Раде Трајковски Штекли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 12:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Раде Трајковски Штекли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раде Трајковски Штекли со фотографија од болница испрати порака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rade-trajkovski-shtekli-so-fotografija-od-bolnitsa-isprati-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rade-trajkovski-shtekli-so-fotografija-od-bolnitsa-isprati-poraka/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=894907

По социјалните мрежи кружи фотографија од повредениот Раде Трајковски - Штекли на која и покрај видливите преврски во пределот на градниот кош и здобиените повреди тој позира насмеан. Фотографијата е направена во болничкиот кревет каде Штекли заврши по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација. Една недела по пукањето во трговскиот центар Ист гејт во кое освен Раде повреден беше и неговиот пријател викан Колумбо, вчера во близина на Сарај е најдено запалено возило. Се уште нема официјална потврда дали истото е поврзано со обидот за ликвидација на Штекли и лицето кое го придружуваше. Неофицијалните информации се дека пукачот го напуштил местото каде пукаше со автомобил марка „ауди“, а дали запаленото возило е иста марка – не е познато. Од Обвинителството и МВР засега без детали. Полицијата посочува дека истрагата ја води скопското Обвинителство, па упатуваат таму да се бараат сите информации. Од Обвинителството – никакви новини. Досега, по сите ликвидации, возилата со кои лицата се превезуваа беа запалени. Таков беше примерот и со лицата кои пукаа во „Шиша бар“, чие возило беше пронајдено запалено во Бутел. Возилото со кое пукачот од минатата недела го напушти трговскиот, инаку било без регистарски ознаки, а делумно му се знае и траекторијата на движење. Штекли кој заедно со негов помлад соработник во вторникот беа тешко ранети во пукање што се случи среде бел ден во трговскиот центар „Ист гејт“ е маркирана и осудена жртва од шефовите на криминалните кланови, анализираше за „Фокус“ поранешниот помошник директор за криминалистички работи во БЈБ при МВР, Љубомир Ѓурчески. Тој е убеден дека ќе има нов напад врз него до целосна ликвидација. –Кога станува збор за пресметките во организираните криминални кругови, а особено кога постојат индиции дека станува збор за нарачано убиство тогаш извршителите применуваат разно-разни средства за нивно прикривање. Но, факт е дека извршителите односно најмените ликвидатори во основа се дрски, насилни и не респектираат никакви законски прописи кои владеат во некоја држава. Исто така, не бираат место каде ќе го остварат делото во смисла на фреквенција на луѓе и можноста од недолжни жртви. За нив е битно да се оствари зададената цел. Таков е и односот на овој сторител. Сега провејуваат сознанија дека идентитетот на извршителот е утврден што се уште не е потврдено од полицијата и јавното обвинителство, објаснува Ѓурчески. ВТОР ОБИД ЗА ЛИКВИДАЦИЈА Штекли успева да спаси глава по втор пат, и тоа откако на истото место, во трговскиот центар Ист Гејт, беше пукано во него и во август. Тогаш помина без повреди благодарение на блиндираното возило и тоа што нападот се случи во гаражите на објектот. Вториот пат немаше толку среќа и пораката од македонското подземје ја прими во форма на два куршуми, кои не беа фатални. Инаку, заканата за неговата ликвидација е најавена и јавно на социјалната мрежа ТикТок, каде беше објавена негова фотографија со заканувачка порака.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rade-trajkovski-shtekli-so-fotografija-od-bolnitsa-isprati-poraka/feed/ 0
Најдено запалено возило во Сарај кое води до пукачот на Штекли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=894487

Запалено возило вчера било најдено во скопски Сарај, а се уште се чека официјална потврда од надлежните институции дали со запаленото возило се превезувало лицето кое минатата недела пукаше и тешко ги рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“. Од Министерството за внатрешни работи засега нема потврда и за сите информации поврзани со истрагата за пукањето, упатуваат на Јавното обвинителство. Според информациите на Фокус, пукачот на Штекли се превезувал со „ауди“, а претходно на социјалната мрежа „Тик-Ток“ беше објавена фотографија од автомобилот. Освен фотографија, на социјалната мрежа, каде осамнуваат и нови закани против Штекли, има и информации дека полицијата го знае лицето што го превезувало пукачот на Штекли, но не го открива поради неговата поврзаност до Шеваљ Муареми од групата „Грчец“, кого пак, според она што се објавува го штитат високи полициски структури. Запаленото возило е најдено по овие објави на „Тик-Ток“. Штекли по втор пат беше пукан во „Ист гејт“, но вториот пат заврши со тешки повреди. Иако Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека имаат осомничен за пукањето, засега нема уапсен. Од Јавното обвинителство пак се чекаат официјални информации поврзани со запаленото возило во Сарај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-zapaleno-vozilo-vo-saraj-koe-vodi-do-pukachot-na-shtekli/feed/ 0
Професор Николовски открива кои се начините за идентификација на напаѓачот од Ист Гејт, големите слушалки се особено важни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-nikolovski-otkriva-koi-se-nachinite-za-identifikatsija-na-napagachot-od-ist-gejt-golemite-slushalki-se-osobeno-vazhni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-nikolovski-otkriva-koi-se-nachinite-za-identifikatsija-na-napagachot-od-ist-gejt-golemite-slushalki-se-osobeno-vazhni/#respond Thu, 26 Oct 2023 18:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=893536

