раце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 11:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png раце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ви се тресат рацете? Ова се можните причини за тоа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-se-tresat-ratsete-ova-se-mozhnite-prichini-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-se-tresat-ratsete-ova-se-mozhnite-prichini-za-toa/#respond Thu, 04 May 2023 11:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=830512

Тремор, или треперење на рацете означува неволно движење или „тресење“ на горните екстремитети кај еден човек. Тоа, според лекарите, може да биде симптом на различни состојби, фактори и болести, како што се анксиозност, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза... Анксиозноста е заштитна и одбранбена реакција на телото. Зголемувањето на крвниот притисок е еден од знаците, а со тоа, се зголемува нивото адреналин во телото, што предизвикува срцето да чука побрзо и мускулите да треперат, пишува „Тајмс оф Индија“ (Times Of India). И откажување од алкохол може да предизвика тресење - особено во рацете, бидејќи телото се прилагодува на отсуството на алкохолот. Ова може да биде знак на зависност и можеби значи потреба од медицинска помош. Може да се појави и меѓу шест и 10 часа по последното консумирање алкохол. Пиењето прекумерни количини алкохол ја намалува функцијата на мозокот и нивото енергија во телото. Потоа, како одговор на успивачкото дејство на алкохолот, мозокот ја зголемува нервната активност за да го одржи човечкото тело во состојба на будност. Анксиозност, хиперактивност, треперење и други симптоми на одвикнувањето може да се појават и при нагло прекинување на употребата на алкохол, бидејќи мозокот продолжува да произведува повеќе нервна активност. На крајот тресењето престанува по детоксикацијата. Сепак, долгорочното пиење алкохол може да ги оштети црниот дроб, мозокот и нервите, што може да доведе до долгорочен тремор. Есенцијален тремор е невролошко нарушување што предизвикува наизменично треперење на рацете, главата, гласот, а понекогаш и кај други делови од телото. Ова е најчеста причина за тресење на рацете, особено кај постарите лица. Есенцијалниот тремор може да се појави на која било возраст, но најчест е кај луѓе на возраст од 40 години и потоа. Луѓето со есенцијален тремор понекогаш може да развијат други невролошки знаци и симптоми, како што е нестабилно одење (атаксија). Низок шеќер во крвта, или хипогликемија може да предизвика тресење, особено кај луѓе со дијабетес кои земаат инсулин и други лекови за таа болест. Ова обично се случува кога нивото шеќер во крвта паѓа под 4 ммол (милимоли) на литар. Заедно со гладта и обилното потење, треперењето служи како почетен предупредувачки знак. Нискиот шеќер може да предизвика и онесвестување во екстремни околности. Хипертироидизам е состојба во којашто тироидната жлезда произведува премногу тироидни хормони. Меѓу знаците и тука е тресење на рацете и прстите. Паркинсонова болест е прогресивно невролошко нарушување коешто влијае на движењето воопшто. Меѓу раните симптоми на Паркинсоновата болест е тресењето, што обично почнува во едната рака, може да се прошири на другата, па на телото. Тресењето предизвикано од Паркинсоновата болест е најизразено кога рацете се поставени до телото или во скутот. Мултиплекс склероза е хронично автоимуно нарушување што влијае на централниот нервен систем. Тресењето кај оваа болест се развива кога мускулот ненамерно се стега, па се опушта, тресејќи дел од телото. Тоа може да има големо влијание врз способноста на лицето да се движи, јаде и да пие. Симптомите варираат, во зависност од висината на оштетувањето и нервите коишто се засегнати. Некои луѓе со тешка склероза може да ја изгубат способноста и да одат самостојно, додека други доживуваат долги периоди на ремисија за време на кои не се развиваат нови симптоми. Важно е да се напомни и важноста од консултација со лекар во случај на тресење на рацете или какви било други симптоми, бидејќи тоа може да помогне во рано дијагностицирање и лекување на основната причина на можна болест. Не постојат специфични тестови што се користат за откривање на причината за ненадејното тресење. Поставувањето дијагноза често е прашање на исклучување на други состојби коишто би можеле да ги предизвикаат симптомите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-se-tresat-ratsete-ova-se-mozhnite-prichini-za-toa/feed/ 0
Почнете што порано со тренингот: 12 минути од најдобрите вежби за затегнување на мускулите на рацете! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnete-shto-porano-so-treningot-12-minuti-od-najdobrite-vezhbi-za-zategnuvane-na-muskulite-na-ratsete/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnete-shto-porano-so-treningot-12-minuti-od-najdobrite-vezhbi-za-zategnuvane-na-muskulite-na-ratsete/#respond Mon, 03 Apr 2023 07:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=819334

