раѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Mar 2023 14:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png раѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ако го имате овој број во датумот на раѓање ќе ве прати среќа цел живот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-go-imate-ovoj-broj-vo-datumot-na-ragane-ke-ve-prati-sreka-tsel-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-go-imate-ovoj-broj-vo-datumot-na-ragane-ke-ve-prati-sreka-tsel-zhivot/#respond Sat, 18 Mar 2023 14:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=813535

Нумеролозите веруваат дека одредени броеви носат посебна енергија, а тоа се однесува на бројот три. За астролозите и нумеролозите, бројките кои се наоѓаат во датумот на раѓање во голема мера го одредуваат вашиот карактер. Постојат многу толкувања за симболиката и значењето на секој број. Сепак, се верува дека некои броеви носат посебна енергија, а тоа се однесува на бројот 3. Ова има особено негативно влијание врз пријателствата и партнерските односи. Тие имаат тенденција да ги занемаруваат своите сакани и тешко им е да ги изразат своите чувства. Можат да бидат арогантни, но исклучително ефикасни. Конкуренцијата треба да се плаши од нив бидејќи имаат многу натпреварувачки дух и се подготвени да направат многу за да победат. Имаат одлична меморија и зголемено ниво на љубопитност. Тие никогаш не престануваат да учат и секогаш се развиваат. Може да се наречат и идеални соговорници бидејќи имаат развиена комуникација, а ниту една тема не им е туѓа. Нивните таленти се повеќекратни. Тоа може да биде музика, пишување или други видови на креативност или нешто сосема друго. Единствениот проблем е што оставаат многу работи недовршени. Тие се препуштаат на една авантура, а другата сè уште не ја завршиле. Независни се и не дозволуваат никој да ги контролира. Вешти се да избегнуваат манипулатори и не поднесуваат притисок од другите. Речиси секогаш се потпираат на факти, а не на шпекулации. Тие се рационални и во нивниот живот умот е најважниот водич, но кога ќе го освоите нивното срце, ќе сфатите колку е големо и чисто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-go-imate-ovoj-broj-vo-datumot-na-ragane-ke-ve-prati-sreka-tsel-zhivot/feed/ 0
Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/#respond Wed, 17 Aug 2022 07:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=719607

Денес, 17.08.2022 година (среда) се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто. За таа цел Ве покануваме денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша: Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. - напиша Стефковски На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/feed/ 0
Одбележани 150 години од раѓањето на војводата Смиле Војданов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/#respond Tue, 01 Feb 2022 19:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=625582

Под исклучително ниски температури и со почитување на мерките за претпазливост од ковид-19, денес на градските гробишта Пери Маунт Парк во градот Понтијак во сојузната држава Мичиген со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото - Смиле Војданов. Како што нѝ објаснија двајцата претставници на здружението „Заборавени Македонци„ за Соединетите американски држави Ана Дукоска и Гоце Панговски, одбележувањето на јубилејот "150 години од раѓањето на Смиле Војданов" претставува „заокружување на уште еден сегмент од патриотскиот долг кон храбрите и непоколебливи синови на Македонија кои целиот свој живот го посветија на делото за создавање на македонска независна држава. Во услови кога државата не дава сигнали на грижа за културно-историскиот континуитет на генерациите кои се вградија во создавањето на државата Македонија, наша должност е да го одбележиме секој македонски син и деец“ - нѝ рекоа претставниците на здружението. Во воведното обраќање до присутните Ана Дукоска рече: „Ако Македонците овде во САД сакаат автентично да го прикажат ликот и делото на големиот македонски деец Смиле Војданов тогаш не постои подобро место и не постои подобра паралела, а можеби и пророчка коинциденција, освен онаа со Обвандијак односно Понтијак, индијанскиот поглавица на племето Отава по кој овој град го носи името. Поглавицата Понтијак беше водач и бранител на својата земја во големото и неуспешно востание од 1763 година, исто онака како што Смиле Војданов век и половина подоцна учествуваше во едно исто така неуспешно, но многу храбро и историско, македонско Илинденско востание од 1903 година за ослободување на Македонија. За жал, на Смиле Војданов не му било судено гробот да му биде во Македонија, земјата во која се роди и за која се бореше. Тој е тука во САД, неговата втора татковина, кадешто почива во мир, и мошне заслужената почит.