Професорот на Факултет за безбедност и поранешен началник во МВР, Марјан Николовски во „Тема на денот“ на МРТ  направи криминалистичка анализа на вооружениот напад во трговиот центар „Ист Гејт“. Николовски вели дека многу фактори укажуваат дека се работи за добро подготвен акт. -Се работи за добро организирана криминална група и неколку фактори укажуваат на тоа. Напаѓачот не е сам, има логистика, луѓе кои го следеле. Самиот начин на извршување на делото, со пукање во грб, е карактеристика на мафијашкиот тип на криминални групи. Она што особено е интересно за овој случај е заштитата од идентификација. Тој носи качкет, медиумите објавува дека носи маска на лицето, но особено интересни се големите слушалки на извршителот. Во форензичката наука има неколку методи на идентификација на личности, би ги споменал папиларните линии, ДНК анализа, препознавање по лик и препознавање по ушната школка. Во овој случај гледаме дека најголемиот дел од начините на препознавање не се познати, што укажува на тоа дека се работи за добро подготвен акт или професионално убиство, објаснува професорот. Според последните информации во Македонија има околу 180.000 парчиња легално оружје и најмалку двојно повеќе нелегално. Николовски смета дека оваа бројка треба да загрижува. -Една од основните закани за државата е големата количина за нелегално оружје, тоа нелегално оружје се влече со децении. Мислам дека се уште имаме голема количина на нелегално оружје. Ако се направи анализа на извршените убиства со огнено оружје, ќе се види дека најголемиот процент е извршено со оружје набавено на црниот пазар, посочува професорот во гостувањето во дневникот на МРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-nikolovski-otkriva-koi-se-nachinite-za-identifikatsija-na-napagachot-od-ist-gejt-golemite-slushalki-se-osobeno-vazhni/feed/ 0
СЕ ПОЈАВИ НОВО ВИДЕО, А ПОТРАГАТА НА МВР БЕЗ РЕЗУЛТАТ – напаѓачот на Штекли имал помошник и двајцата како да пропаднаа во земја трет ден! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-novo-video-a-potragata-na-mvr-bez-rezultat-napagachot-na-shtekli-imal-pomoshnik-i-dvajtsata-kako-da-propadnaa-vo-zemja-tret-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-novo-video-a-potragata-na-mvr-bez-rezultat-napagachot-na-shtekli-imal-pomoshnik-i-dvajtsata-kako-da-propadnaa-vo-zemja-tret-den/#respond Thu, 26 Oct 2023 17:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=893518

