радован караџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 May 2022 08:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радован караџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радован Караџиќ планира да побара нов судски процес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radovan-karadzikj-planira-da-pobara-nov-sudski-proces/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radovan-karadzikj-planira-da-pobara-nov-sudski-proces/#respond Fri, 06 May 2022 08:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=672736

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал, во телефонско интервју за агенцијата ТАСС изјавил дека има намера да побара повторно судење. Караџиќ моментално отслужува доживотна затворска казна во затворот Паркхурст, кој се наоѓа на островот Вајт во Ла Манш, во близина на брегот на Англија. – Откако ја пропуштив жалбената постапка, можам само да побарам повторно судење. Имам намера да побарам, но не можам да го подготвам – немам компјутер, а тоа е на милиони страници. Во државата има 11 затвори каде е дозволено да се користат компјутери, а мене ми е потребен компјутер за да го подготвам случајот, имам околу еден терабајт информации, што се многу документи кои ми се потребни за преразгледување на делото, истакна поранешниот претседател на РС. Истовремено, Караџиќ посочува дека пристапот до медицинска грижа за него е тежок. „Имам контакт со лекар, но ми оди многу бавно, на пример морам да закажам термин два или три месеци однапред. Чекам очен лекар една година за да ми смени очила. Немам столна ламба и кога ќе се стемни не можам да читам – не гледам. Докторите овде се добри ама зависат од клиники, бидејќи специјалисти од клиниките доаѓаат кај мене“, објаснува тој. – Затворските услови се лоши, мислам дека се погодни за некој џепчија, но лоши се за човек со мојот профил и мои потреби. Немам компјутер, немам пристап до мојата култура, немам немам ТВ или радио програма од мојата земја, со еден збор, како да сум мртов и да сум во некој друг свет. Никој нема право да ме ограничува од мојата култура, јас сум лекар и писател, а судската одлука не ми наложува да престанам да бидам лекар и писател. Имам потреба од компјутер, интернет конекција, ако не сум осуден на смрт, сето тоа треба да го имам, вели Караџиќ во интервјуто. Запрашан за неговата физичка безбедност, Караџиќ одговорил: „Мислам дека има такви. Има муслимани во моја близина, но тие не се агресивни. Мислам дека е така, но немам апсолутна претстава“. Караџиќ, кој 13 години беше во бегство од меѓународната правда, е уапсен од српските безбедносни служби на периферијата на Белград во јули 2008 година и екстрадиран во Хашкиот трибунал. Судењето започна во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија на 26 октомври 2009 година. Во март 2016 година, Трибуналот го осуди Караџиќ на 40 години затвор, прогласувајќи го виновен за геноцидот во Сребреница, како и за воени злосторства и злосторства против човештвото поради 44-месечната опсада на Сараево, земање заложници од мировниците на ОН и етничко чистење со цел протерување на Хрватите и Бошњаците од делови на Босна. Судот во 2019 година ја сметаше казната премногу блага и ја замени со доживотен затвор, ускратувајќи му го правото на Караџиќ да поднесе жалба на одлуката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radovan-karadzikj-planira-da-pobara-nov-sudski-proces/feed/ 0
Караџиќ се жали на лоши и нездрави услови во затворот во Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karadzikj-se-zali-na-loshi-i-nezdravi-uslovi-vo-zatvorot-vo-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karadzikj-se-zali-na-loshi-i-nezdravi-uslovi-vo-zatvorot-vo-britanija/#respond Fri, 28 May 2021 13:50:24 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516139

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор поради извршени воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше префрлен оваа недела, бидејќи таму има азбест, како и дека не му се почитуваат верските права. Ќерката на Караџиќ, Соња Јовичевиќ потврди за медиумите во Република Српска дека нејзиниот татко сега се наоѓа в затвор во пошироката околина на Саутемптон, откако претседателот на Хашкиот трибунал, Кармел Агиус, на почетокот на овој месец одлучи дека тој ќе го отслужи остатокот од доживотната затворска казна во Велика Британија. Таа не го откри точното име на затворот, но истакна дека Караџиќ бил испратен на југот на Англија, со цел на членовите на семејството да им бидат потешки посетите. – Што се однесува до физичката состојба во која е пренесен и каде е сместен, тоа е неприфатливо. Ако на тоа се додаде и фактот дека тој е сместен во зграда полна со канцероген азбест, кој е забранета во светот, тогаш јасно е во какви услови се наоѓа, истакна Јовичевиќ, која сега е пратеник во Парламентот на РС. Судот во Хаг правосилно го осуди Караџиќ на доживотен затвор во 2019 година, а второстепениот совет му ја зголеми казната од 40 години затвор, досудена во првостепената постапка. Тој беше прогласен за виновен поради извршени најтешки воени злосторства, вклучително и за геноцид во Сребреница и етичкиот прогон на Бошњаци и Хрвати, тероризирање на Сараево и земање мировници на ОН како заложници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karadzikj-se-zali-na-loshi-i-nezdravi-uslovi-vo-zatvorot-vo-britanija/feed/ 0
Караџиќ ја обжали пресудата за доживотен затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karadzikj-ja-obzali-presudata-za-dozivoten-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karadzikj-ja-obzali-presudata-za-dozivoten-zatvor/#respond Thu, 28 Mar 2019 16:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=179937

