за прекувремена работа од 60 часови неделно за изградба на патиштата истакна дека е неприфатливо и дека ќе пратат формален протест до Владата. Соопшти дека според официјалната статистика, над три милиони работници во светот годишно загинуваат на работно место и повеќе од десет милиони работници умираат од професионални болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/feed/ 0
Што треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/#respond Wed, 08 Jun 2022 14:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=688434

Многумина од нас го поминале животот подготвувајќи се за кариера за која или имаме или немаме искуство. Типично, сѐ уште не сме ниту возрасни кога ги формираме овие идеи за остатокот на нашиот живот и кариерата. Често се поведуваме од родителите, учителите, професорите за тоа како треба да изгледа успехот и нашиот пат го градиме по тие модели. Иако интересот на нашето семејство, пријателите и познаниците за нашите избори е добронамерен, сепак има и големо влијание врз нашата способност да одлучиме што е најдобро за нас. Во продолжените прочитајте ги 4-те клучни работи кои треба да ги знаете доколку планирате да ја промените вашата кариера. 1. Промената не е моментна Кога ќе сфатите дека промената на работното место е неизбежна и потребна, можеби ќе се почувствувате како да сте тргнале голем товар од својот грб и дека сѐ останато што ќе се случува понатаму ќе биде лесно. Но, за жал, промената не се случува како во филмовите. Да се има реалистични очекувања од и за вашата кариера е витален елемент за вашиот успех. 2. Стравот за парите е неизбежен Постојат многу стравови со кои луѓето се соочуваат кога ќе одлучат да направат каква било промена, а најчести меѓу нив се финансиските грижи кои прават да се чувствуваме многу нестабилно. Кога парите се поврзани со вашите чувства на сигурност и безбедност, како што е и случајот со многу луѓе, тогаш очекувајте промените во вашите приходи да имаат голем емотивен ефект врз вас. 3. Правилната поддршка е неопходна Промената не е лесна ниту за вашите најблиски. Родителите и пријателите, дури и оние кои најмногу ве поддржуваат, се сепак луѓе, полни со емоции и желби. Тие можат да бидат и загрижени, посебно ако сакате да ја промените кариерата на едно сосема некарактеристично работно место за вас. Дозволете им да ви ја пружат потребната поддршка, бидејќи таа ви е повеќе од потребна. Поддршката од истомислениците или оние кои поминуваат во слична ситуација како вашата исто така може да биде од најголема помош. 4. Давањето отказ не е секогаш првиот чекор Промената на кариерата е процес кој ќе ви помогне најпрво да истражите што значи за вас некоја позначајна кариера, потоа да дефинирате која промена е добра промена и за крај, да станете едно со вашиот план за промена на кариерата. Нема ништо лошо во тоа да сакате да го промените своето работно место, баш напротив, тоа е многу здраво. Дајте си време да размислите и избегнувајте да бидете импулсивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/feed/ 0
29. годишно момче се здобило со тешки телесни повреди на работното место, полиција извршила увид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/29-godishno-momche-se-zdobilo-so-teshki-telesni-povredi-na-rabotnoto-mesto-policija-izvrshila-uvid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/29-godishno-momche-se-zdobilo-so-teshki-telesni-povredi-na-rabotnoto-mesto-policija-izvrshila-uvid/#respond Wed, 02 Feb 2022 15:45:03 +0000 https://kurir.mk/?p=626049

На 01.02.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен Б.З.(29) од Куманово. Во службен разговор со полициски службеници тој изјавил дека се повредил околу 08.00 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во индустриска зона Илинден. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен Трудов инспектор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/29-godishno-momche-se-zdobilo-so-teshki-telesni-povredi-na-rabotnoto-mesto-policija-izvrshila-uvid/feed/ 0
33. годишник се здобил со повреда на работното место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/33-godishnik-se-zdobil-so-povreda-na-rabotnoto-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/33-godishnik-se-zdobil-so-povreda-na-rabotnoto-mesto/#respond Tue, 01 Feb 2022 15:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=625523

На 31.01.2022 во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека Б.Л.(33) од с.Белче, демирхисарско, се здобил со повреда додека извршувал работни задачи во фирма во с.Сопотница, демирхисарско. Извршен бил увид од полициска екипа, а за настанот бил известен и трудов инспектор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/33-godishnik-se-zdobil-so-povreda-na-rabotnoto-mesto/feed/ 0
Чувар нападнат среде работното место – го истепале машко и женско лице вработени во скопска фабрика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chuvar-napadnat-srede-rabotnoto-mesto-go-istepale-mashko-i-zensko-lice-vraboteni-vo-skopska-fabrika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chuvar-napadnat-srede-rabotnoto-mesto-go-istepale-mashko-i-zensko-lice-vraboteni-vo-skopska-fabrika/#respond Fri, 28 Jan 2022 15:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=624017

На 27.01.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.15 часот во кругот на фабрика, каде работел како чувар, бил физички нападнат од едно машко и едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chuvar-napadnat-srede-rabotnoto-mesto-go-istepale-mashko-i-zensko-lice-vraboteni-vo-skopska-fabrika/feed/ 0
69-годишен велешанец пронајден починат на своето работно место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/69-godishen-veleshanec-pronajden-pochinat-na-svoeto-rabotno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/69-godishen-veleshanec-pronajden-pochinat-na-svoeto-rabotno-mesto/#respond Fri, 07 Jan 2022 12:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=616736

