рафаела барони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Apr 2018 14:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рафаела барони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Невидено чудо за кое се молчи: Жена починала и воскреснала два пати, прв пат и се случило кога имала 11 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nevideno-chudo-za-koe-se-molchi-zena-pochinala-i-voskresnala-dva-pati-prv-pat-i-se-sluchilo-koga-imala-11-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nevideno-chudo-za-koe-se-molchi-zena-pochinala-i-voskresnala-dva-pati-prv-pat-i-se-sluchilo-koga-imala-11-godini/#respond Sun, 08 Apr 2018 14:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=37918

Таа е пророчица, акушерка, вајарка, уметник, музичар. Оваа медицинска сестра успеа да го оствари невозможното, да воскресне два пати. Барони прв пат „починала“ кога имала 11 години. Нејзината мајка ја нашла како лежи и не дава знаци на живот. Во блиската болница лекар дијагностицирал смрт. Семејството почнало да се подготвува за погреб. Рафаела тврди дека таа цело време имала свест и дека можела да слушне се што се случува околу неа. -Се израдував кога пристигнаа роднините, моите баби и дедовци, но бев многу тажна затоа што сфатив дека тие се подготвуваат жива да ме закопаат. Колку и да викав, никој не ме слушаше, се присетува Рафаела. Се помрднала само неколку моменти пред да ја погребаат. Кога имала 33 години, Рафаела „починала“ по втор пат. Тоа било во 1968 година. -Ме однесоа во болница, таму поминав 19 дена во кома, а потоа рекоа дека сум мртва. Отидовме на гробишта, но некој се сети дека сите документи останаа во Бокона. Без сите тие документи и потврди не можеле да ме закопаат. Ме однесоа во мртовечница, а тие виделе дека телото наеднаш се мрда. Некој викнал: „Не, сињора не почината“. Откако се „вратила од мртвите“, на Рафаела и била дијагностицирана каталепсија, болест која во медицинските книги е опишана како состојба во која човек паѓа и делува мртов. Човекот не може да зборува. Разболените и понатаму имаат ориентација во времето и просторот и свесни се за се што се случува околу нив. Рафаела во Венецуела не е позната само поради овие две чудесни приказни и „враќањето од мртвите“, туку и по своите бројни уметнички дела инспирирани најпрво од религиозна тематика, како и по тоа што лечи луѓе и може да ја предвиди нивната судбина. Барони неколку пати се имала сретнато со Хуго Чавез, пред да тој да стане претседател, но средби имало и откако станал. -Го запознав во Баринас уште кога беше дете. Тогаш продаваше кокада, напивка од кокос популарен во Венецуела. Беше секогаш скромен и обичен човек, вели Рафаела Барони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nevideno-chudo-za-koe-se-molchi-zena-pochinala-i-voskresnala-dva-pati-prv-pat-i-se-sluchilo-koga-imala-11-godini/feed/ 0