Доколку целта ви е да ги затегнете мускулите на рацете, имаме предлог за вас. 12-минутниот сет на вежби ќе биде совршен за почеток. Ова е исто така одличен начин да се поправи неправилното држење на телото. Погледнете го планот за тренинг: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnete-shto-porano-so-treningot-12-minuti-od-najdobrite-vezhbi-za-zategnuvane-na-muskulite-na-ratsete/feed/ 0
За негувани раце и опоравена кожа: Домашно масло против кутикули https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-neguvani-race-i-oporavena-koza-domashno-maslo-protiv-kutikuli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-neguvani-race-i-oporavena-koza-domashno-maslo-protiv-kutikuli/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=784861

За повеќето луѓе, негата на рацете се сведува на нанесување крем, што во некои случаи не е доволно. Сувите и кршливи нокти, особено во зимски услови, доведуваат до појава на задебелени кутикули на ноктите, што во никој случај не е убава појава. Покрај тоа, кутикулите, кои се формираат со растот на ноктите, можат да бидат многу болни. Примарната цел на кутикулата на коренот на ноктите е да се заштити од инфекција, така што нејзиното оштетување ве става на одреден ризик. Затоа не би било лошо одвреме-навреме да ги третирате ноктите со дополнителна грижа. Маслото направено од домашни состојки, кое ја храни и негува кожата, е одлично решение. За едно такво масло ви треба: – маслиново масло, 1 лажиче – масло од чајно дрво, 6 капки – бадемово масло, 1 лажиче Сите состојки треба да ги истурите во чиста тегла и да ги измешате со дрвена лажица. Важно е теглата да е покриена, за да можете подолго да го користите маслото. За да спречите маслото да се расипе, чувајте ја теглата на суво и ладно место. Ноктите треба да се мачкаат навечер, по можност пред спиење, со нежно масирање на секој дел од ноктот. Не би било лоша идеја да користите стапче за уши за тоа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-neguvani-race-i-oporavena-koza-domashno-maslo-protiv-kutikuli/feed/ 0
Заштитете ги своите раце од студените денови, еве го најдоброто решение https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-gi-svoite-race-od-studenite-denovi-eve-go-najdobroto-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-gi-svoite-race-od-studenite-denovi-eve-go-najdobroto-reshenie/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=765433

Рацете во зимските денови се најмногу изложени на студ и ветер, па кожата повеќе од вообичаено се суши, пука, понекогаш и крвари. Еве како најдобро да ја заштитите. Хидратантен сапун Често миење на рацете со силни сапуни може дополнително да ја исуши кожата, па поради тоа решението за ладните денови е сапун со поблага формула, кој хидрира. Рацете секогаш мијте ги во млака вода, никако во топла или премногу ладна. Топлата вода ја уништува еластичноста на кожата, а ладната ја суши. Лимон Ова овошје делува како пилинг и ја омекнува кожата. Истријте ги рацете со кора од лимон или исцедете сок од лимон, па во него натопете ги рацете две до три минути. Тоа ќе ги зајакне и испуканите нокти, а кожата ќе биде понежна и почиста. Ракавици На снег и ветер, ракавиците се единствената вистинска заштита за кожата. Затоа, не излегувајте надвор без нив. Покрај тоа, и кога миете садови со силни детергенти и хемикалии, користете гумени нараквици. Рацете ќе ви бидат бескрајно благодарни. Домашен балзам Измешајте две жолчки од јајца, две лажици мед и две лажици маслиново масло, па потоа премачкајте ги рацете и држете ги 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и нанесете крем, најдобро со пантенол. Балзамот користете го два до три пати на ден, а ако го чувате во фрижидер, рокот на траење му е пет дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-gi-svoite-race-od-studenite-denovi-eve-go-najdobroto-reshenie/feed/ 0
Со која рака пишувате? Дознајте кои 3 клучни особини ги кажува тоа за вас! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-koja-raka-pishuvate-doznajte-koi-3-kluchni-osobini-gi-kazuva-toa-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-koja-raka-pishuvate-doznajte-koi-3-kluchni-osobini-gi-kazuva-toa-za-vas/#respond Mon, 12 Sep 2022 20:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=731923