Поранешниот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ, кој беше прогласен за виновен за најголемиот масакр на цивили во Европа по Втората светска војна, ја обжали пресудата на судот во Хаг, со која му беше изречена казна доживотен затвор. – Радован Караџиќ ја обжали доживотната казна, која му беше изречена на 20 март, соопшти Судот во Хаг врз основа на правната информација поднесена од неговиот адвокат Питер Робинсон.

Караџиќ (73) беше прогласен за виновен за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој е прогласен за одговорен за масакрот на над 8.000 Бошњаци во Сребреница, за злосторства против човештвото, убиства и тортура, како и за кршење на воениот закон при опсадата на Сараево.

За време на војната БиХ беа убиени околу 100.000 луѓе

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karadzikj-ja-obzali-presudata-za-dozivoten-zatvor/feed/ 0
Ова нема врска со правото, ова е нивна правда: Прва изјава на Радован Караџиќ по објавување на доживотната казна затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-nema-vrska-so-pravoto-ova-e-nivna-pravda-prva-izjava-na-radovan-karadzikj-po-objavuvanje-na-dozivotnata-kazna-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-nema-vrska-so-pravoto-ova-e-nivna-pravda-prva-izjava-na-radovan-karadzikj-po-objavuvanje-na-dozivotnata-kazna-zatvor/#respond Wed, 20 Mar 2019 16:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=176874

Горан Петронијевиќ, адвокат на Радован Карџиќ, ги пренел за РТРС првите зборови на поранешниот претседател на РС после изрекување на пресудата, со која е осуден на доживотна казна затвор. Ова нема врска со правото, ова е нивна правда – рекол Караџиќ, според зборовите на Петронијевиќ. Жалбениот совет во Хаг денска го осуди на доживотен затвор првиот претседател на Република Срапска, Радован Караџиќ за геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-nema-vrska-so-pravoto-ova-e-nivna-pravda-prva-izjava-na-radovan-karadzikj-po-objavuvanje-na-dozivotnata-kazna-zatvor/feed/ 0
„Мајките од Сребреница“ одбија да отстранат транспарент на кој го споредуваат Караџиќ со Хитлер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-od-srebrenica-odbija-da-otstranat-transparent-na-koj-go-sporeduvaat-karadzikj-so-hitler/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-od-srebrenica-odbija-da-otstranat-transparent-na-koj-go-sporeduvaat-karadzikj-so-hitler/#respond Wed, 20 Mar 2019 14:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=176827

Половина час пред изрекување на правосилната пресуда за воениот злосторник Радован Караџиќ, пред зградата на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал), беше раширен транспарент на кој Караџиќ е спореден со Хитлер. „Радован Караџиќ – геноцид, Адолф Хитлер – холокауст“, пишува на платното кое семејствата на настраданите и претставници на бошњачките здруженија го поставија на заштитната ограда од трибуналот. Полицијата интервенираше и бараше транспарентот да биде отстранет. Тие им рекоа на демонстрантите дека не е примерно да се употребува името на Хитлер. Претставници од здружението „Мајките од Сребреница“ одбија да го сторат тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkite-od-srebrenica-odbija-da-otstranat-transparent-na-koj-go-sporeduvaat-karadzikj-so-hitler/feed/ 0
Изрекување пресуда за Радован Караџиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izrekuvanje-presuda-za-radovan-karadzikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izrekuvanje-presuda-za-radovan-karadzikj/#respond Wed, 20 Mar 2019 07:05:48 +0000 https://kurir.mk/?p=176616

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска, по три години жалбена постапка, ќе ја изрече второстепената пресуда за  поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Изрекувањето на правосилната пресуда, по жалбите на обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ, е закажано за 14 часот, а медиумите ќе го пренесуваат со задоцнување од 30 минути, односно во 14,30 часот. Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 година го осуди Караџиќ на 40 години затвор за геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екстрадиран во Хаг. Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина. Неговото судење започна во октомври 2009 година и заврши со првостепена пресуда во март 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izrekuvanje-presuda-za-radovan-karadzikj/feed/ 0