радика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Dec 2022 09:13:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Урнат мост кој води кон неколку села во Маврово и Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urnat-most-koj-vodi-kon-nekolku-sela-vo-mavrovo-i-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urnat-most-koj-vodi-kon-nekolku-sela-vo-mavrovo-i-rostushe/#respond Sat, 17 Dec 2022 09:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=776919

Мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште во општина Маврово и Ростуше е урнат. Од АМСМ информираат дека уривањето на мостот се случило вчера поради зголемено ниво на вода на реката Радика. Во четвртокот беше објавено дека поради обилните и интензивни врнежи од дожд во поширокиот дебарски регион видно е зголемен водостојот на река Радика и нејзините притоки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urnat-most-koj-vodi-kon-nekolku-sela-vo-mavrovo-i-rostushe/feed/ 0
Радика со зголемен водостој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radika-so-zgolemen-vodostoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radika-so-zgolemen-vodostoj/#respond Thu, 15 Dec 2022 13:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=776140

Обилните и интензивни врнежи од дожд, присутни посебно во последните два дена, во поширокиот дебарски регион видно го зголемија водостојот на река Радика и нејзините притоки. Врз тоа секако придонесуваат и топлото време и југосточниот ветер, кој условува топење на снегот од високите планини. Како резултат на зголемениот водостој на Радика, која кај село Долно Косоврасти се влева во Дебарско Езеро, а чиј дотек денеска изнесува над 100 кубни метри вода во секунда, се зголемува нивото на езерото, кое, според ЦУК-Дебар, вчера изнесувало 566,33 метри. Во зголемување на вода во акумулцијата секако влијание има и дотекот на вода од реката Црн Дрим, како и притоките од делот кај општина Центар Жупа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radika-so-zgolemen-vodostoj/feed/ 0
МВР објави детали за автомобилот кој излета во Радика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-objavi-detali-za-avtomobilot-koj-izleta-vo-radika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-objavi-detali-za-avtomobilot-koj-izleta-vo-radika/#respond Tue, 02 Aug 2022 11:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=712995

Вчера во СВР Тетово околу 16.45 било пријавено дека на патот Р1-202 Мавровска раскрсница-Дебар, кај Стрезимирски Мост, патничко моторно возило „рено сценик“ со германски национални ознаки, сопственост на Р.Ф.(42) од с.Новак, излетало од патот. Како што информира МВР, по несреќата, лекар од итна медицинска помош-Гостивар констатирал смрт кај Н.С.(52), Р.Н.(35) и Р.Ф., сите од с.Новак, а С.М.(49) од с.Новак била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавниот Обвинител над починатите лица во текот на наредниот ден ќе се врши обдукција, соопштија од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-objavi-detali-za-avtomobilot-koj-izleta-vo-radika/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Возило се преврте во Радика, неофицијално – има загинати! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vozilo-se-prevrte-vo-radika-neoficijalno-ima-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vozilo-se-prevrte-vo-radika-neoficijalno-ima-zaginati/#respond Mon, 01 Aug 2022 17:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=712770

Возило се преврте во реката Радика, а според неофицијални информации има три загинати лица. Како што дознава КУРИР од очевидци на несреќата, на патот Маврово-Дебар се случила сообраќајна несреќа. На мостот под хотел Трница попладнево, возило се преврте во Радика. Според очевидци, има загинати лица. КУРИР побара детали од МВР за оваа трагедија, а истите веднаш ќе ги објавиме откако ќе ги добиеме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vozilo-se-prevrte-vo-radika-neoficijalno-ima-zaginati/feed/ 0
Надојдените Радика и Црн Дрим почнаа да го полнат Дебарско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/#respond Wed, 13 Jan 2021 14:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=454861

Обилните и интензивни врнежи од дожд во дебарското сливно подрачје за повеќепати го зголемија водостојот на реките Радика и Црн Дрим. Тоа поволно се одразува и во зголемувањето на нивото на Дебарско Езеро, односно акумулацијата „Шпилје“. -По обилните врнежи од дожд, дотекот на вода во акумулацијата „Шпилје“ од река Радика изнесува околу 190 метри кубни во секунда, додека од реката Црн Дрим изнесува 36 метри кубни во секунда. Денеска котата на акумулацијата е 568,88 метри, што претставува исполнетост на акумулацијата од 36 проценти, велат за МИА од ЕСМ. Според истот извор, моментно во акумулацијата има вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови електрична енергија, додека до максималната кота има простор од 11 метри и 12 сантиметри. Нормалното проектирано ниво на акумулацијата е 580 метри, а минималното 560 метри. Според надлежните во оваа област, поради конфигурацијата на теренот, нема опасност од поплави во ова подрачје доколку продолжи зголемувањето на водостоите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/feed/ 0
Никој не води грижа, па младите покажаа совест: Македонскиот бисер исчистен откако беше поклопен со ѓубре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-ne-vodi-griza-pa-mladite-pokazaa-sovest-makedonskiot-biser-ischisten-otkako-beshe-poklopen-so-gjubre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-ne-vodi-griza-pa-mladite-pokazaa-sovest-makedonskiot-biser-ischisten-otkako-beshe-poklopen-so-gjubre/#respond Sat, 21 Sep 2019 15:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=243261

Местото кај Радика е вистинска природна убавина. Со право наречено македонски бисер. Но, несовесни граѓани, кои како превозници минуваат од тука, постојано фрлаат ѓубре. Сметот никој не го чисти, па поради негрижа на надлежните стана буниште наместо убавина. Група совесни млади луѓе денес ги превземаа работите во свои раце и самоволно го исчистија овој дел кај Радика. Секоја чест Емир, Ајсан и Дејхан! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoj-ne-vodi-griza-pa-mladite-pokazaa-sovest-makedonskiot-biser-ischisten-otkako-beshe-poklopen-so-gjubre/feed/ 0