рак на кожа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 08:41:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рак на кожа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Холандија рекордно ниво на луѓе со рак на кожата, следат бесплатни креми за заштита https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-holandija-rekordno-nivo-na-luge-so-rak-na-kozhata-sledat-besplatni-kremi-za-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-holandija-rekordno-nivo-na-luge-so-rak-na-kozhata-sledat-besplatni-kremi-za-zashtita/#respond Tue, 13 Jun 2023 08:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=845177

Властите во Холандија се обидуваат да се справат со рекордното ниво на заболени со рак на кожата во земјата, па како една од мерките спроти невообичаено високите температури во Средна Европа, холандските граѓани ќе добиваат бесплатни креми за заштита од Сонцето ова лето, објави „Гардијан“. Дозери за креми за сончање ќе бидат достапни ова лето во училиштата и универзитетите, на фестивалите, во парковите, спортските места и отворените јавни површини низ земјата, според Владата. Со тоа се цели да им се овозможи на сите пристап до заштита, без луѓето да бидат вознемирени од фактори како што се трошоците. Случаите на рак на кожа се зголемуваат низ цела Европа последниве две десетлетија. Во Германија, на пр. според Сојузниот завод за статистика, во 2021 година бројот на смртни случаи од рак на кожа се зголемил за 55 отсто во споредба со 2001 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-holandija-rekordno-nivo-na-luge-so-rak-na-kozhata-sledat-besplatni-kremi-za-zashtita/feed/ 0
Претседателот на Бразил мисли дека има рак на кожа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-brazil-misli-deka-ima-rak-na-koza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-brazil-misli-deka-ima-rak-na-koza/#respond Thu, 12 Dec 2019 07:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=276378

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро денеска изјави дека е можно да има рак на кожата. Тој ова го изјави откако беше на лекар каде му биле отстранети бенки од увото. Претседателскиот кабинет соопшти дека нема знаци оти Болсонаро има карцином и само потврди дека тој попладнето бил на лекар. – Претседателот е во добра здравствена состојба, без индикации дека има рак на кожата и продолжува со состаноците закажани за оваа недела, соопшти неговиот кабинет. Болсонаро претходно изјави дека му било советувано да го откаже патувањето во Салвадор затоа што се чувствувал исцрпено]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-brazil-misli-deka-ima-rak-na-koza/feed/ 0
Ракот на кожата зема замав, најмладиот пациент има само 13 години: Која е причината и како да постапувате? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-kozata-zema-zamav-najmladiot-pacient-ima-samo-13-godini-koja-e-prichinata-i-kako-da-postapuvate/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-kozata-zema-zamav-najmladiot-pacient-ima-samo-13-godini-koja-e-prichinata-i-kako-da-postapuvate/#respond Fri, 03 May 2019 21:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=193874

Двојно е зголемен бројот на пациенти со рак на кожата третирани на Клиниката за пластична хирургија. Ако во 2006-та оперирале 66 лица, лани меланомот хируршки им бил отстранет на 134 граѓани. Најмладиот пациент имал само 13 години. Лекарите се категорични, колку порано се открие ова малигно заболување толку шансите за преживување се поголеми. -Доколку меланомот се оперира рано во првиот стадиум шансите за преживување се многу поголеми, изјави д-р Софија Пејкова, директор на Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија. Анализата која ја направиле на Пластична хирургија покажува дека во земјава од рак на кожата најмногу страдаат девојките кои неконтролирано користат солариуми и земјоделците кои директно се изложени на сонце. -Најголемата причина за порастот на бројот на пациенти со малиген меланом на кожата е оштетената озонска дупка. УВ зераците кои пажаат на земјата не се апсорбираат доволно од озоноткој е битен фактор за нивна апсорпција, додаде д-р Пејкова. Лекарите советуваат при секоја промена на бемките на кожата да се побара стручна помош. Граѓаните да не се плашат од сонцето, туку да користат заштита и да избегнуваат престој на отворено кога УВ индексот е многу висок. За подигнување на свеста за ова сериозно заболување триесетина вработени на  Клиниката за пластична хирургија утре ќе трчаат на Скопскиот маратот, а цел месец низ државата ќе имаат и едукативна кампања. Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-kozata-zema-zamav-najmladiot-pacient-ima-samo-13-godini-koja-e-prichinata-i-kako-da-postapuvate/feed/ 0
Ракот на кожа во пораст, за успешно лекување неоходно рано да се открие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-koza-vo-porast-za-uspeshno-lekuvanje-neohodno-rano-da-se-otkrie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-koza-vo-porast-za-uspeshno-lekuvanje-neohodno-rano-da-se-otkrie/#respond Mon, 28 May 2018 12:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=59289

