работно време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 11:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png работно време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По работното време не смеат да ви звонат колегите и шефот- нов закон во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-rabotnoto-vreme-ne-smeat-da-vi-zvonat-kolegite-i-shefot-nov-zakon-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-rabotnoto-vreme-ne-smeat-da-vi-zvonat-kolegite-i-shefot-nov-zakon-vo-hrvatska/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=769419

Работодавецот/шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе. Работникот има право да биде недостапен после работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги после работно време освен во случај на итна потреба. – Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-rabotnoto-vreme-ne-smeat-da-vi-zvonat-kolegite-i-shefot-nov-zakon-vo-hrvatska/feed/ 0
Во петок, недела и понеделник бесплатен паркинг на ПОЦ, во сабота ќе се наплаќа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-petok-nedela-i-ponedelnik-besplaten-parking-na-poc-vo-sabota-kje-se-naplakja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-petok-nedela-i-ponedelnik-besplaten-parking-na-poc-vo-sabota-kje-se-naplakja/#respond Thu, 21 Apr 2022 07:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=666383

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 22.04. (петок), 24.04. (недела) и 25.04.2022 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Согласно програмата за неработни денови за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика, 23.04.2022 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26.04.2022 година (вторник) со вообичаено работно време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-petok-nedela-i-ponedelnik-besplaten-parking-na-poc-vo-sabota-kje-se-naplakja/feed/ 0
Измени во работењето на рестораните: Дозволено им е да работат и на затворено, еве за кого не важи одлуката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/#respond Tue, 29 Jun 2021 19:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=529559

Владата на денешната 83-та седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Меуѓутоа оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Оваа земја прва воведе осумчасовно работно време https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-ovaa-zemja-prva-vovede-osumchasovno-rabotno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-ovaa-zemja-prva-vovede-osumchasovno-rabotno-vreme/#respond Wed, 21 Apr 2021 05:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=500099

На денешен ден во 1856 година Австралија е првата земја во светот која вовела осумчасовно работно време. Австралиски каменорезбачи покренале акција за да го обезбедат стандардот на осумчасовно работно време. Нивниот подвиг се проширил низ светот, а работниот ден од осум часа стана официјално работно време во повеќето земји на светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-ovaa-zemja-prva-vovede-osumchasovno-rabotno-vreme/feed/ 0
Директорка на јавна институција објавува партиски постови во тек на работно време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-na-javna-institucija-objavuva-partiski-postovi-vo-tek-na-rabotno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-na-javna-institucija-objavuva-partiski-postovi-vo-tek-na-rabotno-vreme/#respond Fri, 16 Apr 2021 10:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=498110

Дека партизираноста во јавните институции е највисоко ниво сведочи токму овој чин на директорка на јавна институција која што во тек на работно време споделува партиски објави, односно додека е на работното место пропагира во корист на власта. Имено, станува збор за директорката на МЦСР, Наташа Станојевиќ која на својот профил објавува партиски пропаганден материјал во тек на работно време. Доколку се слушне овој материјал, лесно ќе се заклучи дека станува за чиста пропаганда, а во корост на власта. Јавноста во текот на вчерашниот ден беше сведок за тоа кој ги кочи антикризнитемерки кои што се наменети за граѓаните и стопанството. Имено, спикерот Талат Џафери, од нејасни причини не ја закажа 36тата седница на која предвидени овие закони. Токму од таа причина, објавувањето и споделувањето на партиски активности, во случајов со дриректорката на МЦСР, не претставува ништо друго освен чиста пропаганда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-na-javna-institucija-objavuva-partiski-postovi-vo-tek-na-rabotno-vreme/feed/ 0
Совет за работодавачите: Не ги терајте работниците да дојдат на работа пред 10, дознајте зошто е важно тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-za-rabotodavachite-ne-gi-terajte-rabotnicite-da-dojdat-na-rabota-pred-10-doznajte-zoshto-e-vazno-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-za-rabotodavachite-ne-gi-terajte-rabotnicite-da-dojdat-na-rabota-pred-10-doznajte-zoshto-e-vazno-toa/#respond Fri, 12 Mar 2021 18:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=481546