“ Нашиот сонародник и гласноговорник за правата на Македонците Гоце Панговски, кој помина 4000 км да дојде до Понтијак, можеби е најдобриот пример за вистинскиот жар кој тлее кај Македонците во оддавање почит кон вистинските борци како што беше Смиле Војданов. Панговски имаше пригодно излагање за животот и делото на војводата Војданов чијашто судбина ја доживеа и оваа наша генерација, да продолжат да се борат за татковината на оној својствен начин на кој тоа го правеше и нивниот сонародник Смиле Војданов. Гоце Панговски зборуваше за патриотските етапи на Војданов почнувајќи од неговата жива и мотивирачка активност во текот на Илинденското востание во кое останува забележан по историскиот повик до македонските соборци-учесници во востанието од 1903 година: „Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.“ Панговски го подвлече како исклучително важен Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС) на кој Смиле Војданов беше претседател и во кој се вели: „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.„ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“ Видно возбудени, на настанот говореа и двете внуки на Смиле Војданов, сестрите Џин Војданова-Јустинг и Џуди Војданова, ќерки на најмалиот син на Смилета - Илија Војданов. Илија бил ветеран од Втората светска војна и е погребан на истите гробишта во близина на својот татко. Џин Војданова-Јистинг втората ќерка на Илија Војданов, најмладиот син на Смиле Војданов во своето обраќање до присутните меѓу другото рече: Благодариме на „Заборавени Македонци“ за организирањето на 150-годишнината за чествување на роденденот на мојот дедо Смиле Војданов.Тој навистина би бил мошне благодарен! Сѐ уште ми е свежо сеќавањето на него како на една од последните маси во нашиот ресторан заедно со други постари сонародници зборуваат на македонски или како чита весници. Честопати во сеќавање ми е фотографијата од Смиле во востаничка униформа како борец против Османлиската Империја, но во тоа време не го разбирав целосно значењето на неговиот удел во Илинденското востание сѐ до оној момент кога одлучивме со мојот сопруг Кен да ја посетиме Македонија. Додека престојувавме во Охрид посакав да го посетам и Лактиње, родното село на татко ми Илија коешто се наоѓа на 30тина километри од Охрид. Во селската месна заедница во Лактиње сѐ уште стои фотографија од дедо ми со други двајца постари луѓе и на средсело има спомен-обележје во чест на неговото учество во Илинденското востание. Ви благодариме за организирањето на настанов.“ Сведоштвото за Смилета Војданов низ солзи нѝ го пренесе 87-годишниот Даниел Војданов, внукот на Смиле Војданов од неговиот најстар син Аврам, за тоа како неговиот дедо бил еден мошне мил човек, којшто секогаш имал време и благ збор за неговите внуци и за тоа како на прошетка по улиците на градот Понтијак, држејќи го за рака својот дедо Смиле, живо се сеќава дека сите луѓе, без разлика на нивното потекло или етничка припадност застанувале и го поздравувале што е јасен показател за каков човек станува збор.Затоа сите негови потомци се среќни што имале таков предок, а Даниел со гордост потенцира дека неговото средно име е Смиле, односно во полна форма тој е Даниел Смиле Војданов. ПАНИХИДА ЗА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ Со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Американско-канадски г. Методиј од Македонска православна црква -Охридска Архиепископија се одржа панихида за македонскиот револуционер и војвода Смиле Војданов на неговото вечно почивалиште. Панихидата ја отслужи протоереј Драган Јорданов, архиерејски намесник и парохиски свештеник во македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хајтс во Мичиген. ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФИЛАТЕЛИЈАТА Здружението „Заборавени Македонци“ по повод јубилејот „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ под истото мото денеска пушти во поштенски сообраќај пригоден поштенски плик и картичка со ликот на Смиле Војданов во ограничено издание од 150 пликови напоредно на македонски и на англиски јазик наменети за колекционерски цели. ПОВАЖНИТЕ МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ НА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ со опис на фотографиите: 1. Четата на Смиле Војданов и извадок од повикот на Војданов до македонските соборци-учесници во Илинденското востание од 1903 година: „Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.