рак на мозок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jun 2023 10:08:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рак на мозок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФАНОВИТЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА НЕА: Славната актерка објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-se-plashat-za-nea-slavnata-akterka-objavi-deka-rakot-se-proshiril-na-mozokot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-se-plashat-za-nea-slavnata-akterka-objavi-deka-rakot-se-proshiril-na-mozokot/#respond Thu, 08 Jun 2023 10:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=843597

Американската глумица Шенен Доерти, можеби најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот. „На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење", напиша Доерти споделувајќи видео од себеси в болница. Потоа им се заблагодарува на своите, како што вели - одлични лекари и неверојатни техничари. „Но тој страв... Превирањата... Времето и одредените мигови минати тука и сè тоа... Еве како може да изгледа ракот“, додаде таа. Нејзе ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. По мастектомијата, година подоцна болеста беше во ремисија, но веќе во 2019, Шенен дозна дека ракот ѝ се вратил, се проширил и оти е во четврта фаза. Претходно годинава беше објавено и дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенко, со кого се омажи во октомври 2011 година. Нејзината гланоговорничка Лесли Слоун посочи оти причината за разводот е друга жена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/fanovite-se-plashat-za-nea-slavnata-akterka-objavi-deka-rakot-se-proshiril-na-mozokot/feed/ 0