Неготинец е пронајден починат на работно место, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Случајот бил пријавен синоќа во 19:24 часот во Полициската станица Неготино. Станува збор за 69-годишен човек, кој работел во фирма во неготинско село. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/69-godishen-veleshanec-pronajden-pochinat-na-svoeto-rabotno-mesto/feed/ 0
Онлајн кампања за подигање на свеста против сексуално вознемирување на работно место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kampanja-za-podiganje-na-svesta-protiv-seksualno-voznemiruvanje-na-rabotno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kampanja-za-podiganje-na-svesta-protiv-seksualno-voznemiruvanje-na-rabotno-mesto/#respond Wed, 20 Oct 2021 11:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=582534

Независната истражувачка организација Реактор – Истражување во акција, лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место. Кампањата е составена од неколку информативни објави и има за цел да ги информира граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да даде примери кои се базираат на анонимно споделени искуства  со сексуално вознемирување на работното место, како дел од студијата на Реактор. -Според наодите на истражувањето за родово-базирана дискриминација и пазарот на труд во Македонија, сексуалното вознемирување на работното место е широко распространето и за жал нормализирано во некои форми. Наодите покажуваат дека малкумина се осмелуваат да го пријават доживеаното вознемирување, иако е казниво со закон, соопштија од организацијата. Од Реактор посочуваат дека сексуално вознемирување е каков било облик на несакано вербално, невербално или физичко постапување од сексуална природа, што има цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика. -Сексуалното вознемирување на работното место е облик на дискриминација. Според Кривичниот законик, дискриминацијата е кривично дело казниво со казна затвор од шест месеци до пет години. Дополнително, според Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалното вознемирување е казниво со парична казна до 10.000 евра, велат од организацијата. Освен во Северна Македонија, истата кампања се спроведува и во пет други држави од Западен Балкан кои се партнери на Реактор во овој проект – Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, и се очекува да трае 11 дена, од18 до 30 октомври. Реактор ги охрабрува жртвите на сексуално вознемирување да го пријават истото во Државен инспекторат за труд, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, граѓански организации кои обезбедуваат бесплатна примарна правна помош или во полициска станица. Кампањата е дел од иницијативата „Борба против дискриминацијата, унапредување на работничките права на жените“ и е поддржана од Европската Комисија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kampanja-za-podiganje-na-svesta-protiv-seksualno-voznemiruvanje-na-rabotno-mesto/feed/ 0
За луѓето кои страдаат од депресија: Ова се идеалните професии за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/#respond Tue, 10 Aug 2021 20:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=548957

Луѓето кои страдаат од депресија не треба да се избегнуваат како работници, всушност, нив треба да им се даде вистинска работа, која ќе ја извршуваат добро, а притоа и тие ќе се чувствуваат подобро. Експертите тврдат дека луѓето, кои страдаат од депресија, се вредни работници и кога ќе зацртаат некој план или идеја, тие можат да станат одлични во својата работа. Се разбира, не сите луѓе можат да ја прават истата работа со еднаков ефект и се советува дека депресивните луѓе треба да ги избегнуваат стресните работни места, кои вклучуваат интеракција со јавноста и постојан притисок на околината. Многу студии покажуваат дека работата може да донесе здравје и да ја намали депресијата, но ситуацијата треба добро да се испита. Секојдневното одење на работа, носи некои придобивки, како што се: -социјализација -физичка и ментална активност -структура на работниот ден -чувство за успех -социјален статус -финансиска стабилно -чувство на способност -способност за подобрување на вештините Затоа е важно депресивните луѓе да добијат работа и можност за напредок и личен развој. Еве кои работни места им се препорачуваат на оние кои страдаат од депресија: 1.Работа на отворено Работата на отворено е природен лек за депресијата, велат експертите, и има многу работни места кои вклучуваат работа на отворено. Некои од примерите се: градинарство, работа во стаклена градина, чувари на паркови, градежништво и шумарство, и слично. Сите овие работи се вршат надвор од канцеларијата, па луѓето се чувствуваат подобро. 2.Креативни работни места Ако помислата дека работате надвор ви предизвикува страв, тогаш можеби повеќе сте заинтересирани за креативна работа. Постојат многу различни работни места за луѓе со депресија, кои ги привлекува уметничката страна. Всушност, некои експерти сметаат дека депресивните луѓе имаат покреативен ум од другите. Вистинските докази се Ван Гог и Чајковски, двајцата креативци, кои претрпеле многу, а се доказ за вистинска уметност. Затоа, работните места како кустос, работник во уметничка галерија, работа во библиотека, писател или новинар и слични професии можат да им помогнат на депресивните луѓе полесно да се изразуваат. 3.Работа со животни Познато е дека животните имаат смирувачко влијание врз луѓето. Имено, истражувањата покажаа дека вдомувањето на животни води до ослободување на хемиско соединение наречено окситоцин, познато како „љубовен хормон” и за сопственикот и за животното. Ако се плашите од одредени животни, секогаш можеш да вдомите некое кое ви е при срце. На крајот на краиштата, тоа сепак не може да ви наштети. Работите кои вклучуваат работа со животни се: шетање на кучиња, чување на животни додека сопственикот не е дома, одгледување и тренирање на животни, ветеринарство, фотографирање на животни, шишање и бањање на животни и слично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/feed/ 0
Кавадарчанец си го пријавил претпоставениот за физички напад на работното место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-si-go-prijavil-pretpostaveniot-za-fizichki-napad-na-rabotnoto-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-si-go-prijavil-pretpostaveniot-za-fizichki-napad-na-rabotnoto-mesto/#respond Wed, 12 May 2021 09:10:38 +0000 https://kurir.mk/?p=509333

Триесет и тригодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот претпоставен. Нападот се случил во фабриката во која работи. – Вчера  во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи,  бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. По целосно документирање на случајот,  ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-si-go-prijavil-pretpostaveniot-za-fizichki-napad-na-rabotnoto-mesto/feed/ 0