рација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 15:40:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиската и германската полиција извршија рација во канцелариите на ЕПП во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=820160

Во канцелариите на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел денеска белгиската полиција и германски истражители извршија рација во врска со истрага во германската сојузна покраина Тирингија. ЕПП, партијата со најмногу претставници во Европскиот парламент, во соопштение кажа дека претставниците на власта од Белгија и Германија денеска ги посетиле нејзините канцеларии како дел од истрагата поврзана со германската покраина Тирингија, но не прецизираше за каков тип истрага станува збор, пренесуваат британските медиуми. „Партијата соработува целосно транспарентно со властите, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во соопштението на ЕПП. Оттаму наведоа дека не се во можност да дадат повеќе информации бидејќи истрагата е во тек. Британските медиуми наведуваат дека членки на ЕПП се партии од земјите низ цела ЕУ, како и европските земји надвор од Унијата, па така во неа членуваат партии од Норвешка, Швајцарија, Австрија и земјите од Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/feed/ 0
Во Грузија извршена рација во лажни „кол центри“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/#respond Wed, 09 Nov 2022 14:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=758041

Грузиските обвинители денеска објавија дека извршиле рација во центри за повици (кол центри), како дел од големата меѓународна истрага против криминална банда, која измамила милиони евра граѓани на Европска Унија. -Операцијата со големи размери покажа дека покренати се истраги во исто време во земјите кои не се членки на ЕУ, Албанија, Грузија и Северна Македонија, изјавија обвинителите на прес-конференција на која присуствуваа и претставници на Германија, клучен играч во истрагата. Во соопштението на Грузиското обвинителство се наведува дека транснационалната банда „поставила центри за повици во Грузија и други земји кои ги измамиле државјаните на ЕУ за милиони евра“. Лажните трговци им пристапувале на жртвите по телефон, ветувајќи високи повратни средства од инвестициите во криптовалути, стоки и странски валути. Парите добиени од измамените граѓани биле упалјќани на банкарски сметки на стотици фиктивни компании. Во соопштението, во кое не е наведено кога биле извршени рациите, се посочува дека истрага е покрената во  седум земји, меѓу кои  Грузија и Германија, а била координирана од Агенцијата на ЕУ за судска соработка  (Eurojust). Во Грузија, операцијата беше спроведена заедно со германските агенции за спроведување на законот на десетици локации, при што бил извршен претрес во пет центри за повици и кај десетици лица, при што се запленети стотици електронски уреди, документи и големи суми пари, а уапсено е едно лице.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/feed/ 0
Големи рации во Германија, „испрани“ околу 140 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/#respond Wed, 06 Oct 2021 11:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=573977

Германската полиција спроведе денеска големи рации во 25 градови во врска со сомнителна мрежа за перење пари, за која се тврди дека „перела“ милиони незаконски стекнати профити во странство. Полицијата во Диселдорф соопшти дека повеќе од 1.000 полицајци учествувале во рациите, кои започнаа во раните утрински часови, извршени во сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Бремен. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и 39-годишен Сириец обвинет за членство во сириската екстремистичка група Нусра фронт, соопшти полицијата. Рациите се дел од истрагата за таканаречената мрежа „хавала“ широко користена во муслиманските земји, во која поединци, а не банки, дејствуваат како посредници при трансфер на пари. Полицијата од Диселдорф соопшти дека парите, кои се „перат“ од 2016 година, доаѓаат од широк спектар на извори, вклучувајќи криминални активности како што се грабежи и изнуда. „Според првичните проценки, обемот на трансакции во истражниот период изнесувал околу 140 милиони евра“, се наведува во соопштението на полицијата. Германскиот јавен радиодифузер WDR објави дека „испраните“ пари вклучуваат средства од трговија со дрога и дека барем дел од тие пари се испратени во Турција и Сирија, каде што можеби се искористени за финансирање милитантни групи. Полицијата заплени луксузни автомобили, злато, накит и скапи часовници во вредност од над два милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/feed/ 0
Рација во 50 куќи во Германија за детска порнографија преку Интернет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-50-kukji-vo-germanija-za-detska-pornografija-preku-internet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-50-kukji-vo-germanija-za-detska-pornografija-preku-internet/#respond Wed, 02 Sep 2020 14:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=398355

