рак на грло на матка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 13:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рак на грло на матка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од понеделник бесплатни гинеколошки прегледи во општина Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-ponedelnik-besplatni-ginekoloshki-pregledi-vo-opshtina-makedonska-kamenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-ponedelnik-besplatni-ginekoloshki-pregledi-vo-opshtina-makedonska-kamenitsa/#respond Wed, 15 Mar 2023 13:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=812270

Општинската организација на Црвен крст Делчево ќе организира бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места во општина Македонска Каменица. Во оваа општина како што најавија од Црвен крст од 20.03.2023 година започнува со работа мобилната гинеколошка амбуланта која ќе биде сместрна во паркот кај Дом на културата во Македонска Каменица. -Во оваа мобилна амбуланта ќе се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места во општината, со цел превенција од рак на грлото на матката. За бесплатен ПАП тест заинтересираните жени можат да се пријават на телефонските броеви +389 33 412 010 и +389 70 254 650, а термините за преглед се секој работен ден со почеток од 10 часот, информираа од Црвен крст Делчево. Со работата на мобилната амбуланта очекуваа да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи. -Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката и затоа целта е да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи, додадоа од Општинската организација на Црвен крст која делува и на подрачјето на Општина М.Каменица. Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-ponedelnik-besplatni-ginekoloshki-pregledi-vo-opshtina-makedonska-kamenitsa/feed/ 0
Панел дискусија „Искоренување на ракот на грлото на матката“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-iskorenuvane-na-rakot-na-grloto-na-matkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-iskorenuvane-na-rakot-na-grloto-na-matkata/#respond Tue, 21 Feb 2023 06:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=802962

Во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија „Искоренувањето на ракот на грлото на матката - како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија“. Панел дискусијата ја организираат Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје. На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со ракот на грлото на матката и за унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, како и за постоечките услуги и за зајакнување на националните партнерства и создавање на ефективни мерки базирани на докази.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-iskorenuvane-na-rakot-na-grloto-na-matkata/feed/ 0
ВИСОК ПРОЦЕНТ: 20 од 100 000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матката, се бара воведување на ХПВ скрининг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-protsent-20-od-100-000-zheni-godishno-zaboluvaat-od-rak-na-grlo-na-matkata-se-bara-voveduvane-na-hpv-skrining/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-protsent-20-od-100-000-zheni-godishno-zaboluvaat-od-rak-na-grlo-na-matkata-se-bara-voveduvane-na-hpv-skrining/#respond Tue, 24 Jan 2023 16:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=791296

На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години, беше истакнато на денешната прес-конференција што се одржа по повод Недела на борба против ракот на грлото на матката, на која беше наведено и дека во „Мој термин“ се воведува секција „женско здравје“, каде ќе бидат внесени сите извештаи од гинеколошките прегледи, како и од ехо на дојка и момографија. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија ( членки на Македонското Лекарско Друштво) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи огромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак. – Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ. Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза. Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг. – Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ. Во однос на вакцините на прес-конференцијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век. Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините. – ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска. Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира. Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат. Професорот Горан Димитров упати благодарност до Националниот систем „Мој термин“ бидејќи на нивно барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел за „женско здравје“. – На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е нејзиниот вакцинален статус, наведе Димитров. Докторката Виолета Клисаровскаа го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување. Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-protsent-20-od-100-000-zheni-godishno-zaboluvaat-od-rak-na-grlo-na-matkata-se-bara-voveduvane-na-hpv-skrining/feed/ 0