Рацинови средби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jun 2022 12:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рацинови средби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Кавадарци изложба „50 години Рацинови средби“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kavadarci-izlozba-50-godini-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kavadarci-izlozba-50-godini-racinovi-sredbi/#respond Fri, 17 Jun 2022 12:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=692156

Во Музеј галерија Кавадарци денеска беше отворена изложбата „50 години Рацинови средби“. Беше кажано дека настанот е плод на соработка со Народен музеј Велес, со цел заштита на културното наследство. Директорот на кавадаречкиот музеј Томе Крстевски појасни дека на изложбата се поставени 23 паноа, преку кои е претставена целокупната активност на манифестацијата посветена на поетот Кочо Рацин. За концептот на изложбата говореше кураторот, кустос историчар на уметноста, Билјана Галабова. Таа потсети дека творештвото на Рацин опфаќа поезија, проза, историски и филозофски списи, литературна критика. Пред присутните се обрати и директорот на музејот во Велес Марин Клифов, осврнувајќи се на долгогодишната манифестација во чест на Рацин. Стихови од поетот, изрецитира новинарката Мирјана Мукаетова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kavadarci-izlozba-50-godini-racinovi-sredbi/feed/ 0
Завршија 59. Рацинови средби во Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshija-59-racinovi-sredbi-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshija-59-racinovi-sredbi-vo-veles/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=691677

На сцената во амфитетарот на Младинскиот парк во вчера Велес се одржа Поетстки митинг со 15-тина учесници од земјава и Балканските земји ,а сосема за крај и спектакуларен концерт на групата „Некст Тајм“ кој го проследија голем број на велешани со што заврши програмата и беа затворени годинашните 59 Рацинови средби. Во рамки на вчерашната свеченоста се одржа и Поетско-драмски перформанс, а беа доделени и благодарници. На програмата членови на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености „Сите сме исти“ ги претставија своите пишани творби поезија и проза. Беа промовирани и дела од велешки автори и „Вина иснпирирани од делата на Рацин“. Воедно традиционално беше посетена и Спомен куќата на Рацин каде имаше читање на поезија и музичко-сценска програма,а се одржа и дебата на тема „Македонскиот јазик и култура-предизвици и перспективи“, со еминентни професори и експерти за македонскиот литературен јазик од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков’ од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshija-59-racinovi-sredbi-vo-veles/feed/ 0
Во Велес отворени 59-те Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-otvoreni-59-te-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-otvoreni-59-te-racinovi-sredbi/#respond Wed, 15 Jun 2022 11:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=691194

Во својата дебата за Рацин проф. д-р Михајло Марковиќ на синоќешното отворање на 59-те Рацинови средба во Велес, пред присутните презентираше документ од Кочо Рацин во кој тој одговора на прашањето „дали ние сме Македонци или македонски Бугари“. – Јасно е дека ние сме Македонци, а не македонски Бугари. Јасно е дека против тоа се борат свесно и бугарските и странските империјалисти и дека несвесно им служат оние наши другари што ни го одрекуваат правото да се сметаме за национално Македонци, пишува Рацин. Како што потенцира Марковиќ на крајот од дебатата, во суштина гледаме дека Рацин е „наша светлина во темниот тунел“. – Во суштина секогаш на македонскиот народ Бог му праќа човек како Рацин, којшто ќе може да ни ги отвори патиштата. Ќе може да ни даде надеж, она за што тој цело време се залага. Надеж која ќе не однесе напред кон следната борба за нашата самобитност, самостојност и македонштина. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа завет и водилка за Македонците и мора да останат завет за секој Македонец. Рацин порача Кажете и на мајка ми нека не жали дека сепак ние ќе победиме. И јас како Рацин ви велам сепак ние ќе победиме, порача на крајот од „Беседата за Рацин“, проф. Марковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-otvoreni-59-te-racinovi-sredbi/feed/ 0
Отворање на 59. Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-59-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-59-racinovi-sredbi/#respond Tue, 14 Jun 2022 08:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=690581

Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување за 2022 година му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс, информира Општина Велес. Општината во соопштението наведува дека „Хотел меѓу две војни“ е роман чиј наратив не може да се ограничи само на една жанровска определба и дека може да се толкува под терминот експериментален хибрид од љубовен, псевдоисториски и фантастичен роман во кој главните протагонисти се најпрепознатливите балкански Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте, во главниот дел од приказната и Елени Каринте и Никифор Гермијан, во паралелниот дел од споредната приказна. „Рациновото признание“ на авторот Русјаков ќе му биде врачено вечер во 21 часот на официјалното отворање на 59. Рацинови средби во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес. Ќе биде врачено и „Почесното Рациново признание“ за 2022 кое годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Тој е автор и коавтор на значајни монографии, статии и студии објавувани во престижни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика 1986“, „Со македонски во светот 2005“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник, изговор и граматика 2008“. На програмата на 59. Рацинови средби денеска од 11 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е симпозиумот „Беседи за Рацин“ и „Јазикот кај авторите од Велес и Велешко“ во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје. Во 18 часот во Спомен-костурницата од НОВ, каде меѓу борците почива и Рацин, ќе се одржи поетски перформанс во чест на Рацин „Замињата на слободата“, а потоа ќе биде положено цвеќе и оддадена почит на Коста Солев Рацин. Во 19 часот пред споменикот на Рацин во центарот на Велес ќе се читаат „Стихови што вечно траат“ и ќе биде положено цвеќе и оддадена почит на големиот поет и револуционер во чија чест секоја година во неговиот роден град Велес се одржуваат Рациновите средби. Пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на гимназијата, која со гордост го носи неговото име, во 20 часот вечер ќе се одржи и беседа за современото значење на Рацин – „Рацин-денес и утре“, а ќе биде пложено цвеќе и оддадена почит. Свеченото отварање на централната манифестација на 59. Рацинови средби е вечер во 21 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со „Беседа за Рацин“ и доделување на „Рациновото признание“ и „Почесното Рациново признание“ за 2022 година и претставување на книжевните портрети на добитниците. Воедно ќе има и сценски перформанс од животот на Рацин и на крајот музичка програма со Орхидеја Дуковска – вокал и Благој Ламјов – кларинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-59-racinovi-sredbi/feed/ 0
Во Велес утре започнувааат „58. Рацинови средби“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-utre-zapochnuvaaat-58-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-utre-zapochnuvaaat-58-racinovi-sredbi/#respond Thu, 10 Jun 2021 10:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=521449

Во Велес градот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин утре претпладне во 10 часот со Меѓународната научна конференција „Синтези:Рацин и Конески“, започнува програмата на годинашната манифестација „58. Рацинови средби“ која секоја година се одржува во негова чест. Во тие рамки ќе бидат промовирани научни дела испечатени во периодот меѓу две конференции, а организатори се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик при Владата на РС Македонија и Општина Велес. Попладнето ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес, а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен костурницата од НОВ, каде меѓу останатите борци се и наоќаат и посмртните останки на Коста Солев Рацин. Свеченото отворање на Рациновите средби е утревечер во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ каде Беседа за Рацин ќе одржи проф д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг. Вечерта ќе биде заокружена со Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Програмата продолжува во сабота со традционална посета на Спомен куќата на Рацин, каде ќе биде промовирана збирка поезија на млади македонски поети. Свеченото затворање на „52. Рацинови средби“ е во сабота вечер кога ќе бидат претставени портретите на годинашниот добитник наПочесното Рациново признание за 2021 Ала Генадјевна Шешкин и на Рациновото признание за 2021 Милован Стефановски и ќе бидат врачени наградите. Програмата на годинашните “58. Рацинови средби’ ќе заврши во недела на 13 јуни со традиционалната посета на местото на погобјето на Рацин во Лопушник кичевско, а во таа чест ќе се одржи и Марш за Рацин. Организатор на Рациновите средби е Општина Велес под покровителство и со поддршка на Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-utre-zapochnuvaaat-58-racinovi-sredbi/feed/ 0
Во Велес денеска почнуваат 57-те Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-deneska-pochnuvaat-57-te-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-deneska-pochnuvaat-57-te-racinovi-sredbi/#respond Fri, 25 Sep 2020 07:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=408265

Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржи програмата на 57-те Рацинови средби, која првпат почнува со Меѓународна конференција претпладнево во 10 часот. Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е посветена на „Седумдесет и пет години современ македонски јазик, азбука и правопис“. Програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски во издание на „Полица“. На втората сесија ќе се говори за „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски“. Потоа ќе се одржи промоција на зборниците од меѓународните научни конференции одржани во рамките на Рациновите средби,а ќе ги промовира професорот Људмил Спасов. Организатори на овие настани се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес како организатор на Рациновите средби. Традиционалното положување цвеќе на спомениците на Рацин е поместено за денеска попладне во 17 часот, а ќе се одржи и Поетски перформанс со настап на членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.. Во тие рамки ќе се изврши и традиционалното засадување на садници во „Шумата на Рацин“ кај Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците од 1979 година почива и Коста Солев Рацин. Свеченото отворање на 57-те Рацинови средби е закажано за вечер во 18:30 во Амфитеатарот на Младинскиот парк, каде традиционалната Беседа за Рацин годинава ќе ја одржи професорот Васил Тоциновски, а потоа и Меѓународниот поетски митинг. Програмата за првиот ден ќе биде заокружена со концерт на групата „Синтезис“ на сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, а организаторите најавуваат дека строго ќе ги почитуваат сите протоколи за заштита од Ковид-19]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-deneska-pochnuvaat-57-te-racinovi-sredbi/feed/ 0
Во Велес почнуваат 55. Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-55-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-55-racinovi-sredbi/#respond Thu, 14 Jun 2018 05:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=65625

Во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер свечено ќе бидат отворени 55. Рацинови средби. На отворањето на манифестацијата ќе има меѓународен поетски митинг, обраќање на градоначалникот Аце Коцевски, настап на Камерниот црковен хор „Св. Пантелејмон“ и концерт на Влатко Стефановски. Беседа за Рацин ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Пред официјалното отворање, попладне ќе биде положено цвеќе на Спомен-костурницата, ќе биде оддадена почит пред споменикот на поетот Кочо Рацин на плоштадот во Велес, ќе биде промовирана поштенска марка со ликот на Рацин и ќе има изложба со портрети од поетот на сликарот Ангел Петров. Манифестацијата ќе заврши утре кога ќе опфати уште неколку настани - меѓународна конференција на тема „Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик - Рацин и македонскиот јазик“ во организација на Советот на македонскиот јазик. Учесниците утре ќе ја посетат Спомен-куќата на Рацин каде што ќе биде промовирана книгата „Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Средбите ќе завршат утревечер во Велешкиот театар со врачување на наградите на годинашните добитници: Игор Станојоски доби Рациново признание за романот „Диссомнии“, Почесно Рациново признание добија авторките на Хрватско-македонскиот речник - Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев-Оливер од Хрватска, а наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ќе ја добие Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“. Годинава се одбележуваат три годишнини - 110 години од раѓањето на Кочо Рацин, 75 години од неговата трагична смрт и 55 години од манифестацијата „Рацинови средби“. Манифестацијата почна вчера со посета на Спомен-обележјето на Лопушник каде што Рацин загинал во 1943 година. Претседателот на Организацискиот одбор и градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес-конференција по повод новото фестивалско издание рече дека целта им е да ги вратат „Рациновите средби“ на пиедесталот и да бидат еднакво важна манифестација како Струшките вечери на поезијата и Охридско лето. Според него, во изминатите неколку години оваа манифестација го немала заслуженото место]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-55-racinovi-sredbi/feed/ 0