Илјадници полицајци во Германија извршија претрес во домовите на 50 лица како дел од националната акција против споделување и дистрибуција на детска порнографија преку Интернет, соопшти денеска полицијата во Келн. Ниту еден од 48 мажи и две жени осомничени за вмешаност не се уапсени при вчерашниот претрес, но истражителите заплениле околу 2.000 телефони, компјутери и други уреди со складирани фотографии, соопшти полицијата. Осомничените се обвинети за споделување фотографии од сексуално злоставување на деца преку социјалните мрежи, изјави Мајкл Есер, директор на одделот за кривична истрага во полицијата во Келн. Според моменталната состојба на истрагата, никој од нив не е осомничен за директна злоупотреба на деца. Рациите беа организирани во 12 земји со фокус на Баварија. Истрагата е започната во октомври 2019 година и идентификувани се 207 осомничени. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-50-kukji-vo-germanija-za-detska-pornografija-preku-internet/feed/ 0
Рација во Охрид: Запленети возила, глисери, мотори и скутери поврзани со случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/#respond Sun, 21 Jul 2019 09:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=220657

По барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција во Охрид запленети се подвижни предмети поврзани со случајот „Рекет“ за кој се притворени Бојан Јовановски-Боки13 и Зоран Милевски-Кичец, јави порталот OhridSky. Порталот пишува дека по добиен налог од Судија на претходна постапка , МВРО во Охрид одземало, луксузни џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра,мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект – глисер „Бомбардер“. Според редакцијата Ohridsky сите биле во сопственост на Зоран Милевски-Кичеец и на неговите фиирми. Според проценките, вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 евра. Порталот дознава дека Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција најверојатно ќе бара замрзнување и оддземање на поголем движен имот на Зоран Милевски -Кичеец на атрактивни локации во Охрид, а се проценува на над два милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/feed/ 0
Рација во Германија, на мета осомничени екстремисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-germanija-na-meta-osomnicheni-ekstremisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-germanija-na-meta-osomnicheni-ekstremisti/#respond Thu, 21 Feb 2019 09:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=166355

Во централните и западните делови на Германија полицијата изврши претрес во16 куќи на осомничени исламски екстремисти. Обвинителката на Франкфурт, Надја Нисен изјави дека властите дејствуваат врз основа на сомневање дека екстремистите планирале напад. Таа рече дека не може да соопшти детали бидејќи рацијата се уште трае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-germanija-na-meta-osomnicheni-ekstremisti/feed/ 0
Германската полиција спровела рација во џамија во Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-policija-sprovela-racija-vo-dzamija-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-policija-sprovela-racija-vo-dzamija-vo-berlin/#respond Tue, 18 Dec 2018 10:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=141724

Германската полиција денеска спроведе рација во џамија во Берлин, затоа што имамот на џамијата е осомничен за префрлување пари на исламски борци во Сирија со цел „извршување терористички напади“. Полицијата ја пребарала џамијата Ел Сахаб во северниот дел на Берлин, Вединг, каде проповедал Ахмад А. (45), познат како Абул Бара, соопшти канцеларијата на локалното обвинителство. Други детали не се соопштени, а нема ниту реакција од официјални претставници на џамијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-policija-sprovela-racija-vo-dzamija-vo-berlin/feed/ 0
Германија: Рации во Порше поради скандалот со дизел емисии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-racii-vo-porshe-poradi-skandalot-so-dizel-emisii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-racii-vo-porshe-poradi-skandalot-so-dizel-emisii/#respond Wed, 18 Apr 2018 10:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=42385

Обвинители извршија рации на 10 локации во јужна Германија во истрагата насочена против актуелни и поранешни менаџери во автомобилската компанија „Порше", дел од групацијата Фолксваген, поради скандалот на компанијата со емисијата на издувни гасови од дизел моторите. Обвинителите во Штутгарт соопштија дека рациите во Баден-Виртемберг и Баварија се дел од истрагата за сомневањата за измама и лажно рекламирање. Тие велат дека истрагата се однесува на член на одборот на Порше, друг член на нејзиното раководство и трето лице кое повеќе не е вработено во Порше. Обвинителите на други места во Германија истражуваат наводни прекршоци кај Фолксваген и Ауди, друга од единиците на германскиот производител на автомобили, во случаите поврзани со скандалот околу манипулацијата со податоци од дизел-емисиите што се случи во 2015 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-racii-vo-porshe-poradi-skandalot-so-dizel-emisii/feed/ 0