Непознатиот напаѓач, кој ги застрела Раде Трајковски – Штекли и неговиот 23-годишен придружник Колумбо во трговскиот центар Ист гејт мол во вторникот, најверојатно имал соработник, пишуваат повеќе медиуми повикувајќи се на извори на истрагата. Напаѓачот своите жртви ги чекал во спортска кладилница на првиот подземен кат во трговскиот центар, а лицето што му помагало било на вториот кат, каде се наоѓа фитнес центарот. Таму редовно вежбале Штекли и неговиот пријател, тоа се докажува и преку новото видео кое кружи низ социјалните мрежи. По излегувањето од фитнес центарот, вториот учесник во заседата, набљудувачот, го известил егзекуторот кој бил три нивоа подолу во центарот, дека таргетот тргнал кон планираното место на заседа. Егзекуторот, кој до тогаш бил во кладилницата, излегол од кладилницата, а кога Трајковски и неговиот пријател стигнале на нивото -1 и почнале да се спуштаат кон гаражата со подвижните скали им пришол и од зад грб ги застрелал додека жртвите не можеле да се сокријат или да избегаат од ескалаторот. Откако ги застрелал и двајцата, егзекуторот избегал и по него се уште се трага. МВР вели дека во тек е масовна потрага по напаѓачот, дека се формирани специјални тимови за таа цел, но засега без никакви резултати. Министерот Оливер Спасовски рече дека станува збор за криминална пресметка, што според него „се случува во градови како што е Скопје“. – Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфронтација помеѓу тие криминални групи, кои што 30 години некој ги создавал – рече Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-novo-video-a-potragata-na-mvr-bez-rezultat-napagachot-na-shtekli-imal-pomoshnik-i-dvajtsata-kako-da-propadnaa-vo-zemja-tret-den/feed/ 0
ПУКАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НАДАЛЕКУ СЕ СЛУШНА – српските медиуми два дена пишуваат за драмата во главниот град, дури открија и нов детаљ непознат за јавноста! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukaneto-vo-skopje-nadaleku-se-slushna-srpskite-mediumi-dva-dena-pishuvaat-za-dramata-vo-glavniot-grad-duri-otkrija-i-nov-detal-nepoznat-za-javnosta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukaneto-vo-skopje-nadaleku-se-slushna-srpskite-mediumi-dva-dena-pishuvaat-za-dramata-vo-glavniot-grad-duri-otkrija-i-nov-detal-nepoznat-za-javnosta-foto/#respond Wed, 25 Oct 2023 15:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=893016

Српските медиумите денеска непрекинато објавуваат детали од пукањето во трговскиот центар „Ист гејт“ во центарот на Скопје. „Србија Денес“, „Пинк“, „Република“, „Курир“, „Телеграф“, „Блиц“ се само дел од медиумите кои веќе втор ден се заинтересирани за она што се случи вчера попладне во нашиот главен град. Српски „Пинк“ открива и нов детаљ во целата драма, пишувајќи дека „Убиецот испалил цел шаржер во нив и дека носел гумена маска на лицето“, додека „Србија Денес“ го открива идентитетот на ранетиот пријател на Раде Трајковски Штекли. Српските медиуми исто така објавија и дека Раде Штекли е ранет во стомакот и градите и дека дише преку апарати. Дел од медиумите го објавија и тик ток видеото на кое е најавено леквидирањето на Штекли, додека други објавија видео од пукањето во молот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukaneto-vo-skopje-nadaleku-se-slushna-srpskite-mediumi-dva-dena-pishuvaat-za-dramata-vo-glavniot-grad-duri-otkrija-i-nov-detal-nepoznat-za-javnosta-foto/feed/ 0
Познат идентитетот на вториот ранет во Ист Гејт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/#respond Wed, 25 Oct 2023 14:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892987

Министерството за внатрешни работи денеска во билтенот информира за пукањето во трговиот центар „Ист Гејт“ кое се случи вчера. -Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ "Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен. Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека вчерашното пукање во Ист Гејт е криминална пресметка. -Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал, рече Спасовски. Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и какошто вели работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-vtoriot-ranet-vo-ist-gejt/feed/ 0
ЛИЦЕТО ШТО ПУКАШЕ НОСЕЛ МАСКА НА ЧОВЕЧКО ЛИЦЕ? Тешко ранетиот утре на нова операција, Штекли дише самостојно – нови детали! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litseto-shto-pukashe-nosel-maska-na-chovechko-litse-teshko-ranetiot-utre-na-nova-operatsija-shtekli-dishe-samostojno-novi-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litseto-shto-pukashe-nosel-maska-na-chovechko-litse-teshko-ranetiot-utre-na-nova-operatsija-shtekli-dishe-samostojno-novi-detali/#respond Wed, 25 Oct 2023 13:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892979