Дали пишувате со лева или десна рака, за експертите е важен податок, бидејќи врз основа на тоа може да одредат три важни особини за вас. Прочитајте во продолжение за што станува збор… Кој заработува повеќе? Научници при Универзитетот Харвард во 2014 година спровеле истражување кое покажало дека раката со која пишувате создава големи разлики на финансиско поле. Луѓето што пишуваат со лева рака годишно заработуваат од 10 до 20 проценти помалку од оние кои што пишуваат со десна рака. Кој е физички поспремен? Споменатите резултати во заработката за оние кои што пишуваат со лева рака може да се исправат доколку тие се занимаваат со некој спорт, бидејќи тие се понадарени за тоа. Леваците се особено талентирани за тенис, бокс и бејзбол. Интересно е тоа што Рафаел Надал пишува со десна рака, но неговиот тренер и роднина Тони Надал од мал го научил да игра со лева рака, бидејќи знаел дека ова е исклучително важно за овој спорт. Кој е поимпулсивен? Личностите кои пишуваат со десна, односно лева рака, се разликуваат и на полето на самокритиката. Првата група многу помалку размислува за грешките и многу повеќе е импулсивна. Другата група на луѓе е многу самокритична и секогаш ги преиспитува своите постапки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-koja-raka-pishuvate-doznajte-koi-3-kluchni-osobini-gi-kazuva-toa-za-vas/feed/ 0
Ставете ги рацете во оваа положба и гледајте како се случува ЧУДО: Лесно е да се изведе, а еве што се случува во ТЕЛОТО https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-gi-racete-vo-ovaa-polozba-i-gledajte-kako-se-sluchuva-chudo-lesno-e-da-se-izvede-a-eve-shto-se-sluchuva-vo-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-gi-racete-vo-ovaa-polozba-i-gledajte-kako-se-sluchuva-chudo-lesno-e-da-se-izvede-a-eve-shto-se-sluchuva-vo-teloto/#respond Fri, 13 May 2022 15:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=676359

Како да ја намалите нервозата и стресот – постојат мудри пози кои можат да помогнат да се врати мирот, еве како се изведува една од нив. „Мудрите“ се позициите кои се создаваат со рацете или прстите, а се користи правилниот проток на витална енергија низ телото, воспоставувањето внатрешна рамнотежа и здравје. Постојат неколку видови мудри, а една од нив е дхианамудра, позиција која води до длабока концентрација и помага да се воспостави внатрешен мир. Оваа мудра го враќа умот во рамнотежа и ви помага да се ослободите од непотребните мисли, претставува гест на апсолутна рамнотежа. Лицата кои ја користат оваа мудра за време на медитација се ослободени од влијанието на надворешниот свет. Десната рака симболизира мудрост и свесност, додека левата ја симболизира илузијата на постоењето. Еве некои други придобивки од дхианамудра: – Ја развива свеста, – Ја стимулира енергијата, – Го ублажува стресот, – Ја подобрува концентрацијата и меморијата, – Ја стимулира свеста, – Помага во ублажување на емоционалната траума, – Носи чувство на оптимизам, – Го ублажува гневот и лошото расположение, – Ја балансира женската и машката енергија. Кога сте под стрес, напнати, уморни или исполнети со гнев, можете да ја практикувате оваа мудра за да се опуштите и да најдете рамнотежа. Се практикува и како влез во состојба на медитација, а нејзините придобивки можете да ги искористите на секое место и во секој момент. Еве како се изведува: Заземете удобна положба за седење, важно е грбот да ви е исправен. Ставете ја десната рака на левата страна така што дланките се свртени нагоре. Спојте ги врвовите на палците. Држете ја формираната мудра онолку долго колку што сакате, а за дополнителна смиреност можете да ги затворите очите и да вежбате вежби за дишење за да се опуштите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-gi-racete-vo-ovaa-polozba-i-gledajte-kako-se-sluchuva-chudo-lesno-e-da-se-izvede-a-eve-shto-se-sluchuva-vo-teloto/feed/ 0
ИЗВАЈАЈТЕ ГО ТЕЛОТО СО ПОМОШ НА ТРЕНИНГОТ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН: 10 минути дневно за совршено обликувани раце! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izvajajte-go-teloto-so-pomosh-na-treningot-na-dzenifer-aniston-10-minuti-dnevno-za-sovrsheno-oblikuvani-race/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izvajajte-go-teloto-so-pomosh-na-treningot-na-dzenifer-aniston-10-minuti-dnevno-za-sovrsheno-oblikuvani-race/#respond Mon, 09 May 2022 15:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=674107

