рак на матка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 13:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рак на матка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХПВ – вакцинација и масовен скрининг како најдобра превенција за намалување на бројот на заболени од рак на грло на матка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/#respond Tue, 21 Feb 2023 13:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=803178

Потребно е подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување на рак на грлото на матката и што помасовен скрининг, беше заклучено на денешната панел дискусија „„Искоренување на ракот на грлото на матката - како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија?", што беше организирана од страна на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје. Претседателот на Националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката Марјан Стојовски рече дека како национална комисија, имаат должност и обврска да ги спроведат сите протоколи што ги насочува и Светската здравствена организација, а тоа е до 2030 година 90 проценти од женската популација да биде опфатена со скрининг, 70 отсто од младите девојки од 12 до 14 годишна возраст да бидат покриени со вакцини и 90 проценти од сите рано откриени лезии на грлото на матката да бидат третирани. -Нашата цел е што побрзо да се приближиме до европските трендови, а тие се три, три ипол, четири, пациентки на 100.000 жени годишно да заболуваат, додека кај нас тој процент е се уште многу висок и се уште сме во средно развиените земји кои имаат висок процент заради недостаток на скрининг. Мораме да сфатиме како држава дека се што ќе превенираме ќе ни се врати неколкупати со здрава нација и здрава популација, нагласи Стојовски. За жал, како што посочи, засега е многу мал бројот на жени кои се опфатени со скрининг но се вложуваат огромни напори тој број да се зголеми. -Државата даде огромни средства, иако излезе некоја информација дека е намален буџетот на програмата. Напротив, тој е зголемен за околу 50 проценти и верувам дека доколку има потреба ќе најдеме уште финансиски средства, истакна Стојовски. Проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Националната комисија за имунизација посочи дека покрај скринингот, ХПВ-вакцинацијата е една од најуспешните методи со којашто може да се дојде до елиминирање на ова заболување. Гроздановска потенцираше дека до 2030 години се планира 95 проценти од популацијата што е во групата за таа вакцина, да биде имунизирана. - Треба да ја подигнеме свесноста за тоа дека имаме вакцина којашто спречува карцином. Оваа вакцина ја прати една стигма, посебно во регионот, поради тоа што се воведува во релативно рана возраст, кај нас е на 12 до 15 години и тогаш веројатно родителите се уште не размислуваат за сексуално пренослива болест како што е всушност ХПВ-то кое најчесто така се пренесува, треба во тој период да ги заштитат своите девојчиња, меѓутоа исклучиво е важно дека пред да бидат сексуално активни да ја примаат оваа вакцина бидејќи во 97 проценти заштитува, извонредно е ефикасна и безбедна, порача Гроздановска. Шефицата на Канцеларијата на Фондот за население УНФПА на Обединетите нации Афродита Шаља - Плавјанска упати порака до мајките да дозволат нивните деца да се вакцинираат. - Тоа што е предност во нашата држава е дека освен што сите овие чекори треба да се следат, и вакцината и скринингот го покрива државата. Ние имаме фонд и буџет во државата што може тоа да го поддржи, што не е случај во многу земји. Како меѓународна организација сме во контакт со наши колеги во други држави коишто се стремат да обезбедат мали количини, а интересот е голем, така што ги охрабрувам сите жени пред се, мајки, да дозволат нивните деца да се вакцинираат, затоа што кога понатаму ќе се соочат со ХПВ инфекција и евентулано понатаму уште поголема последица, тогаш сите се каат што не го сториле тоа, нагласи Шаља - Плавјанска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/feed/ 0
ДЕВОЈКИ ВНИМАВАЈТЕ: Умира од рак поради пропуст на лекарите- одбија да ми направат испитувања оти сум премлада (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojki-vnimavajte-umira-od-rak-poradi-propust-na-lekarite-odbija-da-mi-napravat-ispituvanja-oti-sum-premlada-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojki-vnimavajte-umira-od-rak-poradi-propust-na-lekarite-odbija-da-mi-napravat-ispituvanja-oti-sum-premlada-foto/#respond Thu, 06 Jun 2019 09:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=205919

