Радиоактивна вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 07:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Радиоактивна вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-tretoto-ispushtane-na-prochistena-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-tretoto-ispushtane-na-prochistena-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895624

Третото испуштање на 7.800 тони прочистена радиоактивна отпадна вода во океанот започна денеска од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима. Јапонските власти соопштија дека двете претходни испуштања на прочистена радиоактивна вода поминаа без проблем. Операторот на нуклеарната централа ТЕПКО, наводно, испуштил 7.800 тони прочистена вода во првите две испуштања и планира да испушти иста количина во третата серија до 20 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-tretoto-ispushtane-na-prochistena-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/feed/ 0
Јужна Кореја се согласи: Јапонија ќе испушта радиоактивна вода од Фукушима во океанот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/#respond Fri, 07 Jul 2023 08:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=853926

Јужна Кореја денеска соопшти дека планот на Јапонија за ослободување на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима ги исполнува глобалните безбедносни стандарди и е во согласност со упатствата на надзорното тело на ОН. Јапонија планира наскоро да започне со испуштање повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода во океанот, која досега беше складирана во нуклеарна централа северно од Токио и главно се користеше за ладење на реакторите уништени во цунамито во март 2011 година. Јапонија се соочи со отпор кон таков план и дома и во странство, особено во Јужна Кореја и покрај уверувањата дека водата, откако ќе се филтрира за да се отстранат повеќето изотопи, е безбедна. -Планот ги исполнува меѓународните стандарди, вклучително и оние пропишани од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), рече јужнокорејскиот министер Банг Мун-кју. Повикувајќи се на МААЕ, тој посочи дека водата ќе има „незначителен радиоактивен ефект врз луѓето и животната средина“. Во проценката на штетите учествуваа експерти од 11 земји, меѓу кои и експерти од Јужна Кореја, САД и Кина. Јужнокорејската опозиција ја критикуваше владата дека се согласила со планот и смета дека таа требало да го изведе случајот пред Меѓународниот суд за право на морето. Покрај тоа, кинески експерт кој учествуваше во проценката рече дека е разочаран од „избрзаниот“ извештај и се очекува дека Пекинг ќе продолжи да се спротивставува на планот. Иако Јужна Кореја даде согласност да се испушти оваа вода во океанот, забраната за увоз на храна и морски плодови од регионот каде што се наоѓа Фукушима сè уште останува на сила. Контаминираната вода беше третирана со методот ALPS преку систем за филтрирање кој го отстрани најголемиот дел од радиоактивниот материјал. Сепак, не постои практичен начин да се отстрани тритиумот, радиоактивен изотоп на водород. Тритиумското зрачење, кое има полуживот од 12,3 години, може да биде опасно по здравјето, но Јапонија тврди дека радиоактивни дози во водата ослободена од Фукушима ќе бидат помали од една четириесеттина од меѓународните безбедносни стандарди, што е една седмина од количината која Светската здравствена организација (СЗО) ја постави како стандард за вода за пиење. Речиси 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за полнење на 500 олимписки базени, моментално се складирани во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима по цена од речиси една милијарда долари годишно. Експерти од компанијата TEPCO која управува со нуклеарната централа и владата на Јапонија потврдија дека од радиоактивната вода не може да се отстрани само тритиум, кој во мали количини, по планираното разредување, нема да биде штетно за животната средина и за здравјето на луѓето. TEPCO исто така наведува дека количината на сите други радиоактивни материјали во водата може да се намали на прифатливо ниво, но многу научници предупредуваат дека долгорочните штетни ефекти од ослободувањето на големи количини радиоактивна вода врз морскиот живот не се познати. Несреќата во Фукушима се случи на 11 март 2011 година, по силниот земјотрес со јачина од 9 степени и цунамито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/feed/ 0
Кина бара од Јапонија да ги преиспита плановите за испуштање радиоактивна вода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-od-japonija-da-gi-preispita-planovite-za-ispushtanje-radioaktivna-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-od-japonija-da-gi-preispita-planovite-za-ispushtanje-radioaktivna-voda/#respond Tue, 27 Apr 2021 14:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=502819