За да работниците бидат продуктивни, работното време треба да започнува по 10 часот, а студентите треба да посетуваат настава по 11 часот, предупредуваат научниците од Оксфорд. Форсирањето на работниците да започнат со работа во раните утрински часови e контрапродуктивно. Работниците се уморни, имунитетот им е послаб и се склони кон болести и стрес. Тоа води до послаба меморија и помалку внимание во текот на работното време. „Нивните тела се исцрпрени поради ненаспаност, а тоа во голема мера влијае на продуктивноста. После 55 години, на луѓето им е потребен помалку сон, но дотогаш треба да почнуваат со работа во 10 часот за да бидат продуктивни. Освен работниците, и студентите и учениците би требало да почнат со настава подоцна“, објаснува д-р. Пол Кели, научник од Оксфорд. Студиите покажуваат дека просечен ученик на возраст од 10 години не може квалитетно да се фокусира на наставата пред 8:30 часот, а средношколците постари од 16 години пред 10 часот. За студентите е најдобро да почнат со настава по 11 часот. Тогаш учат поубаво затоа што се одморени. „Живееме во општество во кое луѓето се ненаспани. Не можеме да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Не можеме да научиме да стануваме во определено време. Нашето тело живее во хармонија со Сонцето, недостаток на сон е вистинско измачување. Општеството треба да го усклади почетокот на работното време со човечкиот организам затоа што имаме здравствени и психички проблеми“, пишува Daily Mail.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-za-rabotodavachite-ne-gi-terajte-rabotnicite-da-dojdat-na-rabota-pred-10-doznajte-zoshto-e-vazno-toa/feed/ 0
Работното време на угостителските објекти нема да се менува, а еве како ќе работат вработените во администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objekti-nema-da-se-menuva-a-eve-kako-kje-rabotat-vrabotenite-vo-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objekti-nema-da-se-menuva-a-eve-kako-kje-rabotat-vrabotenite-vo-administracija/#respond Fri, 29 Jan 2021 14:11:52 +0000 https://kurir.mk/?p=461539

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот. Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Препорачуваат до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objekti-nema-da-se-menuva-a-eve-kako-kje-rabotat-vrabotenite-vo-administracija/feed/ 0
Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на работното време, сопственикот приведен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-gostivarsko-poradi-nepochituvanje-na-rabotnoto-vreme-sopstvenikot-priveden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-gostivarsko-poradi-nepochituvanje-na-rabotnoto-vreme-sopstvenikot-priveden/#respond Sat, 23 Jan 2021 11:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=458908

Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, на 18.01.2021 во 23.00 часот, затвориле угостителски објект во кој биле седум лица-гости и сопственикот, по законски утврдениот временски рок за работно време. – Извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец. При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-gostivarsko-poradi-nepochituvanje-na-rabotnoto-vreme-sopstvenikot-priveden/feed/ 0
Угостителите од денеска ќе работат до 21 часот, бараат мерки за директна помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-od-deneska-kje-rabotat-do-21-chasot-baraat-merki-za-direktna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-od-deneska-kje-rabotat-do-21-chasot-baraat-merki-za-direktna-pomosh/#respond Thu, 21 Jan 2021 06:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=457782

Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19. Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битриќи, секоја мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните. Независната угостителска комора, пак, чека покана за средба со Владата на која и дава рок до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија. Откако Владата вчера објави дека ја донела со првата мерка од петтиот антикризен пакет од НУК соопштија дека им подарила на „локомотивите“ – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа. Сите индустрии добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки, само за угостителската континуирано се носат препораки и протоколи со ограничувања за работно време, смета НУК и нагласува дека неискористени средства од четвртиотиот сет мерки за субвеција на плати има повеќе од 15-тина милиони евра кои може веднаш да се наменат за јануарска и февруарска субвенција за плати во угостителската индустрија. Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски, Владата е во целост одговорна за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на корона кризата. Угостителите немаат време за чекање и за да ги сочуваат сите работни места на Владата и даваат рок до 25 јануари да донесе итна одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на месецов со траење додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки, односно протоколите за работа на угостителски објекти или до завршување на пандемијата, како и да ги реализира нивните останати барања. Во однос на барањето на угостителите за средба до 25 јануари, Битиќи рече дека тоа би требало да се реализира доколку дозволат условите со Ковид ситуацијата, но оти има и други механизми како што е онлајн комуникацијата. Битиќи не се согласува со констатацијата на НУК дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори. Уште во првиот и вториот актикризен пакет, како што вели, имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор и оти само во делот на мерката за финансиска поддршка процентуално гледано искористеноста во овој сектор е солидна. Тој изјави дека е отворен за комуникација со секого, но оти во овие тешки времиња сите треба да бидат разумни во очекувањата и можностите. Со првата мерка од петтиот антикризен пакет компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали. Таа одлука на Владата ќе стапи во сила на 1 февруари. Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои за увоз на суровини и репроматеријали во 2019 година платиле вкупно 162,4 милиони евра. Прецизни протоколи за работа во сите дејности вчера повторно побара Сојузот на стопанските комори на Македонија од каде до Владата испорачаа 15 предлог-мерки. -Државната поддршка да се спроведува континуирано, да се дефинираат протоколи за работа на сите дејности и да се обезбеди директна, неповратна помош за превозот, туризмот, угостителството, сметководството, едукацијата и установите за згрижување деца како најзагрозени сектори кои во изминатиот период беа целозно затворени, а сега се во многу критична состојба и бројат намалени доходи од 70 до 100 проценти, бара ССК. Првите две мерки што ги предлага ССК се да продолжат поддршката од 14.500 денари за плати и бескаматните кредити преку Македонската банка за развој. Се бара и можност за репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања. – За претпријатијата во угостителството, неопходно е да се направи изедначување на данокот на додадена вредност на сите услуги и производи на даночната стапка од 10 отсто, а претпријатијата од секторот туризам бараат намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 проценти, посочи претседателката на ССК Данела Арсовска. Според одлуката на Владата, од денеска после 21 часот ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици, соопшти вечерва владината прес-служба. Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти. Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-od-deneska-kje-rabotat-do-21-chasot-baraat-merki-za-direktna-pomosh/feed/ 0
Угостителските објекти од утре повторно ќе работат до 21 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelskite-objekti-od-utre-povtorno-kje-rabotat-do-21-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelskite-objekti-od-utre-povtorno-kje-rabotat-do-21-chasot/#respond Wed, 20 Jan 2021 06:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=457266

Утре престанува да важи рестриктивната мерка за угостителите. Тие ќе може повторно да работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела. Оваа одлука Владата ја донесе вчера и со неа се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот што стапи во сила на 18 декември 2020 година. -Со одлуката се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот, соопшти владината прес-служба. Претходно за владината одлука преку своите фејсбук профили информираа и премиерот Зоран Заев, како и министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши. -На седницата ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, напиша Заев. Министерот Филипче наведе дека идната недела, откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјава, можно е дополнително олабавување на мерките. Тоа го потврди и Бектеши. -На седница на Влада усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела, откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, стои во објавите на Филипче и Бектеши. Министерот за економија и завчера, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека очекува работното време на угостителските објекти да биде продолжено до 23 часот. Сепак, како што напомена, тоа ќе зависи, пред се, од Комисијата за заразни болести. -Не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, истакна Бектеши. Скратувањето на работното време на угостителските објекти стапи во сила на 18 декември 2020-та и согласно владината одлука донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, треба да заврши утре, на 21 јануари. Целта на оваа рестриктивна мерка беше спречување на ширењето на КОВИД 19. Угостителите реагираа и, како што укажуваа тогаш, се уште се на ставот дека ниту еден угостителски објект што ги почитува протоколите, не е извор, ниту причина за ширење на корона заразата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelskite-objekti-od-utre-povtorno-kje-rabotat-do-21-chasot/feed/ 0