„ 2. Портрет на Смиле Војданов од 40-тите години на минатиот век: „Ние се организираме пред сѐ на национална основа. Сакаме да видиме единство на емиграцијата и преку тоа да може да се постави изградбата на еден обединет македонски национален фронт. Ние веруваме во обединувањето, затоа што веруваме во еволуцијата на Македонците кон чистата македонска идеја“. Извадок од интервју на Смиле Војданов дадено за весникот „Македонски вести„ од 1936 година 3. Извадок од Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американски народен сојуз (МАНС): „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.“ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“ 4. Посета на Смиле Војданов на Македонија по Втората светска војна. Смиле Војданов полага венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас„ во Скопје, Македонија. Извор: дневен весник „Нова Македонија“ БИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕД Смиле Војданов (1872-1958) е илинденски војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото. Роден на денешен ден (1. февруари) 1872 година во охридското село Лактиње (денес во општина Дебарца), во Македонија. Основното образование го започнал во родното село, а потоа отишол да учи во манастирот Св. Богородица Пречиста крај Кичево, каде станал ѓакон. Неколку години бил учител во с. Лактиње по што станал анџија во село Сливово. Во 1897-98 г. се запознал со дејноста на Македонската Револуционерна Организација (Внатрешната) и набргу станал нејзин заколнат член и агитатор. Едно време бил четник во четата на својот соселанец Дејан Димитров, а потоа станал војвода на сопствена чета во охридскиот реон. Во летото 1903 година, по одржувањето на конгресот на Организацијата во с. Смилево, Војданов сведочи дека на едно собрание на војводите од охридскиот реон Христо Узунов им ја соопштил веста за конгресната одлука дека на 2. август, денот на Св. Илија: “ќе дигнеме востание за ослободување на нашата родна Македонија“. По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажува од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжува во Северна Америка, каде долги години ќе дејствува меѓу македонските иселеници во САД и Канада. Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е создадено првото независно македонско друштво. По создавањето на повеќе вакви друштва во различни градови на САД, на 22. и 23. март 1930 во градот Толедо (Охајо) била одржана Првата конференција на македонските независни друштва. Тогаш Смиле Војданов е избран за Претседател на средишното раководно тело. На Првиот редовен конгрес за обединување на друштвата, од 24. до 26. тревен 1931 во Гери (Индијана), Смиле Војданов е избран за претседател на новосоздадениот Македонски Народен Сојуз. По Втората светска војна го поздравува создавањето на македонската држава и се вклучува во континуирано испраќање на добротворна помош за татковината. Еден од иницијаторите и донаторите за изградба на Медицинскиот клинички центар во Скопје. Починал на 4. март 1958 година и погребан е на гробиштата Пери Маунт Парк во Понтијак, САД. Кон одбележувањето на јубилејниот роденден „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ се придружија и голем број македонски организации од целиот свет кои испратија телеграми до организиторите и семејството честитајќи го ликот и делото на славеникот Смиле Војданов. Покрај здружението „Заборавени Македонци“ од Франција, честитки упатија и „Обединети Македонци“ од Канада и Германија, Македонците од САД, Европа и Австралија како и архиерејскиот заменик на Американско-канадската епархија отец Синиша Ристовски. Организаторите комуницираа со Сенаторите Гери Питерс и Деби Стабеноу од Мичиген, но за жал поради вонредните услови со пандемијата и ниските температури тие не беа во можност да присуствуваат на настанот. Како што нѝ објаснија од здружението „Заборавени Македонци“ и семејството Војданови активностите во одбележување на јубилејот ќе продолжат во текот на целата година и се надеваат дека пандемијата наскоро ќе стивне и ќе можат јубилејот да го одбележат помасовно на некој од Илинденските пикници, како што тоа го правеше нивниот Смиле, чиишто бројни собири сè уште ги паметат неколку најстари членови од семејството, а помладите ги гледаат преку фотографиите и снименот материјал од нивната богата семејна збирка. „Ти нѐ научи војводо, да не се откажуваме и при првиот голем неуспех на востанието туку повторно да се преброиме, таму долу и ние овде, да ги сумираме грешките и да тргнеме одново во нови битки. Тој поттик, таа твоја искра не е изгасната и денес е водилка на сите нас. До нашата следна беседа ти се поклонуваме и остануваме со длабока почит. Нека му е вечна слава. Амин!“ - Од твоите сонародници Македонци - следбеници на твоето чисто патриотско дело за Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/feed/ 0
