радовиш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 16:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png радовиш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-kontingentot-preku-ambasadata-na-sad-donirashe-tehnichka-oprema-za-radovishkite-pozharnikari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-kontingentot-preku-ambasadata-na-sad-donirashe-tehnichka-oprema-za-radovishkite-pozharnikari/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=895463

НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари, соопштија од Општина Радовиш. Опремата се состои од противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила), противпожарни огноотпорни одела, балаклави и носачи за белодробен апарат со маска. Од Општината додаваат дека ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици во државата, кои се опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот за да им се помогне на единиците во опремувањето за ефикасно извршување на интервенциите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-kontingentot-preku-ambasadata-na-sad-donirashe-tehnichka-oprema-za-radovishkite-pozharnikari/feed/ 0
Тешко повреден маж од Радовиш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-mazh-od-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-mazh-od-radovish/#respond Mon, 19 Jun 2023 10:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=847351

На 18.06.2023 околу 05:50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат с.Ораовица - с.Подареш, радовишко, патничко моторно возило „пежо 307“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Радовиш, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. По несреќата, од лекар од Итна медицинска помош на возачот А.М. му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-mazh-od-radovish/feed/ 0
Маж запалил куќа во Радовиш, познат неговиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-zapalil-kuka-vo-radovish-poznat-negoviot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-zapalil-kuka-vo-radovish-poznat-negoviot-identitet/#respond Mon, 12 Jun 2023 15:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=844967

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Г.Л.(41) од село Владевци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот закон. Тој се сомничи дека на 15.05.2023 околу 22.30 часот предизвикал пожар во куќа во Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-zapalil-kuka-vo-radovish-poznat-negoviot-identitet/feed/ 0
Во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-radovish-se-odrzha-megunarodniot-folkloren-festival-veligdenski-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-radovish-se-odrzha-megunarodniot-folkloren-festival-veligdenski-sredbi/#respond Tue, 18 Apr 2023 12:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=824968

На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“, кој по 18 пат се одржа во Радовиш и има натпреварувачки карактер, најуспешни беа играорците на КУД “Китка“ од Истибања, а Гран при наградата му припадна на КУД „Бојмија“ од Гевгелија. Како што информираа од локалната самоуправа, Фестивалот се одржал во манастирскиот комплекс „Свети Ѓоргија“ под покровителство на градоначалникот и Општина Радовиш. На Фестивалот учествувале 18 фолклорни ансамбли од земјава и странство, кои се натпреварувале од 15 до 17 април.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-radovish-se-odrzha-megunarodniot-folkloren-festival-veligdenski-sredbi/feed/ 0
Радовиш домаќин на завршницата на одбојкарскиот куп https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radovish-domakin-na-zavrshnitsata-na-odbojkarskiot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radovish-domakin-na-zavrshnitsata-na-odbojkarskiot-kup/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=815455

Осум екипи, по четири во машка и во женска конкуренција, од денес до сабота ќе се надигруваат за пехарот во Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе биде одржан во салата „25-ти Мај“ во Радовиш. Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите. Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, е апсолутен фаворит против Универизтет во Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот. Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво Работнички Скопје ќе сервира со надеж да го повтори минатогодишното остварување од Кавадарци. Дербито во полуфиналето е меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје, а Наковски волеј ја носи фаворитската улога против Вардар жени. Финалните натпревари се предвидени за в сабота, најпрво машкото во 13, а потоа и женското од 16 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radovish-domakin-na-zavrshnitsata-na-odbojkarskiot-kup/feed/ 0
Приведени четворица крадци од Радовиш, фатени на дело – едниот од нив бил малолетник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvoritsa-kradtsi-od-radovish-fateni-na-delo-edniot-od-niv-bil-maloletnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvoritsa-kradtsi-od-radovish-fateni-na-delo-edniot-od-niv-bil-maloletnik/#respond Wed, 18 Jan 2023 10:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=788831

На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела. Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvoritsa-kradtsi-od-radovish-fateni-na-delo-edniot-od-niv-bil-maloletnik/feed/ 0
Приведен дилер во радовишко, пронајдени разни видови дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-vo-radovishko-pronajdeni-razni-vidovi-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-vo-radovishko-pronajdeni-razni-vidovi-droga/#respond Sat, 31 Dec 2022 16:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=782818

На 30.12.2022 година во 23 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, радовишко. При претрес на патничко возило "волво" со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана. Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-vo-radovishko-pronajdeni-razni-vidovi-droga/feed/ 0
Кривична пријава против четири лица од Радовиш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-chetiri-lica-od-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-chetiri-lica-od-radovish/#respond Fri, 11 Nov 2022 17:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=759405

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.К.(65), К.С.(66), Р.С.(53) и С.П.(37), сите од Радовиш, поради постоење на сомнение дека Г.К., К.С. и Р.С сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот закон, а С.П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.

Осомничените Г.К., К.С. и Р.С., како вработени во Општина Радовиш во 2020 година презеле дејствија во рамки на нивните надлежности, по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Радовиш, преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С.П., како надворешно лице, со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити студијата, изготвена за тој договор.

Врз основа на вака склучениот договор Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ).

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-chetiri-lica-od-radovish/feed/ 0
Ристов со поддршка за рударите: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/#respond Fri, 26 Aug 2022 11:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=724326

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас, изјави на денешната прес конференција Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш. Тој во оваа прилика кажа во овие денови до него стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што тој нема никакви официјални информации. - Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците, појасни Ристов. - Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат, вели тој. Ристов потсети дека се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. - Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/feed/ 0
Радовишанец купил дрога од едно лице за да ја предаде на друго лице – приведени сите тројца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/radovishanec-kupil-droga-od-edno-lice-za-da-ja-predade-na-drugo-lice-privedeni-site-trojca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/radovishanec-kupil-droga-od-edno-lice-za-da-ja-predade-na-drugo-lice-privedeni-site-trojca/#respond Sat, 23 Jul 2022 09:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=709244

На 22.07. и 23.07.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш. Имено, на 22.07.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.. Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.07.2022) во 10.00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/radovishanec-kupil-droga-od-edno-lice-za-da-ja-predade-na-drugo-lice-privedeni-site-trojca/feed/ 0