радован павловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 06:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радован павловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: Една година од смртта на Радован Павловски, најпреведуваниот македонски поет во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekavane-edna-godina-od-smrtta-na-radovan-pavlovski-najpreveduvaniot-makedonski-poet-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekavane-edna-godina-od-smrtta-na-radovan-pavlovski-najpreveduvaniot-makedonski-poet-vo-svetot/#respond Wed, 22 Feb 2023 06:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=803406

На 22 февруари 2022 година, на 84-годишна возраст почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, редовен член на МАНУ од 2006 година. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Автор е на книгите поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и „Се случува вечност“ (2014). Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија). Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekavane-edna-godina-od-smrtta-na-radovan-pavlovski-najpreveduvaniot-makedonski-poet-vo-svetot/feed/ 0
Влада Урошевиќ: Во Радован Павловски до крајот тлееше желбата да има свое живеалиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlada-uroshevikj-vo-radovan-pavlovski-do-krajot-tleeshe-zelbata-da-ima-svoe-zivealishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlada-uroshevikj-vo-radovan-pavlovski-do-krajot-tleeshe-zelbata-da-ima-svoe-zivealishte/#respond Sat, 27 Aug 2022 17:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=724864

Можам да речам, сега, уште на почетокот, дека Радован Павловски е еден од најголемите поети што пишувале на македонски јазик. Но, ја чувствувам оваа формулација како недоволна. За да се биде поблиску до вистинските димензии на неговата големина треба да се рече дека тој е една исклучителна фигура во македонската култура – и по својата поетска вдахновеност и по својата животна определба. Всушност – тие две страни на неговата личност во многу нешта се поклопуваат, исцртувајќи една единствена линија која тече, доследна на себеси, од првите објави на поетот до последниот негов здив. Ова го истакна академик Влада Урошевиќ на меморијалниот настан посветен на неодамна починатиот македонски поет, есеист и патописец Радован Павловски. Настанот се одржа вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Академик Урошевиќ истакна дека споменот за Радован Павловски сака да го фокусира со темите врзани за родителскиот дом, на неговата сигурност, но и на предизвиците што ги поставува светот што се шири наоколу, на темите на одделувањето од домот, на лутањата и на гладот по бескрајот, на темите за задомувањата и за раздомувањата. -Последните години Радован Павловски ги минуваше осамен, стеснет во едно бедно изнајмено собиче, притиснат од болеста и од вечниот недостиг на средства за живот. Немаше никој да се погрижи за него, да му помогне. А во него, до крајот, тлееше желбата да има свое живеалиште, свое засолниште. Дали тоа беше носталгија по родителскиот дом, по рајскиот предел на детството, по големиот сеопфатен дом на природата која му дава своја закрила на детето? Му се јавив, неколку дена пред смртта, да му речам дека негова книга, голем избор од неговото поетско творештво, за неколку дена треба да излезе во Москва. Се израдува и потоа ја повтори својата поплака: „Јас немам никаква лична сопственост“. Неговите зборови изразуваа едно длабоко разочарување и во нив имаше и тага, и протест, и очајание. Не наоѓав одговор на ова ламенто. „Ти ги имаш твоите песни“, се обидов да го утешам. „Тие не се моја сопственост, тие се веќе општа сопственост која им припаѓа на сите“, одговори горделиво, но и со една горчливост во гласот. Тоа се последните негови зборови што ги паметам, раскажуваше во својот емотивен говор академик Урошевиќ. Академик Радован Павловски почина на 84 години, на 22 февруари, 2020 година. Павловски, беше наречен и „принц на метафорите“. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а како и на Сојузот на писателите на СФРЈ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlada-uroshevikj-vo-radovan-pavlovski-do-krajot-tleeshe-zelbata-da-ima-svoe-zivealishte/feed/ 0
Комеморација за Радован Павловски: Принц на метафората за кого песната беше глас на вечноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-radovan-pavlovski-princ-na-metaforata-za-kogo-pesnata-beshe-glas-na-vechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-radovan-pavlovski-princ-na-metaforata-za-kogo-pesnata-beshe-glas-na-vechnosta/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=637985