Зошто се кине кошулата на новопечениот татко? Никогаш не би погодиле какво значење има овој обичај https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-kine-koshulata-na-novopecheniot-tatko-nikogash-ne-bi-pogodile-kakvo-znachenje-ima-ovoj-obichaj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-kine-koshulata-na-novopecheniot-tatko-nikogash-ne-bi-pogodile-kakvo-znachenje-ima-ovoj-obichaj/#respond Fri, 28 Jan 2022 19:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=624114

Сигурно неколку пати сте присуствувале на овој народен обичај при раѓањето на дете - кинење на кошулата на таткото кога ќе се роди детето. Има различни мислења, а ова се дел од толкувањата. Една од најприфатените теории е дека со текот на времето секоја маица или кошула се истенчува и кине. Затоа, со кинење на старата маица или кошула, новиот татко е принуден да купи нова, бидејќи секоја нова кошула претставува нова сила, па кога ќе се роди дете, соседите, роднините, кумовите и пријателите брзаат да ја искинат таа маица или кошула на новиот татко со зборовите: „Да го искинеме ова, смени уште многу, ти и твоето дете да имате сила и нови умови, додека сте живи и здрави.“ Она што го знаеме е дека овој обичај потекнува од античкото минато, кога децата не се раѓале во породилиштата, туку дома, во полињата, во шумата и на други места. Кога немаше, како денес, секаква опрема за бебиња, новороденчето при раѓањето морало да биде завиткано во парче ткаенина за да се заштити од студот. Во случај да не била подготвена крпата за виткање, машката кошула била најпогодна за таа намена. Се избегнувала женска облека за повивање, бидејќи жените се сметале за нечисти 40 дена по породувањето. Затоа и се кине машката кошула, за да се завитка новороденчето. Постои верување дека кинењето треба да покаже дека енергетската аура на таткото, облеката што ја носел досега, веќе не е соодветна покривка, т.е. дека само раѓањето на детето мора да доведе до негова психолошка промена. Како што змијата ја менува старата кожа за нова, така и мажите мора да бидат подготвени за промена и за нова улога - улога на татко. Исто така, постои верување дека само мажите треба да ги кинат машките кошули и маици, бидејќи на тој начин си носат среќа еден на друг и можност наскоро да станат татковци на здрави деца. Се верува дека ако земат парче кошула од новиот татко, ќе добијат дете од ист пол. Што и да е вистина, овој обичај навестува радост и среќа поради раѓањето на нов живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-kine-koshulata-na-novopecheniot-tatko-nikogash-ne-bi-pogodile-kakvo-znachenje-ima-ovoj-obichaj/feed/ 0
Според редоследот на раѓање до идеалниот партнер https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/spored-redosledot-na-ragjanje-do-idealniot-partner/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/spored-redosledot-na-ragjanje-do-idealniot-partner/#respond Wed, 22 Dec 2021 08:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=611512

Според психолозите, редоследот на раѓање многу влијае на нашиот начин на однесување, како и на идните односи и пристапот до нив. Психологот Кевин Леман го проучувал квалитетот на врската помеѓу 236 деловни директори и нивните партнери во зависност од редоследот на раѓање, открива Business Insider. Дошол до интересно откритие кое на многумина може да им послужи како ориентација како ќе изгледа нивната врска и колку ќе биде успешна. Ако сте првородени: Најлошата двојка за вас е: исто така првородена – ќе има многу борби за моќ бидејќи сте навикнати секогаш да бидете во право и сè да биде по ваша мерка. Во основа, сите несогласувања на овој пар се околу борбата за контрола и моќ во таа врска. Лекот е во прекинот на критиките и упорните обиди да се поправате еден со друг. Дефинирајте ги вашите улоги во домот прецизно така што и двајцата ќе бидете еднакви во куќата. Вашиот најдобар пар е: најмалото дете – овие бракови се меѓу најуспешните. Најдобар можен пар е кога ќе се здружат првородената жена и мажот кој бил најмало дете во семејството затоа што совршено се надополнуваат. Ако сте средно дете: Вашиот најдобар партнер е: најмалото дете. Средното дете најчесто не се чувствувало загрозено од најмладото, па затоа е најлесниот начин да се комуницира со него. Тие се многу попустливи и кога е во прашање излегувањето, што е важно за најмалото дете – да има своја слобода и многу да се дружи. Во тој пар, важно е помалото дете да не ја искористува љубезноста на средното дете, па така и се создаде одличен пар. Најлошиот партнер е: исто средно дете – средните деца по правило слабо комуницираат, а кога ќе се спојат двајца такви тогаш таа ситуација се множи. И двајцата молчат и наместо да разговараат, тие