радио слободна европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 18:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радио слободна европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радио Слободна Европа започна нова програма на руски јазик за балтичките земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/#respond Wed, 22 Mar 2023 18:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=815202

Американското радио Слободна Европа започна нова програма на руски јазик за корисниците во балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија, јави ДПА. Програмата „Балтикот во сегашно време“ има за цел да му обезбеди објективни вести на рускојазичното малцинство и да се бори против дезинформациите на Москва, соопшти радиото. Получасовниот пренос во живо ќе се емитува од понеделник до петок од студио во Рига со поддршка на новинарите во Талин и Вилнус. Еден од првите гости во студиото беше претседателот на Летонија Егилс Левитс. „Балтикот во сегашно време“ ќе биде важна противтежа на корозивните лаги на Кремљ за демократските институции и вредности на балтичките земји“, порача шефот на Радио Слободна Европа Џејми Флај. Многумина од рускојазичните малцинства во балтичките земји, кои се граничат со Русија, со години гледаат само руска државна телевизија емитувана од Москва, потсетува ДПА. Од почетокот на руската инвазија на Украина, трите балтички земји воведоа забрани за руските телевизиски канали со образложение дека шират лажни информации и провоена пропаганда или поттикнуваат омраза. Радио Слободна Европа, основано во 1951 година, е финансирано од американската влада, но, според самиот медиум, вестите ги пренесува без никакви насоки од Вашингтон. Се емитува на 27 јазици во 23 земји и го слушаат повеќе од 40 милиони луѓе секоја недела. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/feed/ 0
Новинар на „Радио Слободона Европа“ осуден на шест години затвор – учествувал во создавање на екстремистичка организација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-na-radio-slobodona-evropa-osuden-na-shest-godini-zatvor-uchestvuval-vo-sozdavanje-na-ekstremistichka-organizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-na-radio-slobodona-evropa-osuden-na-shest-godini-zatvor-uchestvuval-vo-sozdavanje-na-ekstremistichka-organizacija/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=688776

Новинарот на белорускиот сервис на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ), Андреј Кузњецик (43) е осуден на шест години затвор под строго обезбедување, поради обвинение дека учествувал во создавање на екстремистичка организација и дека бил дел од неа, јави неговиот медиум. Кузњечик првпат беше уапсен во ноември 2021 година додека возел велосипед во близина на неговата куќа во Минск и оттогаш е во притвор. Тој доби две административни казни од 10 дена затвор за хулиганство, а на 23 декември минатата година белоруските власти покренаа кривична постапка против него. Ова се случи на денот кога властите го додадоа РСЕ во нивниот регистар на екстремистички организации. Поради судската забрана за коментирање на случајот, обвиненијата против новинарот беа непознати до крајот на мај 2022 година. Семејството на новинарот вели дека на регионалниот суд во Могилев вчера му биле доволни само неколку часа да го разгледа случајот пред да ја изрече осудителната пресуда од шест години затвор. Џејми Флај, извршен директор на РСЕ, изјави дека Кузњецик е осуден по смешни обвиненија во судењето зад затворени врати, што заврши за неколку часа. -Значајно е што обвиненијата против него се појавија дури кон крајот на мај, повеќе од шест месеци откако беше првпат уапсен. Бараме итно ослободување на Андреј, рече Флај. Кузњецик е еден од тројцата новинари на истиот медиумски сервис кои моментално се во затвор во Белорусија. Останатите двајца се Алех Хруџиловиќ и Ихар Лосик. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-na-radio-slobodona-evropa-osuden-na-shest-godini-zatvor-uchestvuval-vo-sozdavanje-na-ekstremistichka-organizacija/feed/ 0
Трагедија: Новинарка на Радио Слободна Европа загина при напад врз Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-novinarka-na-radio-slobodna-evropa-zagina-pri-napad-vrz-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-novinarka-na-radio-slobodna-evropa-zagina-pri-napad-vrz-kiev/#respond Fri, 29 Apr 2022 11:36:03 +0000 https://kurir.mk/?p=669745

