рајчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 16:58:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рајчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потомците на некогашните жители на село Рајчица го одбележаа патронот на возобновената црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potomtsite-na-nekogashnite-zhiteli-na-selo-rajchitsa-go-odbelezhaa-patronot-na-vozobnovenata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potomtsite-na-nekogashnite-zhiteli-na-selo-rajchitsa-go-odbelezhaa-patronot-na-vozobnovenata-tsrkva/#respond Mon, 15 May 2023 16:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=834453

Иако во помал број потомците на некогашните жители денеска го одбележаа патронот на пред 12 години, возобновената црква „Свети Атанасиј Велики“, позната меѓу мештаните и како „Свети Атанасија-Летни“, во горното мало на селото Рајчица на 1,5 километар од Дебар. Одбележвањето почна со палење свеќи за здравје, а потоа и богослужба што ја одржа отец Макариј од Бигорскиот манастир, во сослужение со сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“. Се до шеесеттите години од минатиот век, само во оваа, една од четирите маала на селото Рајчица, викана Влаовци, живееле повеќе од 20 православни семејства, со над 100 членови, денеска ниту едно. - Со нивното иселување црквата останала на забот на времето и речиси целосно беше оштетена. Ете со божја промисла, сега покојниот Киро Радоешки ја возобнови и денеска сум тука од каде што потекнува мојата мајка, каде како што ми кажуваше, се крштевале, венчавање и погребување, вели Велјо, кој живее во Дебар. Благодарение на ктиторот Киро Радоешки, по потекло од оваа маала а живееше во Дебар, кој почина пред неполна година, а кој знаеше да каже, дека душата не можела да му се смири се додека не го возобнови разурнатиот божји храм, денеска црквата го има приближно истиот лик, како порано. Кум на празникот беше токму неговиот син Перо Радоешки со семејството, исполнувајќи го дадениот татков аманет. Црквата „Свети Атанасиј Велики“ започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1875 година. Неколкупати била уривана, но повторно обновувана. Возобновената црква беше осветена 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potomtsite-na-nekogashnite-zhiteli-na-selo-rajchitsa-go-odbelezhaa-patronot-na-vozobnovenata-tsrkva/feed/ 0
Заврши првата смена од летниот камп по веронаука во Рајчица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-smena-od-letniot-kamp-po-veronauka-vo-rajchica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-smena-od-letniot-kamp-po-veronauka-vo-rajchica/#respond Sat, 16 Jun 2018 12:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=66430

Во манастирот „Свети Ѓорги Победоносец“, во селото Рајчица кај Дебар заврши првата од предвидените осум смени од годинашниот летен камп по веронаука. Сестра Ефимија од манастирот во Рајчица изјави дека изминатите денови ги минале во атмосфера на детска радост и љубов со 30-тина девојчиња од Скопје. - Сите тие, освен што присуствуваа на традиционалните часови по веронаука поврзани со христијанската етика и воспитување, имаа можност, преку соодветен приказ за нивната возраст, да ги допрат и осознаат и најосновните историски лекции во врска со Охридската Архиепископија, а потоа низ песна да се запознаат и со убавината на византискиот мелос. Низ креативните работилници тие ни ја покажаа нивната умешност и имагинација во цртањето на мотиви на тема „Охридската Архиепископија“, вели сестра Ефимија во изјава за МИА. Децата го посетиле и селото Гари каде имале можност да го видат храмот посветен на пресвета Богородица, како и познатиот Еленски скок. - Оваа новина во летните кампови по веронаука во нашите манастири да се посетуваат славните мијачки села е исто така важна лекција преку која децата ќе можат одблизу да се запознаат со христијанската историја на овој значаен крај за нашиот народ, истакна сестра Ефимија. Втората смена почнува во понеделник со педесетина деца од Битола и Велес. Летниот камп е во знакот на големиот јубилеј „1000 години Охридска Архиепископија“ МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-smena-od-letniot-kamp-po-veronauka-vo-rajchica/feed/ 0
Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/#respond Sun, 06 May 2018 11:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=50602

Во присуство на голем број верници од повеќе градови од државава, некогашни жители на селото и нивни потомци, денеска беше одбележан празникот Свети Великомаченик Георгиј, патрон на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. Со денешната света архиерејска литургија чиноначалствуваше Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, во сослжужение со Бигорското братство и сестринството од манастирот во Рајчица. На одбележувањето на патронот по традиција присуствуваа голем број верници од Битола, Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Струмица, но и дебрани. Годинешни кумови кои принесоа погача беа семејството на Петко и Зорица Тодоровски од Дебар. - Сопругот е по потекло од Рајчица. Тука се крстени сите негови, јас и моите деца. За овој празник секогаш сме тука, зашто е и селска слава. Поради тоа овој празник за нашето семејство е од посебно значење. Посакувам добро за сите, благосостојба, мир и опстојување на Христовата вера, рече годинашната кума Зорица. На синоќешната вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше митрополит дебарско-кичевски, неговото Вископреосвештенство, г. Тимотеј, сестра Серафина ги положи монашките завети и беше причислена кон монашкиот собор. Во манастирот сега има осум монахињи, а периодов во него има и три искушенички. Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е женски манастир. Се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир. Сепак точната година на изградба на манастирскиот конак е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник. Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година, од зографот Михаил и монахот Данил од Бигорскиот манастир, додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче. Од 2003 година Раичката обител се удостои да стане Кивот во кој се чуваат светите и исцелителни мошти на Великомаченикот Георгиј, кои се тука благодарение на отец Партениј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/feed/ 0