радиодифузна такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 Oct 2018 10:07:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радиодифузна такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ликвидирањето на ЈП „Пониква КП“ одложено поради неплатена радиодифузна такса https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/#respond Sat, 27 Oct 2018 10:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=120138

Неплатена сметка за радиодифузна такса во висина од 190 денари скоро цела година ја закочила ликвидацијата на меѓуопштинското јавно претпријатие “Пониква КП“. Иако се работи за минимална и скоро симболична сума, овој долг се испречил во постапката што ја започнаа општините Кочани и Пробиштип за да го згаснат и избришат од Централниот регистар заедничкото претпријатие што го формираа пред околу четири години. Без разлика што тоа фактички не профункционира, токму неплатената сметка за телевизија се уште го одржала во живот, рекоа од Секторот за јавни дејности. -Во постапката за ликвидација, кога поднесовме барање до Управата за јавни приходи за да добиеме уверение дека претпријатието нема финансиски обврски, се покажа дека за радиодифузна такса има одреден долг. Без разлика што фирмата не функционираше во платниот промет, бидејќи била регистрирана создала минимален долг за кој немавме сознание, рече Венцо Бојков од Секторот за јавни дејности на Општина Кочани. Во меѓувреме сметката за радиодифузна такса е платена и обновена е постапката за ликвидација, за што на седницата на Советот на Општина Кочани, што ќе се одржи в понеделник, треба да биде донесена и соодветна одлука. За нормално работење на меѓуопштинското претпријатие “Пониква КП“ се предлагаше финансирањето да биде заедничко, од буџетите на двете соседни општини. Тоа требаше да придонесува за развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, во чија изградба делумно инвестираше и државното електропреносно претпријатие МЕПСО. Набргу се покажа дека тоа тешко ќе профункционира, а неодамна од Локалната самоуправа на Пробиштип излегоа со писмено известување дека тие не се во состојба не само да го финансиираат новоформираното претпријатие, туку дека не можат да се грижат ниту за топовите за вештачки снег и за другата опрема што им припадна со поделбата на донацијата од МЕПСО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/feed/ 0
УЈП ќе блокира сметки за неплатена радиодифузна такса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-kje-blokira-smetki-za-neplatena-radiodifuzna-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-kje-blokira-smetki-za-neplatena-radiodifuzna-taksa/#respond Tue, 10 Apr 2018 13:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=38614

Управата за јавни приходи опоменала 48.603 фирми или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса. Тие заедно должат речиси 187 милиони денари или над три милиони евра. Фирмите кои нема да ја платат сумата што ја должат за радиодифузна такса ќе бидат блокирани. Не се знае колкав е бројот на граѓани кои имаа долг кон УЈП за радиодифузна такса. Бројката ќе се знае по подготовката на опомените и за нив. Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани,]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-kje-blokira-smetki-za-neplatena-radiodifuzna-taksa/feed/ 0
Радиодифузната такса и укината задава главоболки: 50.000 опомени, следуваат блокади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radiodifuznata-taksa-i-ukinata-zadava-glavobolki-50-000-opomeni-sleduvaat-blokadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radiodifuznata-taksa-i-ukinata-zadava-glavobolki-50-000-opomeni-sleduvaat-blokadi/#respond Tue, 10 Apr 2018 07:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=38366

Управата за јавни приходи ќе им ги блокира сметките на близу 50.000 компании или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса. На сите нив Управата веќе им пратила опомени, а сите заедно должат речиси 187 милиони денари или над три милиони евра, пишува порталот Фактор. Засега не се соопштува колкав неплатен долг имаат граѓаните. Сумата, велат од УЈП за Фактор, ќе биде позната откако ќе се изготват опомените и за нив, по што ако не платат и тие ќе се соочат со блокирани сметки. Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани, откако Владата го измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Сепак кон даночната управа која ја прибираше оваа такса останаа должници и тие долгот сега ќе мора да го платат. Во спротивно се што се должи ќе се плаќа присилно, со блокада. Непознат долгот на граѓаните, чекајте опомени Според информации од УЈП, засега опомените се изготвени само за правните лица односно за фирмите и за  самостојните вршители на дејност. Станува збор за точно 48.603 опомени. Сите кон УЈП за радиодифузна такса должат точно 186.883.180 денари или речиси три милиони евра. Ако платиле се спасиле од блокада, но ако не го сторат тоа ќе бидат блокирани. „Имајќи предвид дека ова се состојби по издадени опомени за кои во меѓувреме даночниот должник – правно лице и самостоен вршител на дејност можеби извршил плаќање на долгот, следниот чекор е постапка на присилна наплата, со доставување на решенија за присилна наплата од парични сретства на должникот а тоа е блокада на сметка на должниците кои не ги намириле долговите по издадената опомена од УЈП“, велат оттаму. Неколку фирми за Фактор посведочија дека добиле опомени и побрзале да платат, оти ако бидат блокирани трошокот ќе стане уште поголем. Таква „мака“ ќе ги снајде и граѓаните кои не ја исполниле обврската и не си ја платиле таксата. Сепак подобро е ако знаат, тоа да го сторат веднаш оти УЈП сега ги подготвува опомените. Додека не се готови не се соопштува ниту колку е вкупниот долг од нив кон даночната управа. Им ги враќаат парите Инаку постојат граѓани и кои платиле превреме па сега УЈП треба да им ги врати парите. Според информации од Управата станува збор за 3409 граѓани кои заедно треба да добијат над 1,7 милиони денари или нешто над 28 илјади евра. Тоа се најверојатно обврзниците кои плаќале за цела година однапред, а радиодифузна такса не требаше да се плаќа за последните три месеци од минатата година, односно за октомври, ноември и декември. „Доколку даночниот обврзник има основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок или споредна даночна давачка која ја управува Управата за јавни приходи, во тој случај Управата за јавни приходи по барање на обврзникот или по службена должност, има обврска да донесе решението за враќање на данокот односно споредната даночна давачка“, велат од Управата за јавни приходи. Од крајот на февруари дел од граѓаните веќе успеаја да се ги вратат парите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radiodifuznata-taksa-i-ukinata-zadava-glavobolki-50-000-opomeni-sleduvaat-blokadi/feed/ 0