Украинските спасувачи денеска го извлекоа безживотното тело на продуцентката на Радио Слободна Европа, Вира Хирич од под урнатините на зграда во Киев, што беше погодена од проектил. Во соопштението на Радио Слободна Европа се наведува дека Хирич работела во нивната редакција во Киев од февруари 2018 година, а починала вчера откако руска ракета ја погодила зградата во која живеела. Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека две експлозии го потресоа централниот дел на Киев откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина. Првично беше соопштено дека во овој напад се повредени најмалку 10 лица, но Кличко истакна дека денеска е пронајдено едно тело во урнатините.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-novinarka-na-radio-slobodna-evropa-zagina-pri-napad-vrz-kiev/feed/ 0
Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-prekinuva-so-rabota-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-prekinuva-so-rabota-vo-rusija/#respond Sun, 06 Mar 2022 10:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=641927

Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот. Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата. -Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до руската публика користејќи ја „секоја можна платформа”, додаде тој. Неколку медиумски организации, вклучително и Би-Би-Си, ја прекинаа работата во Русија како одговор на новиот закон со кој се заканува затворска казна за секој за кој владата верува дека шири „лажни вести” за руските вооружени сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-prekinuva-so-rabota-vo-rusija/feed/ 0
„Радио Слободна Европа“: ВМРО-ДПМНЕ се оттргнува од руската прегратка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radio-slobodna-evropa-vmro-dpmne-se-ottrgnuva-od-ruskata-pregratka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radio-slobodna-evropa-vmro-dpmne-se-ottrgnuva-od-ruskata-pregratka/#respond Fri, 30 Mar 2018 08:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=34405

Јасни се позициите на Македонија, кои се темелат на нашиот национален и државен интерес, а тоа е НАТО и ЕУ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа. Тој не ги коментира позициите на Русија во однос на нивната партија. Аналитичарите оценуваат дека претходното раководство имало блиски односи со Москва. -Неконзистентност во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се работи за односот кон Русија и кон западните земји или пак погрешно протолкувани сигнали и пораки. Ова се дилемите што се отворија откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во изјава рече дека Москва не е партнер и ја поддржа одлуката на Владата да протера руски дипломат што предизвика реакција од руската амбасада, анализира РСЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на чело на партијата застана пред четири месеци, во интервјуто на Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, на прашањето како ја коментира реакцијата на амбасадата на Русија вели дека не знае на што се должи. „Мислам дека јасни се позициите на Република Македонија кои се темелат на нашиот национален и државен интерес, а тоа е НАТО и ЕУ интеграција“, вели Мицкоски. Рускиот амбасадор, Олег Шчербак, пак вчера рече дека поради својата неконзистентност, ВМРО-ДПМНЕ ја изгубила власта. Реакцијата на рускиот амбасадор следува ден откако и амбасадата на социјалната мрежа Твитер коментирајќи го ставот на Николоски напиша „забележителен став“. Според политичкиот аналитичар Џељаљ Незири ова се должи на, како што вели, односот на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое се обидува да ги возобнови односите со Западот, пред сè со американската републиканска партија и со Европските народни партии. „Еден период изгледаше како ВМРО-ДПМНЕ да има блиска соработка со Русија, а тоа можеше да се забележи и од соопштенијата кои руската амбасада ги праќаше на пример за Шарената револуција или барањето за оставка на владата на Груевски. Но со промената на раководството во ВМРО-ДПМНЕ се чини проруската ориентација почнува да исчезнува“, вели Незири. Инаку Шчербак рече и дека знаел многу членови на ВМРО-ДПМНЕ, една од најголемите политички партии во Македонија, кои, како што додаде биле расположени за развој на конструктивни и обострани односи со Руската Федерација. Токму унапредувањето на конструктивните односи меѓу Русија и Република Македонија е во интерес и им одговара на интересите на народот на Македонија, додаде рускиот амбасадор. Извор: Радио Слободна Европа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radio-slobodna-evropa-vmro-dpmne-se-ottrgnuva-od-ruskata-pregratka/feed/ 0