Тајната е во специјалниот тренинг на рацете, кој трае само десет минути. Тренингот на Џенифер Анистон често е мешавина од јога, аеробик и напорни кардио тренинзи, а покрај тоа, нејзин сојузник е здравата исхрана, која ѝ е исклучително важна на актерката. Меѓутоа, кога станува збор за мускулите на рацете, Џенифер може да му се заблагодари на својот инструктор, која ги создала совршените движења на јога, кои ги направиле нејзините мускули вретеновидни. Најдобро од се, тренинзите на Џенифер Анистон не бараат дополнителна опрема, па може да се прават во удобноста на домот. Треба да одвоите само 10 минути дневно и за еден месец ќе забележите дека вашите раце се тенки, женствени и совршено обликувани. Во видеото за магазинот „People“, Менди Ингбер, инструкторката на Џенифер Анистон, го прикажа целиот тренинг кој ќе ги зајакне мускулите на вашите раце и ќе направи да исчезнат вишокот масни наслаги, а кожата брзо да затегне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izvajajte-go-teloto-so-pomosh-na-treningot-na-dzenifer-aniston-10-minuti-dnevno-za-sovrsheno-oblikuvani-race/feed/ 0
Се мачка навечер – а до сабајлето рацете се препородени: Домашен третман за кутикули https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/se-machka-navecher-a-do-sabajleto-racete-se-preporodeni-domashen-tretman-za-kutikuli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/se-machka-navecher-a-do-sabajleto-racete-se-preporodeni-domashen-tretman-za-kutikuli/#respond Sat, 26 Mar 2022 12:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=653735

Убавите и негувани раце често се првото нешто што го забележуваме кога разговараме со некого, а ќе признаете, првиот впечаток е многу важен. За да ви бидат негувани рацете, не значи дека треба да имате лакирани нокти, важно е да се уредни, чисти и со негувана кожа. Таму настанува проблемот. Обичните креми за раце честопати не се доволни бидејќи кожата е постојано изложена на хемикалии – детергент за миење садови, течни сапуни, средства за дезинфекција, потоа ветер, студ… Како резултат на тоа, кожата на рацете често е сува, испукана и се појавуваат кутикули. Може да настанат и поради недостаток на одредени витамини или како последица на лоши навики (гризење нокти). Знаете дека треба да ги негувате рацете, но прашањето е како? Почестете ги со третман како во салон. Направете го тоа навечер, пред спиење. Претходно потопете ги рацете во топла вода. По неколку минути исечете ги и обликувајте ги ноктите, а потоа со дрвен стап турнете ги кутикулите кон коренот на ноктот. Не ги сечете со ножици, кутикулите имаат заштитна улога бидејќи спречуваат навлегување на нечистотии и бактерии во коренот на ноктите. наместо сечење, се препорачува само грижа. Еве како да направите маска: – 1 лажица кокосово масло – 1 лажица рицинусово масло – 1 лажица крем за раце Малку загрејте ги маслата за да бидат пријатни температури, а не врели, па додајте крем за раце и сè убаво соединете. Во оваа смеса потопете брисеви или памучни марамчиња, а потоа завиткајте го секој прст, распоредете ги на рацете и врз него ставете газа или памучни ракавици и оставете го преку ноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/se-machka-navecher-a-do-sabajleto-racete-se-preporodeni-domashen-tretman-za-kutikuli/feed/ 0
НАЈДОБРИТЕ ВЕЖБИ ЗА РАЦЕ И ГРБ: За еден месец ќе имате цврсти и обликувани мускули, а болките ќе исчезнат! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/najdobrite-vezbi-za-race-i-grb-za-eden-mesec-kje-imate-cvrsti-i-oblikuvani-muskuli-a-bolkite-kje-ischeznat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/najdobrite-vezbi-za-race-i-grb-za-eden-mesec-kje-imate-cvrsti-i-oblikuvani-muskuli-a-bolkite-kje-ischeznat/#respond Wed, 09 Mar 2022 08:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=643767