емоции ги задржуваат и ги собираат. Средните деца остануваат најдолго во брак бидејќи научиле како да прават компромиси и да преговараат со браќата и сестрите. Ако сте најмалото дете: Вашиот најдобар партнер е: првороденото. Најстарото дете ќе го подучува најмладото на организација, а најмалото ќе внесе опуштена атмосфера во таа врска и ќе ги потсети најстарите дека не треба сѐ да сфаќаат толку сериозно. Најлошиот пар е: исто најмалото дете. Две најмали деца во врска ќе направат хаос. Обично лоши се справуваат со финансиите, а се и лошо организирани, па двајца на едно место сигурно ќе имаат потешкотии. Доколку строго не се договорат кој што ќе прави, може да имаат проблеми во врската. Исто така, најмалите деца често знаат да ја префрлат вината на друг и не преземаат одговорност, па тоа може да им биде голем проблем. Леман сугерира дека најважното нешто за овој пар е да не се манипулира еден со друг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/spored-redosledot-na-ragjanje-do-idealniot-partner/feed/ 0
НЕ САКАЛА ДА ИМА ДЕЦА, ПА РОДИЛА 16: „Сопругот ме убеди, не е ни исклучено дека ќе имаме уште!“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-sakala-da-ima-deca-pa-rodila-16-soprugot-me-ubedi-ne-e-ni-isklucheno-deka-kje-imame-ushte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-sakala-da-ima-deca-pa-rodila-16-soprugot-me-ubedi-ne-e-ni-isklucheno-deka-kje-imame-ushte/#respond Wed, 24 Feb 2021 14:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=473288

Џени Бонел и нејзиниот сопруг Реј имаат 16 деца и се најголемото семејство во Австралија. Оваа 51-годишна жена била бремена дури 23 пати, но за жал имала неколку спонтани абортуси. Ако ја прашате, бременоста е најголем благослов, а она што е интересно е дека Џени воопшто не сакала да има деца на почетокот на бракот. - За некој што го започна сето ова без да сака деца, јас навистина ги имам многу. Се сеќавам дека му реков на Реј дека не ми е грижа да имам деца, дека едноставно не ги сакам, изјави таа за британски "Сан". Нејзиниот сопруг, кој израснал во шестчлено семејство, сакал да има големо семејство и, како што вели, тој успеал да ја убеди. - Се согласив да имам едно, можеби две бебиња, што беше навистина убаво. Ми го отвори срцето на она за што сум предодредена во животот - а тоа требаше да бидам мајка. Оттогаш, јас бев таа што го прашуваше мојот сопруг дали може да има друго дете, вели таа.
И така, се раѓаше едно по едно бебе, сè додека немаше 16 од кои девет синови и седум ќерки, кои сега се на возраст од шест до 31 година. Џени вели дека повеќето луѓе мислат дека имаат „премногу деца“, но дека уживале во процесот на раст на семејството. Таа додава дека не е исклучено да ги има повеќе - тие не прават ништо за да ја спречат бременоста, но нејзината возраст, како што истакнува, е отежнувачка околност. Таа вели дека е задоволна од моменталната состојба, но и дека би била среќна ако повторно забремени. Се чувствувам толку привилегирано што сум мајка, не можев да замислам подобар начин на живот, смета Џени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-sakala-da-ima-deca-pa-rodila-16-soprugot-me-ubedi-ne-e-ni-isklucheno-deka-kje-imame-ushte/feed/ 0
Одбележани 106 години од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezani-106-godini-od-ragjanjeto-na-poznatiot-pisatel-sterjo-spase/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezani-106-godini-od-ragjanjeto-na-poznatiot-pisatel-sterjo-spase/#respond Sat, 15 Aug 2020 08:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=390953

Во неговото родно село Глобочани, општина Пустец, беше одбележана 106-годишнината од раѓањето на големиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе. Почит му оддадоа поголем број Македонци кои положија свежо цвеќе на бистата која е поставена во центарот на селото. Од име на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, почит му оддаде и свежо цвеќе положи Васил Стерјовски, претседател на партијата и пратеник од оваа партија во албанскиот парламент. -Глобочени и Преспа со право се горди што на Албанија и дадоа голем човек и писател чии дела се вградени во албанската книжевност како важен придонес на Македонците во албанското општество, рече меѓу другото Стејовски. Стерјо Спасе, роден е во село Глобочени, Мала Преспа во 1914 а починал во Тирана, 1989 годна. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од основоположниците и најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во тогашниот СССР. Автор е на петнаесеттина романи и многу раскази. Негово најпознато книжевно дело е романот „Од живот за живот – зошто?