Бројот на нови случаи на рак на кожата е во пораст и во светски рамки, но и во Македонија. Раното откривање е пресудно во лекувањето, а во земјава најчето се открива кога е во поодмината фаза. Затоа секој што ќе се посомнева на некаква необична промена на кожата треба да направи превентивни прегледи. Во наредните три дена во сите дерматолошки установи тоа можат да го направат бесплатно. Ова се дел од пораките на учесниците на денешната трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, се одржа денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Клиниката за онокологија. Нина Цаца Билјановска, раководител на Универзитетска клиника за кожни болести истакна дека во светски рамки се регистрираат нови 3,5 милиони случаи и оти ова е еден од најчестите карциноми. Посочи дека раното откривање е најважно за што поуспешно лекување. - Во рамки на превентивната кампања во сите дерматолошки институции во Македонија ќе се вршат бесплатни дерматоскопски прегледи со цел рано откривање на ракот на кожата со што би се постигнал поголем успех во терапијата и лекувањето, рече таа. Доктор Небојша Пешиќ од Онколошката амбуланта при Клиниката за кожни болести истакна дека нема точни бројки за случаите во Македонија, но рече во светски рамкки инциденцата е 20 случаи на 100 илјади жители, а во Македонија отприлика три до пет случаи на 100 илјади жители. Во Македонија според него повеќе случаи со рак на кожа се бележи кај повозрасните лица над 50 годишна возраст. Има и многу млади случаи со дијагностициран карцином на 18, 19 годишна возраст, но прогнозата кај возрасните е подобра отколку кај младите. - Доколку тој карцином рано се открие кај тенките меланоми со дебелина од 1 мм од 10 пациенти девет се излекуваат. Ако се доцни со дијагноза прогнозата драстично опаѓа, рече Пешиќ. Причините што доведуваат до рак на кожата може да бидат повеќе - од генетски фактори, фамилијарни предиспозиции, изложеноста на УВ зрачење, број на бемки, неконтролирана употреба на солариум, но и возраст. Министерот за здравство Венко Филипче работат на проширување на е проширување на листата на лекови на товар на фондот меѓу другото и со лекови за карциноми во кои спаѓаат и кожните. Најави дека до есен ќе се знае како ќе се прошири и со кои лекови Според Филипче онколошките лекови кои се набавуваат во моментов преку одредени клиники во иднина ќе се набавуаат преку Министерството за здравство, со истите средства што претходно биле распределувани на клиниките. На ваков начин, рече министерот, се прави подобро планирање, но и може да се обезбедат пониски цени при набавка на лековите. Дикреторката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија Софија Пејкова вели дека пациентите што се во низок стадиум на болест се лекуваат само со хируршка интервенција и тие во 95 отсто од случаите преживуваат над пет години. Точна бројка, рече, не може да каже затоа што располага со бројки од клиниката со која раководи. Најмладиот пациент што бил опериран е дете на 13 години. Според неа, фамилијарна предиспозиција, типот на кожата, експозицијата на УВ зраците и некои други фактори се причините заради кои ова заболување се јавува многу рано. Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија, вели дека проблем се подоцнежните стадиуми на болеста, кога се потребни поскапи лекови за третман на болеста. - Двата лека моментално се достапни за лекување преку условен буџет што го даде ФЗО, бидејќи овие лекови не се на Позитивната листа на лекови. Бројот на пациенти варира, но сега со буџетот што го имаме, може да очекуваме да се обезбеди терапијата, рече тој. Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа и во тие рамки е одржана и денешната трибина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakot-na-koza-vo-porast-za-uspeshno-lekuvanje-neohodno-rano-da-se-otkrie/feed/ 0
Трибина „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-predizvicite-vo-tretmanot-na-najchestiot-karcinom-rakot-na-kozata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-predizvicite-vo-tretmanot-na-najchestiot-karcinom-rakot-na-kozata/#respond Mon, 28 May 2018 05:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=59028

Трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија. На трибината, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти. Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-predizvicite-vo-tretmanot-na-najchestiot-karcinom-rakot-na-kozata/feed/ 0