Овие вежби не само што ќе ви помогнат да ги затегнете мускулите на рацете и грбот, тие ќе го подобрат држењето на телото, но и ќе ја намалат болката во грбот, од која страдаат сè поголем број луѓе. Тренингот трае само 15 минути, а за најдобри резултати се препорачува да се изведува 3 пати неделно, во комбинација со други вежби. За изведување ќе ви требаат две тегови или две шишиња полни со вода. Вежбите се дизајнирани да го таргетираат секој мускул на грбот и раката. По само еден месец, треба да ги забележите првите резултати. Со упорност, за кратко време ќе имате грб и држење како балерина. Како изгледа тренингот погледнете во видеото: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/najdobrite-vezbi-za-race-i-grb-za-eden-mesec-kje-imate-cvrsti-i-oblikuvani-muskuli-a-bolkite-kje-ischeznat/feed/ 0
За овие студени денови: Заштитете ги своите раце, еве го најдоброто решение https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-ovie-studeni-denovi-zashtitete-gi-svoite-race-eve-go-najdobroto-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-ovie-studeni-denovi-zashtitete-gi-svoite-race-eve-go-najdobroto-reshenie/#respond Thu, 03 Feb 2022 11:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=626430

Рацете во зимските денови се најмногу изложени на студ и ветер, па кожата повеќе од вообичаено се суши, пука, понекогаш и крвари. Еве како најдобро да ја заштитите. Хидратантен сапун Често миење на рацете со силни сапуни може дополнително да ја исуши кожата, па поради тоа решението за ладните денови е сапун со поблага формула, кој хидрира. Рацете секогаш мијте ги во млака вода, никако во топла или премногу ладна. Топлата вода ја уништува еластичноста на кожата, а ладната ја суши. Лимон Ова овошје делува како пилинг и ја омекнува кожата. Истријте ги рацете со кора од лимон или исцедете сок од лимон, па во него натопете ги рацете две до три минути. Тоа ќе ги зајакне и испуканите нокти, а кожата ќе биде понежна и почиста. Ракавици На снег и ветер, ракавиците се единствената вистинска заштита за кожата. Затоа, не излегувајте надвор без нив. Покрај тоа, и кога миете садови со силни детергенти и хемикалии, користете гумени нараквици. Рацете ќе ви бидат бескрајно благодарни. Домашен балзам Измешајте две жолчки од јајца, две лажици мед и две лажици маслиново масло, па потоа премачкајте ги рацете и држете ги 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и нанесете крем, најдобро со пантенол. Балзамот користете го два до три пати на ден, а ако го чувате во фрижидер, рокот на траење му е пет дена.]]>

Рацете во зимските денови се најмногу изложени на студ и ветер, па кожата повеќе од вообичаено се суши, пука, понекогаш и крвари. Еве како најдобро да ја заштитите. Хидратантен сапун Често миење на рацете со силни сапуни може дополнително да ја исуши кожата, па поради тоа решението за ладните денови е сапун со поблага формула, кој хидрира. Рацете секогаш мијте ги во млака вода, никако во топла или премногу ладна. Топлата вода ја уништува еластичноста на кожата, а ладната ја суши. Лимон Ова овошје делува како пилинг и ја омекнува кожата. Истријте ги рацете со кора од лимон или исцедете сок од лимон, па во него натопете ги рацете две до три минути. Тоа ќе ги зајакне и испуканите нокти, а кожата ќе биде понежна и почиста. Ракавици На снег и ветер, ракавиците се единствената вистинска заштита за кожата. Затоа, не излегувајте надвор без нив. Покрај тоа, и кога миете садови со силни детергенти и хемикалии, користете гумени нараквици. Рацете ќе ви бидат бескрајно благодарни. Домашен балзам Измешајте две жолчки од јајца, две лажици мед и две лажици маслиново масло, па потоа премачкајте ги рацете и држете ги 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и нанесете крем, најдобро со пантенол. Балзамот користете го два до три пати на ден, а ако го чувате во фрижидер, рокот на траење му е пет дена.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-ovie-studeni-denovi-zashtitete-gi-svoite-race-eve-go-najdobroto-reshenie/feed/ 0