“,кој е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на млад интелектуалец на село. Албанскот претседател Илир Мета,пред две години, постхумно го одликува со признанието „Витез на редот на знамето”. -Стерјо Спасе останува писател, граѓанин, интелектуалец, публицист, кој го создаде својот историски обем и е дел од оние личности кои на историјата и дадоа посебен квалитет, рече Мета на врачувањето на признанието кое го прими синот Илинден Спасе. Неговиот познат роман “Зошто” го најави создавањето на современа литература во Албанија, рече во таа прилика Мета и додаде дека Стерјо Спасе е значајна личност не само во Албанија туку на Балканот и Европа. -Како истакнат син на македонската заедница, Стерјо Спасе стана духовна инспирација и мост на соработка меѓу Албанците и Македонците. Животот, активноста и делата на оваа посебна и истакната личност е хармонична симбиоза во еден човек на двете општества или народа во полза на хармонија и љубовта. Вечно да е неговото дело. Стерјо Спасе секогаш ќе остане едно и неделливо, оцени Мета. И неговиот син Илинден Спасе, универзитетски професор во пензија, пишува на албански и на македонски јазик. Автор е на повеќе збирки раскази. Член е на Друштвото на писателите на Република Македонија. Синот на Илинден, Аријан Спасе е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezani-106-godini-od-ragjanjeto-na-poznatiot-pisatel-sterjo-spase/feed/ 0
Сто четириесет и осум години од раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-chetirieset-i-osum-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-chetirieset-i-osum-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/#respond Tue, 04 Feb 2020 08:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=298917

Во земјава денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По тој повод повеќе делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-chetirieset-i-osum-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/feed/ 0
ДУНА го скрати работното време за новите мајки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/#respond Wed, 04 Dec 2019 09:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=273098

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство. Скратеното работно време ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време. Менаџерскиот тим на ДУНА, како семејно одговорна компанија, вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена. На овој начин ДУНА уште еднаш ја потврдува својата долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќни вработени даваат дополнителен придонес во секојдневното работење. Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии во Албанија и Србија и бројни проекти во Косово. ДУНА силно верува во општествено корисните акции кои се поддржани од компанијата и од нејзините вработени. Во оваа насока, „поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање“, велат од менаџментот на ДУНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/feed/ 0
Кога сте родени- наутро, попладне или навечер? Часот открива многу за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-ste-rodeni-nautro-popladne-ili-navecher-chasot-otkriva-mnogu-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-ste-rodeni-nautro-popladne-ili-navecher-chasot-otkriva-mnogu-za-vas/#respond Tue, 23 Jul 2019 09:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=221507

Кога сте родени? Наутро, попладне или пак навечер? Пронајде го својот час на раѓање и прочитајте какви карактеристики на личноста го отсликуваат. Од 24 до 2 часот наутро се раѓаат љубопитни луѓе кои сакаат да се натпреваруваат Од 2 до 4 часот се вреди луѓе кои се ориентирани кон материјалните вредности во животот Од 4 до 6 часот се раѓаат храбри личности кои можат да преминат преку секаква препрека и имаат способност за лидери Од 6 до 8 часот е време резервирано за мистични луѓе, кои се посветени на религијата и имаат нагласено чувство на емпатија Од 8 до 10 часот се раѓаат хуманисти и мошне шармантни луѓе Од 10 до 12 часот е термин резервиран за активни типови кои сакаат да го сменат светот на подобро Од 12 до 14 часот се необични луѓе, желни за авантура и ризик, со бујна фантазија Од 14 до 16 часот е временски термин за силни луѓе, незаменливи во нестабилни ситуации и времиња Од 16 до 18 часот се раѓаат мирни карактери кои имаат способност да ја согледаат ситуацијата во целина и со добра нарав Од 18 до 20 часот се раѓаат луѓе со силна волја, способни за големи подвизи Од 20 до 22 часот е термин за личности кои никогаш не може да се задоволат со скромна животна улога Од 22 до 24 часот се филозофски настроени луѓе, кои не ретко се несфатени од другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-ste-rodeni-nautro-popladne-ili-navecher-chasot-otkriva-mnogu-za-vas/feed/ 0