Поезија препознатлива и своја, различна од сѐ што е напишано во стих кај нас, автентична, имагинативна и рамнодушна кон формата, без одредена стилска припадност или строга метрика, природна симбиоза на националното и универзалното, творечки космополитизам кој извира од Железна Река – неговиот центар на светот и митско место. Наречен „принц на метафората“, со порив кон апсолутната слобода и со мајсторски зафат во јазикот, за кого песната е глас на вечноста… Со овие зборови колегите од МАНУ и од Друштвото на писателите на Македонија на заедничка комеморација се простија од поетот и академик Радован Павловски кој почина во вторникот на 84-годишна возраст. Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, рече дека Павловски е дел од генерацијата македонски писатели кои со своето дејствување извршила пресудно влијание врз процесот на дедогматизација и модернизација на македонската литература и придонела за ширење на хоризонтите на творечките слободи. Сфаќањата на Радован Павловски за животот и поезијата, според Коцарев, најдобро се изразени во пристапната беседа за неговиот избор за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите во 2006 година, насловена „Мојата ѕвезда, моето живеалиште“. – Тогаш Радован ќе истакне: Во творештвото најтешко е творецот да се издржи самиот себеси и да се задржи на своите нозе. Сѐ друго е лесно како пердув, перо, сон, сонета… Но зборот е тежок, зборот држи вода дури и во пустина, рече Коцарев цитирајќи ги зборовите на Павловски и додаде дека „академик Павловски несебично штедро се расфрлаше со својата дарба, не само кога ги рецитираше своите песни, туку и во обичниот разговор, на теми од секојдневниот живот“. Академик Влада Урошевиќ, кој како и Павловски припаѓа на третата повоена генерација македонски писатели кои се појавуваат во втората половина на 1950-тите години и кој прв пишувал за неговата поезија во 1960 година, денеска рече дека замина уште една голема фигура на македонската култура, уште еден голем поет кој, како што рече, „ја обележа нашата епоха, творец кој на нашата поезија ѝ даде врвни песни напишани на македонски јазик“. -Во времето кога се појави имаше и отпори, кои секогаш ја следат појавата на такви несекојдневни личности, но наспроти нив, името на Радован Павловски беше секавично разгласено низ книжевните и културните кругови. Поезијата на Радован Павловски – и онаа од младешките години, и онаа од периодот на зрелоста, ја покажа и докажа вибрантната сензибилност на македонскиот јазик. Радован Павловски е еден од најголемите поети кои пишувале на македонски и неговото творештво стои на самиот врв на нашата поезија…, рече Урошевиќ. Според него, поезијата и животот за Радован Павловски биле судбински испреплетени, со една драматична и трагична спротивставеност зашто Павловски ја живеел својата поезија и се обидувал и во својот живот да се раководи со правилата на поезијата. А од тоа невозможно единство, рече Урошевиќ, произлегувале неговите недоразбирања со реалноста, неговите судири и огорченост поради неуспехот од тој невозможен потфат. -Но тој не сакаше да се прилагодува, да се согласи со општоприфатените правила, да се откаже од својот сон. Не бараше компромиси, одеше докрај, до отворено несогласување со средината, до затворање во својата горделива осаменост. Беше поет јасновидец, но и проколнат поет, истовремено. Во последните години живееше тежок, макотрпен осаменички живот. Неговото тело страдаше, но духот негов беше постојано извишен над приземните низини, барајќи секогаш поголеми височини за својот размав, истакна Урошевиќ. Соња Стојменска-Елзесер, претседателка на Друштвото на писателите на Македонија, каде што Павловски членувал од 1961 година, рече дека координатите во кој ќе се развивал неговиот творечки дух се чувствувале уште во дописот кога како 18-годишник, во април 1955, ги пратил своите први песни во весникот „Млад борец“: „Сакам да остварам свој свет, осмислен со она што треба да го оправда моето постоење“. -Тој навистина создаде свој свет… Радован Павловски е еден од најразбушавените, најнедисциплинираните во изразот, најрамнодушните кон формата или кон стилските правци во нашата литература. Поетскиот свет на Радован Павловски е бујна екстаза на имагинацијата, разгранета мрежа од симболи и метафори, магичен лавиринт кој ве заведува во многу насоки, лавина од визии и јазични вратоломии, блиски и далечни асоцијации низ кои одекнува убавината и моќта на македонскиот збор. Уште при поетското деби – објавата на стихозбирката „Суша, свадба и селидби“ во 1961 година Павловски е прифатен од македонската книжевна критика како исклучителен поет, кој многу брзо добива признание и поширока рецепција. Истата 1961-ва за оваа збирка ја добива книжевната награда „Младост“ во Белград и станува член ан ДПМ и на Сојузот на писатели на Југославија, а неговите стихови заживуваат во препев и на други јазици, рече Сојменска-Елзесер. Во оваа пригода таа ја покажа Повелбата „Блаже Конески“ за врвни творечки остварувања, која Друштвото на писателите му ја додели на Радован Павловски за 2020 година, но поради пандемијата и неможноста физички да присуствува не му била врачена и покрај обидите на Друштвото да го поканат за тој чин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-radovan-pavlovski-princ-na-metaforata-za-kogo-pesnata-beshe-glas-na-vechnosta/feed/ 0
Комеморативна седница за академик Радован Павловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/#respond Mon, 28 Feb 2022 06:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=637671