„Штекли и Колумбо се спасија во Ист Гејт од пукачот, но се уште е неизвесно дали ќе преживеат во хирушката болница и клиничкиот центар. Повозрасниот Раде Трајковски Штекли е опериран, дише самостојно и се опоравува. 23 – годишниот придружник утре го чекаат нови операции на градниот кош и стомакот. Ставот на лекарите е дека и двајцата се во животна опасност откако во едниот звршија најмалку 5 зрна, и уште неколку во телото на Трајковски, објавува телевизија Телма. Но, додека здравствената состојба е позната и потврдена за настраданите, пиштолџијата се уште е мистерија за истражителите. Чинот како испразнува шаржер во двете лица во среде бел ден во трговски центар циркулира меѓу медиумите и на социјалните мрежи, но и шпекулациите кои се појавија дека сепак човекот кој пука освен што носи капа и слушалки, неговото лице е покриено со маска на човечко лице. Телма се обиде да ги провери наводите, но засега нема потврда, ниту е отфрлена можноста зад таква маска да се крие вистинскиот идентитет на пукачот. Обвинителството разврската за нападот ја бара преку прегледување на снимките, земање на отисоци од напаѓачот и разговори кои се водат со сите очевидци. Мотивот е непознат, а според првиот човек на полициијата нападот е мафијашка пресметка. Но, додека криминалците истеруваат правда со пиштоли во трговски центри, прашњето за безбднсота на граѓаните одново е на тест за полицијата. Спасовски, вели дека Скопеј е голем град, во кој не е невообичаено да се случи инцидент. Телма објавува и дека напаѓачот со бел блузон не се криеше од камерите во трговскиот центар и неговото движење како велгува во трговскито центар е забележно на повеќе места. Но, каде иссчезна и каде се наоѓа човекот кој стрелаше во Трајковски и неговиот придружник полцијата засега не отркива. Додека тој се уште е непознат за стражните органи, неговата мета Раде Трајквоски Штекли добра позната фигура од криминалното милје. Штекли за два месеци е втор пат мета, но кон крајто на август го спаси неговто блиндирано возило. Според информации на „Телма“ двата обиди за ликвидација на Трајковски се продолжение на кравиот судир меѓу двете најмоќни криминални групи во Скопје. Пресметката почна во март годинава со двојното убиство во „Шиша бар“ каде беше ликвидиран Јетон Кривањева познат под прекарот Жила и негов близок соработник. Следуваше одмазда во Приштина каде животот го загуби припадник на криминалната група кон која е приклонет и Трајковски а потоа во јули годинава во Грција во Ханиот беше ликвидиран Орхан Бајрами со прекар Оки водач на соперничката криминалната група од скопчската населба Дуќанџик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litseto-shto-pukashe-nosel-maska-na-chovechko-litse-teshko-ranetiot-utre-na-nova-operatsija-shtekli-dishe-samostojno-novi-detali/feed/ 0
Повредените од „Ист Гејт“ се уште во животозагрозувачка состојба, еве каде имаат прострелни рани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/#respond Tue, 24 Oct 2023 19:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892713

Двајцата повредени при денешното пукање во „Ист гејт мол“ сѐ уште се во животозагрозувачка состојба, потврдија за МИА, директорите на болниците каде беа оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи. Арсенков појасни дека едното лице е се уште ставено на апарат, на машина за дишење. - Се работи за сериозни повреди. Следуваат испитувања. Уште е во животозагрозувачка состојба. Има прострелна рана во стомакот, во градниот кош, така да, многу е рано да даваме некои прогнози за тоа како ќе биде, изјави тој за МИА. И директорот Јакупи, исто така, не можеше да даде каква било прогноза за состојбата на другиот пациент. - Направена е опширна операција на градниот кош и на рамото, има повеќе прострелни рани, уште е во животозагрозувачка состојба. Ќе видиме како ќе биде. Ноќва ќе ја помине во шок соба на КАРИЛ, појасни Јакупи во изјава за МИА. Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукаше кон двете лица во скопскиот трговски центар „Ист гејт“. - На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето кое го изврши кривично - правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, што СВР Скопје ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-od-ist-gejt-se-ushte-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba-eve-kade-imaat-prostrelni-rani/feed/ 0
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892591

Курир ексклузивно дојде во видеото од денешното пукање во Ист гејт мол. На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали. Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега. Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.
– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков. Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.
Инаку само пред три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека речиси целосно ги разбил криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир. Но, сепак денешното пукање е уште еден доказ дека Македонија е како див запад и дека граѓаните не се безбедни каде и да се движат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-video-od-pukaneto-vo-ist-gejt-vrz-rade-shtekli-e-pukano-kako-vo-div-zapad-voznemiruvachko-video/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Двајца повредени, пукано кон Раде Трајковски Штекли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-pukaneto-vo-ist-gejt-dvajtsa-povredeni-pukano-kon-rade-trajkovski-shtekli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-pukaneto-vo-ist-gejt-dvajtsa-povredeni-pukano-kon-rade-trajkovski-shtekli/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=892567

Две лица се повредени во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт, велат првичните информации од МВР. Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството. Според првичните информации, едно од лицата е со потешки повреди и е пренесено во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Дел од медиумите, неофицијално објавуваат дека е пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден. Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец. Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет. Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-pukaneto-vo-ist-gejt-dvajtsa-povredeni-pukano-kon-rade-trajkovski-shtekli/feed/ 0