Кина ја повика Јапонија да објави точни информации за составот на радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима и проценка на влијанието врз животната средина при нејзиното евентуално испуштање во морето. – Кинеските власти побараа од Јапонија да не донесува самостојно одлуки, чие спроведување може да има последици за другите земји, особено за соседните, туку со консултации, изјави Ивона Ладјевац, шеф на Центарот за студии на Појаси и патишта при белградскиот институт за Меѓународна политика и економија. Во авторскиот текст пренесен од Кинеската медиумска група (ЦМГ), Ладјевац потсетува дека земјотресот, кој ја погоди Јапонија во март 2011 година, предизвика тешка хаварија во нуклеарната централа Фукушима, каде оттогаш постојано се додава вода за разладување на нуклеарната гориво во реакторите. Во текот на една деценија се собрани повеќе од еден милион тони контаминирана вода, истакна Ладјевац, додавајќи дека прашањето за отстранување на таа вода предизвика загриженост и кај Јапонците и во соседните земји, бидејќи како една од можните опции се појави испуштањето вода во морето. Јапонската Влада, во неделата на одржувањето на самитот за климатски промени, ја објави својата одлука за две години да почне со испуштање на радиоактивна вода во морето. Според Ладјевац, таквата одлука е спротивна со настапите кои Јапонија ги има во меѓународните организации кои се залагаат за зачувување на животната средина и отстранување на сите негативни последици од сегашните климатски промени, а исто така е и одраз на невнимание кон сопственото население, особено рибарите кои живеат од морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-od-japonija-da-gi-preispita-planovite-za-ispushtanje-radioaktivna-voda/feed/ 0
Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-kje-bide-isfrlena-vo-okean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-kje-bide-isfrlena-vo-okean/#respond Fri, 16 Oct 2020 05:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=417022

Јапонија одлучи да исфрли радиоактивна вода во океанот од уништената нуклеарна централа Фукушима. Официјално соопштение се очекува од владата подоцна овој месец. Токио електрик пауер собра повеќе од еден милион тони радиоактивна вода откако нуклеарната централа беше погодена од земјотрес и цунами во 2011 година. Јапонскиот министер за индустрија Хироши Каџијама изјави дека конечната одлука се уште не е донесена, но дека тоа ќе биде донесено наскоро. Деактивирањето на централата е клучен предуслов за закрепнување на Фукушима од нуклеарната катастрофа, додаде тој. Акумулацијата на радиоактивна вода во Фукушима го отежнува расчистувањето, што веројатно ќе трае со децении. Ова е особено итно бидејќи следното лето се закажани Олимписките игри во Токио, а некои од настаните се одвиваат на помалку од 60 километри од уништената централа. На почетокот на оваа година, експертска група ја советуваше јапонската влада да исфрли радиоактивна вода од Фукушима во океанот. Јапонското Министерство за индустрија од април слуша мислења од разни страни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-kje-bide-isfrlena-vo-okean/feed/ 0
Радиоактивна вода од Фукушима може да влезе во океанот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-moze-da-vleze-vo-okeanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-moze-da-vleze-vo-okeanot/#respond Tue, 10 Sep 2019 08:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=238931

Јапонската  компанија „Токио Електрик“ (Тепко) ќе мора да ослободи радиоактивна вода во Пацификот од оштетената нуклеарка Фукушима, бидејќи нема доволно простор за складирање на тоа, изјави јапонскиот министер за животна средина Јошијаки Харада. Тепко собра повеќе од еден милион тони загадена вода од цевките за ладење кои го спречуваат топењето на јадрото, бидејќи електричната централа беше оштетена во цунами во 2011 година. – Единствената опција е да се спушти во океанот, иако целата влада ќе расправа за тоа, изјави министерот Харада. Јапонската Влада чека извештај од експертскиот панел пред да донесе конечна одлука, бидејќи до 2022 година нема да има повеќе простор за складирање радиоактивна вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radioaktivna-voda-od-fukushima-moze-da-vleze-vo-okeanot/feed/ 0