Македонската академија на науките и уметностите и Друштвото на писатели на Македонија денеска ќе одржат заедничка комеморативна седница по повод смртта на академик Радован Павловски. Комеморативната седница ќе се одржи во 10 часот во свечената сала на МАНУ, а посмртните останки на Павловски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот. Погребот ќе биде во 12 часот. Радован Павловски почина во вторникот на 84-годишна возраст. Тој е поет, есеист и патописец. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/feed/ 0
Почина академик Радован Павловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/#respond Wed, 23 Feb 2022 08:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=635219

На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година објавува песни во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. – За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во „Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис, соопшти МАНУ. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Автор е на книгите поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и „Се случува вечност“ (2014). Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија). Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во 1972 на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда „Икона Шекспир“ за литература, наречена „Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како „еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на акад. Радован Павловски. – Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија, соопшти МАНУ која по повод смртта на акад. Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/feed/ 0
„Бојкотирам“ ја „прекинаа“ расправата, поднесоа декларација на македонскиот народ до МАНУ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkotiram-ja-prekinaa-raspravata-podnesoa-deklaracija-na-makedonskiot-narod-do-manu-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkotiram-ja-prekinaa-raspravata-podnesoa-deklaracija-na-makedonskiot-narod-do-manu-video/#respond Tue, 11 Sep 2018 18:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=99550

Додека траеше научната расправа во МАНУ движењето Македонска преродба го изразија незадоволството од Преспанската спогодба пред самата зграда со нивниот слоган „Бојкотирам“. Овој договор тие го толкуваат како бришење на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. По извесно време им беше овозможено да влезат во салата, но и да се обратат од говорницата. „Сметаме дека во овие пресудни мигови за нашата држава и македонскиот народ во оваа институција од големо значење МАНУ да биде заведен во архивата овој документ, на кој што од денес понатаму ќе може да се повика секој Македонец во било која постапка во која ќе се одлучува за неговите основни човекови права и слободи“. Иако голем дел од академиците велат дека подобар договор со Грција не можело да се постигне, сепак има и такви кои се против него. За академик Радован Павловски Договорот од Преспа е разградување на националното битие. Според него, феномен е и тоа што сите светски велесили за една недела дојдоа во Скопје, да не фалат, да ни помагаат. „Кога станува збор за Северна Македонија тоа е преименување, прекрстување, промена на идентитетот, сега ќе почнеме да лутаме , потрага по изгубениот идентитет. А колективната мемеорија на која многу се верува е збир од индивидуалната меморија“, изјави Академик Радован Павловски. Тој порачува дека националниот код, нема врска со бизнисот и како што вели, политиката мора да ја симне својата маска на лицемерието. Извор: ТВ 21]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkotiram-ja-prekinaa-raspravata-podnesoa-deklaracija-na-makedonskiot-narod-do-manu-video/feed/ 0
Поетски портрет на Радован Павловски во рамки на научната визита на МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-radovan-pavlovski-vo-ramki-na-nauchnata-vizita-na-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-radovan-pavlovski-vo-ramki-na-nauchnata-vizita-na-manu/#respond Sun, 19 Aug 2018 07:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=89361

Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во научниот и уметнички центар Куќа на Уранија - МАНУ во Охрид, вечер, ќе се одржи „Поетски портрет на академик Радован Павловски". Радован Павловски е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Белград и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Во творештво на Павловски, полно со метафори, преставена е македонската земја, народ, култура и историја. Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговите родители, таткото Павле и мајката Достана, кои потекнуваат од македонското село Железна Река, Гостиварско, се враќаат во родното место, каде Радован го поминува своето детство. Таму завршува основно образование, а средното образование во Гостивар. Потоа студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Својот живот го посветува на пишуваната поезија. Од појавата на првите песни до денес, неговото творештво го поврзуваат со македонскиот идентитет, со битието на древниот, сегашен и иден македонски народ и нација. Неговата поезија е специфична во својата метафорика, со изграден посебен култ кон сликата, кон природата, кон навраќање на стварниот и замислениот свет на поетовиот роден крај, Железна Река. Секоја песна, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ, кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја. Добитник е на републичките награди: „Браќа Миладиновци” (1965), „11- ти Октомври” (1971), „Кочо Рацин” (1991) и „Ацо Шопов” (1995), како и на повеќе меѓународни признанија. Поезијата на Радован Павловски е преведувана на околу 50 јазици, меѓу кои на англиски, арапски, грчки, германски, италијански, кинески, руски, француски и шпански јазик, а застапена е и во многу антологии на современата македонска, европска и светска поезија. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-radovan-pavlovski-vo-ramki-na-nauchnata-vizita-na-manu/feed/ 0