На Британката Кејти Борн (25) ѝ е дијагностициран фатален рак на матката во трета фаза, како што таа тврди, поради пропуст на лекарите. Нејзиниот гинеколог одбил да ѝ направи ПАПА тест поради годините, иако почнала да чувствува силни болки во стомакот и симптомите кои ги „гуглала“ упатувале на фатална дијагноза. На нејзиниот страв лекарите одмавнувале со главата и наместо темелни испитувања ѝ препишале лекарства за пореметување на цревата. Сепак, болките не поминувале, а дури два гинеколога одбиле да ѝ направат ПАПА тест. Дека нешто сериозно се случува со нејзиното здравје било повеќе од јасно откако се онесвестила на работното место и три дена поминала во болница, но и понатаму без никакви гинеколошки испитувања. Од болницата ја отпуштиле кога состојбата се стабилизирала. Дури по третиот обид успеала да добие ПАПА тест кој открил застрашувачка дијагноза - канцер на матка во трета фаза. Се шокирала кога ѝ рекле дека ѝ остануваат уште 18 месеци живот. Веднаш почнала со хемотерапија и сега оваа млада девојка очајно се обидува да живее со полни гради. Не ја крие нејзината сексуална определба и планира венчавка со нејзината партнерка која е пет години постара од неа. - Сакам да си ги исполнам сите желби, а времето ме гази. Ги одгледав сите сезони од серијата „Очајни домаќинки“ - им изјави Кејти на медиумите. Британските лекари го истражуваат нејзиниот случај. Иако ПАПА тестот не се препорачува пред 25-годишна возраст, Кејти сака таа граница да се помести и со нејзиното искуство никогаш да не се соочат и други девојки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojki-vnimavajte-umira-od-rak-poradi-propust-na-lekarite-odbija-da-mi-napravat-ispituvanja-oti-sum-premlada-foto/feed/ 0
Три рани знаци на рак на матката кои жените ги игнорираат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-rani-znaci-na-rak-na-matkata-koi-zenite-gi-ignoriraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-rani-znaci-na-rak-na-matkata-koi-zenite-gi-ignoriraat/#respond Thu, 07 Mar 2019 06:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=172115

Ракот на грлото на матката е една од болестите која сè почесто се јавува кај женската популација. Од особена важност е жените да сфатат дека редовните гинеколошки прегледи се еден од најдобрите начини за одржување на сопственото здравје. При таквите прегледи секогаш се извршува ПАП-тест преку кој, покрај другото, може да се утврди дали боледувате од рак на грлото на матката. Сепак постојат неколку рани знаци кои укажуваат дека вашиот организам не е во ред и дека што побрзо треба да закажете гинеколошки преглед.

1. Нередовна менструација

Нередовната менструација може да биде симптом на рак, а може да се појави на средината од месечниот циклус или после секс. Ако крвавењето трае подолго од вообичаеното, или е во форма на дамки, исцедок или слично, не двоумете се дали да го посетите матичниот гинеколог.

2. Необичен вагинален исцедок

Постојат неколку видови на исцедок кои покажуваат дека нешто не е во ред со вашиот организам:
  • блед
  • водест
  • миризлив и
  • исцедок обоен со крв

Болки во карлицата

Овие болки може да се појават во најразлични ситуации, но доколку се чести за време на сексуалните односи може да укажуваат на развој на рак на грлото на матката. Освен овие знаци постојат и други кои се појавуваат нешто подоцна:
  • болки во карлицата или грбот
  • отекување на едната или двете нозе
  • замор
  • губење на тежина
  • отежнато извршување на физиолошките потреби

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tri-rani-znaci-na-rak-na-matkata-koi-zenite-gi-ignoriraat/feed/ 0