радиоактивност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 12:25:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радиоактивност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонската Влада ја тестираше водата во близина на Фукушима, тврди дека нема зголемена радиоактивност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vlada-ja-testirashe-vodata-vo-blizina-na-fukushima-tvrdi-deka-nema-zgolemena-radioaktivnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vlada-ja-testirashe-vodata-vo-blizina-na-fukushima-tvrdi-deka-nema-zgolemena-radioaktivnost/#respond Sun, 27 Aug 2023 12:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=871503

Тестирањето на морската вода во близина на нуклеарната централа Фукушима не откри зголемена радиоактивност, соопшти денеска Министерството за животна средина на Јапонија, откако властите на земјата одобрија испуштање во морето на пречистена радиоактивна вода што се користела за ладење на реакторот во Фукушима. Испуштањето на пречистената вода од нуклеарната централа Фукушима започна во четвртокот, што предизвика протести во Јапонија и во соседните земји, особено во Кина, која одлучи да го забрани увозот на риба и морски плодови од Јапонија. Властите во Јапонија и научните организации тврдат дека водата што се испушта во Тихиот Океан по филтрирањето е безбедна и дека од неа се отстранети повеќето радиоактивни елементи освен тритиум, радиоактивен изотоп на водород.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vlada-ja-testirashe-vodata-vo-blizina-na-fukushima-tvrdi-deka-nema-zgolemena-radioaktivnost/feed/ 0
Властите на нордиски држави соопштија за зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-nordiski-drzavi-soopshtija-za-zgolemeno-nivo-na-radioaktivnost-vo-severna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-nordiski-drzavi-soopshtija-za-zgolemeno-nivo-na-radioaktivnost-vo-severna-evropa/#respond Sat, 27 Jun 2020 17:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=364198

Властите на нордиски држави објавија дека регистрирале зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа овој месец, а холандските власти соопштија дека изворот може да биде на западниот дел на Русија. Руската агенција ТАСС ја пренесе изјавата на портпаролот на државната нуклеарна корпорација Росенергоатом, кој рече дека двете нуклеарни централи на северозападниот дел на Русија не пријавиле никакви проблеми. Електраните Ленинград и Кола, едната во близина на Санкт Петербург и другата кај Мурманск, „функционираат нормално, а нивото на радијација е во предвидените граници“. Норвешките, шведските и финските тела задолжени за следење радијација и нуклеарна безбедност соопштија дека регистрирале мали количини радиоактивни изотопи безопасни за луѓето и околината во делови на Финска, јужна Скандинавија и Арктикот. Шведската агенција за радијациска безбедност соопшти дека „не е можно да се потврди што е причината за зголеменото ниво“ на радиоактивноста, ниту од каде потекнуваат облаците што содржат изотопи. Ниту финските, ниту норвешките агенции не шпекулираа за изворот на радијацијата. Само холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина ја презентираше својата анализа дека изотопите доаѓаат од Русија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-nordiski-drzavi-soopshtija-za-zgolemeno-nivo-na-radioaktivnost-vo-severna-evropa/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Драма во Чернобил, пожарот се поблиску до нуклеарката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-drama-vo-chernobil-pozarot-se-poblisku-do-nuklearkata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-drama-vo-chernobil-pozarot-se-poblisku-do-nuklearkata/#respond Tue, 14 Apr 2020 07:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=331756

Над 400 украински пожарникари се борат со големиот шумски пожар околу контаминираната зона во Чернобил. Набљудувачите на состојбата велат дека пламените јазици сериозно се доближуваат до нукеарната електрана. -Нуклеарната електрана во Чернобил, складиштата со радиоактивен отпад и другите важни инфраструктури на контаминираното подрачје не се загрозени, истакна Володимир Демчук, високо лице од украинската служба за вонредни ситуации. Тој посочил дека главна задача на пожарникарите е да го локализираат пожарот и да го ограничат неговото ширење. Во гаснењето на пожарот се користат хеликоптери и канадери. Невладината организација Гринпис тврди дека ова е досега најголем пожар во чернобилската контаминирана зона која се протега во круг од 30 километри од електраната која денес не работи. Украинските власти со денови не објавуваат детали за проценките за размерите на пожарот, тврдејќи дека истиот не ја предизвикал зголемената радиоактивност. Пожарот го предизикал момче кое запалило трева за да се забавува, според неговите изјави пред полицијата. Му се заканува затворска казна од пет години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-drama-vo-chernobil-pozarot-se-poblisku-do-nuklearkata/feed/ 0
ВИДЕО: Шумски пожар близу Чернобил, регистрирана зголемена радиоактивност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-shumski-pozar-blizu-chernobil-registrirana-zgolemena-radioaktivnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-shumski-pozar-blizu-chernobil-registrirana-zgolemena-radioaktivnost/#respond Mon, 06 Apr 2020 06:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=327868

Во Украина е регистрирано синоќа зголемување на радиоактивноста поради шумски пожар што избувна во саботата во област околу нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата. „Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот“, напиша на Фејсбук, Егор Фирсов, кој раководи со службата за инспекција на животната средина. Пораката на Фирс беше придружена со видео-снимка од Гајгер-милеров бројач што покажува 16 пати поголема радиоактивност од нормалната. Пожарот зафати повеќе од 100 хектари шума околу централата на 100 километри северно од Киев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-shumski-pozar-blizu-chernobil-registrirana-zgolemena-radioaktivnost/feed/ 0