Рафал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Mar 2022 21:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рафал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француски РАФАЛИ од понеделник ќе ЛЕТААТ над Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuski-rafali-od-ponedelnik-kje-letaat-nad-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuski-rafali-od-ponedelnik-kje-letaat-nad-zapaden-balkan/#respond Sat, 05 Mar 2022 21:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=641759

Мировните сили на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) најавија дека од понеделник авионите на ЕУ ќе започнат со тренажни летови над БиХ и Западен Балкан. Како дел од операцијата „Алтеа“, обуката ќе започне на 7 март и ќе се одвива во наредните недели, соопшти ЕУФОР. „Носачот на авиони Шарл де Гол моментално е на оперативна обука во Средоземното Море, а од понеделник, 7 март 2022 година, неговиот авион од типот Рафал ќе лета над Западен Балкан, вклучително и БиХ“, се вели на Фејсбук страницата на ЕУФОР. Како што беше најавено, во светло на влошената меѓународна безбедносна ситуација, а и како мерка на претпазливост, командантот на операцијата „Алтеа“ ја прифати доброволната понуда на Франција во наредните недели да изврши неколку тренажни летови на млазни авиони над БиХ. „Во време кога безбедносната рамнотежа на Европа е нарушена, ЕУ ја покажува својата континуирана посветеност и решителност да поддржи безбедна и стабилна средина во БиХ и на Западен Балкан“, се вели во соопштението на веб-страницата на ЕУФОР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuski-rafali-od-ponedelnik-kje-letaat-nad-zapaden-balkan/feed/ 0
Хрватска ќе купи 12 воени авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-kupi-12-voeni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-kupi-12-voeni-avioni/#respond Sat, 29 May 2021 07:17:50 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516342

Хрватска ќе купи 12 француски борбени авиони „Рафал“ за да ги модернизира своите воздушни сили во договор вреден 999 милиони евра. Другите понуди во процесот беа на САД, Шведска и Израел. Хрватска влезе во НАТО во 2009 година и во Европската унија во 2013 година. Во ВВС се ескадрила руски МиГ-21 кои датираат од поранешна Југославија, но тие се застарени и малку од нив се во работна состојба. – Животот на нашите МиГ-21 истекува во 2024 година, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Изборот на француските авиони, објавен од Пленковиќ, доаѓа по долга тендерска постапка, што беше одложена неколкупати. Другите понуди вклучуваа нови Ф-16 од САД, нов ЈАС-39 Грипен од Шведска и користени Ф-16 од Израел. Пленковиќ посочи дека најголемата воена набавка на Хрватска од нејзиното отцепување од југословенската федерација ќе биде вредна 999 милиони. Пакетот ќе вклучува авиони, обука на екипаж и оружје, според хрватските медиуми. Првите шест такви воени авиони ќе бидат испорачани во 2024 година, а останатите – следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-kupi-12-voeni-avioni/feed/ 0
Во Индија пристигна првата серија од пет воени авиони Рафал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-pristigna-prvata-serija-od-pet-voeni-avioni-rafal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-pristigna-prvata-serija-od-pet-voeni-avioni-rafal/#respond Wed, 29 Jul 2020 14:46:18 +0000 https://kurir.mk/?p=383308

Првата серија од пет воени авиони од француско производство Рафал денеска пристигнаа во индиската воздухопловна база Амбала. – Птиците безбедно слетаа во Амбала. Ако некој треба да е загрижен… поради овие нови способности… тоа би требало да бидат оние кои сакаат да го загрозат нашиот терторијален интегритет, напиша на Твитер индискиот министер за одбрана Раџнат Синг. Воените авиони се дел од договоро вреден 8,78 милијарди долари, што со Франција беше потпишан во 2016 година. Индија е најголем светски увозник на оружје со оглед на тоа што во тек е модернизација на армијата. Идниското Министерство за одбрана на 2 јули одобри купување на 21 руски авиони МиГ-21 и 12 Су-30МКИ за 2,43 милијарди долари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-pristigna-prvata-serija-od-pet-voeni-avioni-rafal/feed/ 0